УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

НА ВЕРТИКАЛЕН ФРИЖИДЕР СО ЗАМРЗНУВАЧ

Важни безбедносни предупредувања

Општи информации и совети

БЛАГОДАРИМЕ ШТО ГО ОДБРАВТЕ НАШИОТ АПАРАТ ЗА ВАШИОТ ДОМ

Среќни сме што одбравте апарат на Хајсенс. Хајсенс е тука да ве бодри вас и сите ваши авантури со нашата најнова технологија и модерни апарати за домаќинство направени од висококвалитетни материјали. Затоа што неуморно работиме на енергетската ефикасност, со купување на нашиот апарат, вие исто придонесувате кон поодржлива иднина.

За целосна корист од нашите услуги, гаранција и други важни информации, регистрирајте го вашиот Хајсенс апарат на нашата веб страница:

https://www.hisense-europe.com

Се надеваме дека нашиот апарат ќе ги исполни и надмине вашите очекувања.

Апаратот е наменет само за употреба во домаќинството.

Ладилникот е наменет за чување на свежа храна на температури над 0°C.

Замрзнувачот е наменет за замрзнување на свежа храна и за долгорочно чување на замрзната храна (до една година во зависност од типот на храната).

Следниве симболи се користат во упатството за употреба и го имаат следново значење:

Информации, совет, помош или препорака

Предупредување за општа опасност

Предупредување за опасност од електричен удар

Предупредување за опасност од пожар

Важни предупредувања

Пред прва употреба на апаратот

Пред приклучување на апаратот на електричната мрежа, неопходно е внимателно да ги прочитате упатствата за употреба кои го опишуваат апаратот и неговата правилна и безбедна употреба. Упатствата се однесуваат на неколку типа/модели на апарати и поради ова опремата или подесувањата кои се опишани овде, може да не се дел од вашиот апарат. Ние препорачуваме да ги зачувате овие упатства за употреба или да ги прикачите како составен дел од вашиот апарат во случај да го продавате во иднина.

Овие упатства за употреба вклучуваат модел на замрзнувач No Frost (БЕЗ ЗАМРЗНУВАЊЕ) кој е опремен со вентилатор и автоматско опција за одмрзнување (само кај некои модели).

Проверете го апаратот да не е оштетен или да нема одредени неправилности. Во случај да забележите оштетување на апаратот, известете го продажното место од кое сте го купиле апаратот.

Пред да го приклучите апаратот на електричната мрежа, оставете го апаратот во вертикална позиција минимум 2 часа. Ова ќе ја намали можноста за неправилности во работата како резултат на влијанието на транспортот врз системот за ладење.

Важни безбедносни упатства

ВНИМАНИЕ! Ризик од пожар/запаливи материјали.

Апаратот мора да се приклучи на електричната мрежа и да се заземји во сообразност со важечките стандарди и прописи.

ВНИМАНИЕ! Не ставајте продолжни кабли со повеќе штекери или преносни извори на струја зад апаратот.

Пред чистење на апаратот, исклучете го од електричната мрежа (извадете го приклучниот кабел од приклучницата).

Ако главниот кабел за напојување е оштетен, мора да се замени од страна на производителот, негов сервисер или слично стручно квалификувано лице со цел да се избегнат несреќи.

ВНИМАНИЕ! Кога го местите апаратот на неговото место, проверете да не е приклештен или оштетен струјниот кабел.

Ако не работи ЛЕД осветлувањето, повикајте сервисер. Не обидувајте се сами да го поправите ЛЕД осветлувањето бидејќи постои опасност од висок напон!

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Не користете електрични уреди во внатрешноста на апаратот освен оние кои се дозволени од производителот на овој апарат за ладење.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Не користете механички уреди или други средства за процесот на одмрзнување различни од препорачаните од производителот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да избегнете опасност која може да настане од лоша стабилност на апаратот, проверете дали е наместен согласно упатствата.

Опасност од замрзнување

Никогаш не јадете замрзната храна и избегнувајте да допирате замрзната храна бидејќи може да предизвика премрзнување.

Безбедност на деца и лица од ранливи категории

Апаратот не е наменет за користење од страна на лица (вклучително и деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности или без искуство или знаење, освен доколку не се под надзор или не им се дадени упатства во врска со користењето на апаратот од страна на лице одговорно за нивната безбедност.

Децата треба да се под надзор, за да не си играат со апаратот.

Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не смеат да го вршат деца без надзор.

Отстранете ја амбалажата која е наменета за заштита на апаратот или одредени делови за време на транспортот и држете ја подалеку од дофат на деца. Тоа претставува опасност од повреда или задушување.

Кога исфрлате користен апарат, исклучете го струјниот кабел, извадете ја вратата и оставете ги полиците во апаратот. Со тоа се спречува деца да се заклучат во апаратот.

Само за европските пазари

Овој апарат може да го користат деца на возраст од 8 години и повеќе, како и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или без искуство или знаење, под услов да се под надзор или да им се дадени упатства во врска со користењето на апаратот на безбеден начин и да се свесни за можните опасности.

Деца не смеат да си играат со апаратот.

Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не смеат да го вршат деца без надзор.

Деца на возраст од 3 до 8 години смеат да ставаат и да вадат работи од фрижидерот.

Предупредување во однос на средството за ладење

Апаратот содржи мала количина на запалив гас R600a кој не е штетен за околината. Проверете да не постои оштетување на делови од системот за ладење. Протекувањето на гасот не е опасно за животната средина, но сепак може да предизвика повреда на окото или пожар.

Во случај на протекување на гасот, темелно проветрете ја просторијата, исклучете го апаратот од довод на енергија, и повикајте сервисер.

Важни информации за употреба на овој апарат

ВНИМАНИЕ! Овој апарат е наменет за употреба во домаќинствата и за слични намени, како следните:

  • во кујни за вработените во продавници, канцеларии и други работни средини

  • во куќи на фарми и од страна на клиенти во хотели, мотели и други видови сместувачки објекти;

  • сместувачки капацитети со ноќевање и појадок;

  • за кетеринг и за слични објекти кои не се малопродажни.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Отворите за вентилација на апаратот односно вградениот елемент мора постојано да бидат чисти и проодни.

Овој апарат не смее да се користи надвор и не смее да биде изложен на дожд.

Во овој апарат не смеете да складирате експлозивни предмети како што се аеросолни лименки со запалив потисен гас.

Ако немате намера да го користите апаратот подолго време, најпрвин исклучете го со користење на релевантното копче, а потоа исклучете го доводот на електричната енергија во апаратот. Испразнете го апаратот, одмрзнете го, исчистете го и оставете ја вратата од апаратот притворена.

Во случај на неправилно работење или прекин на доводотна електрична енергија не отворајте го просторот за замрзнување освен ако замрзнувачот не работи повеќе од 16 часа. По овој период, употребете ја замрзнатата храна или обезбедете доволно ладење ( на пр. Апарат за замена).

Технички податоци за апаратот

Натписната таблица со основни податоци може да се најде во внатрешноста на апаратот. Таа содржи податоци за напонот, бруто и нето волумен, вид и количина на средството за ладење, и информациите за климатски класи.

Ако јазикот на натписната таблица не одговара на вашиот јазик, заменете ја со приложената.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Не оштетувајте го електричното коло во фрижидерот. Ова исто така може да го спречи загадувањето.

Заштита на животна средина

Амбалажата е направена од еколошки материјали кои може да се рециклираат, депонираат или уништат без опасност од загадување на животната средина.

Одлагање на дотраен апарат

За заштита на животната средина, предаде го дотраениот апарат на овластен собирен центар/пунк за управување со отпад.

Пред тоа, направете го следново:

  • Исклучете го апаратот од главното напојување,

  • Не дозволувајте деца да си играат со апаратот.

kanta1_FACE_LIFT Симболот на производот или на неговата амбалажа означува дека со тој производ не смее да се постапува како со отпад од домаќинството. Наместо тоа, производот треба да се предаде на овластен собирен центар/пункт за рециклирање на електронска и електрична опрема. Правилното одлагање на производот ќе ги спречи потенцијалните негативни последици врз животната средина и здравјето на луѓето, кои може да настанат како последица од несоодветно управување со отпадот од овој производ. Задобивање на детални информации за постапката на отстранување и управување со отпадот на овој производ, ве молиме контактирајте го соодветното надлежно општинско тело за управување с оотпад, службата за собирање на кујнски отпад или со продавницата во која сте го купиле овој производ.

Совети за штедење на електрична енергија кај апарати за ладење

  • Вградете го апаратот согласно упатствата за употреба дадени овде.

  • Не отворајте ја вратата повеќе од она што е неопходно.

  • Повремено проверете дали е овозможено циркулирање на воздухот зад апаратот.

  • Ако е оштетен затворачот или од некоја причина не затвора целосно, потребно е што побргу да го замените со нов.

  • Складирајте ја храната во цврсто затворени садови или друга соодветна амбалажа.

  • Пред да ја ставите храната во фрижидерот оставете ја да се олади до собна температура.

  • Замрзнатата храна може да ја одмрзнувате во просторот за ладење.

  • За да ја искористите максималната површина на замрзнувачот, извадете некои од фиоките на начин опишан во упатството.

  • Одмрзнете го конвенционалниот замрзнувач кога ќе се насобере 3-5 милиметри слој од мраз на површината од замрзнувачот.

  • Проверете дали поставеноста на полиците е со подеднакво растојание и дали храната е поставена на начин кој овозможува слободно циркулирање на воздухот во внатрешноста на апаратот (следете ја препорачаната поставеност на храната која е опишано во упатствата).

  • Кај апаратите кои се опремени со вентилатор, не ги блокирајте отворите односно вентилите на вентилаторот.

  • Ако немате потреба од вентилаторот или јонизаторот, исклучете ги за да ја намалите потрошувачката на енергија.

Инсталација и приклучување

Избирањена просторија

  • Поставете го апаратот во сува просторија во која има добра вентилација. Апаратот работи правилно ако температурата на просторијата е во интервалот претставен во табелата. Класата на апаратот е наведена на таблицата за основни податоци со основни информации за апаратот.

    Опис

    Класа

    Опсег на амбиентална температура во °C

    Релативна влажност

    Продолжено умерена

    SN

    +10 до +32

    ≤75%

    Умерена

    N

    +16 до +32

    Суптропска

    ST

    +16 до +38

    Тропска

    T

    +16 до +43

    Овој апарат не е наменет да се користи како вграден апарат.

    Не поставувајте го апаратот во просторија каде температурата може да опадне до под 5 °C бидејќи ова може да предизвика неправилно работење на апаратот или негов дефект!

  • По поставувањето, приклучокот на апаратот за електричната мрежа треба да биде лесно пристапен!

  • Не поставувајте го апаратот во близина на други апарати или уреди кои зрачат топлина како на пример шпорет, печка, радијатор, чајник, и слично., и не изложувајте го на директна сончева светлина. Апаратот треба да биде поставен на најмалку 30 см., подалеку од нафтена печка или печка на цврсти горива. Ако растојанието помеѓу ваквиот извор на топлина и апаратот е помало, потребно е да вградите плоча за изолација.

Поставување на апаратот

Апаратот треба да го инсталираат најмалку две лица, за да се избегне евентуална повреда на некое лице или оштетување на апаратот.

  • Апаратот е наменет за самостојна монтажа. За да ја постигнете декларираната/минималната потрошувачка на енергија, обезбедете 50 mm простор помеѓу ѕидот и задниот дел на апаратот, и 100 mm над апаратот. Исто така овозможете соодветна циркулација од двете страни на апаратот и над него.

  • Апаратот исто така може да се постави спроти или помеѓу кујнски ормани или шкафчиња, или спроти ѕид. Во случај да го поставите така, апаратот ќе работи беспрекорно; меѓутоа, можно е да се зголеми потрошувачката на енергија. Држете се до минималното растојание над и зад апаратот, како што е прикажано на сликата.

  • Земете го предвид просторот, односно лакот потребен за отворање на вратата на апаратот, за да се овозможи целосно извлекување и вадење на фиоките и полиците (погледнете го дијаграмот за поставување).

SLIKA_POSTAVITEV_APARATA_SBS

Поставување на апаратот

SLIKA_NASTAVLJIVE_NOGICE

  • За да се осигурате дека апаратот ќе стои хоризонтално и дека има доволно циркулација на воздух зад апаратот, треба да ги прилагодите ногарките на долниот дел од апаратот. Висината на ногарките може да се прилагоди рачно или со соодветен клуч.

  • Дозволете вратата да се затвори автоматски. Потоа свртете ги прилагодливите ногарки така што горниот дел од апаратот ќе биде наклонет наназад за приближно 10 mm или за 0.5°.

  • Кога сакате да го поместите апаратот, подигнете ги ногарките повторно за апаратот да може слободно да се движи на ротирачките валјаци. Откако ќе го преместите апаратот на посакуваната положба, одново порамнете го.

    Внимание! Користете ги валјаците само за движење на апаратот нанапред и наназад, затоа што не функционираат како тркала. Доколку го турнете апаратот налево или надесно, може да го оштетите подот и валјаците.

Прилагодување на вратата на апаратот

Доколку сметате дека вратата на апаратот не е целосно порамнета (дека вратата на комората на замрзнувачот и на комората на фрижидерот не се на исто ниво), можете да употребите вклучената алатка за да ја прилагодите висината на вратата.

Доколку вратата на замрзнувачот е повисока од вратата на фрижидерот. Прво, употребете ја вклучената алатка за да ја свртите завртката на долната шарка налево за да ја подигнете вратата. Потоа прицврстете ја завртката со шрафцигер.

SLIKA_NASTAVITEV_VRAT

Приклучување на апаратот

VTICNICA

  • Приклучете го апаратот на електричната мрежа со користење на приклучен кабел. Ѕидната приклучница мора да биде заземјена (безбедносна приклучница). Номиналниот напон и фреквенцијата се наведени во таблицата со основни податоци за апаратот.

  • Апаратот мора да се приклучи на електричната мрежа и заземјен во сообразност со важечките стандарди и прописи. Апаратот издржува краткотрајни отстапувања од номиналниот напон, но не повеќе од +/-6%.

Опис на апаратот

Опремата во внатрешноста на апаратот може да се промени во согласност со моделот на апаратот.

SLIKA_APARATA_SBS_HZF5508UEB

  1. ЛЕД светло во комората на замрзнувачот

  2. Полица на вратата на замрзнувачот

  3. Поклопец на отвор за циркулација на воздух на замрзнувачот

  4. Ледомат*

  5. Полица на вратата на замрзнувачот

  6. Горна фиока на замрзнувачот

  7. Долна фиока на замрзнувачот

  8. Лева прилагодлива ногарка на долниот дел на апаратот

  9. ЛЕД светло во комората на фрижидерот

  10. Полица на вратата на фрижидерот

  11. Поклопец на отвор за циркулација на воздух на фрижидерот

  12. Полица на фрижидерот

  13. Горна фиока на фрижидерот

  14. Долна фиока на фрижидерот

  15. Десна прилагодлива ногарка на долниот дел на апаратот

*Само кај некои модели

Поради повремени промени на нашите производи, можно е вашиот фрижидер да се разликува малку од фрижидерот кој е опишан во ова корисничко упатство, но функциите и начинот на употреба остануваат исти.

Ракување со апаратот

SLIKA_UI_SBS

A

Копче за поставување на температурата

A1

Екран

B

Копче за избор на комората на фрижидерот/замрзнувачот

B1

Приказ на ладилникот на екранот

B2

Приказ на замрзнувачот на екранот

C

Копче за поставување дополнителни функции

C1

Сигнално светло за функцијата на интензивно замрзнување (длабоко замрзнување)

C2

Индикатор на функција за долго отсуствување (holiday mode)

C3

Индикатор на функцијата „Eco“

C4

Индикатор на функцијата convert

Вклучување/исклучување на апаратот

SLIKA_PRIKLJUČITEV

Вклучување: За да го вклучите апаратот, приклучете ја утичницата во штекер.

Исклучување: За да го исклучите апаратот, исклучете ја утичницата од штекер.

Менување на температурата

SLIKA_UI_SBS_SET.TEMP_KRATKO

  • Температурата на апаратот е фабрички предодредена на препорачаните вредности, т.е. на 4 °C за фрижидерот и -18 °C делот за замрзнување.

  • Откако апаратот ќе се вклучи, може да се потребни неколку часа за да се достигне подесената температура. Не ставајте храна во фрижидерот пред температурата да опадне до избраното подесување.

SLIKA_UI_SBS_NASTAVITEV_COOLER

Кај овој модел, можете да ја менувате температурата на фрижидерот и на комората на замрзнувачот. Можете да го сторите ова со притискање на копчето B за да го осветлите симболот на комората на апаратот чија температура сакате да ја поставите: B1 за комората на фрижидерот и B2 за комората на замрзнувачот.

SLIKA_UI_SBS_NASTAVITEV_COOLER

Температурата во ладилникот може да се дотерува кога свети симболот B1. Дотерајте ја температурата со кратко притискање на копчето A.

  • Со секое притискање на копчето A, температурата се покачува за 1 °C. Температурата што ќе ја одберете се зачувува како последната зададена температура за фрижидерот.

  • Температурата во ладилникот може да се дотера од +1 °C до +9 °C.

  • Препорачаната температура е 4 °C.

SLIKA_UI_SBS_NASTAVITEV_FREEZER

Температурата во замрзнувачот може да се дотерува кога свети симболот B2. Дотерајте ја температурата со кратко притискање на копчето A.

  • Со секое притискање на копчето A, температурата се покачува за 1 °C. Температурата што ќе ја одберете се зачувува како последната зададена температура за замрзнувачот.

  • Температурата во делот за ладење може да се намести од -16 °C до -24 °C.

  • Препорачаната температура е -18 °C.

10 секунди по притискањето на последното копче, симболот на замрзнувачот на екранот автоматски се враќа на симболот на ладилникот. Светнува B1, а температурата зададена за ладилникот се прикажува до симболот A1 на екранот.

Стенд бај режим на контролниот панел/екранот

10 секунди откако сте го притиснале последното копче, контролната табла преминува во режим „стенд бај“. Во исклучителни случаи, некои индикатори остануваат запалени и покрај тоа што контролната табла е во режим „стенд бај“. Таквите исклучителни случаи се следните:

  • Ако е активирано интензивно замрзнување (засилувач на замрзнувачот), индикаторот C1 и натаму свети. Сите други индикатори се изгаснати.

  • Ако е активирана функцијата „Eco“, индикаторот C3 и натаму ќе се прикажува во режим „стенд бај“. Сите други индикатори се изгаснати.

  • Ако е активирана функцијата holiday mode, индикаторот C2 и натаму ќе се прикажува во режим „стенд бај“. Сите други индикатори се изгаснати.

  • Ако е активирана функцијата convert, индикаторот C4 и натаму ќе се прикажува во режим „стенд бај“. Сите други индикатори се изгаснати.

  • Ако е активирана функцијата рачно одмрзнување на замрзнувачот, тогаш Cd и натаму ќе се прикажува на екранот, дури и кога контролната единица е во режим на готовност. Сите други индикатори се исклучени.

  • Доколку се активира еден од алармите или доколку се прикаже една од грешките, екранот ќе прикаже одредена порака.

Излегување од режим на готовност: кратко притиснете кое било копче или отворете ја вратата на комората на фрижидерот.

Интензивно замрзнување (замрзнувач)(SIMBOL_SNEŽINKA)

SLIKA_UI_SBS_FAST_FREEZE_KRATKO

  • Оваа функција треба да се користи кога апаратот ќе се вклучи првпат, пред чистење или пред да ставите голема количина храна во него.

SLIKA_UI_SBS_FAST_FREEZE

Вклучување: вклучете го режимот за интензивно замрзнување со притискање на копчето C онолку пати колку што е потребно за на екранот да се појави C1. На екранот се прикажува FF.

Исклучување: исклучете го режимот за интензивно замрзнување со притискање на копчето C повторно додека не се изгасне симболот C1 .

Доколку рачно не ја деактивирате функцијата, истата ќе се деактивира автоматски по приближно два дена. Поставката ќе се врати на последната вредност.

  • Кога ќе се активира функцијата интензивно замрзнување (брзо замрзнување), апаратот работи со полна снага. Во текот на оваа функција, работењето може привремено да биде нешто погласно.

  • Кога ќе се активира функцијата на длабоко замрзнување, температурата може да е пониска од температурата на ладилникот и од просторот за замрзнување.

Еко функција(SIMBOL_ECO)(Препорачана поставка PRIPOROČENA_NASTAVITEV)

SLIKA_UI_SBS_ECO_KRATKO

SLIKA_UI_SBS_FAST_ECO

Вклучување: функцијата Eco се вклучува со притискање на копчето C онолку пати колку што е потребно за на екранот да се појави C3.

Исклучување: функцијата Eco се исклучува со притискање на копчето C повторно додека не се изгасне симболот C3 .

Функцијата Eco исто така, се исклучува кога ја менувате поставката за температура во фрижидерот или замрзнувачот или кога активирате некоја друга дополнителна функција.

Функција (Convert)(SIMBOL_CONVERT)

SLIKA_UI_SBS_CONVERT_KRATKO

Целиот дел за замрзнување може да се претвори во Нулта зона (ZeroZone). Температурата во овој дел е на или нешто под нулата. Според тоа, не складирајте храна која е чувствителна на ниска температура во овој дел, зашто може да замрзне. Пред да преминете на функцијата Нулта зона, испразнете го замрзнувачот, за да спречите одмрзнување и расипување на замрзнатата храна.

SLIKA_UI_SBS_CONVERT

  • Вклучување на функцијата Convert: со долго притискање (од 5 секунди) на копчето C. Ќе слушнете звучен сигнал и екранот ќе се осветли C4.

  • Кога се активира оваа функција, температурата во замрзнувачот се подесува на 0 °C, а температурата во фрижидерот на 4 °C. Ознаката „0 °C“ на екранот A1 трепка се додека не се постигне соодветната температура во замрзнувачот. Кога ќе се постигне таа температура, индикаторот „0 °C“ ќе свети постојано.

  • Поставување на температурата во делот ZeroZone : наместете ја температурата помеѓу -2 °C и +3 °C со копчето A .

  • Температурите се приближни и зависат од зададените вредности на температурата во делот за ладење, температурата во просторијата, честотата на отворање на вратата, како и од количината храна што е сместена во апаратот. Зголемувањето на температурата во делот ZeroZone ја зголемува и температурата во делот за ладење и обратно. Прилагодете ја температурата на условите во кои работи апаратот.

  • Кога замрзнувачот функционира во режимот ZeroZone , температурата во фрижидерот може да се постави само од 4 °C до +8 °C. Ваквото работење на апаратот се препорачува само кога температурата во просторијата е помеѓу +16 °C и 32 °C. На повисоки или пониски температури, не е можно да се гарантира соодветна температура во апаратот.

  • Кога се активира функцијата на претворање во Convert, се исклучуваат сите други дополнителни функции.

  • Исклучување на функцијата Convert: со долго притискање на копчето C. Ќе слушнете звучен сигнал и екранот C4 ќе се исклучи.

Режим „на одмор“ (подолго отсуство)

SLIKA_UI_SBS_HOLIDAY_MODE_KRATKO

Користете ја оваа функција кога сте отсутни од домот подолг временски период, како, на пример, кога одите на одмор или на подолг службен пат.

SLIKA_UI_SBS_HOLIDAY_MODE

Вклучување: вклучете ја функцијата со притискање на копчето C онолку пати колку што е потребно за на екранот да се појави C2.

  • Кога се активира оваа функција, температурата во делот за ладење се подесува на 15 °C, а температурата во замрзнувачот на -18 °C.

Пред да ја вклучите оваа функција, испразнете го делот за ладење, затоа што сите производи со ограничен рок може да се расипат.

Исклучување: исклучете ја функцијата со притискање на копчето C повторно додека не се изгасне симболот C2 .

Аларм за висока температура

SLIKA_UI_SBS_HT_alarm_SLIKA

SLIKA_UI_SBS_HT_alarm

Ако температурата во апаратот е превисока, ќе се активира звучен аларм (испрекинат тон) и на екранот ќе засвети температурата за комората каде температурата е превисока.

  • Секој пат кога ќе го вклучите апаратот, се активира 24-часовно одложување на работењето на алармот. Доколку апаратот не успее да постигне доволно ниска температура по овој период, ќе се активира алармот.

Исклучување на алармот:

  • Исклучете го алармот со притискање на кое било копче. Ќе светне тековната температура за комората каде температурата е превисока на екранот. Доколку не го исклучите звучниот аларм, тој ќе се активира на секој час и ќе трае околу 15 минути.

  • Кога температурата ќе падне под вредноста за алармирање, температурата на екранот ќе престане да трепка и ќе продолжи да свети постојано. Ќе се прикаже температурата во комората на фрижидерот

Аларм за отворена врата

SLIKA_UI_SBS_OPEN_DOOR_ALARM

Ако вратата од фрижидерот или замрзнувачот се остави отворена премногу долго, ќе се огласи звучен аларм (повторувачки звучен сигнал) и B1 или B2 ќе трепка икона на корисничкиот интерфејс, во зависност од тоа која врата е отворена. Ако не го потврдите и исклучите звучниот аларм, алармот ќе се активира на секои 30 секунди.

Исклучување на алармот: за да го исклучите алармот, затворете ја вратата на апаратот.

Ако го исклучите алармот со притискање на било кое копче, тој повторно се активира по 4 минути доколку вратата и натаму е отворена.

Ако ја оставите вратата отворена подолго од 10 минути, алармот ќе престане да се огласува. Апаратот ќе прејде на безбеден режим на работа, за да обезбеди доволно ладење и да спречи расипување на храната и покрај тоа што вратата е отворена.

Аларм за дефект / прекин на снабдувањето со струја

SLIKA_PF_ALARM

SLIKA_UI_SBS_PF_alarm

Доколку температурата во апаратот се зголеми на алармно ниво за време на прекин на струја, тогаш ќе се огласи алармот за висока температура кога ќе се врати напојувањето. Алармот ќе се озвучи и на екранот ќе трепка PF.

Деактивирајте го алармот со притискање на кое било копче. Екранот ја прикажува максималната измерена температура во комората на замрзнувачот.

SLIKA_UI_SBS_PF_alarm2

Следниот пат кога ќе го притиснете копчето A , се прикажува највисоката измерена температура во комората на фрижидерот.

Кога повторно ќе го притиснете копчето C , алармот за прекин на струјата конечно се исклучува, а поставената температура за избраната комора ќе се прикаже на екранот.

Доколку во исто време се активира алармот за температура, ќе функционира како што е опишано во поглавјето Аларм за висока температура, откако ќе го исклучите алармот за прекин на струјата.

Опрема за внатрешноста на ладилникот

(*Опремата зависи од моделот)

Полици

Празните полици може да се распоредуваат според вашите желби на водилките во внатрешноста на апаратот, без да мора да ги вадите од апаратот. За да преместите полица од апаратот, повлечете ја кон вас, подигнете ја од предниот дел и потоа преместете ја или извадете ја од апаратот. Храната што брзо се расипува чувајте ја на задниот дел од полицата, каде што температурата е најниска.

Фиока за овошје и зеленчук (CrispZone)*

Најдолните фиоки на фрижидерот се наменети за овошје и зеленчук. Тие овозможуваат влага и спречуваат да се исуши храната.

SLIKA_COOLER_FS600-22_IZVLEK_PREDALA

  • Извлекување на корпата:

    • Извлечете ја корпата до крај. Потоа, подигнете го горниот дел од корпата и излечете ја целосно.

Полици на вратата

SLIKA_VRATNE_POLICE

Внатрешните врати на коморите на фрижидерот и замрзнувачот се опремени со полици за складирање помали работи.

Полиците може да ги поставите по желба, така што малку ќе ги поткренете од држачите и ќе ги преместите на саканото место, при што треба добро да се наместат на држачите.

Долната полица на вратата на комората на фрижидерот е наменета за складирање шишиња.

Максимална носивост на полицата на секоја врата е 5 kg.

Систем за распределба на воздухот (MultiFlow)*

  • Напредниот систем MultiFlow еднакво го распределува воздухот и ја изедначува температурата во фрижидерот. Овој систем исто така овозможува да се стави кој било вид на храна на која било полица во фрижидерот затоа што нема разлика во температурата помеѓу нив.

Диспензер за вода*

(Само кај некои модели)

Диспензерот за вода вграден на вратата на комората на фрижидерот е наменет за складирање вода за пиење. Со диспензерот за вода, можете лесно да добиете ладна вода без да треба да ја отворите вратата на комората на фрижидерот.

Пред прва употреба на апаратот

Пред да го употребите диспензерот за вода за прв пат, треба да го исчистите според упатствата подолу:

SLIKA_SBS_IZVLEK_DOZIRNIKA

  1. Фатете го диспензерот за вода за двете страни и извлечете го угоре со благо протресување.

  2. Одвртете ја главата и исчистете ја, заедно со резервоарот на диспензерот за вода.

Монтажа

  1. Вметнете ја главата на диспензерот во отворот.

  2. Ставете го резервоарот во водилките на вратата на фрижидерот.

  3. Притиснете ги двете страни на резервоарот за вода удолу.

  4. Кога ќе слушнете клик, тоа значи дека резервоарот е поставен на место.

SLIKA_NAMESTITEV_DOZIRNIKA

Предупредување!

  1. Внимавајте да не ја оштетите главата.

  2. Кога го монтирате резервоарот за вода, осигурете се прво да ја вметнете главата во отворот.

Полнење со вода

Пред да го наполните резервоарот со вода за пиење, осигурете се дека резервоарот за вода е цврсто поставен на место.

Внимание!

Сипете до 3 литри вода во резервоарот (како што е препорачано), но внимавајте водата да не го надмине максималното ниво, инаку можно е да се истури кога ќе го затворите поклопецот.

Отворете го поклопецот и сипете ја водата. Откако ќе ја сипете водата, не заборавајте целосно да го затворите поклопецот.

SLIKA_POLNJENJE_DOZIRNIKA_VODE

Диспензирање вода

  1. Осигурете се дека поклопецот е затворен.

  2. Затворете ја вратата на фрижидерот и проверете го диспензерот за вода.

Сипување вода во чаша

Поставете соодветна чаша под диспензерот за ладна вода.

Не притискајте ја рачката на диспензерот доколку нема чаша под отворот, инаку можно е да истече вода од диспензерот.

Чистење

  1. Внимателно отстранете го резервоарот за вода од вратата на фрижидерот. Нежно исчистете го резервоарот, поклопецот и главата со вода.

  2. Откако ќе го исчистите диспензерот, оставете го да се исуши или исушете го со фен.

  3. Доколку често го користите диспензерот за ладна вода, можно е да се насобере многу вода во подлогата за собирање вода под отворот на диспензерот, што може да истече и да го намокри подот. Редовно бришете го резервоарот со сува крпа за да не се насобере премногу вода во подлогата за собирање вода.

ČIŠČENJE_WD_POSODE

Чување на храна во ладилникот

Важни предупредувања во однос на чувањето на храната

Правилната употреба на апаратот, соодветното пакување на намирниците, одржувањето на соодветна температура и почитување на основните стандарди за хигиена на храната, имаат одлучувачка улога врз квалитетот на одржувањето на храната.

Придржувајте се до рокот на траење на храната кој е означен на амбалажата на производите.

Храната која ја ставате во ладилникот треба да се чува во затворени садови или во соодветна амбалажа за да се избегне попримање или ширење на мирис и влага.

Во ладилникот не чувајте запаливи, под притисок и експлозивни супстанци.

Шишињата со висока содржина на алкохол мора да бидат цврсто затворени и поставени во исправна положба.

Некои органски раствори, етерични масла во кори на лимони, портокали, киселина во путер, итн. Можеда ги оштетат пластичните површини во случај на подолготраен контакт со што се предизвикува оштетување и предвремено стареење на овие материјали.

Непријатниот мирис предупредува за нечистотија на апаратот или расипана храна (види Чистење и одржување на апаратот).

Ако планирате да не престојувате подолго време дома, извадете ги од ладилникот сите намирници кои може брзо да се расипат.

Одбегнувајте контаминација на храната

За да одбегнете контаминација на храната, Ве молиме следете ги следните упатства:

  • Оставањето на вратата отворена подолги периоди може да ја зголеми температурата во фиоките на апаратот.

  • Редовно чистете ги површините кои може да дојдат во контакт со храната и достапниот одводен систем.

  • Свежото месо и рибите чувајте ги во соодветни садови во фрижидерот, за да не дојдат во контакт со другата храна или да не капат врз неа.

  • Доколку планирате да го оставите фрижидерот празен подолго време, исклучете го, одмрзнете го, исчистете го, исушете го и оставете ја вратата отворена, за да не се создава мувла во апаратот.

Замрзнување и чување на замрзната храна

Постапка на замрзнување

Максималната количина на свежа храна која може да ја ставите одеднаш е наведена на натписната таблица со основни податоци. Ако количината на храна која треба да се замрзне ја надмине наведената количина, квалитетот на замрзнување ќе биде лош, а ќе се влоши и квалитетот на храна која веќе била замрзната.

  • Активирајте ја функцијата за интензивно замрзнување 24 часа пред замрзнување на свежата храна:

    • притиснете го копчето C онолку пати колку што е потребно за на екранот да се прикаже C1

  • Тогаш можете да ставите свежа храна во комората на замрзнувачот.

Свежата храна не смее да биде во контакт со храната која е веќе замрзната.

  • При замрзнување на помали количини на храна (1-2 кг), не е потребно активирање на функцијата за интензивно замрзнување.

Важни предупредувања за постапката за замрзнување

Користете го замрзнувачот за замрзнување на храна соодветна за тоа. Секогаш користете квалитетна и свежа храна.

Изберете го најсоодветното пакување за храната ик ористете го истото, соодветно.

Пакувањето не смее да пропушта воздух и вода што бидовело до сушење на содржината и губење на витамините. .

На пакувањето наведете го видот на храната, количината и датумот на замрзнување.

Важно е храната да сезамрзнува брзо. Поради ова, препорачуваме помали паковања. Храната треба да биде оладена пред замрзнување.

Чување на индустриско замрзната храна

  • При чување и користење на замрзната храна, следете ги упатствата на производителот. Температурата и рокот на траење се означени на амбалажата.

  • Избирајте само храна со неоштетена амбалажа, чувана во замрзнувачи на температури под –18 °C.

  • Не купувајте намирници прекриени со мраз бидејќи тоа е знак дека веќе биле одмрзнувани неколку пати што значи дека се со лош квалитет.

  • Заштитете ја храната од одмрзнување за време на транспорт. Во случај на пораст на температурата, времето на чување ќе биде пократко а квалитетот полош.

Период на чување на замрзната храна

Препорачлив период на чување на храната во замрзнувачот

Вид на храна

Time (Време)

овошје, говедско

од 10 до 12месеци

зеленчук, телешко, пилешко

Од 8 до 10месеци

дивеч

од 6 до 8 месеци

Свинско

од 4 до 6 месеци

Мелено месо

4 месеци

леб, печива, готвени јадења, посна риба

3 месеци

Џигери и слично

2 месеци

Димени колбаси, полномасна риба

1 месец

Одмрзнување замрзната храна

  • Одмрзнувањето е важен чекор во складирањето замрзната храна. Храната мора правилно да се одмрзне.

  • Следните се соодветни методи на одмрзнување:

    • во ладилникот,

    • во студена вода,

    • во микробранова или конвекциска печка со соодветна програма за одмрзнување.

  • Одредени замрзнати производи може да се готват без претходно одмрзнување. Тоа е наведено на пакувањето од страна на производителот.

  • Пакувајте ја храната во мали количини. Со тоа се овозможува храната побргу да се одмрзне.

  • Делумно или целосно одмрзнатата храна искористете ја што е можно побргу. Бактериите во одмрзнатата храна се реактивираат и храната бргу се расипува. Ова особено се однесува на овошје, зеленчук и готови јадења.

  • Не замрзнувајте повторно храна која е делумно или целосно одмрзната.

Одмрзнување на апаратот

Автоматско одмрзнување на ладилникот

Нема потреба да го одмрзнувате ладилникот бидејќи мразот на задната страна од внатрешноста на ладилникот се одмрзнува автоматски. Мразот кој се насобира ќе се растопи во периодот на мирување на компресорот во форма на капки кои протекуваат низ отворот во задниот ѕид на ладилникот и се слеваат во сад над компресорот, од каде испаруваат.

Отворот на задниот дел од внатрешноста на ладилникот никогаш не смее да е блокиран од храна или од некој предмет.

Ако е насобран подебел слој на мраз на задниот ѕид од внатрешноста на ладилникот (3-5мм), исклучете го апаратот и одмрзнете го рачно.

Одмрзнување „NoFrost“ ладилник

  • Ладилникот „NoFrost“ се одмрзнува автоматски. Сите слоеви мраз кои може да се создадат од време на време автоматски исчезнуваат.

Чистење на апаратот

Пред да го чистите, исклучете го апаратот од струја - исклучете го апаратот и отстранете ја утичницата од штекер.

  • За чистење на сите површини користете мека крпа. Средствата за чистење кои содржат абразивни средства, киселини или раствори не се соодветни за чистење бидејќи може да ја оштетат површината.

Чистете го надворешниот дел на апаратот со вода или со благ раствор на сапуница.

Алуминиумските и лакираните површини може да се исчистат со млака вода во која може да додадете благо средство за чистење. Дозволено е користење на средства за чистење со ниска содржина на алкохол (на пр. за чистење на стакло). Не користете средства за чистење кои содржат алкохол за чистење на пластични материјали.

Внатрешноста на апаратот може да се чисти со млака вода, во која може да додадете и малку оцет.

  • Не мијте ги деловите од опремата од внатрешноста на апаратот во машина за миење на садови бидејќи може да се оштетат.

  • Наслагите од мраз или лед, со 3-5 мм дебелина, ја зголемуваат потрошувачката на енергија. Поради ова, тие треба да се отстрануваат редовно (не се однесува на NO FROST замрзнувачите). Не користете остри предмети, раствори или спрејови.

  • По чистењето, повторно вклучете го апаратот и ставете ја храната назад.

Решавање проблеми

Проблем:

Причина и решение:

Апаратот е приклучен во струја но не работи:

  • Проверете дали ѕидниот утикач е под напон и дека апаратот е вклучен.

Системот за ладење подолго време работи непрекинато:

  • Превисока температура на средината.

  • Пречесто или предолго отворање на вратата.

  • Неправилно затворена врата (можни нечистотии помеѓу вратите, обесена врат, оштетен заптивач, итн).

  • Премногу свежа храна ставена наеднаш.

  • Сензорот во фрижидерот е блокиран од свежа храна. Дозволете воздух да циркулира околу сензорот (достапен само кај одредени модели).

Прекумерно собирање на мраз на задниот дел од ладилникот може да биде резултат на:

  • Пречесто или предолго отворање на вратата.

  • Топла храна е ставена во ладилникот.

  • Храната или садовите се во допир со задниот внатрешен ѕид од ладилникот.

  • Лошо дихтување на вратата.

  • Ако затворачот е нечист или оштетен, исчистете го или заменете го.

Таложење мраз во внатрешноста на замрзнувачот:

  • Вратата се држи отворена предолго или пречесто.

  • Вратата не е правилно затворена.

  • Вратата не се затвора убаво (гумата е валкана, вратата не е правилно израмнета, гумата е оштетена, итн.).

  • Одмрзнете го апаратот рачно.

Кондензирање на полицата над фиоките:

  • Ова е привремена појава која не може целосно да се избегне во периодите на високи температури и влажност на надворешната средина. Појавата сама исчезнува кога ќе се нормализираат температурите и влажноста. Ние препорачуваме чистење на фиоките што почесто и повремено бришење на капките од кондензирањето.

  • Отворете го регулаторот за влажност.

  • Храната ставете ја во ќеси или друга амбалажа која не пропушта воздух.

Капки вода на задниот ѕид на ладилникот.

  • Ова е нормално. Ладилникот се одмрзнува автоматски, што резултира со капки вода кои истекуваат низ отвор во задниот ѕид на ладилникот во сад над компресорот, од кои испаруваат.

Тече вода од ладилникот:

  • Запушен отвор за вода или одмрзната вода која капе покрај каналот за вода.

  • Исчистете го запушениот отвор на пример со користење на пластична цевка

  • Ако се насобере дебел слој на мраз, одмрзнете го апаратот рачно (види Одмрзнување на апаратот).

Вратата тешко се отвора:

  • Ако се обидувате да ја отворите вратата од замрзнувачот само што сте ја затвориле, може да имате потешкотии. При отворање на вратата излегува ладен воздух од апаратот и сез аменува со топол воздух од надвор. Со ладење на овој воздух, се создава негативен притисок што предизвикува проблеми доколку се обидете да јаотворите вратата. По неколку минути состојбата е нормализирана и вратата може повторно лесно да се отвори.

Страните на апаратот се топли:

  • Ова е нормално. Во страните на апаратот се вградени метални и гумени цевки, кои се загреваат во текот на работата на апаратот.

ЛЕД осветлувањето не работи:

  • Ако ЛЕД осветлувањето не работи, повикајте сервисер.

  • Не обидувајте се самостојно да го поправате ЛЕД осветлувањето бидејќи постои опасност од висок напон!

На екранот се појавува симболот HI:

  • Пречесто или предолго отворање на вратата.

  • Неправилно затворена врата (можни нечистотии помеѓу вратите, обесена врат, оштетен заптивач, итн).

  • Продолжен прекин на електрична енергија.

  • Премногу свежа храна ставена наеднаш.

На екранот се појавува симболот PF:

  • Продолжен прекин на електрична енергија.

На екранот се појавува ознаката E0 или E8:

  • Сензорските копчиња не реагираат. Повикајте сервисен центар.

  • Се додека апаратот не биде поправен од страна на сервисен техничар, ќе работи во безбеден режим. Апаратот автоматски ја запаметува најсоодветната температура за секој дел.

На екранот се појавува ознаката E1 или E2:

  • Грешка или дефект на температурниот сензор. Повикајте сервисен центар да го поправи дефектот. Се додека апаратот не биде поправен од страна на сервисен техничар, ќе работи во безбеден режим. Апаратот автоматски ја запаметува најсоодветната температура за секој дел.

На екранот се појавува ознаката E3 или Е4:

  • Дефект на вентилаторот во ладилникот. Повикајте сервисна служба да ја изврши поправката. Апаратот не може нормално да работи. Префрлете ја храната на ладно место и исклучете го апаратот.

На екранот се појавува симболот E6:

  • Дефект на сензорот на испарувачот. Повикајте сервисер да го реши проблемот. Апаратот ќе работи во безбеден режим сè додека не го поправи сервисер. Апаратот автоматски ќе ја одржува најсоодветната температура за секоја комора.

На екранот се појавува симболот E7:

  • Сензорот за амбиентална температура не функционира. Повикајте сервисер да го реши проблемот. Апаратот ќе работи во безбеден режим сè додека не го поправи сервисер. Апаратот автоматски ќе ја одржува најсоодветната температура за секоја комора.

На екранот се појавува симболот E9:

  • Вратата била оставен отворена предолго. Затворете ја.

  • Доколку вратата не е отворена, или доколку се' уште се прикажува Е9 10 минути откако сте ја затвориле вратата, тогаш има дефект кај сензорот на вратата. Повикајте го сервисниот центар да изврши поправки. Апаратот ќе работи во безбеден режим се' додека не се поправи. Апаратот автоматски ќе ја одржува најсоодветната температура за секоја преграда.

Ако ниту еден од горните совети не го реши вашиот проблем, повикајте го овластениот сервисен центар и наведете го типот, моделот, и серискиот број назначен на натписната таблица со основни податоци или ознаката која се наоѓа во внатрешноста на апаратот.

Информации за бучавата на апаратот

Ладењето во разладните апарати е овозможено со помош на систем за ладење кој исто така вклучува компресор ( и вентилатор кај одредени модели), што предизвикува одредена бучава. Степенот на бучава зависи од поставувањето, соодветно користење, и староста на апаратот.

  • По вклучување на апаратот на електричната мрежа, работата на компресорот, односно звукот на течност за ладење за време на работата на компресорот може да се зголеми. Ова не е знак за дефект и нема влијание врз векот на користење на апаратот. По одредено време, звукот на работата на апаратот и бучавата ќе се намалат.

  • Понекогаш, невообичаени или погласни шумови може да се чујат за време на работата на апаратот, и тие најчесто се резултат на несоодветно поставување на апаратот:

    • Апаратот мора да е поставен на рамна подлога и стабилно да стои на тврда подлога.

    • Апаратот не смее да биде во допир со ѕидот или со соседните елементи.

    • Проверете дали внатрешната опрема е поставена односно стои цврсто на свое место и дали бучавата не е предизвикана од ѕвечкање на лименки, шишиња или други садови поставено еден до друг.

  • Поради поголем обем на работа на системот за ладење кога вратата е отворана почесто или подолго време, кога се става поголема количина на свежа храна или се активирани функциите на интензивно ладење или замрзнување, апаратот може привремено да произведува поголема бучава.

Ваши белешки

895594