УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

НА ФРИЖИДЕР СО ЗАМРЗНУВАЧ

Важни безбедносни предупредувања

Општи информации и совети

Благодариме за довербата кон нас и што го купивте овој апарат кој е наменет да ви го поедностави животот. Ова упатство за употреба е наменето да ви го олесни користењето на производот. Упатството треба да ви помогне да го научите вашиот нов апарат што е можно побрзо.

Се надеваме дека со задоволство ќе го користите овој апарат.

Ве молиме посетете ја нашата веб страница каде можете да го внесете бројот на моделот на вашиот апарат, назначен на натписната таблица или гарантниот лист за да најдете детални информации за вашиот апарат, совети за употреба, решавање на проблеми, информации за сервиси, упатствата за употреба и слично.

INTERNEThttp://www.gorenje.com

Апаратот е наменет само за употреба во домаќинството.

Ладилникот е наменет за чување на свежа храна на температури над 0°C.

Замрзнувачот е наменет за замрзнување на свежа храна и за долгорочно чување на замрзната храна (до една година во зависност од типот на храната).

Следниве симболи се користат во упатството за употреба и го имаат следново значење:

Информации, совет, помош или препорака

Предупредување за општа опасност

Предупредување за опасност од електричен удар

Предупредување за опасност од пожар

Важни предупредувања

Пред прва употреба на апаратот

Пред приклучување на апаратот на електричната мрежа, неопходно е внимателно да ги прочитате упатствата за употреба кои го опишуваат апаратот и неговата правилна и безбедна употреба. Упатствата се однесуваат на неколку типа/модели на апарати и поради ова опремата или подесувањата кои се опишани овде, може да не се дел од вашиот апарат. Ние препорачуваме да ги зачувате овие упатства за употреба или да ги прикачите како составен дел од вашиот апарат во случај да го продавате во иднина.

Проверете го апаратот да не е оштетен или да нема одредени неправилности. Во случај да забележите оштетување на апаратот, известете го продажното место од кое сте го купиле апаратот.

Пред да го приклучите апаратот на електричната мрежа, оставете го апаратот во вертикална позиција минимум 2 часа. Ова ќе ја намали можноста за неправилности во работата како резултат на влијанието на транспортот врз системот за ладење.

Важни безбедносни упатства

ВНИМАНИЕ! Ризик од пожар/запаливи материјали.

Апаратот мора да се приклучи на електричната мрежа и да се заземји во сообразност со важечките стандарди и прописи.

ВНИМАНИЕ! Не ставајте продолжни кабли со повеќе штекери или преносни извори на струја зад апаратот.

Пред чистење на апаратот, исклучете го од електричната мрежа (извадете го приклучниот кабел од приклучницата).

Ако главниот кабел за напојување е оштетен, мора да се замени од страна на производителот, негов сервисер или слично стручно квалификувано лице со цел да се избегнат несреќи.

ВНИМАНИЕ! Кога го местите апаратот на неговото место, проверете да не е приклештен или оштетен струјниот кабел.

Ако не работи ЛЕД осветлувањето, повикајте сервисер. Не обидувајте се сами да го поправите ЛЕД осветлувањето бидејќи постои опасност од висок напон!

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Не користете електрични уреди во внатрешноста на апаратот освен оние кои се дозволени од производителот на овој апарат за ладење.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Не користете механички уреди или други средства за процесот на одмрзнување различни од препорачаните од производителот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да избегнете опасност која може да настане од лоша стабилност на апаратот, проверете дали е наместен согласно упатствата.

Опасност од замрзнување

Никогаш не јадете замрзната храна и избегнувајте да допирате замрзната храна бидејќи може да предизвика премрзнување.

Безбедност на деца и лица од ранливи категории

Апаратот не е наменет за користење од страна на лица (вклучително и деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности или без искуство или знаење, освен доколку не се под надзор или не им се дадени упатства во врска со користењето на апаратот од страна на лице одговорно за нивната безбедност.

Децата треба да се под надзор, за да не си играат со апаратот.

Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не смеат да го вршат деца без надзор.

Отстранете ја амбалажата која е наменета за заштита на апаратот или одредени делови за време на транспортот и држете ја подалеку од дофат на деца. Тоа претставува опасност од повреда или задушување.

Кога исфрлате користен апарат, исклучете го струјниот кабел, извадете ја вратата и оставете ги полиците во апаратот. Со тоа се спречува деца да се заклучат во апаратот.

Само за европските пазари

Овој апарат може да го користат деца на возраст од 8 години и повеќе, како и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или без искуство или знаење, под услов да се под надзор или да им се дадени упатства во врска со користењето на апаратот на безбеден начин и да се свесни за можните опасности.

Деца не смеат да си играат со апаратот.

Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не смеат да го вршат деца без надзор.

Деца на возраст од 3 до 8 години смеат да ставаат и да вадат работи од фрижидерот.

Предупредување во однос на средството за ладење

Апаратот содржи мала количина на запалив гас R600a кој не е штетен за околината. Проверете да не постои оштетување на делови од системот за ладење. Протекувањето на гасот не е опасно за животната средина, но сепак може да предизвика повреда на окото или пожар.

Во случај на протекување на гасот, темелно проветрете ја просторијата, исклучете го апаратот од довод на енергија, и повикајте сервисер.

Важни информации за употреба на овој апарат

ВНИМАНИЕ! Овој апарат е наменет за употреба во домаќинствата и за слични намени, како следните:

  • во кујни за вработените во продавници, канцеларии и други работни средини

  • во куќи на фарми и од страна на клиенти во хотели, мотели и други видови сместувачки објекти;

  • сместувачки капацитети со ноќевање и појадок;

  • за кетеринг и за слични објекти кои не се малопродажни.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Отворите за вентилација на апаратот односно вградениот елемент мора постојано да бидат чисти и проодни.

Овој апарат не смее да се користи надвор и не смее да биде изложен на дожд.

Во овој апарат не смеете да складирате експлозивни предмети како што се аеросолни лименки со запалив потисен гас.

Ако немате намера да го користите апаратот подолго време, најпрвин исклучете го со користење на релевантното копче, а потоа исклучете го доводот на електричната енергија во апаратот. Испразнете го апаратот, одмрзнете го, исчистете го и оставете ја вратата од апаратот притворена.

Во случај на неправилно работење или прекин на доводотна електрична енергија не отворајте го просторот за замрзнување освен ако замрзнувачот не работи повеќе од 16 часа. По овој период, употребете ја замрзнатата храна или обезбедете доволно ладење ( на пр. Апарат за замена).

Технички податоци за апаратот

Натписната таблица со основни податоци може да се најде во внатрешноста на апаратот. Таа содржи податоци за напонот, бруто и нето волумен, вид и количина на средството за ладење, и информациите за климатски класи.

Ако јазикот на натписната таблица не одговара на вашиот јазик, заменете ја со приложената.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Не оштетувајте го електричното коло во фрижидерот. Ова исто така може да го спречи загадувањето.

Заштита на животна средина

Амбалажата е направена од еколошки материјали кои може да се рециклираат, депонираат или уништат без опасност од загадување на животната средина.

Одлагање на дотраен апарат

За заштита на животната средина, предаде го дотраениот апарат на овластен собирен центар/пунк за управување со отпад.

Пред тоа, направете го следново:

  • Исклучете го апаратот од главното напојување,

  • Не дозволувајте деца да си играат со апаратот.

kanta1_FACE_LIFT Симболот на производот или на неговата амбалажа означува дека со тој производ не смее да се постапува како со отпад од домаќинството. Наместо тоа, производот треба да се предаде на овластен собирен центар/пункт за рециклирање на електронска и електрична опрема. Правилното одлагање на производот ќе ги спречи потенцијалните негативни последици врз животната средина и здравјето на луѓето, кои може да настанат како последица од несоодветно управување со отпадот од овој производ. Задобивање на детални информации за постапката на отстранување и управување со отпадот на овој производ, ве молиме контактирајте го соодветното надлежно општинско тело за управување с оотпад, службата за собирање на кујнски отпад или со продавницата во која сте го купиле овој производ.

Совети за штедење на електрична енергија кај апарати за ладење

  • Вградете го апаратот согласно упатствата за употреба дадени овде.

  • Не отворајте ја вратата повеќе од она што е неопходно.

  • Повремено проверете дали е овозможено циркулирање на воздухот зад апаратот.

  • Ако е оштетен затворачот или од некоја причина не затвора целосно, потребно е што побргу да го замените со нов.

  • Складирајте ја храната во цврсто затворени садови или друга соодветна амбалажа.

  • Пред да ја ставите храната во фрижидерот оставете ја да се олади до собна температура.

  • Замрзнатата храна може да ја одмрзнувате во просторот за ладење.

  • За да ја искористите максималната површина на замрзнувачот, извадете некои од фиоките на начин опишан во упатството.

  • Одмрзнете го конвенционалниот замрзнувач кога ќе се насобере 3-5 милиметри слој од мраз на површината од замрзнувачот.

  • Проверете дали поставеноста на полиците е со подеднакво растојание и дали храната е поставена на начин кој овозможува слободно циркулирање на воздухот во внатрешноста на апаратот (следете ја препорачаната поставеност на храната која е опишано во упатствата).

  • Кај апаратите кои се опремени со вентилатор, не ги блокирајте отворите односно вентилите на вентилаторот.

  • Ако немате потреба од вентилаторот или јонизаторот, исклучете ги за да ја намалите потрошувачката на енергија.

Инсталација и приклучување

Избирањена просторија

  • Поставете го апаратот во сува просторија во која има добра вентилација. Апаратот работи правилно ако температурата на просторијата е во интервалот претставен во табелата. Класата на апаратот е наведена на таблицата за основни податоци со основни информации за апаратот.

    Опис

    Класа

    Опсег на амбиентална температура во °C

    Релативна влажност

    Продолжено умерена

    SN

    +10 до +32

    ≤75%

    Умерена

    N

    +16 до +32

    Суптропска

    ST

    +16 до +38

    Тропска

    T

    +16 до +43

    Овој апарат не е наменет да се користи како вграден апарат.

    Не поставувајте го апаратот во просторија каде температурата може да опадне до под 5 °C бидејќи ова може да предизвика неправилно работење на апаратот или негов дефект!

  • По поставувањето, приклучокот на апаратот за електричната мрежа треба да биде лесно пристапен!

  • Не поставувајте го апаратот во близина на други апарати или уреди кои зрачат топлина како на пример шпорет, печка, радијатор, чајник, и слично., и не изложувајте го на директна сончева светлина. Апаратот треба да биде поставен на најмалку 30 см., подалеку од нафтена печка или печка на цврсти горива. Ако растојанието помеѓу ваквиот извор на топлина и апаратот е помало, потребно е да вградите плоча за изолација.

Белешка: Поставете го апаратот во доволно голема просторија. Треба да има најмалку 1 m3 растојание на секои 8 грама средство за ладење. Количината на средство за ладење е наведена на натписната плоча во внатрешноста на апаратот.

Поставување на апаратот

Апаратот треба да го инсталираат најмалку две лица, за да се избегне евентуална повреда на некое лице или оштетување на апаратот.

  • Апаратот мора да стои на рамно или малку навален наназад. Треба да биде стабилен и поставен на цврста основа. На предниот дел, апаратот има две прилагодливи ногарки, кои може да се користат за да се израмни апаратот. Тркалцата на задната страна овозможуваат полесна инсталација на апаратот (само кај некои модели).

POSTAVITEV_APARATA_RAHLO_NAZAJ

  • Откако ќе го израмните апаратот со помош на прилагодливите ногарки, прилагодете ја дополнителната ногарка заради дополнителна стабилност на апаратот.

  • Не изложувајте го апаратот на директна сончева светлина и не поставувајте го во близина на извори на топлина. Ако тоа не може да се избегне, поставете изолационен панел.

SLIKA_KONZOLA_PROTI_PREVRNITVI

Бидејќи апаратот со полно натоварена врата, при отворање, може да се навали напред, потребно е да се заштити со конзола против превртување. Во ѕидот зад апаратот издупчите 2 дупки Ø 8 mm, на височина 57 и 117 mm од подот, и 50 mm од левата страница на апаратот, гледано од предната страна. Ставите две ѕидни влошки и со завртки прицврстите ја конзолата. Притисните го апаратот кон ѕидот, така да конзолата достигнува над носачот на компресорот.

  • Апаратот може да се постави самостојно или до креденец, кујнски елемент или ѕид. Доколку го поставите до креденец, кујнски елемент или ѕид, може да се зголеми неговата потрошувачка на енергија.

  • Мора да има простор од најмалку 50 мм помеѓу апаратот и кујнскиот елемент над него. За да се овозможи соодветна вентилација и ладење на апаратот, мора да има доволно простор и зад апаратот (погледнете го дијаграмот за поставување).

  • Земете го предвид просторот, односно лакот потребен за отворање на вратата на апаратот, за да се овозможи целосно извлекување и вадење на фиоките и полиците (погледнете го дијаграмот за поставување).

SLIKA_POSTAVITEV_APARATA_ENOVRATNI_OT

Приклучување на апаратот

VTICNICA

  • Приклучете го апаратот на електричната мрежа со користење на приклучен кабел. Ѕидната приклучница мора да биде заземјена (безбедносна приклучница). Номиналниот напон и фреквенцијата се наведени во таблицата со основни податоци за апаратот.

  • Апаратот мора да се приклучи на електричната мрежа и заземјен во сообразност со важечките стандарди и прописи. Апаратот издржува краткотрајни отстапувања од номиналниот напон, но не повеќе од +/-6%.

Менување на насоката на отворање на вратата

Насоката кон која се отвораат вратите не може да се промени кај овој апарат.

Опис на апаратот

Опремата во внатрешноста на апаратот може да се промени во согласност со моделот на апаратот.

SLIKA_APARATA_COOLER_4Z_FS600-22_OT

А Замрзнувач

B Фрижидер

  1. Контролна табла

  2. Стаклени полици

  3. Отвор за одводнување

  4. FreshZone фиока*

  5. Корпа за овошје и зеленчук со контрола за влага (CrispZone)*

  6. Полици на вратата

  7. Полици за шишиња

  8. Ногарки

*Само кај некои модели

  • Фиоките се опремени со систем кој не дозволува ненамерно да се извлечат. За да извадите фиока од апаратот, извлечете ја до каде што може и потоа поткренете го предниот дел и извлечете ја сосема.

Ракување со апаратот

SLIKA_UI_FS600-22_HS-HTS_ESS

Копче за вклучување/исклучување на апаратот и за избирање на температурата

Вклучување/исклучување на апаратот

SLIKA_UI_FS600-22_HS-HTS_ESS_ECO

За да го вклучите апаратот, завртете го тркалцето надесно и изберете поставка од 1 до 7.

SLIKA_UI_FS600-22_HS-HTS_ESS_IZKLOP

За да го исклучите апаратот, завртете го тркалцето до позиција 0 (предупредување: апаратот и натаму е вклучен во струја).

Менување на температурата

Кога апаратот ќе се вклучи, може да бидат потребни неколку часа додека да се постигне зададената температура. Не ставајте храна во апаратот пред температурата да се спушти до одбраната вредност.

SLIKA_UI_FS600-22_HS-HTS_ESS_ECO

  • За да ја поставите саканата температура, завртете го тркалцето А налево или надесно, за да ја изберете саканата поставка.

  • Препорачано дотерување на копчето на термостатот A е на положба eco.

  • Промената на амбиенталната температура ќе влијае на температурата во апаратот. Прилагодете ја температурата со користење на тркалцето A . Поставките поблизу до 7 соодветствуваат на пониска температура во апаратот (поладно), додека поставките поблизу до 1 соодветствуваат на повисока температура (потопло).

Доколку температурата во просторијата каде што е поставен апаратот е под 16° C, се препорачува да го свртите тркалцето А приближно на 6.

Доколку го поставите тркалцето на 7, постои можност температурата во делот на фрижидерот да се спушти под 0° С.

Функција на интензивно замрзнување (Длабоко замрзнување)

  • Активирајте ја оваа функција пред првото вклучување на апаратот, пред чистење или 24 часа пред да ставите голема количина храна.

SLIKA_UI_FS600-22_HS-HTS_ESS_ZVEZDICA

Вклучување интензивно замрзнување: Копчето A заврти те го во положбаSLIKA_SIMBOL_ZVEZDICA.

Кога ќе се активира функцијата на длабоко замрзнување, температурата може да е пониска од температурата на ладилникот и од просторот за замрзнување.

По завршено интензивно замрзнување завртите го копчето A назад на сакана вредност.

Доколку рачно не ја деактивирате функцијата, истата ќе се деактивира автоматски по приближно два дена. Температурата ќе се врати на последната поставка (позицијата на тркалцето ќе остане наSLIKA_SIMBOL_ZVEZDICA).

Опрема за внатрешноста на ладилникот

(*Опремата зависи од моделот)

Полица

SLIKA_FS600-22_IZVLEK_POLICE

Празните полици може да ги поставите по желба на држачите во внатрешноста на ладилникот, без да мора да ги вадите од ладилникот. За да преместите полица или да ја извадите од ладилникот, малку поткренете го задниот дел, повлечете ја кон себе и потоа или преместете ја или извадете ја од апаратот. Храната што бргу се расипува сместете ја на задниот дел од полицата, каде што температурата е најниска.

Корпа за овошје и зеленчук со контрола за влага (CrispZone)*

  • Најдолната фиока на фрижидерот е наменета за овошје и зеленчук. Таа овозможува влага и спречува да се исуши храната. Фиоката има вграден регулатор за влажност кој овозможува да се постави нивото на влажност.

SLIKA_REGULACIJA_VLAGE_ZAPRTE_REGE

Позиција на лизгачот кон десно: затворени отвори, повисока влажност во фиоката.

SLIKA_REGULACIJA_VLAGE_ODPRTE_REGE

Позиција на лизгачот кон лево: отворени отвори, повисока влажност во фиоката.

Доколку забележите како се собираат капки под стаклената полица, отворете ги отворите и пребришете ја полицата (погледнете го поглавјето ОТКРИВАЊЕ И РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ).

SLIKA_IZVLEK_PREDALA

  • Извлекување на корпата:

    • Извлечете ја корпата до крај. Потоа, подигнете го горниот дел од корпата и излечете ја целосно.

FreshZone фиока*

(Само кај некои модели)

Фиоката FreshZone овозможува чување на широк спектар на свежа храна до трипати подолго од споредба со нормален ладилник. Храната останува свежа подолго време задржувајќи го вкусот и хранливите состојки. Температурата во оваа фиока зависи од вредностите на температурата во делот на ладилникот, температурата на средина, честотата на отворање на вратата и количината на храна во ладилникот.

За температура од околу 0°Cво FreshZone фиоката, ние препорачуваме регулирање на температурата во ладилникот на пониска од 4°C.Температурата во фиоката FreshZone може да опадне до 0 °C; поради ова, преместете ја храната која е чувствителна на замрзнување на горните делови од ладилникот.

За оптимална работа, фиоката треба да биде целосно затворена.

  • Кога купувате храна, проверете дали е свежа бидејќи од тоа зависи квалитетот на храната како и трајноста.

  • Храната чувајте ја во затворени садови или соодветна амбалажа за да спречите попримање или ширење на миризби.

  • Приближно 30-60 минути пред употребата извадете ја храната од фиоката за да се развијат мирисот и вкусот на собна температура.

  • Храната која е чувствителна на ниска температура и не е соодветна за чување во FreshZone фиоката ги вклучува следниве намирници: ананас, авокадо, банани, маслинки, компири, модар патлиџан, краставици, грав, пиперки, дињи, лубеници, тикви,тиквички, итн).

SLIKA_IZVLEK_PREDALA_ESS

  • Да ја отстраните фиоката:

    • Извлечете ја фиоката се додека не осетите притисок- блокада.

    • Подигнете ја на предниот дел и извлечете ја до крај.

Полици на вратата

SLIKA_FS600-22_POLICE_VRAT

Внатрешната страна од вратата на ладилникот е опремена со полици наменети за чување на сирење, путер, јајца, јогурт и други помали амбалажи, туби, лименки, итн.

Полиците може да ги поставите по желба, така што малку ќе ги поткренете од држачите и ќе ги преместите на саканото место, при што треба добро да се наместат на држачите.

Долната полица служи за чување шишиња.

Максимална носивост на полицата на секоја врата е 5 kg.

MultiBox –Корпа за складирање*

  • MultiBox корпата е погодна за чување на храна која има јак или карактеристичен мирис, на пример сино сирење, свежи салами, кромид, путер, итн.

  • Силиконскиот капак обезбедува заптивач кој не пропушта воздух и со тоа спречува сушење на храната и ширење на миризбата низ просторот за ладење.

  • Силиконскиот капак исто така може да се користи како сад за чување на јајца или сад за мраз.

  • Ако флексибилниот капак се користи како сад за чување на јаца, поставете го директно на дното од корпата на вратата и користете го долниот отворен дел од MultiBox корпата за чување на храна која е пакувана во помала амбалажа – паштети, џемови, помали туби, итн.

multibox

Вентилатор (DynamicAir)*

  • Вентилаторот се поставува под горниот дел од просторот за ладење и врши контрола дали температурата се распределува подеднакво и со тоа ја намалува кондензацијата на површините за складирање на храна.

Вклучување/Исклучување на вентилаторот:

Вклучено = simbol_ventilator Исклучено= 0

SLIKA_FS600-22_DYNAMICAIR+STIKALO

Кога е вклучен вентилаторот, ќе се појави црвена точка на прекинувачот.

Препорачана распределба на храната во апаратот

Делови во просторот на ладилникот:

  • Горен дел: конзервирана храна, леб, вино, печива, итн.

  • Среден дел: млечни производи, готови оброци, десерти, безалкохолни пијалаци, пиво, готвена храна, итн.

  • долен дел: месо, месни производи, деликатеси, итн.

  • корпа за овошје и зеленчук: свежо овошје, зеленчук, салати, коренест зеленчук, компири, кромид, лук, домати, кисела зелка, репи, итн.

PORAZDELITEV_ŽIVIL_COOLER_4Z_ESS

Предел на вратата од ладилникот:

  • горен/среден предел од вратата: јајца, путер, сирење, итн.

  • долен предел од вратата: пијалаци, конзерви, шишиња, итн.

Не чувајте овошје (банани, ананас, папаја, цитрусно овошје) и зеленчук (тиквички, модар патлиџан, краставици, пипер, домати и компири) поради чувствителноста на ниски температури во ладилникот.

Делови од замрзнувачот:

  • замрзнување, чување на замрзната храна (види Поглавје Замрзнување и чување на замрзната храна).

Не чувајте го следново во замрзнувачот: зелена салата, јајца, јаболка, круши, грозје, праски, јогурт, павлака и мајонез.

Чување на храна во ладилникот

Важни предупредувања во однос на чувањето на храната

Правилната употреба на апаратот, соодветното пакување на намирниците, одржувањето на соодветна температура и почитување на основните стандарди за хигиена на храната, имаат одлучувачка улога врз квалитетот на одржувањето на храната.

Придржувајте се до рокот на траење на храната кој е означен на амбалажата на производите.

Храната која ја ставате во ладилникот треба да се чува во затворени садови или во соодветна амбалажа за да се избегне попримање или ширење на мирис и влага.

Во ладилникот не чувајте запаливи, под притисок и експлозивни супстанци.

Шишињата со висока содржина на алкохол мора да бидат цврсто затворени и поставени во исправна положба.

Некои органски раствори, етерични масла во кори на лимони, портокали, киселина во путер, итн. Можеда ги оштетат пластичните површини во случај на подолготраен контакт со што се предизвикува оштетување и предвремено стареење на овие материјали.

Непријатниот мирис предупредува за нечистотија на апаратот или расипана храна (види Чистење и одржување на апаратот).

Ако планирате да не престојувате подолго време дома, извадете ги од ладилникот сите намирници кои може брзо да се расипат.

Одбегнувајте контаминација на храната

За да одбегнете контаминација на храната, Ве молиме следете ги следните упатства:

  • Оставањето на вратата отворена подолги периоди може да ја зголеми температурата во фиоките на апаратот.

  • Редовно чистете ги површините кои може да дојдат во контакт со храната и достапниот одводен систем.

  • Свежото месо и рибите чувајте ги во соодветни садови во фрижидерот, за да не дојдат во контакт со другата храна или да не капат врз неа.

  • Доколку планирате да го оставите фрижидерот празен подолго време, исклучете го, одмрзнете го, исчистете го, исушете го и оставете ја вратата отворена, за да не се создава мувла во апаратот.

Замрзнување и чување на замрзната храна

Постапка на замрзнување

Максималната количина на свежа храна која може да ја ставите одеднаш е наведена на натписната таблица со основни податоци. Ако количината на храна која треба да се замрзне ја надмине наведената количина, квалитетот на замрзнување ќе биде лош, а ќе се влоши и квалитетот на храна која веќе била замрзната.

  • Активирајте ја функцијата за интензивно замрзнување 24 часа пред замрзнување на свежата храна:

    • Свртете го тркалцето A на позицијатаSLIKA_SIMBOL_ZVEZDICA.

Свежата храна не смее да биде во контакт со храната која е веќе замрзната.

  • При замрзнување на помали количини на храна (1-2 кг), не е потребно активирање на функцијата за интензивно замрзнување.

  • По завршеното замрзнување завртите го кочето A назад на сакано дотерување.

Важни предупредувања за постапката за замрзнување

Користете го замрзнувачот за замрзнување на храна соодветна за тоа. Секогаш користете квалитетна и свежа храна.

Изберете го најсоодветното пакување за храната ик ористете го истото, соодветно.

Пакувањето не смее да пропушта воздух и вода што бидовело до сушење на содржината и губење на витамините. .

На пакувањето наведете го видот на храната, количината и датумот на замрзнување.

Важно е храната да сезамрзнува брзо. Поради ова, препорачуваме помали паковања. Храната треба да биде оладена пред замрзнување.

Чување на индустриско замрзната храна

  • При чување и користење на замрзната храна, следете ги упатствата на производителот. Температурата и рокот на траење се означени на амбалажата.

  • Избирајте само храна со неоштетена амбалажа, чувана во замрзнувачи на температури под –18 °C.

  • Не купувајте намирници прекриени со мраз бидејќи тоа е знак дека веќе биле одмрзнувани неколку пати што значи дека се со лош квалитет.

  • Заштитете ја храната од одмрзнување за време на транспорт. Во случај на пораст на температурата, времето на чување ќе биде пократко а квалитетот полош.

Период на чување на замрзната храна

Препорачлив период на чување на храната во замрзнувачот

Вид на храна

Time (Време)

овошје, говедско

од 10 до 12месеци

зеленчук, телешко, пилешко

Од 8 до 10месеци

дивеч

од 6 до 8 месеци

Свинско

од 4 до 6 месеци

Мелено месо

4 месеци

леб, печива, готвени јадења, посна риба

3 месеци

Џигери и слично

2 месеци

Димени колбаси, полномасна риба

1 месец

Одмрзнување замрзната храна

  • Одмрзнувањето е важен чекор во складирањето замрзната храна. Храната мора правилно да се одмрзне.

  • Следните се соодветни методи на одмрзнување:

    • во ладилникот,

    • во студена вода,

    • во микробранова или конвекциска печка со соодветна програма за одмрзнување.

  • Одредени замрзнати производи може да се готват без претходно одмрзнување. Тоа е наведено на пакувањето од страна на производителот.

  • Пакувајте ја храната во мали количини. Со тоа се овозможува храната побргу да се одмрзне.

  • Делумно или целосно одмрзнатата храна искористете ја што е можно побргу. Бактериите во одмрзнатата храна се реактивираат и храната бргу се расипува. Ова особено се однесува на овошје, зеленчук и готови јадења.

  • Не замрзнувајте повторно храна која е делумно или целосно одмрзната.

Одмрзнување на апаратот

Автоматско одмрзнување на ладилникот

Нема потреба да го одмрзнувате ладилникот бидејќи мразот на задната страна од внатрешноста на ладилникот се одмрзнува автоматски. Мразот кој се насобира ќе се растопи во периодот на мирување на компресорот во форма на капки кои протекуваат низ отворот во задниот ѕид на ладилникот и се слеваат во сад над компресорот, од каде испаруваат.

Отворот на задниот дел од внатрешноста на ладилникот никогаш не смее да е блокиран од храна или од некој предмет.

Ако е насобран подебел слој на мраз на задниот ѕид од внатрешноста на ладилникот (3-5мм), исклучете го апаратот и одмрзнете го рачно.

Одмрзнување на класичен замрзнувач

  • Замрзнувачот одмрзнете го кога ќе се насобере 3-5 мм слој на мраз или лед.

  • 24 часа пред одмрзнувањето, активирајте ја функцијата за интензивно одмрзнување за дополнително да ја оладите храната во апаратот (види Постапка за одмрзнување).

По овој период, извадете ја храната од замрзнувачот и заштитете ја од одмрзнување.

  • Исклучете го апаратот (види поглавје Исклучување/Вклучување на апаратот) и извадете го приклучниот кабел од приклучницата.

  • Не користете нож или други остри предмети за да го отстраните мразот бидејќи може да го оштетите системот на ладење.

  • Да го забрзате процесот на одмрзнување, поставете сад со топла вода на стаклената полица.

  • Исчистете и исушете го внатрешниот дел од апаратот (види поглавје Чистење на апаратот).

Чистење на апаратот

Пред чистење, прекинете го доводот на струја во апаратот - исклучете го апаратот (види поглавје Исклучување/Вклучување на апаратот) и извадете го струјниот кабел од штекерот.

  • За чистење на сите површини користете мека крпа. Средствата за чистење кои содржат абразивни средства, киселини или раствори не се соодветни за чистење бидејќи може да ја оштетат површината.

Чистете го надворешниот дел на апаратот со вода или со благ раствор на сапуница.

Алуминиумските и лакираните површини може да се исчистат со млака вода во која може да додадете благо средство за чистење. Дозволено е користење на средства за чистење со ниска содржина на алкохол (на пр. за чистење на стакло). Не користете средства за чистење кои содржат алкохол за чистење на пластични материјали.

Внатрешноста на апаратот може да се чисти со млака вода, во која може да додадете и малку оцет.

  • Не мијте ги деловите од опремата од внатрешноста на апаратот во машина за миење на садови бидејќи може да се оштетат.

SLIKA_CUSCENJE_ODPRTINE

  • Канал и отвор за одлевање на водата од наслагите од мраз кои се одмрзнуваат, се наоѓаат под плочата за ладење која го лади внатрешниот дел на ладилникот. Каналот и отворот не смеат да бидат затнати. Проверувајте ги често и доколку е потребно исчистете ги (на пр. со пластична цевка).

  • Наслагите од мраз или лед, со 3-5 мм дебелина, ја зголемуваат потрошувачката на енергија. Поради ова, тие треба да се отстрануваат редовно (не се однесува на NO FROST замрзнувачите). Не користете остри предмети, раствори или спрејови.

  • Кондензаторот, кој се наоѓа до компресорот во задниот дел на апаратот (само кај некои модели), мора да се одржува во чиста состојба, без прашина или други нечистотии. Чистете го повремено со мека неметална четка или со правосмукалка.

  • По чистењето, повторно вклучете го апаратот и ставете ја храната назад.

Решавање проблеми

Проблем:

Причина и решение:

Апаратот е приклучен во струја но не работи:

  • Проверете дали ѕидниот утикач е под напон и дека апаратот е вклучен.

Системот за ладење подолго време работи непрекинато:

SLIKA_TIPALO

  • Превисока температура на средината.

  • Пречесто или предолго отворање на вратата.

  • Неправилно затворена врата (можни нечистотии помеѓу вратите, обесена врат, оштетен заптивач, итн).

  • Премногу свежа храна ставена наеднаш.

  • Сензорот во фрижидерот (А) е блокиран од свежа храна. Овозможете циркулирање на воздухот околу сензорот (само кај некои модели).

Прекумерно собирање на мраз на задниот дел од ладилникот може да биде резултат на:

  • Пречесто или предолго отворање на вратата.

  • Топла храна е ставена во ладилникот.

  • Храната или садовите се во допир со задниот внатрешен ѕид од ладилникот.

  • Лошо дихтување на вратата.

  • Ако затворачот е нечист или оштетен, исчистете го или заменете го.

Таложење мраз во внатрешноста на замрзнувачот:

  • Замрзнувачот не е одмрзнуван подолг период (или редовно). Одмрзнете го замрзувачот за да го отстраните мразот.

  • Вратата не е правилно затворена.

  • Вратата не се затвора убаво (гумата е валкана, вратата не е правилно израмнета, гумата е оштетена, итн.).

Кондензирање на полицата над фиоките:

  • Ова е привремена појава која не може целосно да се избегне во периодите на високи температури и влажност на надворешната средина. Појавата сама исчезнува кога ќе се нормализираат температурите и влажноста. Ние препорачуваме чистење на фиоките што почесто и повремено бришење на капките од кондензирањето.

  • Отворете го регулаторот за влажност.

  • Храната ставете ја во ќеси или друга амбалажа која не пропушта воздух.

Капки вода на задниот ѕид на ладилникот.

  • Ова е нормално. Ладилникот се одмрзнува автоматски, што резултира со капки вода кои истекуваат низ отвор во задниот ѕид на ладилникот во сад над компресорот, од кои испаруваат.

Тече вода од ладилникот:

  • Запушен отвор за вода или одмрзната вода која капе покрај каналот за вода.

  • Исчистете го запушениот отвор на пример со користење на пластична цевка

  • Ако се насобере дебел слој на мраз, одмрзнете го апаратот рачно (види Одмрзнување на апаратот).

Вратата тешко се отвора:

  • Ако се обидувате да ја отворите вратата од замрзнувачот само што сте ја затвориле, може да имате потешкотии. При отворање на вратата излегува ладен воздух од апаратот и сез аменува со топол воздух од надвор. Со ладење на овој воздух, се создава негативен притисок што предизвикува проблеми доколку се обидете да јаотворите вратата. По неколку минути состојбата е нормализирана и вратата може повторно лесно да се отвори.

Страните на апаратот се топли:

  • Ова е нормално. Во страните на апаратот се вградени метални и гумени цевки, кои се загреваат во текот на работата на апаратот.

ЛЕД осветлувањето не работи:

  • Ако ЛЕД осветлувањето не работи, повикајте сервисер.

  • Не обидувајте се самостојно да го поправате ЛЕД осветлувањето бидејќи постои опасност од висок напон!

Ако ниту еден од горните совети не го реши вашиот проблем, повикајте го овластениот сервисен центар и наведете го типот, моделот, и серискиот број назначен на натписната таблица со основни податоци или ознаката која се наоѓа во внатрешноста на апаратот.

Информации за бучавата на апаратот

Ладењето во разладните апарати е овозможено со помош на систем за ладење кој исто така вклучува компресор ( и вентилатор кај одредени модели), што предизвикува одредена бучава. Степенот на бучава зависи од поставувањето, соодветно користење, и староста на апаратот.

  • По вклучување на апаратот на електричната мрежа, работата на компресорот, односно звукот на течност за ладење за време на работата на компресорот може да се зголеми. Ова не е знак за дефект и нема влијание врз векот на користење на апаратот. По одредено време, звукот на работата на апаратот и бучавата ќе се намалат.

  • Понекогаш, невообичаени или погласни шумови може да се чујат за време на работата на апаратот, и тие најчесто се резултат на несоодветно поставување на апаратот:

    • Апаратот мора да е поставен на рамна подлога и стабилно да стои на тврда подлога.

    • Апаратот не смее да биде во допир со ѕидот или со соседните елементи.

    • Проверете дали внатрешната опрема е поставена односно стои цврсто на свое место и дали бучавата не е предизвикана од ѕвечкање на лименки, шишиња или други садови поставено еден до друг.

  • Поради поголем обем на работа на системот за ладење кога вратата е отворана почесто или подолго време, кога се става поголема количина на свежа храна или се активирани функциите на интензивно ладење или замрзнување, апаратот може привремено да произведува поголема бучава.

Ваши белешки

Го резервираме правото на промени кои не влијаат врз функционалноста на апаратот.

885139