УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

НА ВЕРТИКАЛЕН ФРИЖИДЕР СО ЗАМРЗНУВАЧ

Важни безбедносни предупредувања

Општи информации и совети

Ви благодариме за довербата која ние ја укажавте со купувањето на овој апарат кој е наменет за поедноставување на животот. За полесна употреба на производот, ние ви приложуваме детални упатства за употреба и упатствата за монтажа кои се дадени во посебен дел. Упатствата за употреба се создадени да ви ја објаснат употребата на апаратот на најбрз можен начин.

Се надеваме дека со задоволство ќе го користите овој апарат.

Ве молиме посетете ја нашата веб страница каде можете да го внесете бројот на моделот на вашиот апарат, назначен на натписната таблица или гарантниот лист за да најдете детални информации за вашиот апарат, совети за употреба, решавање на проблеми, информации за сервиси, упатствата за употреба и слично.

INTERNEThttp://www.gorenje.com

Апаратот е наменет само за употреба во домаќинството.

Ладилникот е наменет за чување на свежа храна на температури над 0°C.

Замрзнувачот е наменет за замрзнување на свежа храна и за долгорочно чување на замрзната храна (до една година во зависност од типот на храната).

Следниве симболи се користат во упатството за употреба и го имаат следново значење:

Информации, совет, помош или препорака

Предупредување за општа опасност

Предупредување за опасност од електричен удар

Предупредување за опасност од пожар

Важни предупредувања

Пред прва употреба на апаратот

Пред приклучување на апаратот на електричната мрежа, неопходно е внимателно да ги прочитате упатствата за употреба кои го опишуваат апаратот и неговата правилна и безбедна употреба. Упатствата се однесуваат на неколку типа/модели на апарати и поради ова опремата или подесувањата кои се опишани овде, може да не се дел од вашиот апарат. Ние препорачуваме да ги зачувате овие упатства за употреба или да ги прикачите како составен дел од вашиот апарат во случај да го продавате во иднина.

Овие упатства за употреба вклучуваат модел на замрзнувач No Frost (БЕЗ ЗАМРЗНУВАЊЕ) кој е опремен со вентилатор и автоматско опција за одмрзнување (само кај некои модели).

Проверете го апаратот да не е оштетен или да нема одредени неправилности. Во случај да забележите оштетување на апаратот, известете го продажното место од кое сте го купиле апаратот.

Пред да го приклучите апаратот на електричната мрежа, оставете го апаратот во вертикална позиција минимум 2 часа. Ова ќе ја намали можноста за неправилности во работата како резултат на влијанието на транспортот врз системот за ладење.

Важни безбедносни упатства

ВНИМАНИЕ! Ризик од пожар/запаливи материјали.

Апаратот мора да се приклучи на електричната мрежа и да се заземји во сообразност со важечките стандарди и прописи.

ВНИМАНИЕ! Не ставајте продолжни кабли со повеќе штекери или преносни извори на струја зад апаратот.

Пред чистење на апаратот, исклучете го од електричната мрежа (извадете го приклучниот кабел од приклучницата).

Ако главниот кабел за напојување е оштетен, мора да се замени од страна на производителот, негов сервисер или слично стручно квалификувано лице со цел да се избегнат несреќи.

ВНИМАНИЕ! Кога го местите апаратот на неговото место, проверете да не е приклештен или оштетен струјниот кабел.

Ако не работи ЛЕД осветлувањето, повикајте сервисер. Не обидувајте се сами да го поправите ЛЕД осветлувањето бидејќи постои опасност од висок напон!

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Не користете електрични уреди во внатрешноста на апаратот освен оние кои се дозволени од производителот на овој апарат за ладење.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Не користете механички уреди или други средства за процесот на одмрзнување различни од препорачаните од производителот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да избегнете опасност која може да настане од лоша стабилност на апаратот, проверете дали е наместен согласно упатствата.

Опасност од замрзнување

Никогаш не јадете замрзната храна и избегнувајте да допирате замрзната храна бидејќи може да предизвика премрзнување.

Безбедност на деца и лица од ранливи категории

Апаратот не е наменет за користење од страна на лица (вклучително и деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности или без искуство или знаење, освен доколку не се под надзор или не им се дадени упатства во врска со користењето на апаратот од страна на лице одговорно за нивната безбедност.

Децата треба да се под надзор, за да не си играат со апаратот.

Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не смеат да го вршат деца без надзор.

Отстранете ја амбалажата која е наменета за заштита на апаратот или одредени делови за време на транспортот и држете ја подалеку од дофат на деца. Тоа претставува опасност од повреда или задушување.

Кога исфрлате користен апарат, исклучете го струјниот кабел, извадете ја вратата и оставете ги полиците во апаратот. Со тоа се спречува деца да се заклучат во апаратот.

Само за европските пазари

Овој апарат може да го користат деца на возраст од 8 години и повеќе, како и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или без искуство или знаење, под услов да се под надзор или да им се дадени упатства во врска со користењето на апаратот на безбеден начин и да се свесни за можните опасности.

Деца не смеат да си играат со апаратот.

Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не смеат да го вршат деца без надзор.

Деца на возраст од 3 до 8 години смеат да ставаат и да вадат работи од фрижидерот.

Предупредување во однос на средството за ладење

Апаратот содржи мала количина на запалив гас R600a кој не е штетен за околината. Проверете да не постои оштетување на делови од системот за ладење. Протекувањето на гасот не е опасно за животната средина, но сепак може да предизвика повреда на окото или пожар.

Во случај на протекување на гасот, темелно проветрете ја просторијата, исклучете го апаратот од довод на енергија, и повикајте сервисер.

Важни информации за употреба на овој апарат

ВНИМАНИЕ! Овој апарат е наменет за употреба во домаќинствата и за слични намени, како следните:

  • во кујни за вработените во продавници, канцеларии и други работни средини

  • во куќи на фарми и од страна на клиенти во хотели, мотели и други видови сместувачки објекти;

  • сместувачки капацитети со ноќевање и појадок;

  • за кетеринг и за слични објекти кои не се малопродажни.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Отворите за вентилација на апаратот односно вградениот елемент мора постојано да бидат чисти и проодни.

Овој апарат не смее да се користи надвор и не смее да биде изложен на дожд.

Во овој апарат не смеете да складирате експлозивни предмети како што се аеросолни лименки со запалив потисен гас.

Ако немате намера да го користите апаратот подолго време, најпрвин исклучете го со користење на релевантното копче, а потоа исклучете го доводот на електричната енергија во апаратот. Испразнете го апаратот, одмрзнете го, исчистете го и оставете ја вратата од апаратот притворена.

Во случај на неправилно работење или прекин на доводотна електрична енергија не отворајте го просторот за замрзнување освен ако замрзнувачот не работи повеќе од 16 часа. По овој период, употребете ја замрзнатата храна или обезбедете доволно ладење ( на пр. Апарат за замена).

Технички податоци за апаратот

Натписната таблица со основни податоци може да се најде во внатрешноста на апаратот. Таа содржи податоци за напонот, бруто и нето волумен, вид и количина на средството за ладење, и информациите за климатски класи.

Ако јазикот на натписната таблица не одговара на вашиот јазик, заменете ја со приложената.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Не оштетувајте го електричното коло во фрижидерот. Ова исто така може да го спречи загадувањето.

Заштита на животна средина

Амбалажата е направена од еколошки материјали кои може да се рециклираат, депонираат или уништат без опасност од загадување на животната средина.

Одлагање на дотраен апарат

За заштита на животната средина, предаде го дотраениот апарат на овластен собирен центар/пунк за управување со отпад.

Пред тоа, направете го следново:

  • Исклучете го апаратот од главното напојување,

  • Не дозволувајте деца да си играат со апаратот.

kanta1_FACE_LIFT Симболот на производот или на неговата амбалажа означува дека со тој производ не смее да се постапува како со отпад од домаќинството. Наместо тоа, производот треба да се предаде на овластен собирен центар/пункт за рециклирање на електронска и електрична опрема. Правилното одлагање на производот ќе ги спречи потенцијалните негативни последици врз животната средина и здравјето на луѓето, кои може да настанат како последица од несоодветно управување со отпадот од овој производ. Задобивање на детални информации за постапката на отстранување и управување со отпадот на овој производ, ве молиме контактирајте го соодветното надлежно општинско тело за управување с оотпад, службата за собирање на кујнски отпад или со продавницата во која сте го купиле овој производ.

Совети за штедење на електрична енергија кај апарати за ладење

  • Вградете го апаратот согласно упатствата за употреба дадени овде.

  • Не отворајте ја вратата повеќе од она што е неопходно.

  • Повремено проверете дали е овозможено циркулирање на воздухот зад апаратот.

  • Ако е оштетен затворачот или од некоја причина не затвора целосно, потребно е што побргу да го замените со нов.

  • Складирајте ја храната во цврсто затворени садови или друга соодветна амбалажа.

  • Пред да ја ставите храната во фрижидерот оставете ја да се олади до собна температура.

  • Замрзнатата храна може да ја одмрзнувате во просторот за ладење.

  • За да ја искористите максималната површина на замрзнувачот, извадете некои од фиоките на начин опишан во упатството.

  • Одмрзнете го конвенционалниот замрзнувач кога ќе се насобере 3-5 милиметри слој од мраз на површината од замрзнувачот.

  • Проверете дали поставеноста на полиците е со подеднакво растојание и дали храната е поставена на начин кој овозможува слободно циркулирање на воздухот во внатрешноста на апаратот (следете ја препорачаната поставеност на храната која е опишано во упатствата).

  • Кај апаратите кои се опремени со вентилатор, не ги блокирајте отворите односно вентилите на вентилаторот.

  • Ако немате потреба од вентилаторот или јонизаторот, исклучете ги за да ја намалите потрошувачката на енергија.

Инсталација и приклучување

Избирањена просторија

  • Поставете го апаратот во сува просторија во која има добра вентилација. Апаратот работи правилно ако температурата на просторијата е во интервалот претставен во табелата. Класата на апаратот е наведена на таблицата за основни податоци со основни информации за апаратот.

    Опис

    Класа

    Опсег на амбиентална температура во °C

    Релативна влажност

    Продолжено умерена

    SN

    +10 до +32

    ≤75%

    Умерена

    N

    +16 до +32

    Суптропска

    ST

    +16 до +38

    Тропска

    T

    +16 до +43

    Овој апарат не е наменет да се користи како вграден апарат.

    Не поставувајте го апаратот во просторија каде температурата може да опадне до под 5 °C бидејќи ова може да предизвика неправилно работење на апаратот или негов дефект!

  • По поставувањето, приклучокот на апаратот за електричната мрежа треба да биде лесно пристапен!

  • Не поставувајте го апаратот во близина на други апарати или уреди кои зрачат топлина како на пример шпорет, печка, радијатор, чајник, и слично., и не изложувајте го на директна сончева светлина. Апаратот треба да биде поставен на најмалку 30 см., подалеку од нафтена печка или печка на цврсти горива. Ако растојанието помеѓу ваквиот извор на топлина и апаратот е помало, потребно е да вградите плоча за изолација.

Белешка: Поставете го апаратот во доволно голема просторија. Треба да има најмалку 1 m3 растојание на секои 8 грама средство за ладење. Количината на средство за ладење е наведена на натписната плоча во внатрешноста на апаратот.

Поставување на апаратот

Апаратот треба да го инсталираат најмалку две лица, за да се избегне евентуална повреда на некое лице или оштетување на апаратот.

  • Апаратот мора да стои на рамно или малку навален наназад. Треба да биде стабилен и поставен на цврста основа. На предниот дел, апаратот има две прилагодливи ногарки, кои може да се користат за да се израмни апаратот. Тркалцата на задната страна овозможуваат полесна инсталација на апаратот (само кај некои модели).

POSTAVITEV_APARATA_RAHLO_NAZAJ

  • Откако ќе го израмните апаратот со помош на прилагодливите ногарки, прилагодете ја дополнителната ногарка заради дополнителна стабилност на апаратот.

  • Не изложувајте го апаратот на директна сончева светлина и не поставувајте го во близина на извори на топлина. Ако тоа не може да се избегне, поставете изолационен панел.

  • Апаратот е наменет да биде поставен самостојно. За да се постигне одредената/минималната потрошувачка на енергија, секогаш оставајте 5 mm простор помеѓу ѕидот и задниот дел на апаратот и над апаратот. Исто така, овозможето соодветна циркулација на воздух од двете страни на апаратот и над него.

  • Апаратот исто така може да се постави спроти или помеѓу кујнски ормани или шкафчиња, или спроти ѕид. Во случај да го поставите така, апаратот ќе работи беспрекорно; меѓутоа, можно е да се зголеми потрошувачката на енергија. Држете се до минималното растојание над и зад апаратот, како што е прикажано на сликата.

  • Земете го предвид просторот, односно лакот потребен за отворање на вратата на апаратот, за да се овозможи целосно извлекување и вадење на фиоките и полиците (погледнете го дијаграмот за поставување).

POSTAVITEV_APARATA_FS600-20_ADV-SUP

*зависно од моделот

**модел со вградена рачка

***модел со надворешна/испакната рачка

Важно: За ставање на апаратите странично еден до друг, треба да се купи и да се инсталира комплет против влага (против кондензација).

Шифра за нарачување на комплетот:

сува просторија (релативна влажност под 60%)

Апарати со висина од 1850 mm

пластична плочка

СИВА

850659

Приклучување на апаратот

VTICNICA

  • Приклучете го апаратот на електричната мрежа со користење на приклучен кабел. Ѕидната приклучница мора да биде заземјена (безбедносна приклучница). Номиналниот напон и фреквенцијата се наведени во таблицата со основни податоци за апаратот.

  • Апаратот мора да се приклучи на електричната мрежа и заземјен во сообразност со важечките стандарди и прописи. Апаратот издржува краткотрајни отстапувања од номиналниот напон, но не повеќе од +/-6%.

Менување на насоката на отворање на вратата

Насоката во која се отвора вратата на апаратот може да се смени.

Белешка: Исклучете го апаратот од приклучокот за струја пред да ја смените насоката на отворање на вратата.

Потребни алати:

SLIKA_NATIČNI_KLJUČ

Насаден клуч бр. 8

SLIKA_KRIŽNI_IZVIJAČ

Одвртувач-крстач

SLIKA_PLOŠČATI_IZVIJAČ

Рамен одвртувач

SLIKA_KLJUČ_ŠT.8

Рачваст клуч бр. 8

Белешка:

  • Доколку апаратот треба да се накоси за да се овозможи пристап до деловите на дното, побарајте помош од друго лице или внимателно поставете го апаратот на мека подлога, за да не се оштети. За да ја смените насоката на отворање, постапете на следниот начин.

  1. Поставете го апаратот во исправена положба. Отворете ја горната врата и извадете ги полиците на вратата (за да не се оштетат во текот на постапката). Затворете ја вратата.

    SLIKA_MENJAVA_VRAT_1

  2. Извадете го капачето на горната шарка (1). Особено внимавајте да не го оштетите конекторот (A). Исклучете го конекторот (A).

    SLIKA_MENJAVA_VRAT_2B

  3. Одвртете ги завртките (2) и извадете ја шарката (3). Протнете го конекторот (А) низ дупката во шарката. Додека го правите тоа, држете ја вратата, за да не падне.

    SLIKA_MENJAVA_VRAT_3B

  4. Извадете ја горната врата од средната шарка со внимателно кревање право угоре. Поставете ја вратата на мазна површина.

    SLIKA_MENJAVA_VRAT_4

  5. Земете го (десното) капаче (4) од торбата и ставете го на местото од кое е извадена горната шарка. Извадете го и сочувајте го капачето од другата страна (5), на којашто ќе се премести шарката.

    SLIKA_MENJAVA_VRAT_5

  6. Извадете го капачето (6) од левата страна на горната врата и извлечете го конекторот (А). Потоа, извадете го капачето (7) од десната страна на горната врата. Ставете го капачето (7) на левата, а капачето (6) на десната страна на горната врата.

    SLIKA_MENJAVA_VRAT_6B

  7. Одвртете ја завртката (8) и извадете го држачот (10) и граничникот (9) на вратата. Потоа, со завртка (8) прицврстете го држачот на вратата (10) испорачан во торбата, како и граничникот на вратата (9). Сочувајте го држачот на вратата (10), во случај да Ви затреба подоцна.

    SLIKA_MENJAVA_VRAT_7-9

  8. Одвртете ги завртките од средната шарка и извадете ја. Потоа откачете ја долната врата од долната шарка.

    SLIKA_MENJAVA_VRAT_8

  9. Поставете ја долната врата на мазна површина. Одвртете ја завртката (8) и извадете го држачот (10) и граничникот (9) на вратата. Потоа, со завртка (8) прицврстете го држачот на вратата испорачан во торбата, како и граничникот на вратата (9). Сочувајте го држачот на вратата (10), во случај да Ви затреба подоцна.

    SLIKA_MENJAVA_VRAT_7-9

  10. Извадете го капачето на средната шарка и ставете го на спротивната страна.

    SLIKA_MENJAVA_VRAT_10

  11. Навалете го апаратот наназад и извадете ја прилагодливата ногарка (11).

  12. SLIKE_MENJAVA_VRAT_korak_12

    Отвртете ги трите завртки на долната шарка (14) и извадете ја. Отстранете ја дополнителната ногарка (12) од осовината на долната шарка (13). Одвртете ја осовината (13) од долната шарка и зашрафете ја на спротивната страна од шарката, заедно со дополнителната ногарка (12).

  13. SLIKE_MENJAVA_VRAT_korak_13

    Прицврстете ја шарката (14) на спротивната страна со помош на завртките. Завртките треба да се закачат по редоследот прикажан на сликата подолу. Прво, затегнете ја завртката 1, а потоа завртките 2. Потоа, зашрафете ги прилагодливите ногарки (11).

  14. SLIKA_MENJAVA_VRAT_14

    Поставете ја долната врата на долната шарка и задржете ја во таа положба. Завртете ја средната шарка за 180°. Ставете ја подлошката на точното место и прилагодете ја положбата на средната шарка, за да може да ја поставите и да ја прицврстите долната врата.

  15. SLIKA_MENJAVA_VRAT_15B

    Поставете ја горната врата на точното место, протнете го конекторот (А) низ дупката на горната шарка (3) и прицврстете ја со помош на завртките (2). Држете ја вратата додека ги позиционирате. Повторно прикачете го конекторот (А).

  16. Ставете го капачето на горната шарка (1).

    SLIKA_MENJAVA_VRAT_16

  17. Отворете ја горната врата и вратете ги полиците на вратата. Потоа затворете ја вратата.

SLIKA_MENJAVA_ROČAJA

Забелешка: Доколку вашиот модел има рачка, тогаш преместете ја на спротивната страна следејќи ги насоките подолу.

Отстранете ги капачињата (1) и одвртете ги двете завртки (2) како што е прикажано на сликата. Ротирајте ја рачката (3) за 180° и поставете ја на спротивната страна. Потоа, завртете ги завртките (2) и ставете ги капачињата (1).

Опис на апаратот

Опремата во внатрешноста на апаратот може да се промени во согласност со моделот на апаратот.

SLIKA_APARATA_COMBI_FS600-20_ADV_C34

A Ладилник

  1. Контролна табла

  2. ЛЕД осветлување

  3. Систем за распределба на воздухот (MultiFlow)

  4. Стаклени полици

  5. FreshZone/ZeroZone фиока*

  6. CrispZone фиока за овошје и зеленчук со контрола на влажност*

  7. Полици на вратата

  8. Полици за шишиња

B Замрзнувач

  1. Горна фиока за замрзнување и складирање

  2. Длабока фиока за замрзнување и складирање

  3. Долна фиока за складирање

  • Фиоките се опремени со систем кој не дозволува ненамерно да се извлечат. За да извадите фиока од апаратот, извлечете ја до каде што може и потоа поткренете го предниот дел и извлечете ја сосема.

*Само кај некои модели

Ракување со апаратот

SLIKA_UI_C-34

A

Копче за вклучување/исклучување на апаратот

B

Копче за избор на комората на фрижидерот/замрзнувачот

B1

Приказ на замрзнувачот на екранот

B2

Приказ на ладилникот на екранот

C

Копче за поставување на температурата

C1

Приказ на зададената температура

D

Копче за вклучување/исклучување на интензивното замрзнување (брзо замрзнување)

D1

Сигнално светло за функцијата на интензивно замрзнување (длабоко замрзнување)

E

Копче за вклучување/исклучување на функцијата Еко

E1

Индикатор на функцијата „Eco“

Вклучување/исклучување на апаратот

SLIKA_UI_C-34_TIPKA_A

Кога првпат го приклучувате на електричната мрежа, апаратот ќе биде во „стенд бај“ режим (исклучен, но приклучен на струја).

Вклучување на апаратот: За да го вклучите апаратот, притиснете го копчето А.

Се огласува звучен сигнал, а температурата се прикажува до симболот C1 на екранот.

Исклучување на апаратот: исклучете го апаратот со притискање на копчето A и држете го (3 секунди). Апаратот ќе се префрли во режим на готовност (останува под напон).

Менување на температурата

  • Температурата на апаратот е фабрички предодредена на препорачаните вредности, т.е. на 4 °C за фрижидерот и -18 °C делот за замрзнување.

  • Откако апаратот ќе се вклучи, може да се потребни неколку часа за да се достигне подесената температура. Не ставајте храна во фрижидерот пред температурата да опадне до избраното подесување.

SLIKA_UI_C-34_NAST.TEMP

Кај овој модел, можете да ја менувате температурата на фрижидерот и температурата на комората на замрзнувачот. За да го сторите тоа, притиснете го копчето B. Ќе светне симболот на избраната комора: B1 за замрзнувачот и B2 за фрижидерот.

SLIKA_UI_C-34_NAST.TEMP.HD

Температурата во комората на фрижидерот може да се постави кога свети симболот B2. Поставете ја температура со кратко притискање на копчето C.

  • Со секое притискање на копчето C , температурата се покачува за 1 °C. Температурата што ќе ја одберете се зачувува како последната зададена температура за фрижидерот.

  • Температурата во ладилникот може да се дотера од +1 °C до +9 °C.

  • Препорачаната температура е 4 °C.

SLIKA_UI_C-34_NAST.TEMP.ZD

Температурата во комората на замрзнувачот може да се постави кога свети симболот B1. Поставете ја температура со кратко притискање на копчето C.

  • Со секое притискање на копчето C, температурата се покачува за 1 °C. Температурата што ќе ја одберете се зачувува како последната зададена температура за замрзнувачот.

  • Температурата во делот за ладење може да се намести од -16 °C до -24 °C.

  • Препорачаната температура е -18 °C.

30 секунди откако последен пат ќе притиснете копче, приказот на комората на замрзнувачот автоматски се враќа на приказ на комората на фрижидерот. Ќе светне B2 и ќе се прикаже температурата поставена за комората на фрижидерот на екранот C1.

Стенд бај режим на контролниот панел/екранот

30 секунди откако сте го притиснале последното копче, контролната табла преминува во режим „стенд бај“. Во исклучителни случаи, некои индикатори остануваат запалени и покрај тоа што контролната табла е во режим „стенд бај“. Таквите исклучителни случаи се следните:

SLIKA_UI_C-34_STAND_BY_MODE

  • Ако е активирано интензивно замрзнување (засилувач на замрзнувачот), индикаторот D1 и натаму ќе свети. Сите други индикатори се исклучени.

  • Ако е активирана функцијата Eco, индикаторот Е1 и натаму ќе се прикажува во режим на готовност. Сите други индикатори се исклучени.

  • Ако е активирана функцијата рачно одмрзнување на замрзнувачот, тогаш Cd и натаму ќе се прикажува на екранот C1, дури и кога контролната единица е во режим на готовност. Сите други индикатори се исклучени.

За да се вратите од режимот на готовност: притиснете го копчето C или отворете ја вратата од комората на фрижидерот. Доколку се активирани функцијата Eco или интензивно замрзнување (засилувач на замрзнувачот), може да се користат копчето D или E, соодветно, за да се вратите од режимот на готовност на контролната единица, во зависност од тоа која функција е активирана.

Интензивно замрзнување (замрзнувач)

  • Оваа функција треба да се користи кога апаратот ќе се вклучи првпат, пред чистење или пред да ставите голема количина храна во него.

SLIKA_UI_C-34_FF

За да активирате: притиснете го копчето D за да ја активирате функцијата на интензивно замрзнување (супер замрзнување). Ќе се огласи звучен сигнал и ќе светнат индикаторите B1 и D1. На екранотC1 ќе се појави симболот FF. FF ќе остане осветлен додека функцијата е активна доколку е избран екранот B1 со копчето B .

По 30 секунди, приказот на екранот автоматски се префрла на фрижидерот– светнува симболот В2, а зададената температура на фрижидерот се прикажува на екранот С1. Симболот D1 ќе свети додека функцијата е активна.

Екстремно замрзнување (горна фиока на замрзнувачот): Оваа функција може да се активира само во горната фиока на делот за замрзнување. Се состои од интензивен дотур/проток на студен воздух. Со брзото замрзнување подолго се зачувуваат повеќе витамини, минерали и хранливи состојки во храната.

  • Температурата на фрижидерот може да се прилагоди додека функцијата на интензивно замрзнување е активна. Можете да го сторите тоа додека симболот B2 свети. Поставете ја температура со кратко притискање на копчето C. Функцијата на интензивно замрзнување ќе остане активна во секој случај.

SLIKA_UI_C-34_FF

Исклучување: Ако фрижидерот е активен (симболот В2 свети), најпрво притиснете го копчето B за да преминете на замрзнувачот (симболот В1 свети), а потоа притиснете го копчето D за да ја деактивирате функцијата.

Ако замрзнувачот е активен (симболот В1 свети), тогаш притиснете го копчето D за да ја деактивирате функцијата.

  • Откако ќе се исклучи функцијата интензивно замрзнување, температурата во замрзнувачот се враќа на последната зададена вредност пред да биде активирана функцијата интензивно замрзнување.

  • Во случај на дефект или прекин на снабдувањето со струја, функцијата одново се активира.

Доколку рачно не ја деактивирате функцијата, истата ќе се деактивира автоматски по приближно два дена. Поставката ќе се врати на последната вредност.

  • Кога ќе се активира функцијата интензивно замрзнување (брзо замрзнување), апаратот работи со полна снага. Во текот на оваа функција, работењето може привремено да биде нешто погласно.

  • Кога ќе се активира функцијата на длабоко замрзнување, температурата може да е пониска од температурата на ладилникот и од просторот за замрзнување.

Eco функција

SLIKA_UI_C-34_ECO

Вклучување: За да ја активирате функцијата Eco, притиснете го копчето E. Ќе светне симболот Е1. Кога оваа функција е активна, апаратот работи под оптимални поставки.

Доколку е активирана функцијата интензивно замрзнување (супер замрзнување) или рачно одмрзнување на замрзнувачот, не може да се активира функцијата Eco.

За да деактивирате: за да ја деактивирате функцијата Еco, повторно накратко притиснете го копчето E. Температурата ќе се врати на последната поставка.

Функцијата Есо се деактивира и кога ќе го притиснете копчето С за да се смени температурата во фрижидерот или кога се користи копчето D за да се активира функцијата интензивно замрзнување.

Заштита од деца

SLIKA_UI_C-34_CL

Вклучување: За да активирате заклучување за деца, притиснете го копчето E и држете го 3 секунди. На екранот C1 се појавува симболот CL.

Оваа функција го оневозможува користењето на сите копчиња, освен копчето E.

За да деактивирате: за да ја деактивирате функцијата, повторно притиснете го копчето Е.

Во случај на дефект или прекин на снабдувањето со струја, функцијата одново се активира.

Аларм за висока температура

SLIKA_UI_C-34_HI

Ако температурата во апаратот е превисока, ќе се активира звучен аларм (испрекинат тон). Ќе трепка HI на екранот C1, и симболот за делот од апаратот каде температурата е превисока ќе засвети (B1 или B2).

  • Секојпат кога го вклучувате апаратот со копчето А, се активира аларм со одложен почеток од 24 часа. Доколку апаратот не постигне доволно ниска температура по тој период, алармот се активира.

Исклучување на алармот:

  • Исклучете го алармот со притискање на кое било копче. Ќе светне температурата за комората каде температурата е превисока на екранот C1. Доколку не го исклучите звучниот аларм, тој ќе се активира на секој час и ќе трае околу 15 минути.

  • Наредниот пат кога ќе го притиснете копчето C, ќе започне да трепка поставената температура за комората каде е превисока температурата. Истовремено, симболот за комората во која температурата е превисока исто така ќе светне (B1 или B2).

  • Кога температурата ќе падне под нивото на кое се активира алармот, температурата прикажана на екранот престанува да трепка и свети постојано. Се прикажува температурата во ладилникот, а симболот В2 светнува.

Аларм за отворена врата

Доколку вратата на фрижидерот или на замрзнувачот е отворена предолго, се вклучува звучен аларм (повторувачки сигнал). Доколку не го исклучите звучниот аларм, тој ќе се активира на секој час додека не го исклучите.

Апаратот продолжува да работи исто како вратата да е затворена.

Исклучување на алармот: за да го исклучите алармот, затворете ја вратата на апаратот.

Ако го исклучите алармот со притискање на било кое копче, тој повторно се активира по 4 минути доколку вратата и натаму е отворена.

Ако ја оставите вратата отворена подолго од 10 минути, алармот ќе престане да се огласува. Апаратот ќе прејде на безбеден режим на работа, за да обезбеди доволно ладење и да спречи расипување на храната и покрај тоа што вратата е отворена.

Аларм за дефект / прекин на снабдувањето со струја

SLIKA_UI_C-34_PF

Доколку температурата во апаратот се зголеми на алармно ниво за време на прекин на струја, тогаш ќе се огласи алармот за висока температура кога ќе се врати напојувањето. Ќе се огласи звучен сигнал и ќе трепка PF на екранот C1.

За да го исклучите алармот, притиснете кое било копче. Ќе се прикаже највисоката измерена температура на замрзнувачот на екранот C1 и ќе светне симболот B1.

Следниот пат кога ќе го притиснете копчето В, се прикажува највисоката измерена температура во ладилникот и светнува симболот В2.

Кога повторно ќе го притиснете копчето В, алармот за прекин на струјата конечно се исклучува, а поставената температура за избраната комора ќе се прикаже на екранот C1.

Доколку во исто време се активира алармот за температура, ќе функционира како што е опишано во поглавјето Аларм за висока температура, откако ќе го исклучите алармот за прекин на струјата.

Опрема за внатрешноста на ладилникот

(*Опремата зависи од моделот)

Полица

SLIKA_IZVLEK_POLICE

Празните полици може да ги поставите по желба на држачите во внатрешноста на ладилникот, без да мора да ги вадите од ладилникот. За да преместите полица или да ја извадите од ладилникот, малку поткренете го задниот дел, повлечете ја кон себе и потоа или преместете ја или извадете ја од апаратот. Храната што бргу се расипува сместете ја на задниот дел од полицата, каде што температурата е најниска.

Жичана полица за шишиња*

NOSILEC_ZA_STEKLENICE

  • Некои модели исто така имаат жичан држач за шишиња. Тој е заштитен од несоодветно извлекување. Тој може да биде извлечен само ако е празен. За да го извлечете подигнете го нежно на задниот дел и повлечете го кон вас. Поставете го држачот за шише така што должината на шишињата да не попречува во соодветното затворање на вратата .

    Држачот е со капацитет на носивост од девет шишиња од 0.75-литриили 13 кг. на тотална тежина – види ознака на десната страна во внатрешноста на апаратот.

  • Може да поставите лименки на полицата за шишиња (хоризонтално или попречно).

Корпа за овошје и зеленчук со контрола за влага (CrispZone)*

  • Најдолната фиока на фрижидерот е наменета за овошје и зеленчук. Таа овозможува влага и спречува да се исуши храната. Фиоката има вграден регулатор за влажност кој овозможува да се постави нивото на влажност.

SLIKA_REGULACIJA_VLAGE_ZAPRTE_REGE

Позиција на лизгачот кон десно: затворени отвори, повисока влажност во фиоката.

SLIKA_REGULACIJA_VLAGE_ODPRTE_REGE

Позиција на лизгачот кон лево: отворени отвори, повисока влажност во фиоката.

Доколку забележите како се собираат капки под стаклената полица, отворете ги отворите и пребришете ја полицата (погледнете го поглавјето ОТКРИВАЊЕ И РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ).

SLIKA_IZVLEK_PREDALA

  • Извлекување на корпата:

    • Извлечете ја корпата до крај. Потоа, подигнете го горниот дел од корпата и излечете ја целосно.

FreshZone/ZeroZone фиока*

(Само кај некои модели)

Фиоката FreshZone/ZeroZone овозможува чување на широк спектар на свежа храна до трипати подолго од споредба со нормален ладилник. Храната останува свежа подолго време задржувајќи го вкусот и хранливите состојки. Температурата во оваа фиока зависи од вредностите на температурата во делот на ладилникот, температурата на средина, честотата на отворање на вратата и количината на храна во ладилникот.

За температура од околу 0°Cво FreshZone/ZeroZone фиоката, ние препорачуваме регулирање на температурата во ладилникот на пониска од 4°C.Температурата во фиоката FreshZone/ZeroZone може да опадне до 0 °C; поради ова, преместете ја храната која е чувствителна на замрзнување на горните делови од ладилникот.

За оптимална работа, фиоката треба да биде целосно затворена.

  • Кога купувате храна, проверете дали е свежа бидејќи од тоа зависи квалитетот на храната како и трајноста.

  • Храната чувајте ја во затворени садови или соодветна амбалажа за да спречите попримање или ширење на миризби.

  • Приближно 30-60 минути пред употребата извадете ја храната од фиоката за да се развијат мирисот и вкусот на собна температура.

  • Храната која е чувствителна на ниска температура и не е соодветна за чување во FreshZone/ZeroZone фиоката ги вклучува следниве намирници: ананас, авокадо, банани, маслинки, компири, модар патлиџан, краставици, грав, пиперки, дињи, лубеници, тикви,тиквички, итн).

SLIKA_IZVLEK_PREDALA_ESS

  • Да ја отстраните фиоката:

    • Извлечете ја фиоката се додека не осетите притисок- блокада.

    • Подигнете ја на предниот дел и извлечете ја до крај.

Претворање на фиоката FreshZone/ZeroZone во фиока за овошје и зеленчук*

  • Доколку утврдите дека ви е потребен дополнителен простор за овошје и зеленчук, може да ја претворите фиоката FreshZone/ZeroZone во фиока за овошје и зеленчук („CrispZone“).

SLIKA_CONVERT_FREZH-ZEROZONE

  • За да го направите тоа, направете го следното:

    • За да ја користите фиоката како фиока FreshZone/ZeroZone: поместете го лизгачот на десно.

    • За да ја користите фиоката како фиока за овошје и зеленчук („CrispZone“): поместете го лизгачот на лево.

Полици на вратата

SLIKA_VRATNE_POSODE

Внатрешната страна од вратата на ладилникот е опремена со полици наменети за чување на сирење, путер, јајца, јогурт и други помали амбалажи, туби, лименки, итн.

Полиците може да ги поставите по желба, така што малку ќе ги поткренете од држачите и ќе ги преместите на саканото место, при што треба добро да се наместат на држачите.

Долната полица служи за чување шишиња.

Максимална носивост на полицата на секоја врата е 5 kg.

Систем за распределба на воздухот (MultiFlow)*

  • Напредниот систем MultiFlow еднакво го распределува воздухот и ја изедначува температурата во фрижидерот. Овој систем исто така овозможува да се стави кој било вид на храна на која било полица во фрижидерот затоа што нема разлика во температурата помеѓу нив.

SLIKA_MULTI-FLOW_BREZ_ION

Систем за распределба на воздухот со јонизатор (MultiFlow/IonAir)*

  • Напредниот вентилациски систем „MultiFlow“ рамномерно го распространува јонизираниот воздух и ја изедначува температурата во целиот ладилник. Воздухот збогатен со дополнителни негативни јони ја имитира природната микроклима, која помага храната подолго да остане свежа. Со овој систем се овозможува и чување секаков вид храна на која и да е полица во ладилникот, затоа што помеѓу нив не постојат температурни разлики.

SLIKA_MULTI-FLOW_Z_ION

AdaptTech

Иновативната технологија на сензори овозможува да се прилагоди работењето на апаратот кон навиките или однесувањето на корисникот. Адаптивниот интелигентен систем ја следи, анализира и зачувува на дневно и неделно ниво употребата на апаратот и го прилагодува работењето на апаратот кон навиките. AdaptTech може да го насети почестото отворање на вратата и автоматски да ја намали температурата пред тоа за да се спречи зголемување на температурата на храната за време на почестото користење на апаратот.

Апаратот исто така може да го насети додавањето на поголеми количества храна во фрижидерот или замрзнувачот и да се прилагоди со тоа што ќе разладува или ќе замрзнува посилно.

Препорачана распределба на храната во апаратот

Делови во просторот на ладилникот:

  • Горен дел: конзервирана храна, леб, вино, печива, итн.

  • Среден дел: млечни производи, готови оброци, десерти, безалкохолни пијалаци, пиво, готвена храна, итн.

  • FreshZone/ZeroZone корпа: месо, месни производи, деликатеси,  итн.

  • корпа за овошје и зеленчук: свежо овошје, зеленчук, салати, коренест зеленчук, компири, кромид, лук, домати, кисела зелка, репи, итн.

porazdelitev zivil_advance

Предел на вратата од ладилникот:

  • горен/среден предел од вратата: јајца, путер, сирење, итн.

  • долен предел од вратата: пијалаци, конзерви, шишиња, итн.

Не чувајте овошје (банани, ананас, папаја, цитрусно овошје) и зеленчук (тиквички, модар патлиџан, краставици, пипер, домати и компири) поради чувствителноста на ниски температури во ладилникот.

Делови од замрзнувачот:

  • замрзнување, чување на замрзната храна (види Поглавје Замрзнување и чување на замрзната храна).

Не чувајте го следново во замрзнувачот: зелена салата, јајца, јаболка, круши, грозје, праски, јогурт, павлака и мајонез.

Чување на храна во ладилникот

Важни предупредувања во однос на чувањето на храната

Правилната употреба на апаратот, соодветното пакување на намирниците, одржувањето на соодветна температура и почитување на основните стандарди за хигиена на храната, имаат одлучувачка улога врз квалитетот на одржувањето на храната.

Придржувајте се до рокот на траење на храната кој е означен на амбалажата на производите.

Храната која ја ставате во ладилникот треба да се чува во затворени садови или во соодветна амбалажа за да се избегне попримање или ширење на мирис и влага.

Во ладилникот не чувајте запаливи, под притисок и експлозивни супстанци.

Шишињата со висока содржина на алкохол мора да бидат цврсто затворени и поставени во исправна положба.

Некои органски раствори, етерични масла во кори на лимони, портокали, киселина во путер, итн. Можеда ги оштетат пластичните површини во случај на подолготраен контакт со што се предизвикува оштетување и предвремено стареење на овие материјали.

Непријатниот мирис предупредува за нечистотија на апаратот или расипана храна (види Чистење и одржување на апаратот).

Ако планирате да не престојувате подолго време дома, извадете ги од ладилникот сите намирници кои може брзо да се расипат.

Одбегнувајте контаминација на храната

За да одбегнете контаминација на храната, Ве молиме следете ги следните упатства:

  • Оставањето на вратата отворена подолги периоди може да ја зголеми температурата во фиоките на апаратот.

  • Редовно чистете ги површините кои може да дојдат во контакт со храната и достапниот одводен систем.

  • Свежото месо и рибите чувајте ги во соодветни садови во фрижидерот, за да не дојдат во контакт со другата храна или да не капат врз неа.

  • Доколку планирате да го оставите фрижидерот празен подолго време, исклучете го, одмрзнете го, исчистете го, исушете го и оставете ја вратата отворена, за да не се создава мувла во апаратот.

Замрзнување и чување на замрзната храна

Постапка на замрзнување

Максималната количина на свежа храна која може да ја ставите одеднаш е наведена на натписната таблица со основни податоци. Ако количината на храна која треба да се замрзне ја надмине наведената количина, квалитетот на замрзнување ќе биде лош, а ќе се влоши и квалитетот на храна која веќе била замрзната.

  • Доколку сакате да ја искористите целокупната запремнина на замрзнувачот, извадете ги сите фиоки од него.

  • Активирајте ја функцијата за интензивно замрзнување 24 часа пред замрзнување на свежата храна:

    • притиснете го копчето D се' додека не засвети симболот D1.

За да овозможите храната да замрзне што е можно побрзо, складирајте ги пакувањата како што е опишано подолу:

Свежата храна поделете ја на помали пакувања (1кг). Поставете две пакувања по должина на задната, левата и десната страна од горната фиока, едно пакување на средина пред нив (исто така во горната фиока) и едно пакување во средната фиока, наспроти средниот дел од нејзината задна страна.

Свежата храна не смее да биде во контакт со храната која е веќе замрзната.

  • При замрзнување на помали количини на храна (1-2 кг), не е потребно активирање на функцијата за интензивно замрзнување.

Важни предупредувања за постапката за замрзнување

Користете го замрзнувачот за замрзнување на храна соодветна за тоа. Секогаш користете квалитетна и свежа храна.

Изберете го најсоодветното пакување за храната ик ористете го истото, соодветно.

Пакувањето не смее да пропушта воздух и вода што бидовело до сушење на содржината и губење на витамините. .

На пакувањето наведете го видот на храната, количината и датумот на замрзнување.

Важно е храната да сезамрзнува брзо. Поради ова, препорачуваме помали паковања. Храната треба да биде оладена пред замрзнување.

Чување на индустриско замрзната храна

  • При чување и користење на замрзната храна, следете ги упатствата на производителот. Температурата и рокот на траење се означени на амбалажата.

  • Избирајте само храна со неоштетена амбалажа, чувана во замрзнувачи на температури под –18 °C.

  • Не купувајте намирници прекриени со мраз бидејќи тоа е знак дека веќе биле одмрзнувани неколку пати што значи дека се со лош квалитет.

  • Заштитете ја храната од одмрзнување за време на транспорт. Во случај на пораст на температурата, времето на чување ќе биде пократко а квалитетот полош.

Период на чување на замрзната храна

Препорачлив период на чување на храната во замрзнувачот

Вид на храна

Time (Време)

овошје, говедско

од 10 до 12месеци

зеленчук, телешко, пилешко

Од 8 до 10месеци

дивеч

од 6 до 8 месеци

Свинско

од 4 до 6 месеци

Мелено месо

4 месеци

леб, печива, готвени јадења, посна риба

3 месеци

Џигери и слично

2 месеци

Димени колбаси, полномасна риба

1 месец

Одмрзнување замрзната храна

  • Одмрзнувањето е важен чекор во складирањето замрзната храна. Храната мора правилно да се одмрзне.

  • Следните се соодветни методи на одмрзнување:

    • во ладилникот,

    • во студена вода,

    • во микробранова или конвекциска печка со соодветна програма за одмрзнување.

  • Одредени замрзнати производи може да се готват без претходно одмрзнување. Тоа е наведено на пакувањето од страна на производителот.

  • Пакувајте ја храната во мали количини. Со тоа се овозможува храната побргу да се одмрзне.

  • Делумно или целосно одмрзнатата храна искористете ја што е можно побргу. Бактериите во одмрзнатата храна се реактивираат и храната бргу се расипува. Ова особено се однесува на овошје, зеленчук и готови јадења.

  • Не замрзнувајте повторно храна која е делумно или целосно одмрзната.

Одмрзнување на апаратот

Автоматско одмрзнување на ладилникот

Нема потреба да го одмрзнувате ладилникот бидејќи мразот на задната страна од внатрешноста на ладилникот се одмрзнува автоматски. Мразот кој се насобира ќе се растопи во периодот на мирување на компресорот во форма на капки кои протекуваат низ отворот во задниот ѕид на ладилникот и се слеваат во сад над компресорот, од каде испаруваат.

Отворот на задниот дел од внатрешноста на ладилникот никогаш не смее да е блокиран од храна или од некој предмет.

Ако е насобран подебел слој на мраз на задниот ѕид од внатрешноста на ладилникот (3-5мм), исклучете го апаратот и одмрзнете го рачно.

Одмрзнување „NoFrost“ ладилник

  • Ладилникот „NoFrost“ се одмрзнува автоматски. Сите слоеви мраз кои може да се создадат од време на време автоматски исчезнуваат.

Рачно одмрзнување на замрзнувач кој не фаќа мраз (NoFrost)

  • И покрај тоа што се работи за „NoFrost“ апарати, на ѕидовите на апаратот може да се наталожи мраз. Тоа е најчесто резултат на неправилна употреба на апаратот, како што е пречесто отворање на вратата, предолго оставање на вратата отворена, неисправна гума за затворање на вратата, итн.

Во таков случај, ладилникот може да се одмрзне рачно, според следната постапка:

SLIKA_UI_C-34_Cd

  • Истовремено притиснете ги и држете ги копчињата D и E. На екранот C1 ќе се појави Cd.

  • Кога процесот на одмрзнување ќе заврши, функцијата автоматски се исклучува. Ќе се прикаже температурата поставена за комората на фрижидерот на екранот C1.

Кога ја користите оваа функција, не морате да го испразните замрзнувачот однапред.

Чистење на апаратот

Пред чистење, прекинете го доводот на струја во апаратот - исклучете го апаратот (види поглавје Исклучување/Вклучување на апаратот) и извадете го струјниот кабел од штекерот.

  • За чистење на сите површини користете мека крпа. Средствата за чистење кои содржат абразивни средства, киселини или раствори не се соодветни за чистење бидејќи може да ја оштетат површината.

Чистете го надворешниот дел на апаратот со вода или со благ раствор на сапуница.

Алуминиумските и лакираните површини може да се исчистат со млака вода во која може да додадете благо средство за чистење. Дозволено е користење на средства за чистење со ниска содржина на алкохол (на пр. за чистење на стакло). Не користете средства за чистење кои содржат алкохол за чистење на пластични материјали.

Внатрешноста на апаратот може да се чисти со млака вода, во која може да додадете и малку оцет.

  • Не мијте ги деловите од опремата од внатрешноста на апаратот во машина за миење на садови бидејќи може да се оштетат.

SLIKA_CUSCENJE_ODPRTINE

  • Канал и отвор за одлевање на водата од наслагите од мраз кои се одмрзнуваат, се наоѓаат под плочата за ладење која го лади внатрешниот дел на ладилникот. Каналот и отворот не смеат да бидат затнати. Проверувајте ги често и доколку е потребно исчистете ги (на пр. со пластична цевка).

  • Наслагите од мраз или лед, со 3-5 мм дебелина, ја зголемуваат потрошувачката на енергија. Поради ова, тие треба да се отстрануваат редовно (не се однесува на NO FROST замрзнувачите). Не користете остри предмети, раствори или спрејови.

  • Кондензаторот, кој се наоѓа до компресорот во задниот дел на апаратот (само кај некои модели), мора да се одржува во чиста состојба, без прашина или други нечистотии. Чистете го повремено со мека неметална четка или со правосмукалка.

  • По чистењето, повторно вклучете го апаратот и ставете ја храната назад.

Решавање проблеми

Проблем:

Причина и решение:

Апаратот е приклучен во струја но не работи:

  • Проверете дали ѕидниот утикач е под напон и дека апаратот е вклучен.

Системот за ладење подолго време работи непрекинато:

SLIKA_TIPALO

  • Превисока температура на средината.

  • Пречесто или предолго отворање на вратата.

  • Неправилно затворена врата (можни нечистотии помеѓу вратите, обесена врат, оштетен заптивач, итн).

  • Премногу свежа храна ставена наеднаш.

  • Сензорот во фрижидерот (А) е блокиран од свежа храна. Овозможете циркулирање на воздухот околу сензорот (само кај некои модели).

Прекумерно собирање на мраз на задниот дел од ладилникот може да биде резултат на:

  • Пречесто или предолго отворање на вратата.

  • Топла храна е ставена во ладилникот.

  • Храната или садовите се во допир со задниот внатрешен ѕид од ладилникот.

  • Лошо дихтување на вратата.

  • Ако затворачот е нечист или оштетен, исчистете го или заменете го.

Таложење мраз во внатрешноста на замрзнувачот:

  • Вратата се држи отворена предолго или пречесто.

  • Вратата не е правилно затворена.

  • Вратата не се затвора убаво (гумата е валкана, вратата не е правилно израмнета, гумата е оштетена, итн.).

  • Одмрзнете го апаратот рачно.

Кондензирање на полицата над фиоките:

  • Ова е привремена појава која не може целосно да се избегне во периодите на високи температури и влажност на надворешната средина. Појавата сама исчезнува кога ќе се нормализираат температурите и влажноста. Ние препорачуваме чистење на фиоките што почесто и повремено бришење на капките од кондензирањето.

  • Отворете го регулаторот за влажност.

  • Храната ставете ја во ќеси или друга амбалажа која не пропушта воздух.

Капки вода на задниот ѕид на ладилникот.

  • Ова е нормално. Ладилникот се одмрзнува автоматски, што резултира со капки вода кои истекуваат низ отвор во задниот ѕид на ладилникот во сад над компресорот, од кои испаруваат.

Тече вода од ладилникот:

  • Запушен отвор за вода или одмрзната вода која капе покрај каналот за вода.

  • Исчистете го запушениот отвор на пример со користење на пластична цевка

  • Ако се насобере дебел слој на мраз, одмрзнете го апаратот рачно (види Одмрзнување на апаратот).

Вратата тешко се отвора:

  • Ако се обидувате да ја отворите вратата од замрзнувачот само што сте ја затвориле, може да имате потешкотии. При отворање на вратата излегува ладен воздух од апаратот и сез аменува со топол воздух од надвор. Со ладење на овој воздух, се создава негативен притисок што предизвикува проблеми доколку се обидете да јаотворите вратата. По неколку минути состојбата е нормализирана и вратата може повторно лесно да се отвори.

Страните на апаратот се топли:

  • Ова е нормално. Во страните на апаратот се вградени метални и гумени цевки, кои се загреваат во текот на работата на апаратот.

ЛЕД осветлувањето не работи:

  • Ако ЛЕД осветлувањето не работи, повикајте сервисер.

  • Не обидувајте се самостојно да го поправате ЛЕД осветлувањето бидејќи постои опасност од висок напон!

На екранот се појавува симболот HI:

  • Пречесто или предолго отворање на вратата.

  • Неправилно затворена врата (можни нечистотии помеѓу вратите, обесена врат, оштетен заптивач, итн).

  • Продолжен прекин на електрична енергија.

  • Премногу свежа храна ставена наеднаш.

На екранот се појавува симболот PF:

  • Продолжен прекин на електрична енергија.

На екранот се појавува ознаката E0 или E8:

  • Сензорските копчиња не реагираат. Повикајте сервисен центар.

  • Се додека апаратот не биде поправен од страна на сервисен техничар, ќе работи во безбеден режим. Апаратот автоматски ја запаметува најсоодветната температура за секој дел.

На екранот се појавува ознаката E1 или E2:

  • Грешка или дефект на температурниот сензор. Повикајте сервисен центар да го поправи дефектот. Се додека апаратот не биде поправен од страна на сервисен техничар, ќе работи во безбеден режим. Апаратот автоматски ја запаметува најсоодветната температура за секој дел.

На екранот се појавува ознаката E3 или Е4:

  • Дефект на вентилаторот во ладилникот. Повикајте сервисна служба да ја изврши поправката. Апаратот не може нормално да работи. Префрлете ја храната на ладно место и исклучете го апаратот.

На екранот се појавува ознаката E5:

  • Дефект на сензорот на испарувачот. Повикајте го сервисниот центар да изврши поправки. Апаратот не може да работи нормално. Префрлете ја храната на ладно место и исклучете го апаратот.

На екранот се појавува симболот E9:

  • Вратата била оставен отворена предолго. Затворете ја.

  • Доколку вратата не е отворена, или доколку се' уште се прикажува Е9 10 минути откако сте ја затвориле вратата, тогаш има дефект кај сензорот на вратата. Повикајте го сервисниот центар да изврши поправки. Апаратот ќе работи во безбеден режим се' додека не се поправи. Апаратот автоматски ќе ја одржува најсоодветната температура за секоја преграда.

Ако ниту еден од горните совети не го реши вашиот проблем, повикајте го овластениот сервисен центар и наведете го типот, моделот, и серискиот број назначен на натписната таблица со основни податоци или ознаката која се наоѓа во внатрешноста на апаратот.

Информации за бучавата на апаратот

Ладењето во разладните апарати е овозможено со помош на систем за ладење кој исто така вклучува компресор ( и вентилатор кај одредени модели), што предизвикува одредена бучава. Степенот на бучава зависи од поставувањето, соодветно користење, и староста на апаратот.

  • По вклучување на апаратот на електричната мрежа, работата на компресорот, односно звукот на течност за ладење за време на работата на компресорот може да се зголеми. Ова не е знак за дефект и нема влијание врз векот на користење на апаратот. По одредено време, звукот на работата на апаратот и бучавата ќе се намалат.

  • Понекогаш, невообичаени или погласни шумови може да се чујат за време на работата на апаратот, и тие најчесто се резултат на несоодветно поставување на апаратот:

    • Апаратот мора да е поставен на рамна подлога и стабилно да стои на тврда подлога.

    • Апаратот не смее да биде во допир со ѕидот или со соседните елементи.

    • Проверете дали внатрешната опрема е поставена односно стои цврсто на свое место и дали бучавата не е предизвикана од ѕвечкање на лименки, шишиња или други садови поставено еден до друг.

  • Поради поголем обем на работа на системот за ладење кога вратата е отворана почесто или подолго време, кога се става поголема количина на свежа храна или се активирани функциите на интензивно ладење или замрзнување, апаратот може привремено да произведува поголема бучава.

Ваши белешки

Го резервираме правото на промени кои не влијаат врз функционалноста на апаратот.

888931