Максимално полнење
ДЕТАЛНО УПАТСТВО
ЗА УПОТРЕБА НА МАШИНА ЗА ПЕРЕЊЕ
Животот денеска е комплициран. Ајде да ја направите грижата за вашата облека едноставна!
Вашата нова машина за перење користи иновативна технологија и најнови достигнувања
во грижата и негата за облека за да ги поедноставни секојдневните обврски.
Најновата технологија што се користи во нашата машина за перење обезбедува најнежна
грижа за секоја облека со минимално гужвање. Во исто време, вашата машина за перење
е еколошка бидејќи користи високо ефикасна енергија, вода и прашок за перење.
Оваа машина за перење е наменета исклучиво за цели на употреба во домаќинствата. Ве молиме не користете ја за облека на која е назначено дека не е соодветна за машинско перење.
Во упатството се користат следниве симболи со следните значења:
Информации, совет, помош или препорака
Предупредување за општа опасност
Предупредување за опасност од електричен удар
Предупредување за опасност од жешка површина
Предупредување за опасност од пожар
Внимателно прочитајте го упатството.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Внимателно прочитајте ги упатствата за употреба пред првата употреба на машината за перење.
Ве молиме, да не ја употребувате машината за перење ако пред тоа не сте ги прочитале и разбрале овие упатства за употреба.
Овие упатства за употреба на машината за перење се однесуваат на повеќе различни типови или модели на машини за перење. Поради ова, тие може да вклучуваат описи на нагодувања на машината или дополнителна опрема која не е дел од вашиот модел на машина за перење.
Непридржувањето кон упатствата за употреба или несоодветно користење на машината за перење може да предизвика оштетување на облеката за перење или апаратот или повреда на корисникот. Чувајте го упатството за употреба при рака во близина на машината за перење.
Овој апарат е наменет за употреба во домаќинства и за слични други примени како што се:
-
кујнски простории за вработени во продавници, канцеларии и други работни средини;
-
земјоделски куќи;
-
од страна на престојувачи во хотели, мотели и други средини од станбен тип;
-
средини од типот на ноќевање со појадок.
Машината за перење не е наменета за употреба на лица (вклучително и деца) со физичко и ментално оштетување, или лица кои го немаат потребното искуство и знаење. Овие лица треба да бидат запознаени со користењето на машината за перење од лице кое е одговорно за нивната безбедност.
Машината за перење може да се употребува исклучиво со обезбедениот кабел за напојување.
За да се избегне опасност, оштетен кабел за струја може да замени само производителот, сервисерот или овластено лице.
Не приклучувајте ја машината за перење на главната електрична мрежа со користење на надворешен уред за приклучување како програмски тајмер, или не приклучувајте ја на мрежа која е нестабилна односно редовно е вклучувана и исклучувана од снабдувачот на електрична енергија.
Упатствата за употреба се достапни на веб страницата на www.gorenje.com.
Следете ги упатствата за правилно поставување на машината за перење на Горење и приклучување кон водоводна и електрична мрежа (види наслов »ПОСТАВУВАЊЕ И ПРИКЛУЧУВАЊЕ«).
Приклучувањето на вода и електрична енергија мора да го направи соодветно обучен техничар или стручњак.
Поправките и одржувањето во однос на безбедноста или добрата работа мора да ги изведува квалификуван професионалец.
Не поставувајте ја машината за перење во просторија каде температурата може да опадне и под 5°C, бидејќи деловите од машината за перење може да бидат оштетени во случај на замрзнување на водата.
Отворите за вентилација во основата на машината за перење не смеат да бидат блокирани од тепих.
За да ја приклучите машината за перење на водоводната мрежа, секогаш користете го даденото приклучно црево и соодветните дихтунзи. Притисокот на водата мора да биде помеѓу 0,05 и 0,8 MPa (0,5–8 бари).
Секогаш користете ново приклучно црево за да ја приклучите машината за перење на водоводната мрежа; не користете веќе употребувано старо приклучно црево.
Крајот на одводното црево треба да влегува во одводната водоводна цевка.
Пред почетокот на циклусот на перење, притиснете ја вратата на назначеното место се додека не се заклучи односно не влезе во жлеб. Вратата на машината не може да се отвора за време на работата на машината.
Препорачуваме отстранување на сите нечистотии од барабанот пред првото перење со користење на програмата Cotton 90°C (Памук 90°C) (види ТАБЕЛА НА ПРОГРАМИ).
По циклусот на перење, затворете ја славината за вода и исклучете ја машината за перење од приклучницата.
Користете ја машината за перење само за перење на облека како што е опишано во упатството. Машината не е наменета за хемиско чистење на облека.
За време на програмата за перење не се ослободуваат сребрени јони.
Користете само прашоци за машинско перење и нега на облека. Производителот не е одговорен за какви било оштетувања или евентуално губење на бојата на дихтунзите и пластичните делови што може да настане од неправилно користење на белила или средства за боење.
При отстранување на наслаги од бигор, користете само средства за отстранување на бигор со додадена заштита од против корозија. (Користете само анти корозивни средства за отстранување на бигор). Следете ги упатствата за употреба на производителот. Завршете го процесот на отстранување на бигор со неколку циклуси на плакнење или со вклучување на Програмата Drum clean (Програма за самочистење) со цел да се отстрани секаква преостаната киселина (на пример оцет, и слично).
Не користете прашоци за перење кои содржат раствори бидејќи овие може да доведат до ослободување на отровни гасови, оштетување на машината за перење и ризик од пожари и експлозија.
Безбедност на деца
Забрането е деца помали од три годишна возраст да бидат во близина на апаратот, освен ако не се под постојан надзор.
Не дозволувајте деца да си играат со машината за сушење.
Чувајте го прашокот за перење и омекнувачот за алишта подалеку од дофатот на деца.
Активирајте ја безбедносната заштита за деца. Види наслов »ИЗБОР НА ПОСТАВКИ/Сигурносна заштита за деца«.
Пред затворање на вратата од машината за перење и вклучување на програмата, проверете дека нема ништо друго освен облека за перење во барабанот (на пример ако дете влегло во машината за перење и ја затворило вратата од внатре).
Машината за перење е произведена во сообразност со сите релевантни безбедносни стандарди.
Машината за перење може да се користи од деца над 8 годишна возраст и од лица со намалени физички, сензорни или ментално способности или лица без потребно искуство и знаење единствено ако се под надзор за време на работата на машината, или ако биле претходно запознаени со безбедно користење на машината за перење и ако ги разбираат опасностите од несоодветно користење на машината.
Внимавајте децата да не си играат со машината за перење.
На деца не смее да им се дозволи чистење на машината за перење или одржување без надзор од трето лице.
Опасност од жешка површина
На повисоки температури на перење, стаклото од вратата се загрева. Внимавајте поради опасност од изгореници. Внимавајте децата да не играат во близина на стаклото од вратата на машината за перење.
ОПИС НА МАШИНАТА ЗА ПЕРЕЊЕ
НАПРЕД
-
Контролна единица на допир
-
Тркалце за on/off и избор на програма на сушарата
-
Сад за прашок за перење
-
Врата
-
Натписна табличка
-
Филтер во пумпа
НАЗАД
-
Доводно црево
-
Приклучен кабел
-
Одводно црево
-
Прилагодливи ногарки
Технички податоци
(во зависност од моделот)
Натписната табличка со основни информации за машината за перење алишта алишта се наоѓа на внатрешната страна на вратата на машината за перење алишта (види наслов »ОПИС НА МАШИНА ЗА ПЕРЕЊЕ«).
|
Види ја натписната плоча |
||
Ширина |
600 mm |
600 mm |
600 mm |
Висина |
850 mm |
850 mm |
850 mm |
Длабочина на машината за перење (a) |
465 mm |
545 mm |
610 mm |
Длабочина со затворена врата |
495 mm |
577 mm |
640 mm |
Длабочина со отворена врата (b) |
980 mm |
1062 mm |
1125 mm |
Тежина на машината за перење |
X kg (во зависност од моделот) |
||
Номинален напон |
Види ја натписната плоча |
||
Приклучна моќност |
Види ја натписната плоча |
||
Приклучок |
Види ја натписната плоча |
||
Притисок на вода |
Види ја натписната плоча |
||
Струја |
Види ја натписната плоча |
||
Фреквенција |
Види ја натписната плоча |
Информации за сообразност
Вид на радио опрема (во зависност од моделот) |
HL3215STG HLW3215-TG HLW3215-TG01 |
||
Wi-Fi |
|||
Опсег на работна фреквенција |
2.4000 GHz – 2.4835 GHz |
||
Максимална излезна моќност |
≤10 dBm/MHz (EIRP) (Добивка на антената <10 dBi) |
||
Максимален опсег на антената |
Добивка: 0 dBi |
||
Bluetooth |
|||
Опсег на работна фреквенција |
2.400 GHz – 2.4835 GHz |
||
Излезна емисија на преносник |
6 dBm (≤ 10 dBm) |
||
Тип на емисија |
F1D |
||
Горење изјавува дека горенаведената опрема е сообразна со директивата 2014/53/EU. |
Натписна табличка
Контролна табла
|
|
---|---|
1 |
ТРКАЛЦЕ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ И ЗА БИРАЊЕ ПРОГРАМА на машината за перење. За да ја ВКЛУЧИТЕ машината за перење, завртете го тркалцето за избирање програма лево или десно. За да ја ИСКЛУЧИТЕ машината за перење, завртете го тркалцето за избирање програма во положба OFF (ИСКЛУЧЕНО). За да ИЗБЕРЕТЕ програма за перење, завртете го тркалцето налево или надесно. Ќе се вклучи сигналната сијаличка до избраната програма. |
2 |
TEMP. (ТЕМПЕРАТУРА НА ПЕРЕЊЕ) Опција за поставување на температурата на перење. Кога апаратот е вклучен, се вклучува сијаличката на копчето. |
3 |
Опција за избор на бројот на вртежи. Кога апаратот е вклучен, се вклучува сијаличката на копчето. |
2+3 |
DOSE AID Информации за препорачаната количина на прашок за перење и течен прашок за перење во согласност со избраните поставки и количина на облека за перење во барабанот. Притиснете ги позициите 2+3 и задржете ги 3 секунди. |
4 |
Сијаличка за симболот ЗАШТИТА ЗА ДЕЦА |
5 |
FAST (БРЗО) Опција за поставување на пократко време на програмата за перење. Кога апаратот е вклучен, се вклучува сијаличката на копчето. |
3+5 |
Заштита од деца ВКЛУЧИ/ИСКЛУЧИ Притиснете ги позициите 3+5 и задржете ги 3 секунди. |
6 |
Осветлување на симболот ИСКЛУЧЕН ЗВУK |
7 |
DELAY END (ОДЛОЖЕН КРАЈ) Опција за поставување на времето на завршување на програмата за перење. Кога апаратот е вклучен, се вклучува сијаличката на копчето. |
5+7 |
Звук ВКЛУЧИ/ИСКЛУЧИ Притиснете ги позициите 5+7 и задржете ги 3 секунди. |
8 |
EXTRAS (ДОПОЛНИТЕЛНИ ФУНКЦИИ)
Кога апаратот е вклучен, се вклучува сијаличката на копчето. |
7+8 |
МЕНИ Wi-Fi поврзување (CONNECT) (ПОВРЗУВАЊЕ) Притиснете ги позициите 7+8 и задржете ги 3 секунди. |
9 |
КОПЧЕ ЗА START/PAUSE Копчето има 4 функции:
Кога апаратот е вклучен, се вклучува сијаличката на копчето. |
10 |
Следното се прикажува ЕКРАНОТ ЗА ПРИКАЗ:
|
11 |
Сијаличка на симболот CONNECT (ПОВРЗУВАЊЕ) Симболот е осветлен цело време кога REMOTE START (ДАЛЕЧИНСКО СТАРТУВАЊЕ) е вклучено, дури кога апаратот не работи или е во режим на готовност. |
12 |
Сијаличка на симболот ДАЛЕЧИНСКО СТАРТУВАЊЕ Симболот е осветлен цело време кога REMOTE START е вклучено, дури кога апаратот не работи или е во режим на готовност. |
ИНСТАЛАЦИЈА И ПРИКЛУЧУВАЊЕ
Отстранете ја амбалажата. При отстранувањето на амбалажата, внимавајте да не го оштетите апаратот со остар предмет.
Отстранување на транспортни блокади
Пред прва употреба на апаратот, мора прво да ги отстраните транспортните блокади. Кај машина за перење која е блокирана а е вклучена да работи прв пат може да настане оштетување. Во случаи на вакво оштетување гаранцијата не важи!
|
1Поместете ги цревата и одвртете ги навртките од задниот дел од машината. Отстранете ги двата аголни профили. |
2Повлечете ги аголните профили со лизгање до жлебот во шипката која се користи за блокада; пред ова свртете го десниот аголен профил на другата страна. |
|
3Употребете ги аголните профили за да ги свртите шипките за блокада за 90°и извлечете ги. |
|
4Двата отвори преку кои биле вметнати шипките за блокада прекријте ги со пластични
чепови и завртете ги навртките кои ги одвртевте во чекор 1. |
Преместување и транспорт по инсталација
Ако сакате да ја преместите машината за перење откако била инсталирана, потребно е повторно да ги инсталирате аголните профили и најмалку една шипка за блокада за да спречите оштетување при вибрирање на машината за време на транспортот (види наслов »ПОСТАВУВАЊЕ И ПРИКЛУЧУВАЊЕ/Отстранување на транспортни блокади«). Ако ги изгубите аголните профили и шипките за блокада при транспорт може да ги нарачате дополнително од производителот.
Избирање на просторот
Подот на кој се поставува машината за перење мора да е со цврста подлога. Треба да биде чист и сув; во спротивно машината за перење може да се лизга. Исто така, исчистете ја површината на долниот дел од ногарките кои се со прилагодлива висина.
Машината за перење мора да биде поставена на рамна и стабилна цврста подлога.
Ако машината за перење е поставена на поткренатата стабилна подлога, машината мора дополнително да биде обезбедена од наклонување.
Прилагодување на висината на машината
Користете либела и клуч бр . 32 (за ногарките) и 17 (за навртката). Клучевите не се снабдени.
|
1Нивелирајте ја машината за перење во надолжен и напречен правец со вртење на ногарките со прилагодлива висина. |
2По прилагодување на висината на ногарките, цврсто затегнете ги навртките во обратен правец со користење на клуч бр.17, со свртување кон долниот дел од машината (види цртеж). |
Неправилното нивелирање на машината за перење со ногарки чија висина се прилагодува може да предизвика вибрирање, лизгање на апаратот низ просторијата и гласна бучава при работата. Неправилното нивелирање на машината за перење не е предмет на гаранција.
Понекогаш,за време на работата на апаратот може да се чуе невообичаена или посилна бучава; ова најчесто може да биде резултат на неправилно поставување.
Поставување на машината за перење
Ако имате машина за сушење од Горење која е со соодветни (исти) димензии, можете да ја поставите над машината за перење од Горење (во овој случај мора да се користат вакуумски ногарки) или веднаш до неа (цртежи 1 и 3).
Ако вашата машина за перење Gorenje е помала (минимална длабочина 545 mm) од вашата машина за сушење Gorenje, тогаш треба дополнително да купите држач (слика 2). Мора да се употребат приложените вакуумски ногарки; тие спречуваат лизгање на машината за сушење.
Дополнителна опрема (поддршка за сушење (а), вакуумски ногарки (б) и држач за прицврстување на ѕид (в)) може да купите во сервисниот центар.
Површината на која ќе се постави апаратот треба да биде чиста и рамна.
Машината за перење од Gorenje врз која имате намера да ја поставите машината за сушење Gorenje треба да може да ја издржи тежината на машината за сушење Gorenje (види наслов »ОПИС НА МАШИНАТА ЗА СУШЕЊЕ/Технички податоци«).
|
||
1 |
2 |
3 |
Растојание за инсталирање околу машината за перење
|
|
1 |
2 |
Машината за перење не треба да биде во контакт со ѕид или во непосредна близина на мебел. За оптимално работење на машината за перење, препорачуваме да се придржувате до растојанијата од ѕидовите како што е прикажано на сликата. Во случај на непочитување на минималните растојанија, не може да се овозможи безбедно и правилно работење на машината за перење. Покрај тоа, исто така машината може да прегрее (цртежи 1 и 2).
Не се препорачува инсталирање на машината за перење под хоризонтална работна површина.
Отворање на вратата од машината (поглед од птичја перспектива)
|
Види наслов »ОПИС НА МАШИНАТА ЗА ПЕРЕЊЕ/Технички податоци«). a = длабочина на машината b = длабочина со отворена врата |
Поврзување со доводот на вода
Приклучете го цревото на водоводна чешма со навртување.
|
AСТАНДАРДНО ПРИКЛУЧУВАЊЕ |
BAQUA - STOP ПРИКЛУЧУВАЊЕ |
|
CЦЕЛОСНО AQUA - STOP ПРИКЛУЧУВАЊЕ (СО ПЛУТА) |
За нормална работа на машината за перење, притисокот во водоводната мрежа треба да биде помеѓу 0,05 и 0,8 MPa (0,5–8 бари). Минималниот проточен притисок на вода може да се определи со мерење на протокот на вода која тече.
1,2 литри вода треба да истече од целосно пуштена чешма во рок од 30 секунди.
Доводното црево прицврстете го со рака, доволно цврсто за цревото дa не пропушта (макс. 2 Nm). По приклучувањето на цревото, проверете уште еднаш дали цревото не пропушта. Не користете клешти или други слични алати при приклучувањето на цревото бидејќи таквата употреба може да го оштети навојот на навртката.
Користете го доводното црево кое е доставено со апаратот. Не користете други половни или веќе користени други црева.
Кога го приклучувате цревото за довод на вода, проверете дали сте го приклучиле на начин кој овозможува соодветен и непречен довод на вода.
AQUA - STOP приклучување
(во зависност од моделот)
Ако дојде до оштетување на внатрешното црево или туба ќе се вклучи систем на блокада кој го прекинува доводот на вода до машината. Во ваков случај, контролното стакло (а) ќе се обои во црвено. Потребно е да го замените доводното црево.
ЦЕЛОСНО AQUA - STOP приклучување (со плута)
(во зависност од моделот)
Ако дојде до оштетување на внатрешното црево или туба ќе се вклучи систем на блокада кој го прекинува доводот на вода до машината. Во ваков случај, контролното стакло (а) ќе се обои во црвено. Потребно е да го замените доводното црево.
Доколку има вода на дното на машината за перење, плутата (b) ќе се подигне и ќе го вклучи системот за исклучување за да го прекине доводот на вода до машината за перење; процесот на перење е сопрен, доводот на вода е исклучен, апаратот ја вклучува пумпата и прикажува грешка.
|
|
Приклучување и прицврстување на одводно црево
Поставете го одводното црево во лавабото или во кадата или прикачете го директно во одводот (минималниот дијаметар на поврзувањето на одводот е 4 cm). Завршетокот на одводното црево може да биде најмногу 100 cm и најмалку 60 cm од подот. Одводното црево може да се прикачи на три начини (A, B, C).
|
AКрајот на одводното црево може да се постави над лавабото или кадата. В Употребете соодветна врвка преку отворот во лачната поддршка за да го прикачите цревото и со тоа спречете цревото да се лизне на подот. |
BОдводното црево може исто така да го прицврстите директно на одводот од лавабото. |
|
CОдводното црево може исто така да се прикачи на ѕиден одвод со клучка; ваквата клучка треба соодветно да биде поставена за да може да се чисти соодветно. |
|
DОдводното црево треба да се прикачи и прицврсти на пин на задната страна на машината за перење, како што е прикажано на сликата. |
Ако одводното црево не е правилно прицврстено, не може да се овозможи безбедно и правилно работење на машината за перење.
Приклучување на електричната мрежа
Пред да ја приклучите машината за перење на главната електрична мрежа, почекајте најмалку 2 часа се додека апаратот не постигне собна температура.
Приклучете ја машината за перење на електричен приклучок со заземјување По приклучувањето, ѕидниот приклучок треба да биде лесно пристапен. Приклучницата треба да има заземјување (во сообразност со релевантни правила).
Информациите за вашата машина за перење се наведени на натписната таблица (види наслов »ОПИС НА МАШИНАТА ЗА ПЕРЕЊЕ/Технички податоци«).
Препорачуваме да користите заштита од висок напон, заради заштита на апаратот од удар на гром.
Машината за перење не смее да биде приклучена на главната електрична мрежа со користење на продолжен кабел.
Не приклучувајте ја машината за перење на електрична приклучница која е наменета за апарат за бричење или фен.
Поправките и одржувањето во однос на безбедноста или добрата работа мора да ги изведува квалификуван професионалец.
ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА
Проверете дали машината за перење е исклучена од главната електрична мрежа; потоа отворете ја вратата накај вас (цртежи 1 и 2).
Пред првата употреба, исчистете го барабанот на машината за перење со мека влажна памучна крпа и вода, или употребете ја програмата Cotton 90°C (Памук 90°C). Не треба да има алишта во барабанот на машината за перење; барабанот треба да биде празен (цртежи 3 и 4).
|
|
1 |
2 |
|
|
3 |
4 |
Не користете разредувачи или средства за чистење кои може да ја оштетат машината за перење (ве молиме следете ги препораките и предупредувањата кои се наведени од производителите на самите средства за чистење).
Поврзување на апаратот со апликацијата ConnectLife
ConnectLife е платформа за паметен дом која ги поврзува луѓето, уредите и услугите. Апликацијата ConnectLife вклучува напредни дигитални услуги и безгрижни решенија која им овозможуваат на корисниците да ги следат и контролираат апаратите, да добиваат известувања преку паметниот телефон и да го ажурираат софтверот (поддржаните функции се разликуваат зависно од Вашиот апарат и регионот/земјата каде се наоѓате).
За да го поврзете вашиот паметен уред, потребна е домашна Wi-Fi мрежа (поддржани се само мрежи од 2.4 GHz) и паметен телефон со инсталирана апликација ConnectLife.
За да ја преземете апликацијата ConnectLife , скенирајте го QR кодот или пребарајте ја ConnectLife во Вашата омилена продавница за апликации.
-
Инсталирајте ја ConnectLife апликацијата и создадете сметка.
-
Во апликацијата ConnectLife , одете во менито »Додај уред« и изберете го соодветниот вид уред. Потоа, скенирајте го QR кодот (се наоѓа на идентификациската плочка на апаратот; можете исто да го внесете бројот AUID/SN рачно).
-
Апликацијата потоа Ве води низ целокупниот процес на поврзување на апаратот со Вашиот паметен телефон.
-
Откако успешно ќе се поврзе, апаратот можете да го управувате преку мобилната апликација.
Корисни совети за Вашиот паметен уред
Каде се наоѓа QR кодот за уредите кој го бара апликацијата за време на процесот на инсталирање?
QR-кодот може да се најде на гарантниот лист и на плочката со спецификации на вашиот апарат.
Како да се овозможи Wi-Fi на уредот?
Проверете дали апаратот е вклучен; копчето за избор на програма може да биде во која било позиција. Потоа направете го следново:
-
Во апликацијата ConnectLife, влезете во менито »add device«.
-
Следете ги насоките во апликацијата ConnectLife, каде ќе го поврзете вашиот телефон со апаратот и ќе го додадете апаратот на вашата домашна Wi-Fi мрежа.
-
Изберете го видот на апаратот.
-
Скенирајте го QR-кодот (се наоѓа на гарантниот лист или на плочката со спецификации на вашиот апарат).
-
-
На самиот апарат:
-
Истовремено притиснете ги позициите (7 + 8). Ќе започне одбројувањето 3-2-1) и ќе се појави . на апаратот.
-
Притиснете го копчето (8) за да го вклучите Wi-Fi; на екранот ќе се прикаже .
-
Притиснете го копчето (9) START/PAUSE . На екранот ќе се прикаже .
-
Повторно притиснете ја позицијата (9) СТАРТ/ПАУЗА . Ќе започне 5-минутно одбројување на апаратот; следете ги упатствата во апликацијата.
-
-
Во апликацијата ConnectLife, насоките ќе ве водат низ постапката на внесување на соодветните податоци за вашиот апарат за да го поврзете со домашната мрежа.
Како да се овозможи далечинско вклучување на уредот?
Завртете го тркaлцето за иzбор на програма на ConnectLife/REMOTE CONTROL (далечинско стартување).
Притиснете го копчето (9) СТАРТ/ПАУЗА (вратата мора да е затворена).
Како да додадете корисник?
Проверете дали апаратот е вклучен; копчето за избор на програма може да биде во која било позиција. Потоа направете го следново:
-
Во апликацијата ConnectLife, влезете во менито »add device«.
-
Следете ги насоките во апликацијата ConnectLife каде ќе го поврзете телефонот со апаратот.
-
Изберете го видот на апаратот.
-
Скенирајте го QR-кодот (се наоѓа на гарантниот лист или на плочката со спецификации на вашиот апарат).
-
-
На самиот апарат:
-
-
Истовремено притиснете ги позициите (7 + 8). Ќе започне одбројувањето 3-2-1) и ќе се појави . на апаратот.
-
Притиснете го копчето (8); на екранот ќе се прикаже .
-
Притиснете го копчето (9) START/PAUSE . Ќе започне одбројување од 3 минути на апаратот.
-
-
Потоа можете да ги завршите и да ги потврдите поставките во апликацијата.
Како да се избришат корисници (UnPair)?
Проверете дали апаратот е вклучен; копчето за избор на програма може да биде во која било позиција. Потоа направете го следново:
На самиот апарат:
-
Истовремено притиснете ги позициите (7 + 8). Ќе започне одбројувањето 3-2-1) и ќе се појави . на апаратот.
-
Повеќекратно притискајте (8); додека на екранот не се појави .
-
Притиснете го копчето (9) START/PAUSE . Ќе започне одбројување од 1 минута на апаратот.
Овој чекор ќе ги отстрани сите активни корисници од апликацијата. Доколку повторно сакате да ракувате со апаратот далечински, ќе треба да ја повторите постапката на додавање корисник .
Каков рутер за Wi-Fi може да се користи?
Поддржани се само мрежи од 2,4 GHz. За време на поставувањето на поврзувањето, доколку апликацијата ConnectLife не може да ја пронајде вашата локална мрежа, постапете на следниов начин.
-
вашиот рутер работи на фреквенција од 2,4GHz,
-
мрежата е можеби сокриена и
-
сигналот е доволно силен.
Имате уште прашања?
Постете нè на www.connectlife.io или контактирајте нè на hello@connectlife.io.
Далечинско надградување на софтверот
Проверете ги опциите за ажурирање на софтверот во апликацијата ConnectLife.
ПРОЦЕС НА ПЕРЕЊЕ, ЧЕКОР ПО ЧЕКОР (1–7)
Чекор 1: Обрнете внимание на етикетите на алиштата
Нормално перење; Чувствителни алишта |
|||||||||||
|
Макс. темп. на перење 95°C |
|
Макс. темп. на перење 40°C |
|
Само рачно перење |
||||||
|
Макс. темп. на перење 60°C |
|
Макс. темп. на перење 30°C |
|
Без перење |
||||||
Белење |
|||||||||||
|
Белење во ладна вода |
|
Белење не е дозволено |
||||||||
Хемиско чистење |
|||||||||||
|
Хемиско чистење со сите средства |
|
Петролеј R11, R113 |
||||||||
|
Хемиско чистење во керозин, чист алкохол, и во R113 |
|
Хемиско чистење не е дозволено |
||||||||
Пеглање |
|||||||||||
|
Жешко пеглање, макс. 200°C |
|
Жешко пеглање, макс. 110°C |
||||||||
|
Жешко пеглање, макс. 150°C |
|
Пеглање не е дозволено |
||||||||
Сушење |
|||||||||||
|
Положете на рамна површина |
|
Висока температура |
||||||||
|
Обесете водено |
|
Ниска температура |
||||||||
|
Обесете |
|
Сушење во машина не е дозволено |
Чекор 2: Подготовка на процесот на перење
-
Сортирајте ја облеката по видот на материјалот, боја, степен на нечистотија и дозволена температура на перење (види ТАБЕЛА НА ПРОГРАМИ).
-
Алиштата што пуштаат многу влакна или пердуви перете ги одделно од другите алишта.
-
Закопчајте ги сите копчиња и патенти, врзете ги сите панделки и превртете ги сите џебови; отстранете ги сите метални делови кои може да ја оштетат облеката и внатрешноста на машината за перење или да го затнат одводот.
-
Поставете ја облеката од чувствителни материјали и облеката со мали димензии во специјална торбичка за перење на облека.
(Пералната торба за посебна намена може да се докупи.)
Вклучување на машината за перење
Со помош на кабелот, приклучете ја машината за перење на електрична енергија и приклучете
ја и на доводот на вода.
За да го вклучите апаратот, завртете го тркалцето за избирање програма (1) на која
било позиција.
Кај некои модели, барабанот на машината за перење исто така ќе свети 5 минути кога
ќе се вклучи машината за перење (цртеж 2).
Светлото во барабанот на машината за перење исто така може да остане запалено за време
на работењето на апаратот, ако го притиснете копчето (9) СТАРТ/ПАУЗА , како и по завршување на програмата за перење.
(Ламбата во барабанот од машината за перење не е соодветна за друга употреба.)
|
|
1 |
2 |
Ламбата во барабанот од машината за перење може да се замени од производителот, сервисер или овластено стручно лице.
Полнење на машината за перење
Отворете ја вратата од машината со влечење на рачката кон вас (цртеж 1).
Ставете ги алиштата во барабанот (откако ќе проверите дека е празен) (слика 2).
Проверете да не има заглавени алишта помеѓу вратата и гумениот дихтунг.
Затворете ја вратата од машината (цртеж 3).
1 |
2 |
3 |
Не преполнувајте го барабанот! Видете ТАБЕЛА ЗА ПРОГРАМА и придржувајте се до номиналната количина која е наведена на натписната табличка.
Ако барабанот од машината е премногу полн, облеката нема да биде добро исперена.
Чекор 3: Избирање на програмата за перење
Изберете ја програмата со вртење на копчето за избор на програма (1) на лево или на десно (во зависност од типот на облека или од степенот на нечистотија). Види ТАБЕЛА НА ПРОГРАМИ.
Ќе светне сијаличката до избраната програма.
За време на работата копчето за избор на програмата (1) автоматски нема да може да се врти на лево или на десно.
Програмите за перење се сеопфатни програми кои ги вклучуваат сите фази на перење вклучително и омекнување и центрифугирање (ова не се однесува на Скратените програми).
Скратените програми се независни програми. Користете ги кога сметате дека не ви е потребна целосна програма.
Табела на програми
Програма |
Макс. полнење |
Макс. 3) |
Опис на програмата |
|
---|---|---|---|---|
|
Cotton white (Памук бело) 40°C–90°C |
*МАКС. |
МАКС.1) |
Програма за перење бели памучни алишта, пешкири, чаршави, маици... Температурата може да се подеси поединечно; следете ги упатствата дадени на облеката.
Бројот на вртежи може исто така да се подеси по ваш избор. За да го намалите набирањето, притиснете го копчето (8) EXTRAS(ДОПОЛНИТЕЛНИ ФУНКЦИИ) пред почетокот на програмата за перење и изберете ја функцијата STEAM (ПАРЕА) и/или ANTI CREASE (ПРОТИВ ГУЖВАЊЕ). |
|
Colour (Боја) cold– 60°C |
*МАКС. |
МАКС.1) |
Програма за шарени памучни алишта. Температурата може да се подеси поединечно; следете
ги упатствата дадени на облеката. |
|
Mix|Synthetics (Комбинирана облека/Синтетички материјали) cold– 60°C |
3,5 kg |
12002) |
Програма за деликатно перење на облека направена од синтетички материјали и комбинирани влакна или вискоза и за едноставна нега на памук. Следете ги упатствата дадени на облеката. |
|
Wool&Hand (Волна&Рачно перење) cold–40°C |
2 kg |
800 |
Нежна програма за перење за перење волнени, свилени и алишта за кои е потребно рачно перење. Максималната температура е 40°C. Оваа програма има краток циклус на центрифугирање. Најголемата брзина на центрифугата за оваа програма е 800 вртежи во минута. |
|
Eco 40-60 |
*МАКС. |
МАКС.1) |
Циклус на перење на нормално валкани памучни алишта, кои може да се перат на температура од 40°C или 60°C. |
|
Power 59´|32´ 40°C |
4 kg |
МАКС.1) |
Програма за помал број на малку извалкани алишта. Програмата за перење вклучува силна центрифуга и максимални вртежи. Програмата трае 59 минути. Којга ја користите функцијата БРЗО FAST (БРЗО), програмата трае 32 минути. |
|
Speed 20´ (Брзо 20´) 30°C |
2,5 kg |
10002) |
Брза програма за перење на облека на која и треба само освежување. |
Drum clean (Програма за самочистење) |
0 kg |
Оваа програма се употребува за чистење на барабанот и за отстранување на остатоци од детергенти и бактерии. За да ја изберете програмата, свртете го копчето за избор на програма на лево или на десно до позицијата Drum clean (Програма на самочистење). Не може да се изберат други дополнителни функции. Барабанот треба да биде празен. Не додавајте детергент или омекнувач! Може да додадете алкохолен оцет (околу 2 dl) или сода бикарбона (1 лажичка или 15 g). Препорачуваме активирање на оваа програма најмалку еднаш месечно. |
||
|
Spin|Drain (Број на вртежи (центрифуга) | Цедење) (Скратена програма) |
/ |
МАКС.1) |
Користете ја програмата кога сакате само да ја исцедите облеката. Ако сакате само да ја исцедите водата од машината за перење, без центрифугирање, притиснете го копчето (3) SPIN (ЦЕНТРИФУГА) повеќе пати, додека повеќе не свети ниеден индикатор (сијаличка). |
|
Rinse&Softening (Плакнење& Омекнување) (Скратена програма) |
/ |
МАКС.1) |
За омекнување, штиркање или импрегнација на испрана облека. Може да се користи како програма за плакнење, но без додавање на омекнувач. Може да се заврши со дополнително плакнење. Исто така може да изберете WATER+ (ВОДА+) со избор на Дополнителна функција (притиснете го копчето (8) EXTRAS (ДОПОЛНИТЕЛНИ ФУНКЦИ) пред почетокот на програмата за перење). |
|
Baby (Бебешки алишта) 40°C–90°C |
*МАКС. |
МАКС.1) |
За перење алишта за кои е потребна посебна грижа, како облека за доенчиња. Предлагаме да ги свртите алиштата наопаку, зашто на тој начин ќе ги исперете остатоците од излупена кожа или остатоците од производите за третман на кожата. Програмата е комбинација од продолжено загревање и дополнително плавење што ги отстранува сите остатоци од детергент. Програмата за перење вклучува автоматско предперење и дополнителни плакнења. За да ги третирате алиштата со пареа, притиснете го копчето (8) EXTRAS (ДОПОЛНИТЕЛНИ ФУНКЦИИ) и изберете ја функцијата STEAM (ПАРЕА). |
|
Shirts (Кошули со пареа) cold–40°C |
3,5 kg |
1200 2) |
Програмата е наменета за перење алишта од памук, микро влакна и синтетика, како и за перење јаки и манжетни. Алиштата се перат на ниска температура, со големо количество вода и нежно вртење на центрифугата. Брзината на вртење е автоматски наместена на 800 вртежи во минута. За да ги третирате алиштата со пареа, притиснете го копчето (8) EXTRAS (ДОПОЛНИТЕЛНИ ФУНКЦИИ) и изберете ја функцијата STEAM (ПАРЕА). |
|
Sports (Спортска облека) cold–40°C |
3,5 kg |
1200 2) |
Памучна спортска облека, микро влакна и синтетички влакна, на помал број на вртежи и краток завршен циклус на центрифуга. |
|
Extra hygiene 40°C–90°C |
*МАКС. |
МАКС.1) |
Оваа програма за перење се користи за перење памучни алишта за кои е потребна посебна грижа, како облека за луѓе со високо чувствителна кожа или алергии. Ние препорачуваме да ги превртите од наопаку работите за перење бидејќи на тој начин подобро и подетално ќе се испере облеката од допирот на вашата кожа како и други остатоци. За да ги третирате алиштата со пареа, притиснете го копчето (8) EXTRAS (ДОПОЛНИТЕЛНИ ФУНКЦИИ) и изберете ја функцијата STEAM (ПАРЕА). |
|
Remote control (Далечинско управување) |
Користете ја програмата Remote control за далечинско управување со вашиот апарат (користејќи го телефонот). Можете да ги изберете сите програми достапни на вашиот апарат (видете ги поглавјата »ПРЕД ПРВА УПОТРЕБА НА АПАРАТОТ/Поврзување на апаратот со Wi-Fi мрежа« и »ПРОЦЕС НА ПЕРЕЊЕ, ЧЕКОР ПО ЧЕКОР (1–7)/Чекор 3: Далечинско управување на перењето со помош на апликацијата«). Можете исто така да изберете дополнителни програми во апликацијата. |
* |
Максимално дозволен товар (МАКС.) – види натписна табличка |
/ |
Која било количина на полнење (0 кг – МАКС. кг) |
1) |
Максимален број на вртежи (МАКС. (MAX)) – види натписна табличка |
2) |
Во зависност од моделот |
cold |
Ладно перење |
3) |
Максимален број на вртежи |
Додајте прашок или течен детергент според упатствата на производителот, имајќи ги предвид температурата и програмата на перење, степенот на валканост на алиштата и тврдоста на водата.
Кога ќе настане прекумерно пенење во машината за перење или доколку излага пена од касетата за дозирање, испраните алишта треба темелно да се исплакнат. Изберете програма за перење со големо количество вода без да користите детергент.
Максималното количество на алишта во кг (за програмите за перење на памук) е означено на натписната табличка на машината за перење алишта (види наслов »ОПИС НА МАШИНА ЗА ПЕРЕЊЕ/Технички податоци«).
Максимално или номинално полнење се однесува на облека за перење во согласност со стандардот IEC 60456.
За подобар ефект на перење, ви препорачуваме да го наполните барабанот до 2/3 особено кога ги користите програмите за перење на памук.
Ниски температури на водата, ниски главни напони и мали количини за перење може да влијаат врз времетраењето на перење; преостанатото време кое се прикажува се прилагодува соодветно во текот на процесот на перење.
Оптимизација на времето за време на траењето на работата на програмата
Во раната фаза на програмата за перење, машината за перење користи напредна технологија за да ја детектира количината на облека за перење. По детектирањето на количината на облека за перење, машината за перење го прилагодува времетраењето на програмата.
Програми за перење без пареа
Со додавање пареа во текот на последниот циклус на перењето, алиштата се отпуштаат,
се врши мала дезинфекција и се елиминираат некои алергени. По перењето со ваква програма,
алиштата се меки, лесно свитливи и полесно се пеглаат.
Со користењето пареа (притиснете на позицијата 8) се овозможува и избегнување или намалување на количината на омекнувач.
За подобар ефект на пареата врз алиштата, препорачуваме да се наполни до пола.
ФУНКЦИЈА AirDry
(во зависност од моделот)
AIRDRY е функција наменета за сушење на внатрешноста на машината за перење и диспанзерот
без никакви алишта во апаратот. Целта на сушењето е да се намалат и спречат условите
за појава на мувла и развој на микроби кои предизвикуваат непријатен мирис на испраната
облека.
Препорачуваме да ја практикувате оваа функција еднаш неделно.
Постапката за сушење трае неколку часа, но користи малку електрична енергија.
Кога ќе заврши процесот AIRDRY, може сè уште да има капки вода во апаратот или неговите делови. Ова е сосема нормално.
Ефикасноста на сушењето во внатрешноста на апаратот зависи од релативната влажност
во просторијата, количината на влажност која останува од последното перење, количината
на облека при последното перење итн.
AIRDRY функцијата може да се активира само со помош на апликацијата ConnectLife на вашиот телефон. (Видете го поглавјето »ПРОЦЕС НА ПЕРЕЊЕ, ЧЕКОР ПО ЧЕКОР (1–7)/Чекор 3:
Далечинско управување на перењето со помош на апликацијата«)
Далечинско управување на перењето со помош на апликацијата
Видете го поглавјето ПРОЦЕС НА ПЕРЕЊЕ, ЧЕКОР ПО ЧЕКОР (1–7) и следете ги чекорите 1 и 2.
На самиот апарат:
-
Затворете ја вратата на машината за перење и затворете ја преградата за детергент.
-
Завртете го тркалцето за избирање програма на позицијата ConnectLife/REMOTE CONTROL (ДАЛЕЧИНСКИ УПРАВУВАЊЕ).
-
Притиснете ја позицијата (9) СТАРТ/ПАУЗА. Вратата на апаратот ќе се заклучи и ќе светне индикаторот за далечинско управување REMOTE START (ДАЛЕЧИНСКО СТАРТУВАЊЕ).
Далечинското управување е овозможено за наредните 24 часа, дури и кога апаратот влегува во режим на готовност. Вратата е заклучена за време на овој период и не може да се отвори. Далечинското управување може да го откажете со притискање на (9) СТАРТ/ПАУЗА .
Продолжете да ракувате со апаратот во апликацијата ConnectLife, каде можете да изберете неколку опции (избор, стартување и следење и стопирање на програмата, помеѓу други дополнителни поставки)
Процесот на перење може да се контролира/следи со апликацијата.
Работата на машината за перење може да се паузира или запре со избирање STOP/ADD CLOTHES/PAUSE ...
Некои опции или функции може целосно да се завршат далечински, додека други, како што е додавањето алишта за време на циклусот на перење (ADD CLOTHES), бара ваше физичко присуство.
Исто така можете да го контролирате апаратот од Вашиот телефон доколку не сте поврзани на истата Wi-Fi мрежа како и Вашиот апарат (на телефонот му е само потребна активна интернет конекција). Ова значи дека можете исто така да го контролирате апаратот и кога не сте дома.
Можете да ракувате со апаратот преку повеќе уреди. Можете исто да го контролирате и следите работењето на апаратот со кој било телефон поврзан со апликацијата, без разлика на тоа кој корисник ја започнал постапката на перење. Апаратот може да се поврзе со/да се контролира истовремено со повеќе кориснички сметки на ConnectLife .
Откако ќе го стартувате апаратот преку вашиот телефон, кое било лице кое се наоѓа пред самиот апарат може да преземе и рачно да го исклучи или контролира апаратот; апликацијата ќе Ве извести за тоа. Во таков случај, нема да бидете во можност да го контролирате апаратот далечински од Вашиот телефон. Доколку саката повторно да го контролирате апаратот од Вашиот телефон, мора да се повторат сите потребни чекори.
Чекор 4: Избирање на поставки
Повеќето програми се подесени на основните поставки, но овие поставки може да се променат.
Прилагодите ги поставките со притискање на соодветното копче за функции (пред да го притиснете копчето (9) СТАРТ/ПАУЗА ). Функциите кои не може да се менуваат со избраната програма за перење се делумно осветлени.
Некои поставки не може да се изберат со одредени програми. Таквите поставки нема да се осветлат, а копчето ќе трепка кога ќе се притисне (види ТАБЕЛА НА ФУНКЦИИ).
Опис на индикаторите на функции за избраната програма за перење:
- осветлено (Основна/фабричка поставка);
- затемнето (Функции кои може да се прилагодат) и
- неосветлено (Функции кои не може да се изберат).
TEMP. (ТЕМПЕРАТУРА НА ПЕРЕЊЕ)
Промена на температурата за избраната програма.
Секоја програма има претходно зададена температура која може да се промени со пристискање на позицијата (2) TEMP. (ТЕМПЕРАТУРА НА ПЕРЕЊЕ).
Избраната температура е осветлена.
SPIN (ЦЕНТРИФУГА) (БРОЈ НА ВРТЕЖИ/ПРЕКИН НА ПУМПА/ЦЕДЕЊЕ)
За прилагодување на број на вртежи. Секоја од програмите (со исклучок на Drum clean (Програма на самочистење) има претходно зададен број на вртежи, кој може да се смени со притискање на позиција (3) SPIN (ЦЕНТРИФУГА) (БРОЈ НА ВРТЕЖИ/ПРЕКИН НА ПУМПА/ЦЕДЕЊЕ).
Ако ја изберете функцијата Цедење без центрифугирање, тогаш нема да свети ниту еден индикатор (сијаличка) на екранот. Времето на перење ќе биде соодветно пократко.
Доколку изберете опција »Прекин на пумпа«, на екранот ќе се прикаже симболот .
Изберете ја опцијата »Прекин на пумпа« кога сакате облеката да остане накисната во вода од последниот циклус на плакнење со цел да спречите туткање кога не сте во можност веднаш по завршувањето на програмата да ја извадите облеката од машината. Може да го изберете саканиот број на вртежи. За да продолжи програмата притиснете на тастерот (9) СТАРТ/ПАУЗА кој свети. Водата ќе истече и крајниот циклус на центрифугирање ќе започне.
FAST (БРЗО)
Кoга е активна функцијата FAST (БРЗО), програмата за перење ќе трае пократко. Постојат два достапни избори (во зависност од избраната програма за перење).
Ако ја изберете функцијата FAST (БРЗО) индикаторот за функција (сијаличка) ќе се претвори од делумно осветлен во целосно осветлен симбол, а вкупното време на програмата ќе се прилагоди соодветно на екранот.
За дополнително да ја скратите програмата на перење, притиснете го копчето (5) FAST (БРЗО) повторно.
Ако го притиснете копчето уште еднаш, поставката се враќа на стандардно.
Прво притискање – FAST (БРЗО)
Второ притискање – SUPER FAST (СУПЕР БРЗО)
Трето притискање – DEFAULT (СТАНДАРДНО)
Ние препорачуваме половина полна машина за програмата Памук.
DELAY END (ОДЛОЖЕН КРАЈ)
Притиснете на позиција (7) DELAY END (ОДЛОЖИ КРАЈ) за да го одложите завршувањето на програмата до 24 часа.
Постапка на поставување:
-
Изберете ја посакуваната програма и дополнителните функции.
-
Притиснете на позиција (7) DELAY END (ОДЛОЖИ КРАЈ) за да ја активирате функцијата.
-
Неколкупати притиснете на оваа позиција за да го поставите саканото време на завршување на програма (со 30-минутно зголемување до најмногу 6 часа и зголемување 1 час потоа, се до 24 часа).
-
За да ја активирате функцијата, притиснете на копчето (9) СТАРТ/ПАУЗА .
Машината за перење започнува да го одбројува зададеното време. Кога одбројувањето ќе стигне до крајот на програмата (на пр.: 2:30), програмата за перење започнува автоматски.
За да го откажете или промените одложениот крај на програмата на перење, завртете го тркалцето за избирање програма (1) на позиција OFF најмалку две секунди.
За веднаш да го откажете одложувањето на крајот на програмата, притиснете на позиција (7) DELAY END (ОДЛОЖИ КРАЈ) и задржете ја притисната 3 секунди. Програмата за перење ќе продолжи.
Пример за поставка на функција:
Во моментот е 21:00 часот, а сакате програмата за перење да заврши во 6 часот следниот
ден наутро. Во тој случај, поставете го времето за DELAY END (ОДЛОЖИ КРАЈ) на 9 часа.
Одредени поставки не може да бидат избрани со одредени програми. Ваквите функции тогаш не се осветлени на дисплејот, а кога ќе се притисне соодветното копче, ќе се огласи звучен сигнал и при тоа ќе засвети светлото на соодветното копче (види ТАБЕЛА НА ФУНКЦИИ).
Активирајте/деактивирајте ги функциите со притискање на саканата функција (пред да притиснете на копчето (9) СТАРТ/ПАУЗА ). Ќе се запали индикаторот на функциите кои сте ги одбрале.
Ако сте ја подесиле функцијата DELAY END (ОДЛОЖИ КРАЈ) и ако користите течен прашок за перење, ние не ви препорачуваме подесување на програма без предперење.
Поставки користејќи комбинација од две копчиња притиснати истовремено
DOSE AID
Со функцијата DOSE AID, машината за перење ќе ви препорача оптимална количина на прашок за перење или течен прашок во согласност со избраните поставки.
Рекомендуемое количество порошкового или жидкого моющего средства зависит от:
-
Тврдост на вода (следниве поставки: мека, средна и тврда. Фабричката поставка е за средна тврдост на водата, но корисникот може ова да го прилагоди. Види наслов »ПРЕКИНИ И ПРОМЕНА НА ПРОГРАМАТА/Мени за персонални поставки«.). За правилно функционирање на функцијата DOSE AID, препорачуваме да го поставите правилното ниво на тврдост на водата.
-
Избраната програма на перење и
-
Количина на алишта – машината за перење ја мери количината алишта секојпат кога ја користите функцијата DOSE AID.
За да функционира DOSE AID опцијата правилно, најпрвин мора да ги извршите ЧЕКОР 2 (подготовка на облеката за перење, вклучување на и полнење на машината за перење) а потоа и ЧЕКОР 3 (избор на програма на перење).
1Активирајте ја функцијата со истовремено притискање на позициите (2) TEMP. (ТЕМПЕРАТУРА НА ПЕРЕЊЕ) и(3) SPIN (ЦЕНТРИФУГА) (БРОЈ НА ВРТЕЖИ/ПРЕКИН НА ПУМПА/ЦЕДЕЊЕ) и држете ги најмалку 3 секунди.
На екранот се прикажува тајмерот за одбројување.
Индикаторот (сијаличката) светнува кога функцијата е активирана.
2Притиснете го копчето (9) СТАРТ/ПАУЗА . Машината за перење ќе започне со мерење на количината на облеката за перење во барабанот од машината.
Процесот на мерење е означен со наизменично трепкање на сигналните светла од контролната табла.
3Врз основа на измерената количина на алишта во барабанот и другите поставки, препорачаната количина на концентриран/ неконцентриран прашкаст или течен детергент ќе се прикажува наизменично на екранот.
За да видите дали прашокот за перење или течниот прашок е концентриран или не е, проверете ја амбалажата од самиот прашок кој го користите.
За повторно да ја проверите количината на концентриран или неконцентриран прашкаст или течен детергент, истовремено притиснете ги копчињата (2) TEMP. (ТЕМПЕРАТУРА НА ПЕРЕЊЕ) и (3) SPIN (ЦЕНТРИФУГА) (БРОЈ НА ВРТЕЖИ/ПРЕКИН НА ПУМПА/ЦЕДЕЊЕ)уште еднаш.
4Додадете ја препорачаната количина на прашок или течен прашок за перење во садот за дозирање на прашок . За насоки, внимавајте на ознаката за количина/ниво на детергент во преградата за детергент (види наслов »ПРЕПОРАКИ ЗА ПЕРЕЊЕ И ЕКОНОМИЧНА УПОТРЕБА НА ВАШАТА МАШИНА ЗА ПЕРЕЊЕ«).
За почеток на програмата за перење, притиснете го копчето (9) СТАРТ/ПАУЗА .
СИГУРНОСНА ЗАШТИТА ЗА ДЕЦА
Безбедносна карактеристика. За да ја активирате сигурносната заштита за деца, истовремено притиснете (3) SPIN (ЦЕНТРИФУГА) (БРОЈ НА ВРТЕЖИ/ПРЕКИН НА ПУМПА/ЦЕДЕЊЕ) in (5) FAST (БРЗО) и задржете ги двата тастера најмалку 3 секунди. На приказниот екран се прикажува одбројувањето на времето. Изборот ќе биде потврден од звучен сигнал и сигналното светло (симболот (4)) ќе се запали. Следете ја истата постапка за дезактивирање на сигурносната заштита за деца. Се додека е активирана оваа заштита, не може да се прават промени на програмата, поставките или дополнителните функции.
Сигурносната заштита за деца останува активна и откако машината за перење ќе се исклучи. Од безбедносни причини, заклучувањето за деца не го спречува исклучувањето на машината за перење со вртење на тркалцето за избирање програма (1) на позицијата OFF . Ако го свртите тркалцето за избирање програма, на позицијата OFF , додека е активирано заклучувањето за деца, програмата за перење се паузира. За да продолжите со програмата, соодветно свртете го тркалцето за избирање програма и притиснете го копчето (9) СТАРТ/ПАУЗА . За да изберете нова програма, најпрвин мора да ја дезактивирате сигурносната заштита за деца.
ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ЗВУКОТ
За да го исклучите звукот, истовремено притиснете на позиција (5) FAST (БРЗО) и (7) DELAY END (ОДЛОЖИ КРАЈ) и задржете ги притиснати најмалку 3 секунди.
Изборот ќе биде потврден со звучен сигнал и со сигналното светло (симболот (6) ќе се запали).
За повторно да го активирате звукот, истовремено притиснете на позиција (5) и (7) и задржете ги притиснати најмалку 3 секунди. програмата за перење нема да се огласи звучен сигнал.
МЕНИ ЗА Wi-Fi
Wi-Fi менито се користи за поврзување на апаратот и за далечинско управување.
Свртете го тркалцето за избор на програма (1) на која било позиција освен OFF .
Истовремено притиснете и држете ги 3 секунди ги копчињата (7) DELAY END (ОДЛОЖЕН КРАЈ) и (8) EXTRAS (ДОПОЛНИТЕЛНИ ФУНКЦИИ). Сега влеговте во менито за поставување на Wi-Fi.
Можете да се вратите еден чекор назад со истовремено притискање на копчињата (7) и (8) држејќи ги 3 секунди.
Со притискање на (8) EXTRAS (ДОПОЛНИТЕЛНИ ФУНКЦИИ) можете да ги изберете расположливите функции. Го потврдувате изборот со притискање на (9) СТАРТ/ПАУЗА .
Расположливи поставки:
-
OFF/ОN / - вклучување или исклучување на конекцијата на апаратот.
-
Con – апаратот е подготвен за поврзување со Wi-Fi мрежа во рок од 5 минути.
-
PAr - апаратот може да се поврзе со апликацијата ConnectLife во рок од 3 минути. Функцијата ќе биде активна само доколку апаратот е веќе поврзан со вашата Wi-Fi мрежа.
-
UnP – отстранување на сите корисници.
Кога машината е исклучена, сите дополнителни функции се враќаат на основните или автоматските подесувања, освен подесувањето на звучниот сигнал.
Чекор 5: Избирање на дополнителни функции
Активирајте/деактивирајте ги функциите со притискање на посакуваната функција (пред да го притиснете тастерот (9) СТАРТ/ПАУЗА ).
Одредени поставки не може да бидат избрани со одредени програми. Ваквите функции тогаш не се осветлени на дисплејот, а кога ќе се притисне соодветното копче, ќе се огласи звучен сигнал и при тоа ќе засвети светлото на соодветното копче (види ТАБЕЛА НА ФУНКЦИИ). Функциите (показните светла под нив) што се достапни ќе бидат слабо (делумно) осветлени.
EXTRAS (ДОПОЛНИТЕЛНИ ФУНКЦИИ)
Притиснете го копчето (8) EXTRAS (ДОПОЛНИТЕЛНИ ФУНКЦИИ) еднаш или повеќе пати за да изберете помеѓу осумте различни функции (во зависност од избраната програма за перење):
-
Прво притиснете: ANTI CREASE (ПРОТИВ ГУЖВАЊЕ);
-
Второ притискање: WATER+ (ВОДА+);
-
Трето притискање: STEAM (ПАРЕА);
-
Четврто до осмо притискање: различни комбинации на овие три функции.
ANTI CREASE (ПРОТИВ ГУЖВАЊЕ)
За да спречите гужвање, изберете ја функцијата ANTI CREASE (ПРОТИВ ГУЖВАЊЕ). Машината ќе продолжи бавно да ја центрифугира облеката и по завршувањето на програмата за перење.
Оваа функција се препорачува за деликатни алишта.
На приказниот екран (10) ќе се појави .
Функцијата може да се деактивира во секое време со притискање на копчето (9) СТАРТ/ПАУЗА или со вртење на тркалцето за избирање програма на позиција OFF .
WATER+ (ВОДА+)
Користете ја оваа функција за да перете со поголемо количество вода на некои од програмите.
STEAM (ПАРЕА)
Со додавање на 20 минутен циклус со пареа на крајот од програмата, Вашите алишта ќе омекнат и ќе се дезинфицираат и ќе се намали или отстрани потребата од пеглање и употреба на омекнувач кондиционер за Вашите алишта.
Табела на дополнителни функции
Програми |
FAST |
SUPER FAST |
DELAY END |
DOSE AID |
PREWASH * |
ANTI CREASE |
WATER+ |
STEAM |
SPIN |
RINSE&HOLD |
||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|
Cotton white (Памук бело) 40°C–90°C |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
|
|
Colour (Боја) cold– 60°C |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
||
|
Mix|Synthetics (Комбинирана облека/Синтетички материјали) cold– 60°C |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
||
|
Wool&Hand (Волна&Рачно перење) cold–40°C |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
||||
|
Eco 40-60 |
• |
• |
• |
• |
|||||||
|
Power 59´|32´ 40°C |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
|||
|
Speed 20´ (Брзо 20´) 30°C |
• |
• |
• |
• |
• |
||||||
Drum clean (Програма за самочистење) |
• |
• |
||||||||||
|
Spin|Drain (Број на вртежи (центрифуга) | Цедење) (Скратена програма) |
• |
• |
|||||||||
|
Rinse&Softening (Плакнење& Омекнување) (Скратена програма) |
• |
• |
• |
• |
• |
||||||
|
Baby (Бебешки алишта) 40°C–90°C |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
|
|
Shirts (Кошули со пареа) cold–40°C |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
|
|
Sports (Спортска облека) cold–40°C |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
||
|
Extra hygiene 40°C–90°C |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
• |
|
• |
Може да се користат дополнителни функции |
|||||||||||
* |
PREWASH (ПРЕДПЕРЕЊЕ) функцијата може да се активира само со помош на апликацијата ConnectLife на вашиот телефон. (Видете го поглавјето »ПРОЦЕС НА ПЕРЕЊЕ, ЧЕКОР ПО ЧЕКОР (1–7)/Чекор 3: Далечинско управување на перењето со помош на апликацијата«.) |
Чекор 6: Почеток на програмата за перење
Притиснете го тастерот (9) СТАРТ/ПАУЗА .
ОСТАНАТОТО ВРЕМЕ ДО ЗАВРШУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ИЛИ времето на DELAY END (ОДЛОЖИ КРАЈ) ќе се прикаже на екранот.
Симболите ќе засветат во однос на избраните функции.
По притискање на копчето (9) СТАРТ/ПАУЗА , брзината на центрифугирање (освен во случајот со Drum clean (Програма за самочистење) и SPIN (ЦЕНТРИФУГА) (БРОЈ НА ВРТЕЖИ/ПРЕКИН НА ПУМПА/ЦЕДЕЊЕ)), функциите за Заклучување за деца и Исклучување на звукот може да се прилагодат/променуваат, додека другите поставки не може да се променат.
Доколку ОСТАНАТОТО ВРЕМЕ ДО ЗАВРШУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА трепне три пати на приказниот екран и не се огласува звучен сигнал, тоа значи дека вратата на машината за перење е отворена или не е докрај затворена. Затворете ја вратата на машината за перење и притиснете го копчето (9) СТАРТ/ПАУЗА повторно, за програмата за перење повторно да почне.
Чекор 7: Крај на програмата за перење
Машината за перење ќе го означи крајот на програмата за перење со звучен сигнал и (Крај) ќе се појави на контролната табла се додека машината за перење не се вклучи во режим на мирување или не се исклучи. По 5 минути, знакот (Крај) нема повеќе да биде прикажан.
-
Отворете ја вратата од машината за перење.
-
Извадете ги алиштата од барабанот.
-
Пребришете ги гумениот дихтунг и стаклото на вратата.
-
Затворете ја вратата!
-
Затворете ја славината за довод на вода.
-
Исклучете ја машината за перење (вртете го тркалцето за избирање програма (1) на позицијата OFF ).
-
Исклучете го кабелот за напојување од штекерот.
ПРЕКИНИ И ПРОМЕНИ НА ПРОГРАМАТА
Физички прекин
За да запрете и откажете програма за перење, завртете го тркалцето за избирање програма (1) на позицијата OFF . Сигналното светло ќе засвети на дисплејот. Во исто време, машината за перење ја испумпува водата од барабанот на машината за перење. Кога водата ќе се испумпува, вратата на машината ќе се отклучи. Ако водата во машината е топла, машината автоматски ќе ја излади водата и ќе ја испумпа надвор.
Персонални поставки
Основните или фабричките поставки за секоја програма на перење исто така може да се променат. Откако ќе ја изберете програмата и додатните функции, комбинацијата може да ја зачувате со притискање и задржување на копчето (9) СТАРТ/ПАУЗА и задржување на истото 5 секунди (времето се одбројува на приказниот екран). На екранот ќе се појави знакот »SAVED« (»зачувано«).
Програмата ќе остане меморирана се додека не се промени следејќи ја истата постапка.
Персоналните поставки исто така може да се ресетираат на фабрички поставки во менито на корисникот.
AdaptTech
Кога програмата за перење се користи три пати по ред, оваа поставка се зачувува како стандардна и секогаш ќе се предлага кога ќе ја изберете таа програма за перење - ова се нарекува функција ADAPTTECH. Ако рачно ги складирате поставките за програма за перење, функцијата ADAPTTECH на оваа програма за перење се деактивира.
Мени за лично местење на функциите
За да ја вклучите машината за перење, завртете го тркалцето за избирање програма (1) на која било позиција. Истовремено притиснете ги позициите на (2) TEMP. (ТЕМПЕРАТУРА НА ПЕРЕЊЕ) и (5) FAST (БРЗО). Светлата во горниот ред на екранот ќе светнат, а бројот 1 ќе се појави за да ја покаже функцијата за поставување. Свртете го копчето за избор на програма (1) на лево или на десно за да ја изберете функцијата која сакате да ја смените. Бројот 1 ги означува поставките за звук, 2 означува поставката за Тврдост на водата (DOSE AID), а бројот 3 означува ресетирање на поставките на Личната програма назад на фабричките поставки. Ако посакуваните поставки не се изберат во рок од 20 секунди,програмата автоматски ќе се врати на главното мени.
Притиснете (3) SPIN (ЦЕНТРИФУГА) (БРОЈ НА ВРТЕЖИ/ПРЕКИН НА ПУМПА/ЦЕДЕЊЕ) за да го потврдите изборот на посакуваната функција и нивната поставка, притиснете ја позицијата (2) TEMP. (ТЕМПЕРАТУРА НА ПЕРЕЊЕ), за да се вратите назад еден чекор.
Волуменот на звучниот сигнал може да се подеси на четири нивоа (0 значи звукот е исклучен; 1 значи звукот на копчето е активиран; 2 значи низок степен на волумен; и 3 значи висок степен на волумен). Изберете го нивото на волумен со вртење на копчето за избор на програма (1) кон лево или кон десно. Најнискиот степен на поставка значи дека звучниот сигнал е исклучен.
Копче за пауза
Програмата за перење може да се сопре во секое време со притискање на копчето (9) СТАРТ/ПАУЗА . Програмата за перење е привремено паузирана кога преостанатото време за крај на програмата е прикажано за дисплејот. Доколку на дното на барабанот нема вода и доколку температурата на водата не е превисока, вратата се отклучува по одреден временски период и може да се отвори. За програмата за перење повторно да почне, најпрво затворете ја вратата и потоа притиснете го копчето (9) СТАРТ/ПАУЗА .
Додавање и вадење на облека во текот на работењето на машината за перење
По одреден временски период, вратата од машината за перење може да се отвори доколку нивото на водата и температурата се под претходно дефиниран праг.
Ако се исполнети условите подолу, тогаш електронската брава на вратата се отклучува и вратата на машината за перење може да се отвори; на екранот ќе се појави :
-
температурата на водата во барабанот мора да биде погодна,
-
температурата на водата во барабанот мора да биде под одредена вредност.
За да додадете или да извадите облека од машината за перење во текот на вклучена програма, следете ги следните чекори:
-
Притиснете го копчето (9) СТАРТ/ПАУЗА и држете го 3 секунди.
-
Доколку сите услови за електронското заклучување на вратата се исполнети, можете да ја отворите вратата од машината и да дополните или да извадите алишта од барабанот.
-
Затворете ја вратата од машината за перење!
-
Притиснете го копчето (9) СТАРТ/ПАУЗА .
Програмата за перење која сте ја избрале ќе продолжи.
Доколку ставите многу облека за време на перењето, облеката може да биде недоволно испрана, поради тоа што машината за перење најпрво почувствувала помала тежина на ставената облека и додала помало количество вода. Недоволното количество вода во однос на количеството облека може и да ја оштети облеката (триење на сува облека) и самото перење може да трае подолго.
Времето на перење продолжува од моментот во кој била прекината програмата за перење.
Грешки
Во случај на грешка или дефект, програмата ќе биде прекината.
За ваквиот прекин ќе се огласи звучен сигнал (види ТАБЕЛА ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ГРЕШКИ) и ќе се прикаже грешката на приказниот екран (E:XX).
Прекин на електрична енергија
Во случај на прекин на доводот на струја, се прекинува програмата за перење. Кога повторно ќе се воспостави електричен напон, програмата за перење ќе продолжи од онаму каде што прекинала. По завршување на циклусот за перење, на приказниот екран ќе се прикаже / . Ова го известува корисникот за прекин на доводот на електрична енергија и како сето тоа влијаело врз спроведувањето на програмата за перење.
Времето на перење продолжува од моментот во кој била прекината програмата за перење.
Отворање на вратата (пауза/откажи/смени програма)
Вратата на машината за перење може да се отвори доколку нивото на вода во машината е доволно ниско и доколку температурата на водата не е претерано висока.
Доколку машината за перење не е приклучена на струја или во случај на прекин на доводот на електрична енергија во текот на извршувањето на програмата, вратата од машината за перење нема да може да се отвори. Во таков случај, треба соодветно да ја приклучите машината за перење или да се обратите се до сервисер-техничар.
Приказ на бројот на завршени циклуси на перење
(во зависност од моделот)
Доколку го исклучите апаратот од напојување, почекајте 10 секунди, а потоа повторно поврзете го кабелот, информацијата за бројот на завршени циклуси на перење ќе се прикажува на екранот 3 секунди. По 3 секунди, апаратот се префрлува во режим на готовност.
ОДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ
Пред чистење, исклучете ја машината за перење од главната електрична мрежа.
Чистење на садот за дозирање
Фиоката за детергент треба да се чисти најмалку два пати месечно.
|
1За да го отстраните садот за дозирање од куќиштето, притиснете го малото копче. |
2Исчистете го садот за дозирање под млаз од вода со четка, а потоа исушете го. Исто така, отстранете ги сите остатоци од прашок од дното на куќиштето. |
|
3Ако е потребно, отстранете и исчистете го капакот од поклопецот. |
|
4Исчистете го капакот од поклопецот под млаз од вода и вратете го назад во садот. |
Не мијте го садот за дозирање во машина за садови.
Чистење на доводното црево, куќиштето на садот за дозирање и гумениот обрач на вратата
|
1Исчистете ја мрежата на филтерот под млаз од вода. |
2Користете четка за да го исчистите делот од машината за исплакнување, особено млазниците на горниот дел од комората за исплакнување. |
|
3По секое миење, избришете го гумениот обрач од вратата за да го продолжите неговиот животен век. |
Чистење на филтер од пумпа
За време на чистењето, може да се истури вода. Затоа се препорачува да ставите впивлива крпа на подот.
|
1Отворете го капакот од филтерот на пумпата со користење на соодветна алатка (плоснат шрафцигер или сличен алат). |
2Пред чистење на филтерот на пумпата извлечете ја инката за одвод на вода. Свртете го филтерот на пумпата бавно во правец обратен од правецот на стрелките на часовникот. Извлечете го и отстранете го филтерот на пумпата за да може водата да истече полека. |
|
3Темелно исчистете го филтерот на пумпата под проточна вода. |
|
4,5Отстранете ги сите предмети и нечистотии од куќиштето на филтерот и перката на пумпата. Заменете го филтерот како што е прикажано на цртежот и прицврстете го со вртење во насока на правецот на стрелките на часовникот. За да го затворите цврсто, потребно е површината на филтерот да биде целосно чиста. |
филтерот на пумпата мора повремено да го чистите особено по перење на облека која е многу нечиста, волнеста или многу стара.
Чистење на внатрешноста на машината
Пред чистење секогаш исклучете ја машината за перење од главната електрична мрежа.
Надворешноста на машината за перење и екранот чистете ги со помош на мека, влажна крпа и вода.
Не користете разредувачи или средства за чистење кои може да ја оштетат машината за перење (ве молиме следете ги препораките и предупредувањата кои се наведени од производителите на самите средства за чистење).
Не чистете ја машината за перење со млазови вода!
РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
Што да направите ...?
Машината за перење автоматски ја контролира работата на одредени функции за време на процесот на перење. Ако се регистрира одредена неправилност, ова се појавува со приказ (E:XX) на контролната плоча. Машината за перење јавува грешка се додека не ја исклучите. Одредени неприлики во животната средина (на пр. електрична мрежа) може да доведе до различни јавувања на грешки (види ТАБЕЛА ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ГРЕШКИ).
Во таков случај:
-
Исклучете ја машината и почекајте неколку секунди.
-
Вклучете ја машината и повторете ја програмата за перење.
-
Повеќето грешки за време на работата може да бидат коригирани од корисникот (види ТАБЕЛА ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ГРЕШКИ).
-
Ако грешката се повтори, повикајте овластен сервис.
-
Поправки може да врши само стручно оспособено лице.
Табела за отстранување на грешки
Грешките што се покажуваат на екранот се следниве:
Проблем/ Грешка |
Приказ на дисплејот и опис на проблемот |
Што да направите? |
---|---|---|
|
Неправилни поставки |
Рестартирајте ја програмата. Ако грешката се појави повторно, повикајте сервисер. |
|
Грешка на сензорот за температура |
Доводната вода е премногу ладна. Повторете ја програмата на перење. Ако машината за перење ја јавува повторно истата грешка, повикајте сервисер. |
|
Грешка при заклучување на врата. |
Проверете дали е затворена вратата на машината за перење. Доколку слушнете звучен сигнал по притискање на копчето (9) СТАРТ/ПАУЗА , тоа значи дека вратата на машината за перење алишта не е затворена. Затворете ја вратата на машината за перење алишта. Исклучете го струјниот кабел од штекерот; потоа, повторно вратете го во штекерот и вклучете ја машината за перење. Доколку грешката повторно се јавува, повикајте техничар за сервисирање. |
|
Грешка при полнење на вода |
Проверете дали:
Потоа, притиснете го тастерот (9) СТАРТ/ПАУЗА за да ја започнете повторно програмата. Доколку грешката повторно се јавува, повикајте техничар за сервисирање. |
|
Грешка при загревање на вода |
Рестартирајте ја програмата. Ако грешката се појави повторно, повикајте сервисер. |
|
Грешка при одвод на вода |
Проверете дали:
Потоа, притиснете го тастерот (9) СТАРТ/ПАУЗА . за да ја започнете повторно програмата. Доколку грешката се повтори, повикајте сервисер. |
Прекумерна количина на детергент |
Прекумерното количество на детергент може да предизвика прекумерно пенење во барабанот. Погледни опис на |
|
|
Забележано протекување на вода во пределот на машината за перење. |
Исклучете ја машината за перење алишта и повторно вклучете ја. Проверете ја надворешноста на апаратот. Доколку не забележите протекувања, можете да продолжите да ја користите машината за перење алишта. |
|
Грешка на сензорот за ниво на вода |
Исклучете го струјниот кабел од штекерот; потоа, повторно вратете го во штекерот и вклучете ја машината за перење. Проветрете го апаратот. Ова можете да го направите со празнење и чистење на филтерот на машината за перење алишта и со чистење на ѕидниот одвод. Доколку грешката повторно се јавува, повикајте техничар за сервисирање. |
|
Претек на вода |
Доколку во барабанот има вода која надминува одредено ниво и доколку на екранот се појави грешка, програмата за перење ќе биде прекината и пумпата ќе ја исфрли водата од машината за перење. Рестартирајте ја програмата. Ако грешката се појави повторно, повикајте сервисер. Доколку во барабанот има вода која надминува одредено ниво и доколку на екранот се појави грешка, а машината продолжи да дотура вода, затворете го доводот на вода и повикајте сервисен техничар. |
Прекумерна количина на детергент |
Прекумерното количество на детергент може да предизвика прекумерно пенење во барабанот. Погледни опис на . |
|
|
Грешка на моторната контрола |
Рачно прераспределете ги алиштата (заглавени или заплеткани алишта) и повторете ја програмата за перење. |
|
Грешка при заклучување на вратата |
Вратата е затворена, но не може да се заклучи. Исклучете ја машината. Повторно вклучете ја и одново почнете ја програмата за перење. Доколку грешката повторно се јавува, повикајте техничар за сервисирање. |
|
Грешка при отклучување на вратата |
Вратата е затворена, но не може да се отклучи. Исклучете ја машината, потоа повторно вклучете ја. Ако грешката се појави повторно, повикајте сервисер. За да ја отворите вратата, видете наслов »ПРЕКИНИ И ПРОМЕНА НА ПРОГРАМАТА/Отворање на вратата (Пауза/откажи/смени програма)«. |
|
Дефект на електронската комуникација во машината за перење |
Исклучете го струјниот кабел од штекерот; потоа, повторно вратете го во штекерот и вклучете ја машината за перење. Доколку грешката повторно се јавува, повикајте техничар за сервисирање. |
|
Системско предупредување поради регистрирање на продолжена флуктуација во напонот – 180 V > U > 260 V на машината за перење |
Беше детектирано продолжено паѓање на напонот под 180 V, или пораст на напонот над 260 V, што може да влијае врз работата на машината за перење. Проверете ја електричната мрежа на која ја приклучувате машината за перење. |
|
Системско предупредување за детектирање на несоодветна фреквенција на електричната мрежа (50/60 Hz) |
Со вклучување на машината за перење, системот детектираше несоодветна фреквенција на електричната мрежа што може да влијае по функционалноста на машината за перење. Сите проблеми во однос на електричната мрежа треба да се проверат и санираат. |
|
Апаратот не може да се поврзе на мрежата. |
Грешката влијае само на опцијата за далечинско управување со програмата за перење (Remote control). Тоа не влијае на процесот на перење на други програми. Повикајте стручно лице. |
Предупредувањата/известувањата за корисникот што може да се прикажат на приказниот екран може да го вклучуваат следното:
Предупредување/ Известување |
Приказ на приказниот екран |
Причина за грешката и опис - што да направите? |
---|---|---|
|
Функцијата ANTI CREASE (ПРОТИВ ГУЖВАЊЕ) што ја избравте како дел од програмата на перење е активирана и во тек |
За откажување или запирање на ANTI CREASE (ПРОТИВ ГУЖВАЊЕ), завртете го тркалцето за избирање програма (1) на позицијата OFF . |
|
Сигнал за системот на одвод на вода Приказ на предупреду вањето |
Реагирајте на намалениот доток на вода во фазата на пумпање. Проверете дали:
|
|
Системско предупредување за активирање на програмата Drum clean (Програма за самочистење) Откако ќе заврши програмата за перење, на екранот се појавуваат симболите и . |
Ние препорачуваме активирање на Drum clean (Програма за самочистење). |
|
Системско предупредување за детектирање на прекумерно пенење во текот на програмата за перење |
Во случај на прекумерно пенење во машината за перење или протекување на пена низ фиоката за детергент, испраната облека треба да се исплави темелно со големо количество на вода. Одберете програма за перење, но не додавајте никаков детергент.
|
|
Предупредување за прекин на доводот на струја (»PF«/прекин на доводот на електрична енергија) |
Системот детектирал прекин на доводот на електрична енергија во текот на програмата за перење, што влијаело врз функционалното завршување на програмата за перење. Проверете ја електричната мрежа на која ја приклучувате машината за перење. |
|
Предупредување за дефект со напојувањето (»PF/End«) |
По завршување на циклусот на перење, наизменично ќе трепкаат и на екранот. Ова го известува корисникот за дефект со напојувањето и за неговото влијание врз извршувањето на програмата за перење. Програмата за перење продолжува каде што застанала и потоа завршува успешно. |
|
Предупредување – U:Lo (напонот е под 180 V) |
Забележан е продолжен пад на напонот под 180 V, кој може да влијае на работењето на машината за перење алишта. Проверете ја електричната мрежа на која ја приклучувате машината за перење. |
Екранот и ниту едно од копчињата не реагираат |
Исклучете го струјниот кабел од штекер Проверете дали доводниот напон е соодветен на напонот на машината за перење (220–240 V); потоа, вклучете го струјниот кабел повторно во штекерот и вклучете ја машината за перење. |
|
|
Предупредување – U:Hi (напонот е над 260 V) |
Забележан е продолжен раст на напонот над 260 V, кој може да влијае на работењето на машината за перење алишта. Проверете ја електричната мрежа на која ја приклучувате машината за перење. |
|
Машината за перење е прекината, подготвена да продолжи со програмата за перење Преостанатото време за крај на програмата наизменично се вклучува и исклучува на дисплејот. |
За да продолжите со програмата за перење, притиснете на копчето (9) СТАРТ/ПАУЗА . |
|
Подготовка за отклучување на вратата Сигнални светла ќе трепкаат на дисплејот. |
Почекајте додека заврши процесот. Доколку нема грешка по завршување на процесот, нова програма може да почне. Водата мора да се испушти. Почекајте вратата да се отклучи. |
Апаратот не може да се управува далечински |
Не е активирано или овозможено далечинското управување со апаратот. Проверете дали свети симболот Wi-Fi на апаратот, и поставете го тркалцето за избор на програма (1) на позицијата REMOTE CONTROL (ConnectLife) (ДАЛЕЧИНСКИ УПРАВУВАЊЕ) . |
|
Уредот не може да се поврзе на Wi-Fi мрежата |
Уредот не може да ја ппронајде вашата Wi-Fi мрежа. Проверете дали е активирана мрежата на фреквенција од 2.4 GHz на вашиот рутер и дали Wi-Fi сигналот на апаратот е доволно силен. |
Бучава и вибрации – проверете дали апаратот е нивелиран со помош на прилагодливите ногарки и дали шрафовите се добро затегнати.
Нерамномерно распределена облека или истуткани алишта налик на топка во барабанот
на машината може да предизвика проблеми како вибрирање или бучно работење. Машината
за перење ги детектира овие проблеми и се активира UKS* (*систем за контрола на стабилност).
Помали количини (на пр. една крпа, еден џемпер, една бањарка итн.) или облека направена
од материјали со посебни геометриски својства е многу потешко да се распредели рамномерно
во барабанот од машината (на пр. папучи, големи и тешки јакни, итн.) Ова доведува
до неколку обиди да се прераспредели облеката што за возврат доведува до подолго траење
на работата на машината. Во екстремни случаи на неповолни услови, програмата може
да се заврши без вклучување на центрифугата.
UKS* (*систем за контрола на стабилност) овозможува стабилна работа и долг век на
работење на машината.
Ако проблемите продолжат и покрај примената на советот погоре, повикајте овластена служба за сервисирање.
Сервисирање
Пред да повикате сервисер
Кога ја контактирате службата за сервисирање ве молиме наведете ги: типот на вашата машина за перење (1), шифрата/ ID број (2), бројот на модел (3), и сериски број (4).
Видот, шифрата, моделот, и серискиот број на машината за перење алишта се наоѓаат на натписната табличка на внатрешната страна на вратата на машината за перење алишта.
Во случај на дефект, користите само одобрени резервни делови од овластени производители.
Гаранцијата не важи за поправки или други барања кои настанале од неправилно приклучување или користење на машината за перење. Во вакви случаи, трошоците за поправки се на товар на корисникот.
Гаранцијата не покрива потрошни делови, избелување на боја, зголемена бучава која резултира од староста на апаратот и која не влијае врз функционалноста на апаратот и естетски дефекти на компонентите, кои не влијаат врз функционалноста и безбедноста на апаратот.
Гаранцијата не опфаќа дефекти кои се последица на пречки од околината (удар на гром, пад на електричната мрежа, природни катастрофи и сл.)
Дополнителна опрема и делови за одржување може да најдете на нашата веб страница на: www.gorenje.com
ПРЕПОРАКИ ЗА ПЕРЕЊЕ И ЕКОНОМИЧНА УПОТРЕБА НА ВАШАТА МАШИНА ЗА ПЕРЕЊЕ
Нови текстилни производи во боја кои ги перете прв пат потребно е да ги перете одвоено од другите.
Облеката за перење која е доста нечиста а е во мали количини перете ја со повеќе прашок или ставете ја на предперење.
Додадете специјално средство за отстранување на флеки за тврдокорни флеки пред да ги ставите за перење.
Со облека која не е толку нечиста ние препорачуваме програма без циклус на предперење и користење на пократки програми (на пр. FAST) и пониска температура на перење.
Ако често ја перете облеката на ниски температури и со течни прашоци можно е размножување на бактерии кои предизвикуваат непријатен мирис во машината. За да спречите ваков непријатен мирис, препорачуваме повремено да ја користите програма за самопрочистување Програмата Drum clean (Програма за прочистување) (види ТАБЕЛА СО ПРОГРАМИ).
Препорачуваме да избегнувате перење на мали количина на облека заради заштеда на енергија и подобри карактеристики на работа на машината.
Пред да ставите здиплена облека во барабанот, протресете ја облеката.
Користете само машински прашоци за перење на облека.
Ако тврдоста на вода надмине 14°dH, потребно е да користите средства за омекнување на водата. Гаранцијата не важи во случај на оштетувања на грејачот кои настанале од неправилна употреба на средствата за омекнување на вода. Проверете ги информациите за тврдост на вода кои ги издава локалното претпријатие за водовод или друг надлежен орган.
Не се препорачува употреба на средства за белење на база на хлор бидејќи такви средства може да го оштетат грејачот.
Во преградата за дозирање не ставајте згрутчен прашок бидејќи може да го затне цревото во машината.
При користење на густи средства за нега и одржување при перење ние препорачуваме да
ги разредите со вода за да спречите затнување на одводот за вода од преградата.
Течните прашоци се наменети за програми на перење кои немаат циклус на предперење.
При висок број на вртежи во центрифугата се задржува помалку влажност во облеката. Како резултат, сушењето во машина за сушење ќе биде поекономично и побрзо.
Тврдост на вода |
Степени на тврдост |
|||
---|---|---|---|---|
°dH (°N) |
m mol/l |
°fH (°F) |
p.p.m. |
|
1 - мека |
< 8,4 |
< 1,5 |
< 15 |
< 150 |
2 - средна |
8,4–14 |
1,5–2,5 |
15–25 |
150–250 |
3 - тврда |
> 14 |
> 2,5 |
> 25 |
> 250 |
Проверете ги информациите за тврдост на вода кои ги издава локалното претпријатие за водовод или друг надлежен орган.
|
1Со машината за перење има и преградна плоча која овозможува додавање на течен прашок во преградата за перење (лева преграда). |
2Индикатор за нивото на прашок и течен прашок за перење. |
|
3При користење на прашок за перење преградната плочка треба е подигната. |
|
4При користење на течен прашок, преградната плочка треба да е спуштена за да се затвори проток. |
Симболи на преградите за дозирање на прашок |
|
---|---|
|
предперење |
|
перење |
|
омекнување |
Ние препорачуваме додавање на прашок за перење веднаш пред циклусот на перење. Пред да го додадете прашокот проверете дали преградата за дозирање на прашок е целосна сува: во спротивно прашокот може да се згрутчи пред почетокот на процесот на перење.
Ставете го омекнувачот во соодветната преграда односно во садот означен со симбол . Следете ги препораките дадени на пакувањето од омекнувачот.
Не полнете ја преградата за омекнувач повеќе од, односно, над максималното означено ниво. Во спротивно, машината ќе го повлече омекнувачот пребрзо што може да допринесе за послабо перење на облеката.
ОДЛАГАЊЕ НА ОТПАДОТ
Амбалажата е направена од еколошки материјали кои може да се рециклираат, да се одложат или да се уништат без опасност по животната средина. Затоа, амбалажните материјали се и соодветно означени. |
|
|
Симболот на производот или на амбалажата означува дека производот не смее да биде отстранет од домаќинството како обичен отпад. При одлагање на производот како отпад потребно е да го одвезете отпадот до овластен центар за обработка на отпад од електрични и електронски производи. |
При одлагање на производот на крајот од нејзиниот век на траење, извадете ги сите кабли и уништете ги бравата на вратата и прекинувачот за да спречите блокирање или заклучување (заради безбедност на децата). |
|
Правилното одлагање на производот ќе помогне да се спречат негативните ефекти врз животната средина и здравјето на луѓето. За подетални информации околу одлагање и преработка на производот, ве молиме јавете се на надлежниот општински орган за управување со отпад, на вашиот сервис за отстранување отпад, или на продавницата каде што сте го купиле производот. |
Белешки
Го задржуваме правото на промени и грешки во упатствата за употреба.