УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
ИНДУКЦИСКА ПЛОЧА
Срдечно Ви благодариме за вашата доверба и купување на нашиот производ.
За полесна употреба на овој производ ви подготвивме детално упатство за употреба. Упатствата ќе ви овозможат да го запознаете што подобро и побрзо овој апарат како и неговата употреба.
Штом апаратот ќе ви биде доставен, веднаш проверете го апаратот да не е оштетен. Ако утврдите оштетување при транспортот, ве молиме контактирајте го продавачот од каде што сте го купиле апаратот, или подрачниот магацин од каде апаратот ви бил доставен. Телефонскиот број ќе го најдете на фактурата или на испратницата.
Упатствата за употреба се исто така достапни и на нашата веб страница:
www.gorenje.com / < http://www.gorenje.com />
Информации, совет, помош или препорака
Предупредување за општа опасност
Безбедносни предупредувања
ВАЖНИ МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ - ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГИ УПАТСТВАТА И ЧУВАЈТЕ ГИ ИСТИТЕ ЗА ИДНА УПОТРЕБА
Деца постари од 8 години, како и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности, како и лица без претходно искуство и знаење може да го користат овој апарат само ако се под соодветен надзор или ако се запознаени со упатствата за безбедно користење на апаратот и ако се свесни за опасностите кои може да произлезат од употребата на апаратот. Не дозволувајте им на децата да се играат со апаратот. Исто така деца не смеат да го чистат или да работат на одржувањето на апаратот без соодветен надзор.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Апаратот и неговите пристапни делови стануваат многу жешки за време на употребата. Внимавајте да не ги допрете грејните елементи.
Да се држат децата помали од 8 години настрана, освен доколку не се под постојан надзор.
Не употребувајте средства за чистење со пареа или под висок притисок за чистење на апаратот, зашто тоа може да предизвика струен удар.
Апаратот не е наменет да биде управуван со помош на надворешни програмски тајмери или специјални далечински системи за надзор.
Во електричната инсталација мора да бидат вградени уреди за исклучување, во согласност со правилата за електрични инсталации.
Во случај струјниот кабел да е оштетен, мора да го замени производителот, неговиот агент за сервисирање или слично квалификувано лице, за да се избегнат опасности (се однесува само на апарати со кои доаѓа струен кабел).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако површината на плочата за готвење е напукната, исклучете го апаратот за да спречите опасност од електричен удар. Исклучете ги сите зони за готвење користејќи ги нивните соодветни контроли и извадете го осигурувачот или главниот електричен осигурувач, така што уредот е целосно изолиран од електричната мрежа.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Готвење со масло или зејтин на плочата за готвење без соодветна контрола може да биде опасно и може да предизвика пожар. Никогаш немој да се обидувате да изгасите пожар со вода, туку исклучете го апаратот а потоа обидете се да го изгасите пламенот со поклопец или огноотпорна крпа.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасност од пожар: На површините за готвење не поставувајте какви било предмети.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Процесот на готвење мора да се одвива под надзор. При краткотрајно готвење потребно е постојана присутност на лице.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Овој апарат е наменет исклучиво за цели на готвење. Не смее да се користи за други цели на пример за загревање на простории.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Користете единствено штитници за грејните плочи кои се произведени од производителот на апаратот за готвење или оние кои се препорачани од производителот на апаратот во упатствата за употреба како соодветни или пак штитници за грејни плочи кои се составен дел од самиот апарат. Употребата на несоодветни штитници може да предизвика несакани последици.
Не поставувајте метални предмети како ножеви, виљушки, лажици и капаци на површината на грејната плоча бидејќи се вжештуваат.
По употреба исклучете го грејниот елемент со контролното копче и не ослонувајте се исклучиво на системот за препознавање на садови.
Апаратот мора да биде поврзан на електричната мрежа при што мора да има и вградено средство за исклучување од електричната мрежа. Приклучокот на електричната мрежа мора да биде во согласност со правилата за вмрежување на електрична мрежа.
Други важни безбедносни предупредувања.
Апаратот е наменет исклучиво за некомерцијални цели. Не користете го апаратот за други цели како загревање на простории, сушење на домашни миленици или други животни, хартија, ткаенини, растенија и слично бидејќи ова може да доведе до повреда или да предизвика пожар.
Апаратот мора да биде поврзан на електричната мрежа при што мора да има и вградено средство за исклучување од електричната мрежа. Приклучокот на електричната мрежа мора да биде во согласност со правилата за вмрежување на електрична мрежа.
Доколку друг апарат е приклучен на штекер за наизменична струја во близина на апаратот, не дозволувајте струјниот кабел да дојде во контакт со вклучена рингла.
Доколку е оштетен струјниот кабел, треба да го замени производителот или овластен сервисен техничар, за да се избегнат опасности.
Користењето на стакло-керамичката плоча како место за чување предмети може да доведе до гребаници или друго оштетување на плочата. Никогаш не затоплувајте храна во алуминиумска фолија или во пластичен сад на плочата за готвење. Таквата фолија или сад може да се истопи, што може да предизвика пожар или оштетување на плочата за готвење.
Не чувајте под апаратот предмети кои се чувствителни на температура, како што се средства за чистење и детергенти, спрејови во конзерви, итн.
Можно е да настанат евентуални несовпаѓања во нијансите на боите помеѓу различните апарати или компоненти кои припаѓаат на истиот дизајн поради различни фактори, како што се различните агли под кои се гледаат апаратите, позадини со различни бои, материјалите и осветлувањето на просторијата.
Пред приклучување на апаратот
Внимателно прочитајте ги упатствата за употреба пред приклучување на апаратот. Поправки или интервенции кои резултираат од неправилно приклучување или користење на апаратот не се покриени од гаранцијата.
Монтажа на индукциска плоча
|
|
|
30 cm |
|
|
|
60 cm |
|
|
|
80 цм |
Вградувањето на апаратот во кујнска работна површина и поврзувањето со електрична енергија може да го прави само квалификуван техничар.
Постапка на вградување
-
Заштитете ги соодветно рабовите на исечениот отвор.
-
Поврзете ја индукциската плоча со електрична енергија (видете го упатството за поврзување на индукциската плоча со електрична енергија).
-
Вметнете ја индукциската плоча во исечениот отвор.
-
Фурнирот или друга завршна обработка на кујнскиот елемент во кој треба да се вгради плочата треба да биде третиран со лепак отпорен на топлина (100 °C); во спротивно завршната обработка на работната површина може да избледи или да се деформира.
-
Ставањето аголни лајсни од полно дрво на работните површини зад индукциската плоча е дозволено единствено доколку растојанието помеѓу лајсната и плочата за готвење не е помала од растојанието наведено на шемите за вградување.
Работната површина мора да биде сосема рамна.
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Долен елемент со фиока
|
|
|
|
|
|
|
|
Долен елемент со рерна
|
|
|
|
|
|
|
|
За нормална работа на електронските компоненти на индукциската плоча, потребна е доволна циркулација на воздухот.
Инсталација со вметнување во вдлабнатината во работната површина
|
|
|
30 cm |
|
|
|
60 cm |
|
|
|
80 цм |
|
|
|
Апаратите без брусени рабови или декоративна рамка се соодветни за рамна монтажа. |
Постапка на вградување
-
Апаратот може да се вгради само во работна површина отпорна на високи температури и вода, како што е работна површина на правена од природен камен (мермер, гранит), или полно дрво (рабовите долж засекот треба да се запечатат).
-
Кога вградувате во работна површина направена од керамика, дрво, или стакло, треба да се користи дрвена рамка. Рамката не доаѓа со апаратот. Апаратот може да се вгради само во работна површина направена од други материјали по консултација со производителот на работната површина и со негово одобрение.
-
Внатрешната димензија на основната единица треба да биде најмалку еднаква на внатрешниот засек за апаратот. Ова ќе овозможи едноставно отстранување ана апаратот од работната површина.
|
|
1. Прво, вметнете го кабелот за струја низ засекот. |
|
2. Поставете го апаратот врз центарот на засекот. |
|
|
3. Приклучете го апаратот на главното напојување. |
|
|
4. Испробајте ја работата на апаратот. |
|
|
5. Запечатете го отворот помеѓу апаратот и работната површина со силиконски заптивач. Силиконскиот заптивач кој е се користи за да се запечати апаратот треба да биде отпорен на високи температури (најмалку 160 °C). |
|
|
6. Израмнете го силиконскиот заптивач со соодветна алатка. Не вклучувајте го апаратот додека не се исуши целосно силиконскиот заптивач. |
|
|
|
1 Силиконски заптивач 2 Лента за заптивање |
Камена работна површина
Обрнете особено внимание на димензиите на вградување кај кујнски елементи со работна површина од (природен) камен. Кога го избирате силиконското средство за херметичко прицврстување, имајте го предвид материјалот од кој е изработена работната површина и консултирајте се со производителот на работната површина. Употребата на несоодветни силиконски средств а може да доведе до обезбојување на одредени делови.
|
|
1 Работна површина 2 Апаратот 3 Вдлабнатина |
|
Поради маргината (толеранцијата) на грешка во однос на стаклокерамичката плоча на апаратот и на засекот во работната површина, вдлабнатината е прилагодлива (мин. 2мм). |
|
Керамичка, дрвена или стаклена работна површина
|
|
1 Работна површина 2 Апаратот 3 Вдлабнатина 4 Дрвена рамка, со дебелина од 16 мм. |
|
Поради маргината (толеранцијата) на грешка во однос на стакло-керамичката плоча на
апаратот и на вдлабнатиот дел од работната површина, вдлабнатината е прилагодлива
(мин. 2мм). |
|
Внимавајте на радиусите на стаклените рабови кога ќе го правите засекот.
|
СТАКЛО |
ЗАСЕК |
|
|
|
Вадење на вградениот апарат
Исклучете ја индукциската плоча од главното напојување. Употребете соодветна алатка за да го отстраните силиконскиот заптивач од периметарот. Отстранете ја индукциската плоча со притискање од долната страна угоре.
Не обидувајте се да го извадите апаратот од горната страна на работната површина.
Службата за сервисирање е одговорна за поправки и сервисирање на индукциската плоча. Консултирајте се со специјализираниот продавач на кујнска опрема за повторно вградување на рамно вградената индукциската плоча.
Доколку под рамно вградената индукциската плоча е монтирана рерна, тогаш дебелината на работната површина треба да биде најмалку 45 mm.
Местење на гумата
Пред да ја вградите индукциската плоча во кујнска плотна, прицврстете го дихтунгот од пена доставен заедно со апаратот на долната страна од плочата. Некои апарати доаѓаат со веќе прицврстен дихтунг!
|
|
|
1. Отстранете ја заштитната лента од дихтунгот. |
|
2. Прицврстете го за долната страна на стаклената површина, 2-3 mm од работ, долж целокупниот периметар на стаклениот панел. |
|
3. Дихтунгот не смее да се преклопува кај краевите. |
|
4. Кога го прицврстувате дихтунгот, проверете да не е оштетен или да не допира остри предмети. |
Не вградувајте го апаратот без овој дихтунг!
Приклучување на индукциската плоча за готвење во напојување.
-
Заштитата на електричната инсталација мора да биде во согласност со релевантните прописи.
-
Пред да го приклучите апаратот, проверете дали напонот наведен на плочката со спецификации е во согласност со напонот на вашата електрична мрежа.
-
Во електричната инсталација треба да има прекинувач, кој може да ги исклучи сите полови на апаратот од изворот на струја, со минимум расотојание од 3 мм помеѓу контактите, кога се отворени. Соодветни уреди се осигурувачи, заштитни прекинувачи, итн.
-
Приклучокот треба да биде прилагоден на струјата и осигурувачите.
-
По вградувањето, деловите низ кои минува струја и изолираните делови треба да се заштитат од меѓусебен контакт.
Овој апарат треба да го поврзе само овластено стручно лице. Неправилното приклучување може да оштети делови од апаратот. Во таков случај, немате право на гаранцијата! Исклучете го апаратот од електричната мрежа пред да вршите поправка или одржување..
Мрежен кабел
(апарат без кабел за струја)

* Приклучните спојки (клеми) не се вклучени
Препорачуваме да користите електрични приклучни спојки (клеми).
-
Следното може да се направи при приклучувањето: ПВЦ изолирани кабли за поврзување од типот H05V2V2-F со жолто-зелен заштитен спроводник, или други еквивалентни или подобри кабли.
-
Надворешниот дијаметар на кабелот треба да биде најмалку 8,0 mm.
-
Спроведете го кабелот преку спојка (клема) која штити од извлекување
Приклучување на апаратот
Поврзување апарат од 60 cm, 80 cm
1. Отворете го капакот на кутијата со калеми за поврзување.
2. Поврзете ги жиците согласно со вашиот вид на апарат. На блокот со приклучоци се
инсталирани преклопници.
3. Протнете го струјниот кабел низ спојка за кабел, со која се спречува кабелот да
се извлече.
|
Шема на поврзување |
|
|---|---|
|
|
Еднофазно поврзување (32 A)
|
|
|
Двофазно поврзување (16A)
|
|
|
само за NL! |
Поврзување на струјниот кабел со електричната мрежа
(апарат со напонски кабел)
-
Грејната плоча треба да биде фиксно приклучена директно за електричната мрежа.
-
Направите за исклучување од електричната мрежа треба да се во согласност со релевантните регулативи.
-
Не го продолжувајте струјниот кабел и не го водете прв остри рабови.
-
Доколку апаратот е вграден над рерна, осигурете се струјниот кабел никогаш да не биде во контакт со жешките делови на рерната.
|
Еднофазно поврзување |
Двофазно поврзување |
||
|---|---|---|---|
|
|
|
|
L, L1 = кафена L2 = црна N, N1 = сива
|
|
|
|||
|
Еднофазно поврзување |
Двофазно поврзување |
|
|---|---|---|
|
Поврзете ја плочата како што е прикажано во Шемата А. Доколку електричната мрежа на дозволува осигурувач од 32 A, моќноста на апаратот треба да се намали или ограничи соодветно. |
Доколку електричната мрежа има 2 фазни спроводници и 1 неутрален спроводник, поврзете го апаратот како што е прикажано во Шемата B. |
Доколку електричната мрежа има 2 фазни спроводници и 2 неутрални спроводници, поврзете го апаратот како што е прикажано во Шемата C. само за NL! |
Поврзување апарат од 30 cm
1. Отворете го капакот на кутијата со калеми за поврзување.
2. Поврзете ги жиците согласно со вашиот вид на апарат.
3. Протнете го струјниот кабел низ спојка за кабел, со која се спречува кабелот да
се извлече.
|
Шема на поврзување |
Поврзување на струјниот кабел со електричната мрежа |
|
|
|
|
L = кафена N = сина
|
|
|
||
|
Колото треба да има осигурувач од најмалку 16А. Апаратите со ширина од 30 сантиметри (две зони за готвење) дозволуваат само монофазно поврзување. Површината на пресекот на струјниот кабел треба да биде најмалку 1,5 mm²! |
Еднофазно поврзување |
|
Опис на апаратот
Функциите и опремата на апаратот зависат од моделот.
|
1. Индукциска зона за готвење ø 230 mm |
|
2. Индукциска зона за готвење ø 180 mm |
|
3. Индукциска зона за готвење ø 145 mm |
|
4. Контролен модул на индукциската плоча |
Пред првата употреба
Исчистете ја површината за готвење со влажна крпа и средство за садови.
При првата употреба, ќе се испушти карактеристичниот „мирис на нов апарат“; истиот
постепено ќе исчезне.
Управување со плочата за готвење
Контролна табла
(Во зависност од моделот)
|
|
|
|
Копче за вклучување/исклучување на плочата |
Допрете го копчето за да ја вклучите или исклучите плочата. |
|
|
Заклучување/заклучување за деца |
Ги заклучува/отклучува контролите на плочата |
|
|
Копче за зголемување на моќноста |
Ја вклучува зоната за готвење или ја зголемува моќноста:
|
|
|
Копче за намалување на моќноста |
Ја исклучува зоната за готвење или ја намалува моќноста:
|
|
|
Приказ на степенот на моќност |
Го прикажува моменталниот степен на моќност на зоната за готвење |
|
|
Функции на тајмер |
Поставување на тајмер:
|
|
|
Индикатор на функцијата „тајмер“ |
Ја прикажува избраната зона за готвење |
Вклучување на индукциската плоча

|
1 Допрете |
|
2 Поставете го садот за готвење на избраната зона за готвење.. |
|
3 |
Доколку ниту една зона за готвење не се вклучи во рок од 10 секунди, индукциската плоча ќе се исклучи.
Вклучување на зоните за готвење

|
1. Допрете го копчето |
|
2. Користете го копчето |
|
3. Зоната за готвење ќе остане активна. |
|
4. Доколку плочата не го препознае садот на избраната зона за готвење, ќе се појави симболот. Доколку не поставите сад на избраната зона за готвење во рок од 2 минути, зоната за готвење ќе се исклучи автоматски. |
За време на работењето, нивото на моќност на избраната зона за готвење може да се
прилагоди со копчињата
или
.
Поврзана зона за готвење
(Во зависност од моделот)
-
Некои модели овозможуваат да се комбинираат две зони за готвење на левата страна во една голема поврзана зона за готвење. Така, може да се постави голем овален сад или грил тава врз комбинираното поле за готвење. Тавата треба да биде доволно голема за да ги покрива централните точки на горната и долната зона за готвење.
-
Максимална големина на садот: 40 х 25 cm. За еднаква распределба на топлината, препорачување сад за печење со дебело дно. За време на готвењето, садот ќе се загрее. Внимавајте да не се изгорите.
-
Кога ќе го поставувате садот на плочата, внимавајте истиот да не го покрие контролниот модул.
Садот треба секогаш да го покрива центарот на зоната за готвење!

|
1. Вклучете ја индукциската плоча. |
|
2. Допрете ги истовремено |
|
3. Поставете ја посакуваната моќност за поврзаната зона за готвење. |
|
4. Поставете ја моќноста на поврзаната зона за готвење на „0“. Знакот |
|
5. Двете зони за готвење ќе функционираат независно. |
Автоматско брзо загревање
Сите зони за готвење се опремени со специјален механизам кој ја поставува моќноста на максимум на почетокот на процесот на готвење, без разлика на фактичката поставка на моќноста. По одредено време, зоната за готвење ќе се врати на првично поставениот степен.. Автоматското брзо загревање може да се активира на секоја зона за готвење за која било моќност освен за „9“ и „Р“.
Функцијата за автоматско брзо загревање е погодна за јадења кои треба да се загреат првично на максимална моќност, а потоа да се готват подолго време на помала моќност без потреба од постојан надзор.
Функцијата за автоматско брзо загревање не е погодна за динстање, пржење или сотирање храна која треба често да се превртува, премачкува или меша, или храна која треба да врие подолго време во инстант лонец.

|
1. Вклучете ја индукциската плоча. |
|
2. Поставете го садот за готвење на избраната зона за готвење.. |
|
3. Притиснете го копчето |
|
4. Притиснете |
|
5. |
|
6. Кога ќе измине времето на автоматското брзо загревање, зоната за готвење автоматски се префрла на избраниот степен кој потоа ќе се прикажува непрекинато. |
|
7. За да ја исклучите функцијата на автоматско брзо загревање, истовремено притиснете |
Табела за автоматско брзо загревање
|
Ниво на моќност |
1 |
2 |
3 |
4 |
5 |
6 |
7 |
8 |
|
Време на автоматско брзо загревање (секунди) |
40 |
70 |
120 |
180 |
260 |
430 |
120 |
195 |
Зголемување на моќноста
(Во зависност од моделот)
За брзо готвење, може да се активира зголемување на моќноста на зоните за готвење. Ова ќе ви овозможи брзо да загреете големи количини храна со голема моќност. Зголемувањето на моќноста е активно до 10 минути; потоа, степенот на моќност автоматски се намалува на 9. Доколку плочата не е прежешка, зголемувањето на моќноста може повторно да се активира за уште 10 минути откако ќе се исклучи. За да не дојде до прегревање, системот на електронски контроли може автоматски да го исклучи Power Boost пред време и да го намали степенот на моќност на 9.

|
1. Вклучете ја индукциската плоча. |
|
2. Поставете го садот за готвење на избраната зона за готвење.. |
|
3. Поставете го степенот на моќност на |
|
4. |
|
5. Притиснете |
|
6. Притиснете на |
Заклучување за деца / заклучување
Контролните копчиња на индукциската плоча може да се заклучат, за да се спречи ненамерно вклучување.
Плочата треба да биде исклучена или во режим на готовност.

|
1. Притиснете го копчето |
|
2. |
|
3. Индукциската плоча е заклучена. |
|
4. По 5 секунди, индукциската плочаавтоматски ќе се исклучи во режим на готовност. |
|
5. Притиснете го копчето |
Забелешка: Доколку функцијата за заклучување за деца/заклучување е активирана во режимот
на кориснички поставки (види поглавје Режим на кориснички поставки, параметри
), тогаш плочата автоматски ќе се заклучува секој пат кога ќе се исклучи.
Заклучувајте ја плочата пред да ја чистите за да спречите несакано вклучување на плочата.
Функции на тајмер
Оваа функција овозможува два режима на работа:
|
|
|
1 Тајмерот за одбројување (временски потсетник) се применува на целата индукциска плоча. Со оваа функција, плочата испушта звучен сигнал само кога поставеното време ќе истече. |
|
2 Програмскиот тајмер важи за избраната зона за готвење. За секоја зона може да се постави засебен тајмер. Кога поставеното време ќе истече, зоната за готвење автоматски ќе се исклучи. |
1 Тајмер за одбројување
Тајмерот за одбројување (временскиот потсетник) функционира независно и не е поврзан со работењето на која било зона за готвење. Кога ќе се постави тајмерот за одбројување, ќе продолжи да го одбројува времето дури и ако ја исклучите плочата. Временскиот потсетник може да се исклучи само кога плочата е вклучена.
|
1. Допрете го копчето |
|
2. Притиснете го копчето |
|
3. Кога ќе истече времено, ќе се огласи звучен сигнал. |
|
4. Притиснете кое било копче за да го исклучите сигналот. |
|
5. Тајмерот за одбројување (временскиот потсетник) останува активен и кога плочата е исклучена. |
|
6. За време на последната минута од одбројувањето, ќе се прикаже преостанатото време во секунди. |
2 Програмски тајмер
Програмскиот тајмер се користи за да се постави времето на работа на зоните за готвење каде веќе е поставен степен на моќност.
Програмскиот тајмер за исклучување може да се постави независно за сите зони за готвење.
Програмскиот тајмер може да се постави само за активна зона за готвење.
|
1. Допрете го копчето |
|
2. Допрете го повторно копчето |
|
3. Притиснете го копчето |
|
4. Откако ќе истече поставеното време, ќе се огласи звучен сигнал и зоната за готвење
ќе се исклучи. Ќе се светне симболот |
|
5. Исклучете го алармот со допирање на кое било копче; во спротивно, ќе се исклучи автоматски по одреден временски период. |
|
6. За да го избришете поставеното време, изберете го тајмерот со притискање на |
Преостанатото време за готвење ќе може да се промени во кој било момент од готвењето.
Индикатор на преостаната топлина
Индукциската плоча е исто така опремена со екран за преостаната топлина,
. Зоната за готвење не се загрева директно, туку индиректно, при што садот повратно
ја зрачи топлината. Сè додека симболот
свети откако плочата ќе се исклучи, има преостаната топлина на зоната за готвење,
која може да се користи за одржување на топлината на храната или за одмрзнување. Кога
знакот
ќе исчезне, зоната за готвење може да е уште жешка.
Внимавајте да не се изгорите!
Максимално време на готвење
Од безбедносни причини, времето на готвење на секоја зона за готвење е ограничено на максимално времетраење.
Максималното време на готвење зависи од последно искористениот степен на моќност. Доколку степенот на моќност не се промени подолго време, зоната за готвење ќе се исклучи автоматски откако ќе се постигне максималното времетраење на готвење (види табела подолу).
|
Ниво на јачина за готвење |
1 |
2 |
3 |
4 |
5 |
6 |
7 |
8 |
9 |
P* |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|
Максимално време на работење (ч) |
8 |
8 |
6 |
6 |
4 |
4 |
2 |
2 |
1,5 |
1,5 |
*По 10 минути, степенот на моќност автоматски се намалува на 9; по 1,5 часа, зоната за готвење се исклучува.
Заштита од прегревање
Индукциската плоча е опремена со вентилатор за ладење кој ги разладува електронските
компоненти за време на готвењето. Вентилаторот може да продолжи да работи и по готвењето.
Плочата е исто така опремена со заштита од прегревање која ја штити електрониката
од оштетување. Заштитата работи на неколку нивоа. Кога температурата на зоната за
готвење ќе стане превисока, моќноста автоматски се намалува. Доколку тоа не е доволно,
ќе продолжи да се намалува моќноста на зоната за готвење, или безбедносниот механизам
ќе ја исклучи целосно зоната за готвење. Кога индукциската плоча ќе се излади, целосната
моќност ќе биде повторно на располагање.
Автоматско исклучување
Доколку копчињата се активни предолго за време на готвењето (на пример, поради истурена течност или предмет кој е поставен врз копчињата), сите зони за готвење ќе се исклучат автоматски по 10 секунди.

|
1. |
|
2. Отстранете го предметот или избришете ја истурената течност од копчињата во рок од 5 секунди за да останат поставките на моќноста. Доколку не го отстраните предметот или не ја избришете истурената течност во рок од 10 секунди, индукциската плоча автоматски ќе се исклучи. |
Исклучување на ринглата
За да исклучите зона за готвење, притиснете го копчето
за да ја поставите вредноста на
. За набрзина да исклучите зона за готвење, истовремено притиснете и држете ги копчињата
или
. Ќе слушнете краток звучен сигнал и на екранот ќе се прикаже
.
Доколку моќноста на сите зони за готвење е поставена на
, зоната за готвење ќе се исклучи автоматски по 10 секунди.
Исклучување на целата плоча
Плочата може да се исклучи во кое било време со притискање на
.
Кориснички поставки
Поставување на звучен сигнал, автоматски функции, и параметри за заклучување
Можете да ја прилагодите гласноста на звучниот сигнал, времетраењето на звучниот сигнал,
вкупната максимална моќност на апаратот, како и поставките за автоматско заклучување
на апаратот.
Uo: Звучен сигнал и гласност на сигналот
So: Времетраење на звучниот сигнал
Lo: Автоматско заклучување
Po: Вкупна максимална моќност
|
|
|
1. За да го активирате менито за поставување параметри. притиснете и држете го 3 секунди
копчето |
|
2. Прво, параметарот |
|
3. Притиснете ги копчињата за поставување на тајмерот |
|
4. Параметрите исто така се поставени за долната лева зона за готвење. |
|
5. Вредноста на моментално поставениот параметар ќе се прикаже на екраните за моќност
на зоните за готвење на левата страна. Вредноста може да се прилагоди со притискање
на копчињата |
|
6. Сите параметри може да се потврдат и да се зачуваат со притискање и држење 2 секунди
на копчето |
|
7. Ќе се огласи краток звучен сигнал. |
|
8. Доколку не сакате да ги зачувате новите параметри, затворете го режимот на кориснички
поставки со притискање на копчето |
Звучен сигнал и гласност на сигналот „Uo“
|
|
Може да се постават следниве вредности: |
|
0 на екранот = исклучено (не се однесува на аларм и акустичен сигнал за грешка) |
|
|
1 на екранот = минимален волумен |
|
|
2 на екранот = среден волумен |
|
|
3 на екранот = максимална јачина на звукот (стандардно) |
|
|
По секоја промена ќе се огласи краток звучен сигнал, со новопоставениот волумен. |
Времетраење на звучниот сигнал „So“
|
|
Може да се постават следниве вредности: |
|
0,5 на екранот = 5 секунди |
|
|
1 на екранот = 1 минута |
|
|
2 на екранот = 2 минути (фабрички поставено) |
Заклучување за деца „Lo“
|
|
Ако функцијата за автоматско заклучување е активирана во режимот на кориснички поставки, плочата за готвење автоматски ќе се заклучува секој пат кога ќе се исклучи. |
|
0 на екранот = исклучено (стандардно) |
|
|
1 на екранот = вклучено |
Флексибилно управување
(Во зависност од моделот)
Индукциската плоча ви овозможува да ја поставите потрошувачката на енергија за оптимална работа и одлично искуство во готвењето. Тоа значи дека можете да ја контролирате моќноста на работење за сите зони на готвење.
Вкупна максимална моќност „Po“
Ова мени може да се пристапи само во првите 2 минути откако ќе се приклучи плочата
за струја.
Не можете да прилагодите други поставки во овој период.
|
|
Можни се следниве поставки на вкупна моќност зависно од можностите на електричната инсталација во вашиот дом. |
|
7.2 на екранот = 7.2kW = 2 x 16 A |
|
|
6.0 на екранот = 6.0kW = 2 x 16 A |
|
|
3.6 на екранот = 3.6 kW = 1 x 16 A |
|
|
2.8 на екранот = 2.8 kW = 1 x 13 A |
|
|
2.3 на екранот = 2.3 kW = 1 x 10 A |
Доколку степенот на моќност е ограничен, тогаш исто така можат да се ограничат поставките и моќноста на готвењето. Апаратот е опремен со систем за управување со енергијата, со што се осигурува дека влијанието на ограничувањето на моќноста е минимално.
Корисни совети
Грејна плоча за готвење (конвенционална или стаклено керамичка)
-
Грејната плоча е отпорна на температурни промени.
-
Не користете ја стакло-керамичката плоча како површина за складирање бидејќи може да ја изгребете или да ја оштетите.
-
Не користете ја стаклокерамичката плоча доколку е пукната или скршена. Доколку падне остар предмет на плочата, таа може да се скрши. Последиците на таквиот настан може да се веднаш видливи или пак да се забележат по одредено време.
-
Доколку се појави видлива пукнатина на плочата, веднаш исклучете го апаратот од напојување.
-
Погрижете се зоната за готвење и дното на садот да бидат суви и чисти. Ова ќе овозможи подобро спроведување на топлина и ќе спречи оштетување на грејната површина.
-
Не ставајте празни садови на зоната за готвење, тоа може да резултира со оштетување.
Доколку на врела стаклокерамичка плоча се истури шеќер или храна со висока содржина на шеќер, веднаш избришете ја плочата или отстранете го шеќерот со стругалка, дури и кога површината за готвење е уште топла. Со тоа се спречува оштетување на стаклокерамичката површина.
Не користете детергенти и други средства за чистење на топла стаклокерамичка плоча, затоа што така може да се оштети површината.
Принцип на работа на индукциските зони за готвење
Готвењето на индукциска плоча е различно од готвење на традиционални апарати. Индукциската плоча користи магнетно поле за да генерира топлина за готвење. Тоа значи дека не можат да се користат сите видови садови за готвење на индукциска плоча.
|
|
Плочата за готвење е опремена со високоефикасни индукциски грејни зони. Топлината се создава директно на дното на садот, каде што е најмногу потребна. Со тоа се избегнуваат секакви загуби преку стаклокерамичката површина. Потрошувачката на струја е значително пониска отколку кај конвенционалните рингли со грејачи што зрачат топлина. |
|
Стаклокерамичката зона за готвење не се загрева директно, туку индиректно, при што
садот повратно ја зрачи топлината. Кога зоната за готвење ќе се исклучи, таа преостаната
топлина се прикажува како |
|
|
Кај индукциските зони за готвење, загревањето го овозможува индукциски калем кој е вграден под стаклокерамичката површина. Калемот индуцира магнетно поле, кое создава вртложни струи на дното на феромагнетната тава, со што таа се загрева. |
|
|
Индукцијата ќе работи правилно доколку користите соодветни садови за готвење. |
Индукциски садови за готвење
|
|
Тест со магнет: Употребете мал магнет да проверите дали дното на тавата или лонецот е феромагнетно. Доколку магнетот се залепи на дното на тавата, тогаш е соодветна за индукциската плоча. |
|
|
Проверете дали садот за готвење е на средина на грејната површина. |
|
|
За најдобри резултати, феромагнетната површина на дното на садот за готвење треба да биде со иста големина како зоната за готвење. Доколку зоната за готвење не ја препознае тавата, обидете се да ја поставите на друга зона со помал дијаметар. |
|
Соодветни садови за готвење |
Несоодветни садови за готвење |
|---|---|
|
челик |
стакло |
|
емајлиран челик |
легиран челик со бакарно дно |
|
леано железо |
легиран челик со алуминиумско дно |
-
Кога користите експрес лонец, внимавајте на него додека не се постигне соодветниот притисок. Прво, поставете ја зоната за готвење на максимална моќност; потоа, следејќи ги упатствата на производителот на експресниот лонец, потоа намалете ја соодветно моќноста.
-
Кога готвите во садови под притисок или други садови за готвење погрижете се секогаш да има доволно течност, бидејќи користењето на празен сад на плочата за готвење како резултат на прегревање може да доведе до оштетување на садот и на грејната зона.
-
Некои садови за готвење немаат целосно феромагнетно дно. Во таков случај, само магнетниот дел ќе се загрее, додека остатокот од дното ќе остане ладно.
-
При употреба на посебни садови за готвење, следете ги упатствата на производителот.
|
Зона за готвење |
Минимален дијаметар на дното на садот |
|---|---|
|
Ø 145 mm |
Ø 90 mm |
|
Ø 180 mm |
Ø 110 мм |
|
Ø 230 мм |
Ø 110 мм |
Дното на садот мора да е рамно.
.
Совети за штедење на енергија
-
Кога купувате садови за готвење, не заборавајте дека дијаметарот наведен на садот обично се однесува на горниот раб или на капакот, кој е вообичаено поголем од дијаметарот на дното на садот.
-
Ако за некое јадење е потребно долго време да се зготви, користете експрес лонец. Не заборавајте дека во експрес лонецот секогаш мора да има доволно течност. Ако на плочата за готвење се стави празен сад, тој може да прегрее, што може да го оштети и садот и површината за готвење.
-
Секогаш кога е возможно, затворете го лонецот или тавата со капак со соодветна големина. Користете садови кои се соодветни на количината на храната што ја готвите. Готвењето во голем делумно полн сад троши многу повеќе енергија.
-
Дури и да нема сад на зоната за готвење или доколку садот кој се користи има помал дијаметар од оној на зоната за готвење, нема да има загуба на енергија.
-
Доколку садот е многу помал од зоната за готвење, има шанси зоната за готвење да не го препознае. Кога зоната за готвење е вклучена, ќе се појави знакоти избраното ниво на јачина ќе трепка на екранот. Доколку поставите соодветен сад на зоната за готвење но наредната минута, плочата ќе го препознае и ќе се вклучи со избраната моќност. Веднаш штом го отстраните садот од зоната за готвење, напонот се исклучува.
-
Ако поставите помал сад на зоната за готвење и таа го препознае, тогаш плочата ќе користи онолку енергија колку што е потребно според големината на садот.
Одржување и чистење
По секоја употреба, почекајте стакло-керамичката површина да се олади и исчистите ја, бидејќи во спротивно сите нечистотии ќе изгорат на топлата површина следниот пат кога ќе ја користите плочата.
За редовно одржување на стакло-керамичката плоча, користете производи за специјална нега на плочата кои создаваат заштитен слој на површината за да спречи лепење на нечистотијата.
Пред секоја употреба на стакло-керамичката површина, избришете ја прашината или други нечистотии кои може да ја изгребат површината од грејната плоча и од дното на садот.
Челичната волна, грубите сунѓери за чистење и абразивните прашоци може да ја изгребат површината. Површината може исто така да се оштети од агресивни спрејови за чистење и несоодветни течни средства за чистење.
Обележувањето може постепено да исчезне доколку користите агресивни или абразивни средства за чистење или садови за готвење со груби или оштетени дна.
Користете влажна мека крпа за да ги отстраните ситните нечистотии. Потоа, избришете ја површината со сува крпа.
Отстранете ги дамките од вода со благ раствор од оцет. Сепак, не користете го овој раствор за бришење на рамката (само кај некои модели) бидејќи може да се изгуби сјајот. Не користете агресивни средства за чистење или средства за отстранување на бигор.
Користете специјални средства за чистење на тврдокорни дамки на стакло-керамичката плоча. Следете ги упатствата на производителот. Внимавајте целосно да ги отстраните остатоците од средството за чистење по процесот за чистење бидејќи тоа може да ја оштети стакло-керамичката површина кога грејната зона за готвење ќе се загрее.
Отстранете ги тврдокорните и запечени остатоци со стругало. Внимавајте при ракување со стругалото за да избегнете повреди.
Стругалката не е вклучена во опремата на апаратот.
Користете стругало само кога нечистотијата не може да се отстрани со влажна крпа или специјални средства за чистење на стакло-керамичката површина.
Држете го стругалото под правилен агол (45° до 60°). Нежно притиснете го стругалото на стаклото и лизгајте го по него за да ја отстраните нечистотијата. Внимавајте пластичната рачка на стругалото (кај некои модели) да не дојде во допир со топла грејна зона.
Не притискајте го стругалото правоаголно во однос на стаклото и не гребете ја површината на плочата со врвот или со остриот раб на стругалото.
Веднаш отстранете шеќер или храна која содржи шеќер од стакло-керамичката плоча со користење на стругало дури и ако плочата е се уште топла бидејќи шеќерот може трајно да ја оштети стакло-керамичката површина.
Проблеми и грешки
За време на гарантниот рок, сите поправки може да ги врши само сервисен центар овластен
од производителот.
Пред започнувањето со какви било поправки, апаратот задолжително треба да се исклучи
од електричната мрежа и тоа со отстранување на главниот осигурувач или со исклучување
на приклучниот кабел од приклучницата.
Било кои неовластени поправки на апаратот може да предизвикаат струен удар и опасност
од краток спој; затоа не се обидувајте сами да поправате. Препуштете ја таа работа
на стручно лице или сервисер.
Во случај на помали пречки или проблеми со работењето на апаратот, проверете го ова
упатство за да видите дали може да го отстраните сами проблемот.
Зачувајте го ова упатство за идна употреба или дадете го на наредните сопственици
или корисници на апаратот.
Подолу се наведени совети за решавање проблеми
|
Проблем/грешка |
Причина |
|---|---|
|
Главниот осигурувач често исклучува. |
Повикајте стручно лице. |
|
Постојан звучен сигнал и вклучен екран |
Истурена е вода врз површината на сензорот, или предмет е поставен врз сензорите. |
|
F на екранот |
Ова означува дека имало грешка за време на работењето. |
Ако грешката се уште се појавува и покрај горенаведените совети, повикајте овластен сервисер. Поправки или побарувања за покритие со гаранција кои резултираат од неправилно приклучување или користење на апаратот не се покриени од гаранцијата. Во овој случај, корисникот ќе го покрие трошокот за поправка.
Пред започнувањето со какви било поправки, апаратот задолжително треба да се исклучи од електричната мрежа (со отстранување на главниот осигурувач или со исклучување на приклучниот кабел од приклучницата).
Шумови за време на готвењето со индукција
|
Бучава и звуци |
Причина |
Решение |
|---|---|---|
|
Бучави создадени од работењето на индукцијата |
Индукциската технологија се заснова на својствата на некои метали под електромагнетно влијание. Тоа создава таканаречени вртложни струи кои ги принудуваат молекулите да осцилираат. Овие осцилации (вибрации) се претвораат во топлина. Зависно од видот на металот, ова може да создаде тивка бучава. |
Ова е вообичаено и не е знак за неправилно работење. |
|
Зуење како од трансформатор |
Настанува кога се готви со висока моќност. Причината за ова е количината на енергија која се пренесува од плочата на лонецот или тавата. |
Овој вид бучава ќе исчезне или ќе се намали кога ќе го намалите степенот на моќност. |
|
Вибрации и звуци на потпукнување на садовите за готвење |
Оваа бучава настанува кај садови за готвење (лонци или тави) кои се направени од различни материјали. |
Овој вид бучава настанува од вибрации по должина на споените површина на слоевите од различни материјали. Оваа бучава зависи од садовите за готвење. Може да варира во зависност од количината и видот на храна која ја готвите. |
|
Бучава од вентилатор |
Правилната работа на индукциските електрични компоненти бара контролирање на температурата. Затоа, плочата е опремена со вентилатор кој ја разладува електрониката во зависност од работната температура. |
Вентилаторот може да работи дури и по исклучувањето на плочата, доколку температурата е превисока. |
Технички податоци
(Во зависност од моделот)

|
A. Сериски број B. Модел C. Тип D. Шифра |
E. Трговски знак F. Технички податоци G. QR код H. Знаци/симболи за сообразност |
На долната страна од грејната плоча се наоѓа плочка со спецификации која содржи основни информации за апаратот. Информации за видот и моделот на апаратот можат исто да се најдат во гарантниот лист.
Фрлање во отпад

Амбалажата е направена од еколошки материјали кои може да се рециклираат, да се одложат или да се уништат без опасност по животната средина. Затоа, амбалажните материјали се и соодветно означени.
Симболот на производот или на амбалажата означува дека производот не смее да биде отстранет од домаќинството како обичен отпад. При одлагање на производот како отпад потребно е да го одвезете отпадот до овластен центар за обработка на отпад од електрични и електронски производи.
Правилното одлагање на производот ќе помогне да се спречат сите негативни влијанија врз животната средина и по здравјето на луѓето, кои може да настанат во случај на неправилно одлагање на производот. За подетални информации за отстранувањето и обработката на производот ве молиме контактирајте ја релевантната општинска институција која е овластена за управување со отпад, служби за одлагање на отпад или продавницата каде сте го купиле производот.
Го задржуваме правото на промени и грешки во упатствата за употреба.
Ваши забелешки
















= жолто-зелена



















