ДЕТАЛНО УПАТСТВО

ЗА УПОТРЕБА НА МАШИНАТА ЗА СУШЕЊЕ

Денес животот е комплициран. Ајде барем одржувањето на алиштата да ни биде поедноставно! Вашата нова машина за сушење користи иновативна технологија и најнови достигнувања за нега на алиштата, за секојдневните обврски во домаќинството да ви станат поедноставни.
Технологијата нуди најнежен третман за секоја облека, со минимум туткање. Освен тоа, вашата нова машина за сушење не е штетна за околината, затоа што користи енергија на најекономичен можен начин.

Оваа машина за сушење е наменета исклучиво за домашна употреба. Ве молиме не користете ја за сушење на алишта кои не се погодни за машинско сушење.

Во упатството се користат следниве симболи со следните значења:

Информации, совет, помош или препорака

Предупредување за општа опасност

Предупредување за опасност од електричен удар

Предупредување за опасност од жешка површина

Предупредување за опасност од пожар

Внимателно прочитајте го упатството.

БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА

knjigaВнимателно прочитајте го упатството за употреба пред да ја користите машината за сушење.

Ве молиме не користете ја машината за сушење без претходно да го прочитате и да го разберете ова упатство за употреба.

Машината за сушење не е наменета за употреба од страна на лица (и деца) со телесни или ментални пречки, или лица без искуство и знаење. Овие лица треба да добијат упатства за користење на машината за сушење од лице одговорно за нивната безбедност.

Ова упатство за употреба на машината за сушење се доставува со различни видови и модели на машини за сушење. Затоа, во него може да има опис на можности или опрема кои ги нема во вашата машина за сушење.

Максималниот капацитет на сушење во кг (сува тежина) е означен на натписната табличка

Непочитувањето на упатството за употреба или несоодветната употреба на машината за сушење може да доведе до оштетување на алиштата или уредот, или до повреда на корисникот. Чувајте го упатството при рака, во близина на машината за сушење.

Упатствата за употреба се достапни на веб страницата на www.gorenje.com.

Вашата машина за сушење е наменета исклучиво за домашна употреба. Ако машината за сушење се користи за професионална, профитна цел што ја надминува нормалната употреба во домаќинството, или ако ја користи лице кое не е потрошувач, гарантниот рок е еднаков на најкраткиот гарантен рок што се бара според релевантниот закон.

Следете ги упатствата за правилно инсталирање на машината за сушење Gorenje и за приклучување на електричната мрежа (види поглавје »ИНСТАЛАЦИЈА И ПРИКЛУЧУВАЊЕ«).

Поправките или одржувањето на машината мора да ги прави само обучено стручно лице. Нестручна поправка може да доведе до несреќа или грешка во работењето.

За да се избегне опасност, оштетен кабел за струја може да замени само производителот, сервисерот или овластено лице.

По инсталацијата, машината мора да стои неподвижна уште два часа пред да се приклучи на електричната мрежа.

Не приклучувајте ја машината за сушење на електрична мрежа со помош на надворешен прекинувачки уред како на пр., програматор, ниту на електрична мрежа која дистрибутерот на струја често ја вклучува и исклучучува.

Машината за сушење не смее да се приклучува на електричната мрежа со помош на продолжен кабел.

Не приклучувајте ја машината за сушење во електричен штекер наменет за апарат за бричење или фен за коса.

Во случај на дефект, користете единствено резервни делови кои се одобрени од овластени производители.

Во случај на неисправно приклучување на машината за сушење, неправилна употреба или сервисирање од неовластено лице, корисникот ги сноси трошоците за било каква штета, зашто таа не е покриена со гаранцијата.

Секогаш користете ги цревата испорачани со машината за сушење.

Машината за сушење поставете ја во просторија со соодветна вентилација и температура меѓу 15°C и 25°C.

Потребни се барем две лица за поставување на машината за сушење над машината за перење.

Поставете ја машината за сушење на рамна и стабилна тврда (бетонска) подлога.

Не ставајте ја машината зад врата што се заклучува, лизгачка врата или врата со шарки на спротивната страна од шарките на вратата на машината. Машината за сушење поставете ја така што вратата слободно да се отвора.

Никогаш не блокирајте го испустот за воздух (отворот за испумпување).

Не ставајте ја машината за сушење на тепих со долги влакна, бидејќи може да ја попречи циркулацијата на воздухот.

Воздухот во околината на машината не смее да содржи прашина.

Просторијата во која е инсталирана мора да биде темелно проветрена за да се спречи обратен проток на гасовите што се ослободуваат од апарати на гас со отворен оган (на пр., камин).

Околу машината за сушење не смее да се насобираат влакна.

Апаратот не смее да биде во контакт со ѕид или со мебел.

По инсталирањето, машината нека мирува уште 24 часа пред да се употреби. Ако машината за сушење треба да се положи на страна заради транспорт или сервисирање, ставете ја на левата страна, гледано однапред.

Не користете ја машината за сушење за неиспрани алишта.

Алиштата со дамки од масло, ацетон, алкохол, нафтени деривати, средства за отстранување флеки, терпентин, восок, и отстранувачи на восок треба да се исперат во машина за перење со топла вода и детергент пред да се сушат во машината за сушење.

Алиштата кои содржат латекс, гумени делови, капи за туширање и капење, како и алиштата или навлаките со гумена пена не смее да се сушат во машината за сушење.

Користете омекнувачи или слични производи за алишта во согласност со упатствата на производителот.

Отстранете ги сите предмети како запалки и чкорчиња од џебовите.

Доколку цевката за кондензација е блокирана, односно затната, се прекинува работењето на машината за сушење алишта (Погледни поглавје »ПАУЗИРАЊЕ И МЕНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА/Полн резервоарот на кондензат«).

Пред преместување или поставување на машината за сушење во незагреана просторија зиме, садот за кондензат треба да се испразни.

Исчистете ги филтрите на машината по секое сушење. Ако сте ги извадиле филтрите, вратете ги пред следното сушење.

Не користете растворувачи или средства за чистење кои може да ја оштетат машината за сушење (ве молиме да ги почитувате препораките и предупредувањата од производителите на средствата за чистење).

Никогаш не ставајте хемикалии или мириси во садот за кондензат (види поглавје »ОПИС НА МАШИНАТА ЗА СУШЕЊЕ и ПРАЗНЕЊЕ НА САДОТ ЗА КОНДЕНЗАТ«).

По сушењето, исклучете го кабелот на машината од штекерот за струја.

Машината за сушење користи пумпен систем за загревање на воздухот.

Системот се состои од компресор и разменувач на топлина. Кога ќе се вклучи машината за сушење, работењето на компресорот (звукот на течење) или течењето на разладната течност може да биде погласно додека работи компресорот. Ова не е знак за дефект и нема да влијае на корисниот век на машината. Со време, и со користењето на машината, оваа бучава ќе се намали.

Гаранцијата не покрива потрошен материјал, помали отстапувања во бојата, поголема бучава поради староста на апаратот, која не влијае врз функционалноста на машината за сушење, и естетски дефекти на компонентите, кои не влијаат врз функционалноста и безбедноста.

Безбедност на деца

Безбедност на деца

Не дозволувајте деца да си играат со машината за сушење.

Не дозволувајте им на деца помали од три години да дојдат во допир со машината за сушење алишта.

Не давајте им на децата и домашните миленици да влегуваат во машината.

Пред да ја затворите вратата и да ја пуштите програмата на машината за сушење, проверете дали има само алишта во барабанот (на пр., дали дете влегло и ја затворило вратата однатре).

Активирајте ја заштитата за деца. Види поглавје »ЧЕКОР 4: МЕСТЕЊЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ ФУНКЦИИ/Заштита за деца«.

Машината за сушење е направена според сите пропишани безбедносни стандарди.

Оваа машина за сушење може да ја користат деца над 8-годишна возраст и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности, или без искуство и знаење, но само ако се под надзор додека ја користат, ако добиле упатства за безбедна употреба и ако ги разбираат опасностите од несоодветна употреба на машината.

Децата не треба да си играат со машината за сушење.

Тие не смеат да ја чистат или да вршат одржување без надзор.

Опасност од жешка површина

На повисоки температури за сушење, стаклото од вратата ќе се загрее. Внимавајте да не се изгорите. Децата не смее да си играат во близина на стаклото од вратата.

Задната страна може многу да се загрее додека машината работи. Почекајте машината да се олади пред да ја допрете задната страна.

Ако ја отворите вратата од машината за време на сушењето, облеката може да биде многу жешка, и постои опасност од изгореници.

Никогаш не прекинувајте го сушењето пред да заврши; ако тоа го направите од каква било причина, внимавајте при вадење на алиштата од барабанот, бидејќи се врели. Бргу извадете ги алиштата и раширете ги за што побргу да се оладат.

Предупредување

Користете ја машината за сушење само за алишта испрани со вода. Не смеете да сушите алишта испрани или исчистени со запалливи супстанци или средства за чистење (како на пр., бензин, трихлоретилен и сл), бидејќи ова може да предизвика експлозија.

Ако сте ги исчистиле алиштата со индустриски средства за чистење или хемиски супстанци, не сушете ги во машина за сушење.

Машината за сушење е заштитена со автоматски систем за исклучување во случај на прегревање. Овој систем ќе ја исклучи машината ако температурата е превисока.

Ако мрежниот филтер се затне, може да се активира системот за автоматско исклучување во случај на прегревање. Исчистете го филтерот, почекајте машината да се олади, и пуштете ја повторно. Ако машината сè уште не се вклучува, повикајте сервисер.

ОПИС НА МАШИНАТА ЗА СУШЕЊЕ

Opis_susilca_spredaj_sp22_HP_zaprta_posoda_ND_oštevilčeno

НАПРЕД

  1. Сад за кондензат

  2. Копче on/off

  3. Копче за избор на програма

  4. Копче за start/pause

  5. Контролна табла

  6. Врата

  7. Мрежен филтер

  8. Отвор за проветрување

  9. Филтер за топлотна пумпа

  10. Натписна табличка

Opis_stroja_zadaj_sp22_HP_oštevilčeno

НАЗАД

  1. Приклучен кабел

  2. Црево за одвод на кондензатот

  3. Прилагодливи ногарки

Технички податоци

(во зависност од моделот)

Натписната табличка со основни информации за машината за сушење алишта се наоѓа на внатрешната страна на вратата на машината за сушење алишта (види поглавје »ОПИС НА МАШИНАТА ЗА СУШЕЊЕ«).

Ширина

600 mm

Висина

850 mm

Длабочина на машината (a)

625 mm

Длабочина со затворена врата

653 mm

Длабочина со отворена врата (b)

1134 mm

Тежина

XX/YY kg (во зависност од моделот)

Номинален напон

Види ја натписната плоча

Осигурувач

Види ја натписната плоча

Приклучна моќност

Види ја натписната плоча

Количество на средство за ладење

Види ја натписната плоча

Вид на средство за ладењ

R134a

Максимално полнење

Види ја натписната плоча

7 kg

8 kg

Производот содржи флуорирани стакленички гасови.

Вид на средство за ладење: R134a

Количество на средство за ладење: 0,38 kg

Вкупно GWP (потенцијал за глобално затоплување): 1430

Еквивалент во CO2: 0,543 t

Херметички затворено.

Натписна табличка

Napisna_tablica_QR_neutral_in_Auid_SP22_HP_Gorenje

Контролна табла

Celna_B2_HygDry_UN_cela_oštevilčeno

1

КОПЧЕ ON/OFF

Вклучување и исклучување на машината за сушење.

4

EXTRA DRY simbol_ExtraDry_SP22 (СТЕПЕН НА ИСУШЕНОСТ)

Симболот е осветлен кога е избрана функцијата.

Дополнителните функции 4a simbol_ExtraDry-stopnjaNormal_SP22 и 4b simbol_ExtraDry-stopnjaExtra_SP22 овозможуваат да изберете повисоко ниво на сушење и да го продолжите времето на сушење.

2

ПРОГРАМАТОР

5

DELAY END simbol_DelayEnd_P22 (ОДЛОЖУВАЊЕ НА КРАЈОТ НА ПРОГРАМАТА ЗА СУШЕЊЕ)

Опција да се постави времето кога сушењето ќе заврши.

3

КОПЧЕ ЗА СТАРТ/ПАУЗА

Користете го ова копче за пуштање или прекинување на програмата.

По пуштањето или при паузирање, сијаличката на копчето ќе трепка; кога програмата е пуштена и во тек, таа постојано ќе свети.

4+5

Звук ВКЛУЧИ/ИСКЛУЧИ

Притиснете ги позициите 4+5 и задржете ги 3 секунди.

6

Сијаличка за симболот ЗАШТИТА ЗА ДЕЦА simbol_otroska_zascita

5+7

Заштита од деца ВКЛУЧИ/ИСКЛУЧИ

Притиснете ги позициите 5+7 и задржете ги 3 секунди.

7

ANTI CREASE simbol_AntiCrease_SP22 (ФУНКЦИЈА ПРОТИВ ТУТКАЊЕ)

Сијаличката ќе се осветли под избраното време на работење на програмата.

8

Сијаличка за симболот simbol_cisti_filter

ДА СЕ ИСЧИСТИ ФИЛТЕРОТ

9

Следното се прикажува ЕКРАНОТ ЗА ПРИКАЗ:

  • Достапни функции;

  • Преостанато време до завршување на програмата;

  • Информации за корисникот.

10

Сијаличка за симболот simbol_FullTank_SP22

ДА СЕ ИСПРАЗНИ САДОТ ЗА КОНДЕНЗАТ

11

TIME DRY simbol_TimeDRY_SP22 (ТЕМПИРАНО СУШЕЊЕ)

Опција за поставување на времето на сушење.

ИНСТАЛАЦИЈА И ПРИКЛУЧУВАЊЕ

Отстранете ја целата амбалажа. При отстранување на амбалажата, внимавајте машината за сушење да не се оштети со остар предмет.

Избирање на просторот

Postavitev_izbira_prostora_HP_ND_gumb-L0

Машината за сушење не смее да биде во контакт со ѕид или со мебел. За оптимално работење, препорачуваме да биде оддалечена од ѕидовите како што е покажано на сликата. Ако не се внимава на минималните растојанија, машината може да се прегрее.

Отворите на задниот ѕид и отворот за одвод на воздух на предната страна од машината за сушење треба секогаш да бидат слободни.

Просторијата во која ќе се инсталира машината мора да биде доволно проветрена, со температура меѓу 15°C и 25°C. Ако машината работи во околина со пониска температура, тоа може да доведе до акумулација на кондензат во внатрешноста на машината. Не ставајте ја на место каде има опасност од замрзнување. Мразот во садот за кондензат и во пумпата може да ја оштети машината за сушење.

Машината за сушење зрачи топлина. Затоа, не ставајте ја во многу мал простор, бидејќи сушењето може да потрае подолго поради ограниченото количество воздух на располагање.

Светлото во просторијата треба да биде доволно за да се читаат информациите на екранот од контролната табла.

Поставување на машината за сушење

Доколку исто така имате машина за сушење алишта на Gorenje со соодветни (исти) димензии, таа може да се постави врз машината за алишта на Gorenje; во овој случај мора да се стават вакуум ногарки и држач на ѕид. Алтернативно, машината за сушење може да се постави до машината за перење алиште (слики 1 и 3).

Ако вашата машина за перење Gorenje е помала (минимална длабочина 545 mm) од вашата машина за сушење Gorenje, тогаш треба дополнително да купите држач (слика 2). Мора да се употребат приложените вакуумски ногарки; тие спречуваат лизгање на машината за сушење.

Дополнителна опрема: корпа за сушење (а), вакуумски ногарки (б) (ако не се испорачани) и држач за прицврстување на ѕид (в)) може да купите во сервисниот центар.

Површината на која ќе се постави апаратот треба да биде чиста и рамна.

Машината за перење од Gorenje врз која имате намера да ја поставите машината за сушење Gorenje треба да може да ја издржи тежината на машината за сушење Gorenje (види наслов »ОПИС НА МАШИНАТА ЗА СУШЕЊЕ/Технички податоци«).

postavitev_SPnaPS_ps22_ND

1

2

3

Потребни се барем две лица за поставување на машината за сушење над машината за перење.

Отворање на вратата на машината за сушење (поглед одозгора)

tehnicni_podatki_susilec_ND_gumb-L0

Види поглавје »ОПИС НА МАШИНАТА ЗА СУШЕЊЕ/Технички податоци«.

a = 625 mm

b = 1134 mm

Не ставајте ја машината зад врата што се заклучува, лизгачка врата или врата со шарки на спротивната страна од шарките на вратата на машината. Машината за сушење поставете ја така што вратата слободно да се отвора.

Не ставајте ја машината за сушење на тепих со долги влакна, бидејќи може да ја попречи циркулацијата на воздухот.

transport_stroja_2_ND_gumb-L0

По инсталацијата, апаратот треба да мирува 24 часа пред првпат да го употребите. Ако машината за сушење треба да се положи настрана при транспорт или сервисирање, ставете ја на левата страна, гледано однапред.

Прилагодување на ногарките на машината за сушење

Нивелирајте ја машината за сушење надолжно и напречно со вртење на ногарките, кои овозможуваат израмнување за +/- 1 cm. Користете либела и клуч бр. 22.

Namestitev_vaservaga_ND_gumb-L0

Подот на кој ќе се постави машината за сушење, мора да има бетонска подлога. Треба да биде чист и сув, оти во спротивно, машината ќе се лизга. Исто така, исчистете ги и ногарките.

Машината за сушење мора да стои рамно и стабилно на тврда подлога.

Неправилното нивелирање на машината за сушење со прилагодливите ногарки може да предизвика вибрации, лизгање низ собата, и гласно работење. Неправилното нивелирање на машината за сушење не подлежи на гаранција.

Понекогаш, додека машината работи, може да се јават необични или погласни звуци; тие најчесто се последица од неисправна поставеност.

Одвод на кондензатот

Влагата од алиштата се апсорбира во кондензаторот и се собира во садот за кондензат.

При сушењето, сијаличката (светнувањето на симболот simbol_FullTank_SP22 (10) на екранот) предупредува кога садот за кондензат е полн и треба да се испразни.

Празнењето на садот може да се избегне преку поврзување на цревото за одвод на кондензатот кое се наоѓа на задната страна од апаратот директно со одводот.

Odvod_kondenzata_L1_L2

1Извадете го цревото од држачот на задната страна од машината за сушење алишта (лева страна, под горниот капак).

2Спроведете го цревото во одводот на висина од најмногу 80 cm од подот.

Доколку сакате да го пуштите цревото за исцедување на кондензацијата во одвод или када, убаво проверете дали цревото е прицврстено на безбеден начин. Со тоа се спречува истекување на вода врз машината, што би можело да резултира со непредвидена штета.

Секогаш користете ги цревата испорачани со машината за сушење.

Приклучување на електричната мрежа

Prikljucitev_susilca_na_elektiko_HP_ND_gumn-L0

По инсталацијата, машината не треба да се мрда уште два часа пред да се приклучи на електричната мрежа, за да се стабилизира.

Приклучете ја машината за сушење на електричен штекер со заземјување. По поставувањето, ѕидниот штекер треба да биде лесно достапен и да има контакт за заземјување (во согласност со важечките прописи).

Податоците за вашата машина за сушење се наведени на плочката со спецификации (види поглавје »ОПИС НА МАШИНАТА ЗА СУШЕЊЕ/Технички податоци«).

Препорачуваме да користите заштита од висок напон, заради заштита на апаратот од удар на гром.

Машината за сушење не смее да се приклучува на електричната мрежа со помош на продолжен кабел.

Не приклучувајте ја машината за сушење во електричен штекер наменет за апарат за бричење или фен за коса.

Поправките и одржувањето во однос на безбедноста или добрата работа мора да ги изведува квалификуван професионалец.

Оштетен приклучен кабел смее да замени само лице овластено од производителот.

Преместување и транспорт по инсталација

По секое сушење, мало количество кондензирана вода ќе остане во машината за сушење. Вклучете ја машината и одберете една од програмите, потоа оставете ја да работи околу половина минута. Со ова ќе се испумпа преостанатата вода и ќе се спречи оштетување на машината за сушење за време на транспортот.

Ако машината за сушење не може да се транспортира во исправена положба, навалете ја на левата страна.

По транспортот, машината мора да мирува најмалку два часа пред приклучување на електричната мрежа. Машината треба да ја постави и поврзе обучено техничко лице.

Ако уредот не бил пренесен во согласност со упатството, машината мора да стои најмалку 24 часа пред да се приклучени на електричната мрежа.

Ако тоа не се направи, топлотната пумпа може да се расипе, што не е опфатено со гаранцијата.

Внимавајте да не се оштети системот за ладење (види поглавје »ИНСТАЛАЦИЈА И ПРИКЛУЧУВАЊЕ/Поставување на машината за сушење«).

Внимателно прочитајте го упатството за употреба пред да ја приклучите машината за сушење. Дефект, односно рекламација што настанале поради неправилно приклучување или употреба на машината за сушење, не подлежат на гаранција.

Ременот може да го замени само специјалистички сервис овластен од производителот, кој може да го обезбеди оригиналниот резервен дел со код OPTIBELT EPH 1906, код 104265; OPTIBELT 8 EPH 1941, код 160165; POLY-V 7PH 1956 HUTCHINSON, код 562038; HUTCHINSON 8 PHE 1942, код 270313 (зависно од моделот).

ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА

Проверете дали машината за сушење е исклучена од електричната мрежа; потоа, отворете ја вратата со повлекување на левата страна во насока кон вас (слика 1 и 2).

Пред да се користи машината за сушење за прв пат, треба да се исчисти барабанот со мека памучна крпа и вода (слика 3).

Pred_prvo_uporabo_sp22_HPinSPK_ND_01

Pred_prvo_uporabo_sp22_HPinSPK_ND_02

1

2

Pred_prvo_uporabo_sp22_HPinSPK_ND_03

3

Не користете растворувачи или средства за чистење кои може да ја оштетат машината за сушење (ве молиме да ги почитувате препораките и предупредувањата дадени од производителите на средствата за чистење).

СУШЕЊЕ ЧЕКОР ПО ЧЕКОР (1 - 6)

Чекор 1: Обрнете внимание на етикетите на алиштата

Нормално перење;

Чувствителни алишта

Simbol_Pranja_Max_pranje_95

Макс. темп. на перење

95°C

Simbol_Pranja_Max_pranje_40

Макс. темп. на перење

40°C

Simbol_Pranja_Rocno_Pranje

Само рачно перење

Simbol_Pranja_Max_pranje_60

Макс. темп. на перење

60°C

Simbol_Pranja_Max_pranje_30

Макс. темп. на перење

30°C

Simbol_Pranja_Pranje_ni_dovoljeno

Без перење

Белење

Simbol_Pranja_Beljenje_hladno

Белење во ладна вода

Simbol_Pranja_Beljenje_ni_dovoljeno

Белење не е дозволено

Хемиско чистење

Simbol_Pranja_Kemicno_A

Хемиско чистење со сите средства

Simbol_Pranja_Kemicno_P

Петролеј R11, R113

Simbol_Pranja_Kemicno_F

Хемиско чистење во керозин, чист алкохол, и во R113

Simbol_Pranja_Kemicno_Ni_dovoljeno

Хемиско чистење не е дозволено

Пеглање

Simbol_Pranja_Likanje_200

Жешко пеглање, макс. 200°C

Simbol_Pranja_Likanje_110

Жешко пеглање, макс. 110°C

Simbol_Pranja_Likanje_150

Жешко пеглање, макс. 150°C

Simbol_Pranja_Likanje_Ni_dovoljeno

Пеглање не е дозволено

Сушење

Simbol_Pranja_Susenje_Ravna_podlaga

Положете на рамна површина

Simbol_Pranja_Susenje_Visoka_temp

Висока температура

Simbol_Pranja_Susenje_Obesite_mokro

Обесете водено

Simbol_Pranja_Susenje_Nizka_temp

Ниска температура

Simbol_Pranja_Susenje_Obesite

Обесете

Simbol_Pranja_Susenje_Ni_dovoljeno

Сушење во машина не е дозволено

Чекор 2: Подготовка за сушење

  1. Сортирајте ги алиштата според видот и дебелината на ткаенината (види ТАБЕЛА НА ПРОГРАМИ).

  2. Затворете ги копчињата и патентите, врзете ги врвците и превртете ги џебовите.

  3. Ставете ги осетливите алишта во перална торба за посебна намена.

    (Пералната торба за посебна намена може да се докупи.)

perilo_razvstitev

Не се препорачува сушење на алишта од посебно осетливи ткаенини кои може да се деформираат. Следниве алишта не смее да се сушат во машина за сушење, бидејќи тоа може да ги деформира:

  • кожена облека и други производи од кожа,

  • облека третирана со восок или на друг начин,

  • облека со големи дрвени, пластични или метални делови;

  • облека со светки;

  • облека со метални делови кои `рѓосуваат.

Вклучување на машината за сушење

Приклучете ја машината за сушење на електричната мрежа со кабелот за напојување.

Притиснете го копчето (1) ON/OFF за да ја вклучите машината за сушење (слика 1).

Кај некои модели, осветлен е и барабанот на машината (слика 2).

(Светилката во барабанот не е погодна за друга употреба.)

Светилката во барабанот на машината за сушење може ја замени само производителот, сервисерот или овластено лице.

Vklop_susilnega_stroja_zarnica_sp22_HP_ND_oštevilčeno

1

2

Полнење на машината за сушење

Отворете ја вратата на машината за сушење со влечење на левата страна во насока кон вас (слика 1).

Ставете ги алиштата во барабанот (откако ќе проверите дека е празен) (слика 2).

Затворете ја вратата на машината за сушење (слика 3).

Polnjenje_susilnega_stroja_3_HP_ND_gumb-L0_01_oštevilčeno

Polnjenje_susilnega_stroja_3_HP_ND_gumb-L0_02_oštevilčeno

1

2

Polnjenje_susilnega_stroja_3_HP_ND_gumb-L0_03_oštevilčeno

3

Не ставајте алишта во машината за сушење ако не се исцентрифугирани (препорачани минимални вртежи на центрифугирање: 800 вртежи во мин.).

Не преполнувајте го барабанот! Видете ТАБЕЛА ЗА ПРОГРАМА и придржувајте се до номиналната количина која е наведена на натписната табличка.

Ако барабанот е преполнет, алиштата ќе бидат постуткани, а можеби и нерамномерно исушени.

Кога сушите поголеми парчиња (постелнина, крпи, чаршафи и сл.), растресете ги и потоа ставете ги во барабанот.

Чекор 3: Избирање на програмата за сушење

Изберете ја програмата со вртење на програматорот (2) кон лево или кон десно (зависно од видот на алиштата и саканиот степен на исушеност). Види ТАБЕЛА НА ПРОГРАМИ.

Izbira_programa_sp22_hp_ND_oštevilčeno

Програматорот (2) не се врти автоматски за време на работењето.

Табела на програми

Програма

Степени на исушеност

Макс. полнење

Опис на програмата

Cotton (Памук)

simbol_storage

Storage

(За во шкаф)

7 kg

8 kg

Оваа програма користете ја за подебели, неосетливи памучни алишта. По завршување на сушењето, алиштата ќе бидат суви и готови за складирање во шкафот.

simbol_standard

Standard* Mode_puscica

7 kg

8 kg

Користете ја оваа програма за подебели нечувствителни памучни алишта со приближно иста дебелина. По сушењето, ќе бидат суви.

simbol_iron

Iron

(Влажни за пеглање)

7 kg

8 kg

Користете ја оваа програма за нечувствителни памучни алишта. По сушењето, ќе бидат готови за пеглање.

simbol_MIX_sp22

Mix

(Мешани алишта)

3,5 kg

Програмата се користи за сушење на памучни и синтетички алишта истовремено.

simbol_Sintetika_SP22

Synthetics

(Синтетика)

3,5 kg

Програмата се користи за сушење на синтетички и мешовит текстил.

simbol_wool_SP22

Wool

(Волна)

2 kg

Програмата е наменета за сушење волнена облека според насоките на производителот на етикетата.

simbol_downwear

Pillow

(Пердуви/Надолу)

1,5 kg

Користете ја оваа програма за да сушите облека полнета или поставена со пердуви (перници, јакни...). Сушете големи предмети одделно и користете ја функцијата EXTRA DRY (СТЕПЕН НА ИСУШЕНОСТ) доколку е потребно.

Air refresh

(Воздушно освежување)

2 kg

Во текот на оваа програма, грејачот е исклучен. Програмата е погодна за освежување на вашите алишта.

simbol_bedding

Bedding

(Постелнина)

5 kg

Оваа програма се користи за поголеми алишта. Кога програмата ќе заврши, ќе бидат суви. Прилагоденото вртење на барабанот спречува заплеткување на алиштата.

simbol_baby

Baby

(Бебешки алишта)

4 kg

Користете ја оваа програма за сушење бебешка облека. Облеката исушена со оваа програма обично е нормално сува.

simbol_sensitive_spHP_B22

Sensitive simbol_NatureDry_spHP_B22

(Осетливи)

1 kg

Користете ја оваа програма за сушење на многу осетливи алишта од синтетички влакна, кои ќе бидат малку влажни по сушењето. Препорачуваме употреба на наменска торба за алишта.

1) NATUREDRY simbol_NatureDry_spHP_B22 сушење на пониска температура која е понежна кон вашите алишта.

simbol_Shirts_crna

Shirts simbol_NatureDry_spHP_B22

(Кошули)

2 kg

Користете ја оваа програма за сушење кошули и блузи. Прилагодените вртежи на барабанот спречуваат туткање.

1) NATUREDRY simbol_NatureDry_spHP_B22 сушење на пониска температура која е понежна кон вашите алишта.

simbol_sport_spHP_B22

Sports simbol_NatureDry_spHP_B22

(Спортска облека)

3 kg

Користете ја оваа програма за облека со мембрана, за спортска облека од мешани материјали, и ткаенини што дишат.

1) NATUREDRY simbol_NatureDry_spHP_B22 сушење на пониска температура која е понежна кон вашите алишта.

simbol_time

Time

(Темпирана програма за сушење)

4 kg

Користете ја оваа програма за неосетливи алишта кои сè уште се малку влажни и мора темелно да се исушат. Во темпираната програма, преостаната влага не се детектира автоматски. Ако алиштата сè уште се влажни по завршување на програмата, повторете ја програмата; ако се пресушени, па затоа, стуткани и груби на допир, избраното време на сушење било предолго.

simbol_Towels_SP22

Towels

(Пешкири)

4 kg

Користете ја оваа програма за сушење неосетливи работи (пешкири, кујнски крпи...) По сушењето, работите ќе бидат суви и спремни да се складираат во ормар.

Fast 89´

(Брзо 89')

4 kg

Програмата е соодветна за помали количини алишта што сакате да ги исушите бргу и ефикасно.

*

Стандардна програма за памучни алишта, во согласност со важечката регулатива на ЕУ 392/2012

1)

NATUREDRY simbol_NatureDry_spHP_B22 Сушење алишта на пониска температура од вообичаената со цел да се намали можноста од собирање. За време на сушењето, температурата се намалува со прецизна контрола на работењето на топлинската пумпа и дополнителен сензор за температура. Затоа, собирањето на облеката со оваа програма може да биде до 50%*) пониско отколку со вообичаеното сушење на вообичаена температура на сушење (зависно од облеката и видот на ткаенина).
Програмата е наменета за облека која може да се суши во сушара.

*) Како што е тестирано во лабораторијата на производителот; споредба помеѓу програмата за сушење NATUREDRY и вообичаена програма за сушење со топлинска пумпа..

Ако вашите алишта не се исушени до саканиот степен, употребете ги дополнителните функции или посоодветна програма.

Чекор 4: Избирање дополнителни функции

Активирајте/деактивирајте ги функциите со притискање на посакуваната функција (пред да го притиснете тастерот (3) СТАРТ/ПАУЗА.

Прилагодите ги поставките со притискање на соодветното копче за функции (пред да го притиснете копчето (3) START/PAUSE).

Опциите што може да се променат со веќе одбраната програма за сушење алишта се делумно осветлени (придушени).

Некои поставки не може да се изберат со одредени програми. Таквите поставки нема да се осветлат, а копчето ќе трепка кога ќе се притисне (види ТАБЕЛА НА ФУНКЦИИ).

Опис на осветлувањето на функциите на избраната програма за сушење на алишта:

  • Осветлено (Основна/фабричка поставка);

  • Затемнето (Функции кои може да се прилагодат) и

  • Неосветлено (Функции кои не може да се изберат).

Celna_B2_HygDry_UN_PZ_oštevilčeno

Tipka_B2_HygDry_ExtraDRY_

EXTRA DRY (СТЕПЕН НА ИСУШЕНОСТ)

Притиснете на позицијата (4) EXTRA DRY (СТЕПЕН НА ИСУШЕНОСТ) за да го прилагодите - зголемите нивото на сушење и времетраењето на сушењето. Оваа поставка може да се прилагоди пред почетокот на процесот на сушење. По програмата за сушење, оваа поставка не се зачувува.
На располагање се две нивоа на дополнително сушење и подолго време на сушење. Дополнителните функции (4a) simbol_ExtraDry-stopnjaNormal_SP22 и (4b) simbol_ExtraDry-stopnjaExtra_SP22 овозможуваат да изберете повисоко ниво на сушење и да го продолжите времето на сушење. Сијаличката на избраниот режим на сушење ќе се осветли.

Tipka_B2_HygDry_DelayEnd

DELAY END (ОДЛОЖУВАЊЕ НА КРАЈОТ НА ПРОГРАМАТА ЗА СУШЕЊЕ)

Притиснете на позицијата (5) DELAY END (ОДЛОЖУВАЊЕ НА КРАЈОТ НА ПРОГРАМАТА ЗА СУШЕЊЕ) за да го одложите крајот на времето на сушење за до 24 часа.

Постапка на поставување:

  • Изберете ја посакуваната програма и дополнителните функции.

  • Притиснете на позицијата (5) DELAY END (ОДЛОЖУВАЊЕ НА КРАЈОТ НА ПРОГРАМАТА ЗА СУШЕЊЕ) за да ја активирате функцијата.

  • Притискајте ја оваа позиција последователно за да го поставите посакуваното време на завршување на сушењето (со стапки од 30 минути до 6 часа, а потоа стапки од 1 час, сè до 24 часа).

  • Функцијата се активира со притискање на копчето (3) START/PAUSE.

Сушарата започнува со одбројување на времето. Кога одбројувањето ќе го постигне времетраењето на програмата за сушење (пр. 2:30), програмата за сушење ќе започне автоматски.

За да го прекинете или промените времето на завршување на програмата за сушење, притиснете (1) ON/OFF. За набрзина да го откажете одложувањето на завршувањето на програмата, притиснете ја позицијата (5) DELAY END (ОДЛОЖУВАЊЕ НА КРАЈОТ НА ПРОГРАМАТА ЗА СУШЕЊЕ) и држете 3 секунди. Програмата за сушење ќе продолжи.

Пример за поставка::
Доколку сакате програмата за сушење да заврши во 6:00 часот наутро, а сега е 21:00 часот, тогаш поставете го времето DELAY END (ОДЛОЖУВАЊЕ НА КРАЈОТ НА ПРОГРАМАТА ЗА СУШЕЊЕ) на 9 часа.

Tipka_B2_HygDry_AntiCrease

ANTI CREASE (ФУНКЦИЈА ПРОТИВ ТУТКАЊЕ)

Ако немате намера или не можете да ги извадите алиштата од машината за сушење веднаш по завршувањето на програмата, препорачуваме користење на функцијата (7) ANTI CREASE (ФУНКЦИЈА ПРОТИВ ТУТКАЊЕ), која треба да се избере пред почетокот на сушењето.
Притиснете врз позицијата (7) ANTI CREASE (ФУНКЦИЈА ПРОТИВ ТУТКАЊЕ) за да изберете меѓу 1h, 2h, и 3h (7a) или за да ја деактивирате оваа функција. Кога ќе ја отворите вратата по завршување на програмата, функцијата автоматски се деактивира.

Tipka_B2_HygDry_TimeDRY_

TIME DRY (ТЕМПИРАНО СУШЕЊЕ)

Во програмата Time (Темпирана програма за сушење), можете да ја притиснете позицијата (11) TIME DRY (ТЕМПИРАНО СУШЕЊЕ) за да го поставите времето на сушење. Ќе се вклучи сијаличката по иконата на избраната функција. Првичното време е 0:30; со секое притискање, времето на сушење се зголемува за 15 минути. Најдолгото можно време на сушење е 4:00 ч.

За да го ресетирате поставеното време на сушење, притиснете ја позицијата TIME DRY (ТЕМПИРАНО СУШЕЊЕ) и држете ја три секунди.

Celna_B2_HygDry_UN_PZ_ChildLock_oštevilčeno

Kombinacija_tipk_Sound_OnOff_sp22

ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ЗВУКОТ

За да го исклучите звукот, истовремено притиснете ги позициите (4) EXTRA DRY simbol_ExtraDry_SP22 (СТЕПЕН НА ИСУШЕНОСТ) и (5) DELAY END simbol_DelayEnd_P22 (ОДЛОЖУВАЊЕ НА КРАЈОТ НА ПРОГРАМАТА ЗА СУШЕЊЕ) и држете ги најмалку 3 секунди.

За да го реактивирате звукот, истовремено притиснете ги позициите (4) и (5) и држете ги најмалку 3 секунди. Доколку го исклучите звукот, тогаш нема да има звучен сигнал на крајот на програмата за сушење.

Kombinacija_tipk_ChildLock_sp22

СИГУРНОСНА ЗАШТИТА ЗА ДЕЦА

За да го активирате или деактивирате заклучувањето за деца, истовремено притиснете ги позициите (5) DELAY END simbol_DelayEnd_P22 (ОДЛОЖУВАЊЕ НА КРАЈОТ НА ПРОГРАМАТА ЗА СУШЕЊЕ) и (7) ANTI CREASE simbol_AntiCrease_SP22 (ФУНКЦИЈА ПРОТИВ ТУТКАЊЕ) и држете ги најмалку 3 секунди додека не се вклучи или исклучи симболот simbol_otroska_zascita (6).

Ако заштитата за деца е активирана, програмата или дополнителните функции не може да се менуваат. Заштитата за деца ќе остане активна по исклучувањето на машината за сушење. Затоа, треба да се деактивира пред да се избере нова програма. Исто така, може да се исклучи за време сушењето.

Некои функции не се достапни и не може да се изберат со одредени програми, на што предупредува звучен сигнал и трепкање на сијаличката (види ТАБЕЛА НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ФУНКЦИИ).

По исклучување на машината за сушење од електричната мрежа, сите наместени функции ќе се вратат на фабричките стандардни вредности, освен јачината на звучниот сигнал, функцијата против туткање, и заштитата за деца.

Табела на дополнителни функции

Програми

EXTRA DRY simbol_ExtraDry_SP22

(СТЕПЕН НА ИСУШЕНОСТ)

DELAY END simbol_DelayEnd_P22

(ОДЛОЖУВАЊЕ НА КРАЈОТ НА ПРОГРАМАТА ЗА СУШЕЊЕ)

ANTI CREASE simbol_AntiCrease_SP22

(ФУНКЦИЈА ПРОТИВ ТУТКАЊЕ)

TIME DRY simbol_TimeDRY_SP22

(ТЕМПИРАНО СУШЕЊЕ)

Cotton (Памук)

simbol_storage

Storage

(За во шкаф)

simbol_standard

Standard* Mode_puscica

simbol_iron

Iron

(Влажни за пеглање)

simbol_MIX_sp22

Mix

(Мешани алишта)

simbol_Sintetika_SP22

Synthetics

(Синтетика)

simbol_wool_SP22

Wool

(Волна)

simbol_downwear

Pillow

(Пердуви/Надолу)

Air refresh

(Воздушно освежување)

simbol_bedding

Bedding

(Постелнина)

simbol_baby

Baby

(Бебешки алишта)

simbol_sensitive_spHP_B22

Sensitive simbol_NatureDry_spHP_B22

(Осетливи)

simbol_Shirts_crna

Shirts simbol_NatureDry_spHP_B22

(Кошули)

simbol_sport_spHP_B22

Sports simbol_NatureDry_spHP_B22

(Спортска облека)

simbol_TimeDRY_SP22

Time

(Темпирана програма за сушење)

simbol_Towels_SP22

Towels

(Пешкири)

Fast 89´

(Брзо 89')

Може да се користат дополнителни функции

Ако вашите алишта не се исушени до саканиот степен, употребете ги дополнителните функции или посоодветна програма.

Чекор 5: Пуштање на програмата за сушење

Притиснете го копчето (3) START/PAUSE.

Tipka_START-PAVZA_sp22_oštevilčeno

Чекор 6: Завршување на програмата на сушење

По завршувањето на програмата, на екранот се прикажува E_End »(Крај)« , се вклучуваат двете црвени светла за индикација, а сијаличката на копчето (3) START/PAUSE и временскиот индикатор на програмата ANTI CREASE (ФУНКЦИЈА ПРОТИВ ТУТКАЊЕ) (7a) трепкаат доколку се активирани или одбрани.

E_End

  1. Отворете ја вратата на машината за сушење.

  2. Исчистете ги филтрите (види дел »ЧИСТЕЊЕ« ...).

  3. Извадете ги алиштата од барабанот.

  4. Затворете ја вратата!

  5. Исклучете ја машината за сушење (притиснете го копчето (1) ON/OFF).

  6. Испразнете го садот за кондензат.

  7. Исклучете го кабелот за напојување од штекерот.

Tipka_VKLOP-IZKLOP_sp22_oštevilčeno

По завршувањето на програмата за сушење, веднаш извадете ги алиштата од барабанот за да спречите туткање.

Последниот циклус на сушење вклучува фаза на ладење без да работи грејачот. Така ќе се обезбеди дека алиштата се на соодветна температура на крајот на програмата и дека ќе можат да се извадат без ризик од допирање врели алишта.

ПРЕКИНИ И ПРОМЕНИ НА ПРОГРАМАТА

Прекини

Прекинување на програмата

Притиснете го копчето (3) START/PAUSE за да ја паузирате/продолжите програмата.

За да ја запрете и да ја прекинете програмата за сушење, притиснете го копчето (3) START/ PAUSE и задржете го 3 секунди. Избраната програма ќе запре, а машината ќе почне да се лади. Времето на ладење зависи од избраната програма. По ова, програмата за сушење пак може да се избере.

Отворена врата

Доколку вратата на сушалната се отвори во текот на процесот на сушење, циклусот ќе се прекине.

Кога вратата ќе се затвори и ќе се притисне копчето (3) START/PAUSE, сушењето ќе продолжи од точката во која било прекинато.

Вратата на машината за сушење алишта се загрева во текот на сушењето. Внимавајте да не се изгорите при отворање на вратата на машината.

Полн сад за кондензат

Кога садот за кондензат ќе се наполни, програмата за сушење ќе паузира (ќе свети симболот simbol_FullTank_SP22 (10)).

Испразнете го садот за кондензат (види поглавје »ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ/Празнење на садот за кондензат«).

Притиснете го копчето (3) START/PAUSE за програмата за сушење да продолжи од точката во која била прекината.

Прекин на струја

Кога струјата повторно ќе се вклучи, сијаличката на копчето (3) START/PAUSE ќе засветка.

За да продолжите со сушењето, притиснете го копчето (3) START/PAUSE.

Менување на програмата/функциите

Исклучете ја машината за сушење со притискање на копчето (1) ON/OFF; потоа, вклучете ја повторно со притискање на копчето (1) ON/OFF и свртете го програматорот (2) на саканата програма, или изберете дополнителни функции.

Изберете друга програма/функција и пак притиснете го копчето (3) START/PAUSE.

Додавање алишта по стартот на програмата

Отворете ја вратата на машината за сушење и притиснете го копчето (3) START/PAUSE. Ставете ги алиштата и притиснете го копчето (3) START/PAUSE.

При ставање на алиштата, бидете внимателни да не се изгорите кога ќе ја отворате вратата на машината.

Времето на сушење може да се продолжи.

Меморирање на лично наместените функции

Првично наместените функции може да се променат.

Кога ќе ја изберете програмата и дополнителните функции, можете да ја зачувате таа комбинација со притискање на копчето (3) START/PAUSE и држете го 3 секунди. Сигналната сијаличка на копчето (3) START/PAUSE и звучен сигнал ќе го потврдат вашиот избор. Индикаторот »saved« »(saved)« ќе се прикаже накратко на екранот (9).

Притиснете го копчето (3) START/PAUSE за почеток на сушењето.

Променетата комбинација ќе се појави секојпат кога ќе ја вклучите машината за сушење.

Следете ја истата постапка за промена на претходно меморираната комбинација.

Мени за лично местење на функциите

Вклучете ја сушарата со притискање на копчето (1) ON/OFF. За да го отворите менито за лични поставки, истовремено притиснете ги позициите (4) EXTRA DRY simbol_ExtraDry_SP22 (СТЕПЕН НА ИСУШЕНОСТ) и (7) ANTICREASE simbol_AntiCrease_SP22 (ФУНКЦИЈА ПРОТИВ ТУТКАЊЕ) и држете ги 3 секунди. На екранот ќе светнат симболите (5) DELAY END simbol_DelayEnd_P22 (ОДЛОЖУВАЊЕ НА КРАЈОТ НА ПРОГРАМАТА ЗА СУШЕЊЕ), (8) ЧИСТЕЊЕ НА ФИЛТЕРОТ simbol_cisti_filter и (10) САД ЗА КОНДЕНЗАТ simbol_FullTank_SP22 .

Бројот 1 ќе се појави на ЛЕД-екранот, посочувајќи ја функцијата за местење. Вртете го програматорот (2) кон лево или десно за да ја изберете функцијата што ќе ја промените. Бројот 1 го означува местењето на звукот, а бројот 2 означува враќање на лично избраните функции кон фабричките стандардни вредности. Ако изборот не го направите за 20 секунди, програмата автоматски ќе се врати на главното мени.

Притиснете на позицијата (5) DELAY END simbol_DelayEnd_P22 (ОДЛОЖУВАЊЕ НА КРАЈОТ НА ПРОГРАМАТА ЗА СУШЕЊЕ) за да ги потврдите посакуваните функции и релевантни поставки. Притиснете на позицијата (4) EXTRA DRY simbol_ExtraDry_SP22 (СТЕПЕН НА ИСУШЕНОСТ) за да се вратите еден чекор назад.

Јачината на звучниот сигнал може да се намести на четири нивоа (0 значи дека звукот е исклучен; 1 значи дека звукот на копчето е активиран; 2 значи мала јачина, и 3 значи голема јачина). Изберете ја јачината со вртење на програматорот (2) налево или надесно. Најнискиот степен значи дека звучниот сигнал е исклучен.

ОДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ

Пред чистење, изгаснете ја машината за сушење и исклучете ја од електричната мрежа (извадете го приклучниот кабел од штекерот).

Машината за сушење алишта е опремена со систем за филтрирање, кој се состои од неколку филтри коишто спречуваат навлегување на нечистотии во системот за разменување на топлина.

Čiščenje_in_Vzdrževanje_sp22_HP_ND_oštevilčeno

1Мрежен филтер

2Филтер за топлотна пумпа

3Сад за кондензат

Машината за сушење не смее да работи без филтри или со оштетени филтри, бидејќи прекумерното количество насобрани остатоци од влакна од ткаенини предизвикува дефект или неправилно работење на машината.

Чистење на мрежниот филтер во вратата

Исчистете го мрежниот филтер по секое сушење.

Ciscenje_mreznega_filtra_HP_ND_gumb-L0-1

1Отворете го куќиштето на филтерот.

2 Извадете го мрежниот филтер.

3Нежно истружете го филтерот за да ги отстраните отпадоците од влакна и конец, со рака или со крпа.

4Ако е потребно, исчистите ги куќиштето на филтерот и гумата на вратата.

5Ставете го мрежниот филтер и затворете го куќиштето на филтерот.

Внимавајте да не си ги штипнете прстите со капакот на филтерот.

Чистење на филтерот за топлотна пумпа

За време на чистењето, може да се истури вода. Затоа се препорачува да ставите впивлива крпа на подот.

Ciscenje_filtra_toplotnecrpalke_HP_ND_gumb-L0

1Отворете го надворешниот капак. Фатете ги рачките на внатрешниот капак и свртете ги нагоре. Отворете го внатрешниот поклопец.

2Извлечете го филтерот на грејната пумпа со помош на рачката.

3Истиснете го пенестиот дел на филтерот од куќиштето. Исчистете го куќиштето на филтерот на грејната пумпа со влажна крпа.

4Измијте го пенестиот филтер под млаз вода и исушете го пред да го вратите во куќиштето.

Пенестиот филтер на топлотната пумпа ставете го во куќиштето и затворете го надворешниот капак (притиснете го нагоре кон машината додека не клапне на своето место).

Филтерот на грејната пумпа треба правилно да се намести во неговото лежиште. Во спротивно, разменувачот на топлина кој е вграден во машината за сушење алишта може да се затне или да се оштети.

Чистете го пенестиот филтер барем на секои пет сушења.

Чистење на кондензаторот

Не ги допирајте внатрешните метални делови од кондензаторот со голи раце. Опасност од повреда од остри делови. Кога го чистите кондензаторот, користете соодветни заштитни ракавици.

Неправилното чистење на металната мрежа на кондензаторот може трајно да ја оштети машината за сушење. Не притискајте ги металната мрежа со тврди предмети како на пр. пластична цевка од правосмукалка.

Правот и нечистотијата на металната мрежа на кондензаторот може да се чистат со правосмукалка и со додаток мека четка.

Пристапот до кондензаторот е возможен доколку се отстрани филтерот на топлотната пумпа на начин како што е опишано во поглавјето »чистење на филтерот за топлотна пумпа«.

Без притискање, нежно придвижувајте ја четката само во насока металната мрежа од нејзиниот врв па се до дното. Преголем притисок може да ја оштети или свитка металната мрежа на кондензаторот.

Ви препорачуваме да го чистите кондензаторот најмалку еднаш на дванаесет месеци.

ciscenje_filtra_toplotne_crpalke_SP15-ND_gumb-L0_novo

Празнење на садот за кондензат

Испразнете го садот за кондензат по секое сушење.

Ако садот за кондензат е полн, програмата за сушење автоматски ќе паузира.

Ако садот за кондензат е полн, програмата за сушење автоматски ќе паузира. Симболот simbol_FullTank_SP22 (10) ќе светне на екранот, покажувајќи дека садот за кондензат треба да се испразни.

praznenje_posode_kondenzata_roke_ND

1Извлечете го садот за кондензат од машината за сушење (со двете раце, како што е прикажано на сликата), а потоа превртете го над мијалник, када, или друг погоден сад.

2,3Испразнете го резервоарот за кондензат. Извадете го цревото од отворот на дотокот заради полесно празнење.

Вратете го резервоарот за кондензатот на неговото место.

Водата од садот за кондензат не е за пиење. Ако темелно се исфилтрира, може да се користи за пеглање.

Никогаш не ставајте хемикалии или мириси во садот за кондензат.

Не е неопходно да се испразни резервоарот за кондензат доколку одводното црево е директно врзано со одвод (види поглавје »ИНСТАЛАЦИЈА И ПОВРЗУВАЊЕ/Испуштање на кондензатот«).

Чистење на машината за сушење

Секогаш исклучете ја машината за сушење од електричната мрежа пред чистење.

Надворешниот дел на машината за сушење алишта чистете го со мека, влажна памучна крпа.

Не користете растворувачи или средства за чистење кои може да ја оштетат машината за сушење (ве молиме да ги почитувате препораките и предупредувањата дадени од производителите на средствата за чистење).

Бришете ги сите делови од машината за сушење со мека крпа дури не се исушат.

Не чистете ја машината за сушење со млаз вода!

ciscenje_susilnega_stroja_sp15_HP_ND_gumb-L0

РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ

Што да направите ...?

Пречките од околината (на пр., електричната мрежа) може да доведат до разни известувања за грешки (види ТАБЕЛА ЗА РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ). Во тој случај:

  • Исклучете ја машината за сушење и почекајте барем една минута.

  • Вклучете ја машината и повторете ја програмата за сушење.

  • Повеќето грешки за време на работењето може да ги реши корисникот (види ТАБЕЛА ЗА РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ).

  • Ако грешката се повтори, повикајте овластен сервис.

  • Поправки може да врши само стручно оспособено лице.

  • Било каков дефект, односно рекламација што настанала поради неправилно приклучување или употреба на машината за сушење, не подлежи на гаранција. Во такви случаи, трошоците за поправка ќе бидат на товар на корисникот.

Табела за отстранување на грешки

Проблем/Грешка

Причина

Што да направите?

Машината не почнува да работи.

  • Главниот прекинувач не е вклучен.

  • Проверете дали главниот прекинувач е вклучен.

  • Нема напон во штекерот.

  • Проверете го осигурувачот.

  • Проверете дали приклучниот кабел е правилно ставен во штекерот.

Има напон во штекерот, барабанот не се врти и апаратот не работи.

  • Вратата е отворена.

  • Проверете дали вратата е правилно затворена.

  • Садот за кондензат е полн.

  • Испразнете го садот за кондензат (види поглавје »ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ/Празнење на садот за кондензат«).

  • Можеби е поставена функцијата DELAY END (ОДЛОЖУВАЊЕ НА КРАЈОТ НА ПРОГРАМАТА ЗА СУШЕЊЕ).

  • Програмата не била пуштена според упатството.

  • За да го откажете одложувањето на започнувањето, притиснете ја позицијата (5) DELAY END (ОДЛОЖУВАЊЕ НА КРАЈОТ НА ПРОГРАМАТА ЗА СУШЕЊЕ) и држете 3 секунди.

  • Препрочитајте го упатството за употреба.

Апаратот воопшто не грее во текот на програмата.

  • Мрежниот филтер може да е затнат. Како резултат на тоа, температурата во внатрешноста на машината се покачува, што предизвикува прегревање и затоа греењето автоматски се исклучува.

  • Исчистете го мрежниот филтер (види поглавје »ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ/Чистење на мрежниот филтер во вратата«).

  • Почекајте апаратот да се олади, и обидете се пак да го вклучите. Ако сè уште не се вклучува, викнете сервисер.

Се јавува тропкање.

  • Ако машината не се користи долго време, потпорните елементи се напрегаат во иста точка.

  • Звукот ќе престане сам од себе.

Вратата се отвора за време на сушењето.

  • Прекумерно оптоварување на вратата (премногу алишта во барабанот).

  • Намалете го количеството на алишта.

Нерамномерно исушени алишта.

  • Алишта од различен вид и дебелина, или прекумерно количество алишта.

  • Проверете дали сте ги сортирале алиштата според материјалот и дебелината, дали сте ставиле нормална количина алишта во барабанот и дали сте одбрале соодветна програма (види ТАБЕЛА НА ПРОГРАМИ).

Алиштата не се сушат или сушењето трае предолго.

  • Филтрите не се чисти.

  • Исчистите ги филтрите (види поглавје »ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ«).

  • Машината за сушење е поставена во затворена, престудена или премала просторија каде воздухот се прегрева.

  • Погрижете се да има доволно свеж воздух кај машината за сушење; на пример, отворете врата и/или прозорец.

  • Проверете дали температурата во просторијата со машината за сушење е превисока или прениска.

  • Алиштата не се доволно исцентрифугирани и исцедени.

  • Ако алиштата сè уште се водени по сушењето, повторете го сушењето и изберете соодветна програма (по чистење на филтрите).

  • Количеството алишта за сушење во апаратот е преголемо или недоволно.

  • Употребете соодветна програма или дополнителни функции.

  • Алиштата (како на пр., постелнина) се заплеткуваат во големи топки.

  • Затворете ги копчињата или патентите на алиштата пред сушење. Изберете соодветна програма (на пр., програма Bedding (Постелнина)).

  • По сушењето, расплеткајте ги алиштата и изберете дополнителна програма за сушење (на пр., Time (Темпирана програма за сушење)).

Дефект на светилката во барабанот

(во зависност од моделот)

  • Светилката не свети кога вратата на машината за сушење ќе се отвори.

  • Исклучете ја машината за сушење од електричната мрежа и повикајте овластен сервис.

Грешките што се покажуваат на екранот се следниве:

Проблем/Грешка

Што се појавува на екранот и опис на проблемот

Што да направите?

E00

Контролната единица не работи

Повикајте сервис.

E01

Tемпературниот сензор не работи

Повикајте сервис.

E02

Комуникациска грешка

Повикајте сервис.

E03

Грешка во пумпата

Повикајте сервис.

E04

Системот се прегрева

Исчистите ги филтрите. Види поглавје »ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ/Чистење на мрежниот филтер во вратата« или викнете сервисер.

E06

E07

Контролната единица не работи

Исклучете ја машината за сушење алишта од штекерот.

Повикајте сервис.

E11

Грешка кај моторот

Нема врска помеѓу моторот и контролната единица.

Повикајте сервис.

Предупредувањата што се појавуваат на екранот се следниве:

Предупредување

Што се појавува на екранот и опис на предупредувањето

Што да направите?

E_FULL

Предупредување за садот со кондензат

Испразнете го садот за кондензат пред да продолжите со програмата (види поглавје »ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ/Празнење на садот за кондензат«).

E_PF

Предупредување за прекин на струјата

Сушењето е прекинато поради прекин на струјата.

Притиснете го копчето (3) START/PAUSE за пак да ја пуштите или да продолжите со програмата за сушење.

E_ocisti_filter
E_izprazni_posodo

Кога програмата за сушење ќе заврши,  на екранот се прикажува E_End (Крај).

Се палат два црвени симболи - simbol_cisti_filter и simbol_FullTank_SP22 .

Тоа не е знак за грешка, туку само предупредување дека филтрите треба да се исчистат по сушењето.

Исчистете ги филтирите и испразнете го садот за кондензирана вода.

Запишете го кодот на грешката (на пример Е0, Е1), исклучете ја машината за сушење, и викнете најблизок овластен сервис (центар за повици).

Звуци

Во текот на првичните фази на сушењето, компресорот и грејната пумпа испуштаат звуци, што сепак не го нарушува правилното работење на машината за сушење алишта.


Звук на зуење: зуењето доаѓа од компресорот; гласноста на зуењето зависи од програмата и фазата на сушење.
Звук на шум: компресорот повремено се проветрува.
Звук на дотур или проток на течност: пумпата го испумпува кондензатот во резервоарот за кондензат.
Звук на клик: означување на почеток на автоматско чистење на разменувачот на топлина (компресор).
Тропот или кркорење: во текот на сушењето на алишта со цврсти предмети (како копчиња, патенти ...).

Сервисирање

Пред да повикате сервисер

Кога ќе се јавите во сервис, ве молиме наведете го типот на вашата машина за сушење (1), код/ID (2), бројот на моделот (3) и серискиот број (4).

Видот, шифрата, моделот, и серискиот број на машината за сушење алишта се наоѓаат на натписната табличкана внатрешната страна на вратата на машината за сушење алишта.

Servis_sp22_HP_ND_in_NapisnaTablica_oštevilčeno

Во случај на дефект, користите само одобрени резервни делови од овластени производители.

Било каков дефект, односно рекламација што настанала поради неправилно приклучување или употреба на машината за сушење, не подлежи на гаранција. Во такви случаи, трошоците за поправка ќе бидат на товар на корисникот.

Гаранцијата не опфаќа дефекти кои се последица на пречки од околината (удар на гром, пад на електричната мрежа, природни катастрофи и сл.)

Дополнителна опрема и делови за одржување може да најдете на нашата веб страница на: www.gorenje.com

СОВЕТИ ЗА СУШЕЊЕ И ШТЕДЛИВА УПОТРЕБА НА МАШИНАТА ЗА СУШЕЊЕ

Најекономичниот начин е да се суши препорачаното количество алишта при секое сушење (види ТАБЕЛА НА ПРОГРАМИ).

Не се препорачува сушење на алишта од посебно осетливи ткаенини, кои може да се деформираат.

Не е потребно да се користи омекнувач при перење, бидејќи алиштата се меки и мазни по сушењето во машината. Времето на сушење ќе биде пократко и потрошувачката на енергија ќе биде пониска, ако алиштата се добро исцентрифугирани и исцедени пред сушењето. Со избирање на соодветната програма за сушење, ќе избегнете пресушување и проблеми при пеглање, или собирање на алиштата.

Редовното чистење на филтрите ќе доведе до оптимално време на сушење и минимална потрошувачка на енергија.

При сушење на помали количества алишта или на поединечни алишта, сензорот може да не ја забележи фактичката влага во алиштата. Во такви случаи, се препорачува помалите парчиња или количества да се сушат со програми за посуви алишта или со темпираната програма.

ТАБЕЛА НА ПОТРОШУВАЧКИ ВРЕДНОСТИ

Во табелата се наведени времето на сушење и потрошувачката на електрична енергија за сушење пробна количина алишта при различен број на вртежи во минута во машината за перење.

7 kg

Програма

Полнење

Број на вртежи
[вртежи во мин.]

Потрошувачка на електрична енергија
[kWh]

Време на сушење
[минути]

A+++

7 kg

Стандардна за памук

Полна

1000

1,28

155

Делумно полна

1400

0,80

105

Мала

1000

0,74

100

Мала

1400

0,68

87

Памук влажни за пеглање

Полна

1000

0,98

120

Делумно полна

1400

0,59

75

Мала

1400

0,50

63

Синтетика

Делумно полна

1000

0,47

65

8 kg

Програма

Полнење

Број на вртежи
[вртежи во мин.]

Потрошувачка на електрична енергија
[kWh]

Време на сушење
[минути]

A+++

8 kg

Стандардна за памук

Полна

1000

1,42

175

Делумно полна

1400

0,89

112

Мала

1000

0,83

107

Мала

1400

0,72

97

Памук влажни за пеглање

Полна

1000

1,12

140

Делумно полна

1400

0,65

86

Мала

1400

0,52

70

Синтетика

Делумно полна

1000

0,47

65

Програма

Количество алишта

mаксимална/половина количина алишта

[kg]

Траење на програмата

[минути]

Потрошувачка на електрична енергија

[kWh]

A+++

Стандардна за памук Mode_puscica

7/3,5

155/100

1,28/0,74

Стандардна за памук Mode_puscica

8/4

175/107

1,42/0,83

Стандардни програми за памучни алишта, во согласност со важечката регулатива на ЕУ 392/2012

Стандардната програма за памук Mode_puscica е наменета за сушење на нормално влажни памучни алишта. Таа е најефикасна за сушење памучни алишта, во смисла на потрошувачка на енергија.

Поради отстапувања во видот и количеството алишта, осцилации во струјата, температурата и влажноста на околината, измерените вредности на крајниот корисник може да се разликуваат од наведените во табелата.

Режим на подготвеност

Ако не ја пуштите програмата или не направите ништо друго по вклучување на машината за сушење, таа автоматски ќе се исклучи по 5 минути за да штеди енергија. Сијаличката на копчето (3) START/PAUSE ќе затрепка.

Екранот ќе се реактивира, ако го завртите програматорот, ако го притиснете копчето (1) ON/ OFF, или ако ја отворите вратата на машината за сушење. Ако не направите ништо 5 минути по завршување на програмата, екранот ќе се исклучи. Сијаличката за копчето (3) START/ PAUSE ќе затрепка.

P o = пондерирана моќност при исклученост [W]

< 0,5

P I = пондерирана моќност во режим на подготвеност [W]

< 0,5

T I = време во режим на подготвеност [min]

5,00

Низок напон и различни полнења со алишта може да влијаат врз времето на сушење; прикажаното преостанато време соодветно се прилагодува за време на сушењето.

ЕНЕРГЕТСКА НАЛЕПНИЦА И ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОИЗВОДОТ

(во зависност од моделот)

podatkovna_kartica_SPK-HP

КРАТОК ОПИС НА ТЕХНИЧКИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПРОИЗВОДОТ СПОРЕД EC (EU) регулатива бр. 392/2012
(зависно од моделот)

Легенда

A

Моделна ознака

XXXXXX

B

Кондензациска машина за сушење алишта

Проветрувачка машина за сушење алишта

YES=ДА; NO=НЕ

YES=ДА; NO=НЕ

C

Автоматска машина за сушење алишта за во домаќинствата

YES=ДА; NO=НЕ

D

EC регулатива 66/2010 за ЕУ еколошка ознака

YES=ДА; NO=НЕ

E

Потрошувачка на енергија на стандардната програма за памук, при целосно полна машина (Edry) [kWh]

X,XX

F

Потрошувачка на енергија на стандардната програма за памук, при делумно полна машина (Edry½) [kWh]

X,XX

G

Потрошувачка на енергија кога машината е во режим »исклучена« (P0) [W]

X,XX

H

Потрошувачка на енергија кога машината е испразнета, но во »стенд бај« режим (Pl) [W]

X,XX

I

Времетраење на »стенд бај« режимот [минути]

XX

J

Стандардната програма за памук на целосно или делумно наполнета машина е стандардната програма на сушење која е еднаква со обележаната ознака за соодветниот производ. Cotton standard (Стандардната програма за памук) Mode_puscica е наменета за сушење на нормално влажни памучни алишта. Најефикасна е за сушење на памучни алишта во поглед на потрошувачка на енергија.

K

Пондерирано времетраење (Tt) на стандардната програма за памук со целосно и делумно наполнета машина [минути]

XX

L

Времетраење на стандардната програма за памук со целосно полна (Tdry) и делумно полна машина (Tdry½) [минути]

XX/XX

M

Просечна ефикасност на кондензација (Cdry) / (Cdry½)

XX/XX

N

Пондерирана ефикасност на кондензација (Ct)

XX

O

Вградни апарати

YES=ДА; NO=НЕ

Засновано на 160 стандардни циклуси на сушење со програмата Cotton Standard (Стандардно памук) Mode_puscica со целосно и половично полнење, во согласност со моменталната правосилна Регулатива 392/2012/ЕУ за енергетското обележување на сушари за домашна употреба, измерено според EN 61121.

Фактичката потрошувачка на енергија зависи од начинот на кој се употребува апаратот.

На скала од D (најмалку ефикасен) до A+++ (најефикасен).

ОДЛАГАЊЕ НА ОТПАДОТ

Амбалажата е направена од еколошки материјали кои може да се рециклираат, да се одложат или да се уништат без опасност по животната средина. Затоа, амбалажните материјали се и соодветно означени.

smetjak

Симболот на производот или на амбалажата означува дека производот не смее да биде отстранет од домаќинството како обичен отпад. При одлагање на производот како отпад потребно е да го одвезете отпадот до овластен центар за обработка на отпад од електрични и електронски производи.

При одлагање на производот на крајот од нејзиниот век на траење, извадете ги сите кабли и уништете ги бравата на вратата и прекинувачот за да спречите блокирање или заклучување (заради безбедност на децата).

Правилното одлагање на производот ќе помогне да се спречат негативните ефекти врз животната средина и здравјето на луѓето. За подетални информации околу одлагање и преработка на производот, ве молиме јавете се на надлежниот општински орган за управување со отпад, на вашиот сервис за отстранување отпад, или на продавницата каде што сте го купиле производот.

Белешки

 

872722

Го задржуваме правото на промени и грешки во упатствата за употреба.