ДЕТАЛНО УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА НА ВЕРТИКАЛЕН ЛАДИЛНИК И ЗАМРЗНУВАЧ

Важни безбедносни предупредувања

Општи информации и совети

Ви благодариме за довербата која ние ја укажавте со купувањето на овој апарат кој е наменет за поедноставување на животот. За полесна употреба на производот, ние ви приложуваме детални упатства за употреба и упатствата за монтажа кои се дадени во посебен дел. Упатствата за употреба се создадени да ви ја објаснат употребата на апаратот на најбрз можен начин.

Се надеваме дека со задоволство ќе го користите овој апарат.

Ве молиме посетете ја нашата веб страница каде можете да го внесете бројот на моделот на вашиот апарат, назначен на натписната таблица или гарантниот лист за да најдете детални информации за вашиот апарат, совети за употреба, решавање на проблеми, информации за сервиси, упатствата за употреба и слично.

INTERNEThttp://www.gorenje.com

Апаратот е наменет само за употреба во домаќинството.

Ладилникот е наменет за чување на свежа храна на температури над 0°C.

Замрзнувачот е наменет за замрзнување на свежа храна и за долгорочно чување на замрзната храна (до една година во зависност од типот на храната).

Следниве симболи се користат во упатството за употреба и го имаат следново значење:

Информации, совет, помош или препорака

Предупредување за општа опасност

Предупредување за опасност од електричен удар

Предупредување за опасност од пожар

Важни предупредувања

Пред прва употреба на апаратот

Пред приклучување на апаратот на електричната мрежа, неопходно е внимателно да ги прочитате упатствата за употреба кои го опишуваат апаратот и неговата правилна и безбедна употреба. Упатствата се однесуваат на неколку типа/модели на апарати и поради ова опремата или подесувањата кои се опишани овде, може да не се дел од вашиот апарат. Ние препорачуваме да ги зачувате овие упатства за употреба или да ги прикачите како составен дел од вашиот апарат во случај да го продавате во иднина.

Овие упатства за употреба вклучуваат модел на замрзнувач No Frost (БЕЗ ЗАМРЗНУВАЊЕ) кој е опремен со вентилатор и автоматско опција за одмрзнување (само кај некои модели).

Проверете го апаратот да не е оштетен или да нема одредени неправилности. Во случај да забележите оштетување на апаратот, известете го продажното место од кое сте го купиле апаратот.

Пред да го приклучите апаратот на електричната мрежа, оставете го апаратот во вертикална позиција минимум 2 часа. Ова ќе ја намали можноста за неправилности во работата како резултат на влијанието на транспортот врз системот за ладење.

Важни безбедносни упатства

ВНИМАНИЕ! Ризик од пожар/запаливи материјали.

Апаратот мора да се приклучи на електричната мрежа и да се заземји во сообразност со важечките стандарди и прописи.

ВНИМАНИЕ! Не ставајте продолжни кабли со повеќе штекери или преносни извори на струја зад апаратот.

Пред чистење на апаратот, исклучете го од електричната мрежа (извадете го приклучниот кабел од приклучницата).

Ако главниот кабел за напојување е оштетен, мора да се замени од страна на производителот, негов сервисер или слично стручно квалификувано лице со цел да се избегнат несреќи.

ВНИМАНИЕ! Кога го местите апаратот на неговото место, проверете да не е приклештен или оштетен струјниот кабел.

Ако не работи ЛЕД осветлувањето, повикајте сервисер. Не обидувајте се сами да го поправите ЛЕД осветлувањето бидејќи постои опасност од висок напон!

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Не користете електрични уреди во внатрешноста на апаратот освен оние кои се дозволени од производителот на овој апарат за ладење.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Не користете механички уреди или други средства за процесот на одмрзнување различни од препорачаните од производителот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да избегнете опасност која може да настане од лоша стабилност на апаратот, проверете дали е наместен согласно упатствата.

Опасност од замрзнување

Никогаш не јадете замрзната храна и избегнувајте да допирате замрзната храна бидејќи може да предизвика премрзнување.

Безбедност на деца и лица од ранливи категории

Апаратот не е наменет за користење од страна на лица (вклучително и деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности или без искуство или знаење, освен доколку не се под надзор или не им се дадени упатства во врска со користењето на апаратот од страна на лице одговорно за нивната безбедност.

Децата треба да се под надзор, за да не си играат со апаратот.

Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не смеат да го вршат деца без надзор.

Отстранете ја амбалажата која е наменета за заштита на апаратот или одредени делови за време на транспортот и држете ја подалеку од дофат на деца. Тоа претставува опасност од повреда или задушување.

Кога исфрлате користен апарат, исклучете го струјниот кабел, извадете ја вратата и оставете ги полиците во апаратот. Со тоа се спречува деца да се заклучат во апаратот.

Само за европските пазари

Овој апарат може да го користат деца на возраст од 8 години и повеќе, како и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или без искуство или знаење, под услов да се под надзор или да им се дадени упатства во врска со користењето на апаратот на безбеден начин и да се свесни за можните опасности.

Деца не смеат да си играат со апаратот.

Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не смеат да го вршат деца без надзор.

Деца на возраст од 3 до 8 години смеат да ставаат и да вадат работи од фрижидерот.

Предупредување во однос на средството за ладење

Апаратот содржи мала количина на запалив гас R600a кој не е штетен за околината. Проверете да не постои оштетување на делови од системот за ладење. Протекувањето на гасот не е опасно за животната средина, но сепак може да предизвика повреда на окото или пожар.

Во случај на протекување на гасот, темелно проветрете ја просторијата, исклучете го апаратот од довод на енергија, и повикајте сервисер.

Важни информации за употреба на овој апарат

ВНИМАНИЕ! Овој апарат е наменет за употреба во домаќинствата и за слични намени, како следните:

  • во кујни за вработените во продавници, канцеларии и други работни средини

  • во куќи на фарми и од страна на клиенти во хотели, мотели и други видови сместувачки објекти;

  • сместувачки капацитети со ноќевање и појадок;

  • за кетеринг и за слични објекти кои не се малопродажни.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Отворите за вентилација на апаратот односно вградениот елемент мора постојано да бидат чисти и проодни.

Овој апарат не смее да се користи надвор и не смее да биде изложен на дожд.

Во овој апарат не смеете да складирате експлозивни предмети како што се аеросолни лименки со запалив потисен гас.

Ако немате намера да го користите апаратот подолго време, најпрвин исклучете го со користење на релевантното копче, а потоа исклучете го доводот на електричната енергија во апаратот. Испразнете го апаратот, одмрзнете го, исчистете го и оставете ја вратата од апаратот притворена.

Во случај на неправилно работење или прекин на доводотна електрична енергија не отворајте го просторот за замрзнување освен ако замрзнувачот не работи повеќе од 16 часа. По овој период, употребете ја замрзнатата храна или обезбедете доволно ладење ( на пр. Апарат за замена).

Технички податоци за апаратот

Натписната таблица со основни податоци може да се најде во внатрешноста на апаратот. Таа содржи податоци за напонот, бруто и нето волумен, вид и количина на средството за ладење, и информациите за климатски класи.

Ако јазикот на натписната таблица не одговара на вашиот јазик, заменете ја со приложената.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Не оштетувајте го електричното коло во фрижидерот. Ова исто така може да го спречи загадувањето.

Заштита на животна средина

Амбалажата е направена од еколошки материјали кои може да се рециклираат, депонираат или уништат без опасност од загадување на животната средина.

Одлагање на дотраен апарат

За заштита на животната средина, предаде го дотраениот апарат на овластен собирен центар/пунк за управување со отпад.

Пред тоа, направете го следново:

  • Исклучете го апаратот од главното напојување,

  • Не дозволувајте деца да си играат со апаратот.

kanta1_FACE_LIFT Симболот на производот или на неговата амбалажа означува дека со тој производ не смее да се постапува како со отпад од домаќинството. Наместо тоа, производот треба да се предаде на овластен собирен центар/пункт за рециклирање на електронска и електрична опрема. Правилното одлагање на производот ќе ги спречи потенцијалните негативни последици врз животната средина и здравјето на луѓето, кои може да настанат како последица од несоодветно управување со отпадот од овој производ. Задобивање на детални информации за постапката на отстранување и управување со отпадот на овој производ, ве молиме контактирајте го соодветното надлежно општинско тело за управување с оотпад, службата за собирање на кујнски отпад или со продавницата во која сте го купиле овој производ.

Совети за штедење на електрична енергија кај апарати за ладење

  • Вградете го апаратот согласно упатствата за употреба дадени овде.

  • Не отворајте ја вратата повеќе од она што е неопходно.

  • Повремено проверете дали е овозможено циркулирање на воздухот зад апаратот.

  • Ако е оштетен затворачот или од некоја причина не затвора целосно, потребно е што побргу да го замените со нов.

  • Складирајте ја храната во цврсто затворени садови или друга соодветна амбалажа.

  • Пред да ја ставите храната во фрижидерот оставете ја да се олади до собна температура.

  • Замрзнатата храна може да ја одмрзнувате во просторот за ладење.

  • За да ја искористите максималната површина на замрзнувачот, извадете некои од фиоките на начин опишан во упатството.

  • Проверете дали поставеноста на полиците е со подеднакво растојание и дали храната е поставена на начин кој овозможува слободно циркулирање на воздухот во внатрешноста на апаратот (следете ја препорачаната поставеност на храната која е опишано во упатствата).

Инсталација и приклучување

Избирањена просторија

  • Поставете го апаратот во сува просторија во која има добра вентилација. Апаратот работи правилно ако температурата на просторијата е во интервалот претставен во табелата. Класата на апаратот е наведена на таблицата за основни податоци со основни информации за апаратот.

    Опис

    Класа

    Опсег на амбиентална температура во °C

    Релативна влажност

    Продолжено умерена

    SN

    +10 до +32

    ≤75%

    Умерена

    N

    +16 до +32

    Суптропска

    ST

    +16 до +38

    Тропска

    T

    +16 до +43

    Овој апарат не е наменет да се користи како вграден апарат.

    Не поставувајте го апаратот во просторија каде температурата може да опадне до под 5 °C бидејќи ова може да предизвика неправилно работење на апаратот или негов дефект!

  • По поставувањето, приклучокот на апаратот за електричната мрежа треба да биде лесно пристапен!

  • Не поставувајте го апаратот во близина на други апарати или уреди кои зрачат топлина како на пример шпорет, печка, радијатор, чајник, и слично., и не изложувајте го на директна сончева светлина. Апаратот треба да биде поставен на најмалку 30 см., подалеку од нафтена печка или печка на цврсти горива. Ако растојанието помеѓу ваквиот извор на топлина и апаратот е помало, потребно е да вградите плоча за изолација.

Белешка: Поставете го апаратот во доволно голема просторија. Треба да има најмалку 1 m3 растојание на секои 8 грама средство за ладење. Количината на средство за ладење е наведена на натписната плоча во внатрешноста на апаратот.

Поставување на апаратот

Апаратот треба да го инсталираат најмалку две лица, за да се избегне евентуална повреда на некое лице или оштетување на апаратот.

  • Апаратот мора да стои на рамно или малку навален наназад. Треба да биде стабилен и поставен на цврста основа. На предниот дел, апаратот има две прилагодливи ногарки, кои може да се користат за да се израмни апаратот. Тркалцата на задната страна овозможуваат полесна инсталација на апаратот (само кај некои модели).

POSTAVITEV_APARATA_RAHLO_NAZAJ

  • Откако ќе го израмните апаратот со помош на прилагодливите ногарки, прилагодете ја дополнителната ногарка заради дополнителна стабилност на апаратот.

  • Не изложувајте го апаратот на директна сончева светлина и не поставувајте го во близина на извори на топлина. Ако тоа не може да се избегне, поставете изолационен панел.

  • Апаратот е наменет да биде поставен самостојно. За да се постигне одредената/минималната потрошувачка на енергија, секогаш оставајте 5 mm простор помеѓу ѕидот и задниот дел на апаратот и над апаратот. Исто така, овозможето соодветна циркулација на воздух од двете страни на апаратот и над него.

  • Апаратот исто така може да се постави спроти или помеѓу кујнски ормани или шкафчиња, или спроти ѕид. Во случај да го поставите така, апаратот ќе работи беспрекорно; меѓутоа, можно е да се зголеми потрошувачката на енергија. Држете се до минималното растојание над и зад апаратот, како што е прикажано на сликата.

  • Земете го предвид просторот, односно лакот потребен за отворање на вратата на апаратот, за да се овозможи целосно извлекување и вадење на фиоките и полиците (погледнете го дијаграмот за поставување).

POSTAVITEV_APARATA_FS600-20_ADV-SUP

*зависно од моделот

**модел со вградена рачка

***модел со надворешна/испакната рачка

Важно: За ставање на апаратите странично еден до друг, треба да се купи и да се инсталира комплет против влага (против кондензација).

Шифра за нарачување на комплетот:

сува просторија (релативна влажност под 60%)

Апарати со висина од 1850 mm

пластична плочка

СИВА

850659

Приклучување на апаратот

VTICNICA

  • Приклучете го апаратот на електричната мрежа со користење на приклучен кабел. Ѕидната приклучница мора да биде заземјена (безбедносна приклучница). Номиналниот напон и фреквенцијата се наведени во таблицата со основни податоци за апаратот.

  • Апаратот мора да се приклучи на електричната мрежа и заземјен во сообразност со важечките стандарди и прописи. Апаратот издржува краткотрајни отстапувања од номиналниот напон, но не повеќе од +/-6%.

Менување на насоката на отворање на вратата

Насоката во која се отвора вратата на апаратот може да се смени.

Белешка: Исклучете го апаратот од приклучокот за струја пред да ја смените насоката на отворање на вратата.

Потребни алати:

SLIKA_NATIČNI_KLJUČ

Насаден клуч бр. 8

SLIKA_KRIŽNI_IZVIJAČ

Одвртувач-крстач

SLIKA_PLOŠČATI_IZVIJAČ

Рамен одвртувач

SLIKA_KLJUČ_ŠT.8

Рачваст клуч бр. 8

Белешка:

  • Доколку апаратот треба да се накоси за да се овозможи пристап до деловите на дното, побарајте помош од друго лице или внимателно поставете го апаратот на мека подлога, за да не се оштети. За да ја смените насоката на отворање, постапете на следниот начин.

  1. Поставете го апаратот во исправена положба. Отворете ја горната врата и извадете ги полиците на вратата (за да не се оштетат во текот на постапката). Затворете ја вратата.

    SLIKA_MENJAVA_VRAT_1

  2. Извадете го капачето на горната шарка (1). Особено внимавајте да не го оштетите конекторот (A). Исклучете го конекторот (A).

    SLIKA_MENJAVA_VRAT_2B

  3. Одвртете ги завртките (2) и извадете ја шарката (3). Протнете го конекторот (А) низ дупката во шарката. Додека го правите тоа, држете ја вратата, за да не падне.

    SLIKA_MENJAVA_VRAT_3B

  4. Извадете ја горната врата од средната шарка со внимателно кревање право угоре. Поставете ја вратата на мазна површина.

    SLIKA_MENJAVA_VRAT_4

  5. Земете го (десното) капаче (4) од торбата и ставете го на местото од кое е извадена горната шарка. Извадете го и сочувајте го капачето од другата страна (5), на којашто ќе се премести шарката.

    SLIKA_MENJAVA_VRAT_5

  6. Извадете го капачето (6) од левата страна на горната врата и извлечете го конекторот (А). Потоа, извадете го капачето (7) од десната страна на горната врата. Ставете го капачето (7) на левата, а капачето (6) на десната страна на горната врата.

    SLIKA_MENJAVA_VRAT_6B

  7. Одвртете ја завртката (8) и извадете го држачот (10) и граничникот (9) на вратата. Потоа, со завртка (8) прицврстете го држачот на вратата (10) испорачан во торбата, како и граничникот на вратата (9). Сочувајте го држачот на вратата (10), во случај да Ви затреба подоцна.

    SLIKA_MENJAVA_VRAT_7-9

  8. Одвртете ги завртките од средната шарка и извадете ја. Потоа откачете ја долната врата од долната шарка.

    SLIKA_MENJAVA_VRAT_8

  9. Поставете ја долната врата на мазна површина. Одвртете ја завртката (8) и извадете го држачот (10) и граничникот (9) на вратата. Потоа, со завртка (8) прицврстете го држачот на вратата испорачан во торбата, како и граничникот на вратата (9). Сочувајте го држачот на вратата (10), во случај да Ви затреба подоцна.

    SLIKA_MENJAVA_VRAT_7-9

  10. Извадете го капачето на средната шарка и ставете го на спротивната страна.

    SLIKA_MENJAVA_VRAT_10

  11. Навалете го апаратот наназад и извадете ја прилагодливата ногарка (11).

  12. SLIKE_MENJAVA_VRAT_korak_12

    Отвртете ги трите завртки на долната шарка (14) и извадете ја. Отстранете ја дополнителната ногарка (12) од осовината на долната шарка (13). Одвртете ја осовината (13) од долната шарка и зашрафете ја на спротивната страна од шарката, заедно со дополнителната ногарка (12).

  13. SLIKE_MENJAVA_VRAT_korak_13

    Прицврстете ја шарката (14) на спротивната страна со помош на завртките. Завртките треба да се закачат по редоследот прикажан на сликата подолу. Прво, затегнете ја завртката 1, а потоа завртките 2. Потоа, зашрафете ги прилагодливите ногарки (11).

  14. SLIKA_MENJAVA_VRAT_14

    Поставете ја долната врата на долната шарка и задржете ја во таа положба. Завртете ја средната шарка за 180°. Ставете ја подлошката на точното место и прилагодете ја положбата на средната шарка, за да може да ја поставите и да ја прицврстите долната врата.

  15. SLIKA_MENJAVA_VRAT_15B

    Поставете ја горната врата на точното место, протнете го конекторот (А) низ дупката на горната шарка (3) и прицврстете ја со помош на завртките (2). Држете ја вратата додека ги позиционирате. Повторно прикачете го конекторот (А).

  16. Ставете го капачето на горната шарка (1).

    SLIKA_MENJAVA_VRAT_16

  17. Отворете ја горната врата и вратете ги полиците на вратата. Потоа затворете ја вратата.

Белешка: Ако Вашиот модел има рачка, преместете ја на спротивната страна следејќи ги упатствата подолу. Извадете ја горната врата и поставете ја на мазна површина. Извадете ги капачињата (1) и (4) и одвртете ги завртките (2), како што е прикажано на сликата. Ставете ја рачката на спротивната страна, зацврстете ги завртките (2) и ставете ги капачињата (1) и (4).

SLIKA_MANJAVA_VRAT_21

Опис на апаратот

SLIKA_APARATA_COMBI_SUP

A Ладилник

  1. Контролна табла

  2. ЛЕД осветлување

  3. „MultiFlow“ вентилатор

  4. Стаклени полици

  5. Лизгач за претворање на фиоката „Нулта зона“ („ZeroZone“) во корпа за овошје и зеленчук

  6. ZeroZone фиока

  7. CrispZone фиока за овошје и зеленчук со контрола на влажност*

  8. Полици на вратата

  9. Полици за шишиња

B Замрзнувач

  1. Горна фиока за замрзнување и складирање

  2. Длабока фиока за замрзнување и складирање

  3. Долна фиока за складирање

  • Фиоките се опремени со систем кој не дозволува ненамерно да се извлечат. За да извадите фиока од апаратот, извлечете ја до каде што може и потоа поткренете го предниот дел и извлечете ја сосема.

*Само кај некои модели

Ракување со апаратот

SLIKA_UI_SUP_ZUNANJE

A

Копче за вклучување/исклучување на апаратот

B

Приказ на температурата во фрижидерот

B1

Копчиња за дотерување на температурата во фрижидерот

C

Приказ на температурата во замрзнувачот

C1

Копчиња за дотерување на температурата во замрзнувачот

D

Копче за вклучување/исклучување на функцијата Еко

E

Копче за вклучување/исклучување на интензивното ладење (супер-ладно)

F

Режим „на одмор“ (подолго отсуство)

G

Копче за префрлање од замрзнувач на „Нулта зона“ („ZeroZone“)

H

Копче за вклучување/исклучување на интензивното замрзнување (брзо замрзнување)

I

Копче за исклучување на звучниот аларм

J

Копче за вклучување/исклучување на „стенд бај“ режим

Вклучување/исклучување на апаратот

Кога првпат го приклучувате на електричната мрежа, апаратот ќе биде во „стенд бај“ режим (исклучен, но приклучен на струја).

SLIKA_TIPKA_A_ZUNANJE.UPR

Вклучување на апаратот: за да го вклучите апаратот, притиснете го копчето А. Се слуша краток звук и на сегментите В и С на екранот се активира екранот за приказ на температурата.

SLIKA_IZKLOP_DIGITI

Исклучување на апаратот: за да го вклучите апаратот, притиснете го копчето А и држете го притиснато некое време (2 секунди). Повторно се огласува краток звук, а надворешните контури на бројките на сегментот B на екранот се палат во насока на движењето на стрелките на часовникот. Апаратот е во „стенд бај“ режим (и натаму е приклучен на струја).

Менување на температурата

  • Температурата на апаратот е фабрички предодредена на препорачаните вредности, т.е. на 4 °C за фрижидерот и -18 °C делот за замрзнување.

  • Кога апаратот ќе се вклучи, може да бидат потребни неколку часа додека да се постигне зададената температура. Не ставајте храна во апаратот пред температурата да се спушти до одбраната вредност.

SLIKA_NASTAVLJANJE_TEMP_HL_DEL

Дотерајте ја температурата во фрижидерот со копчињата B1.

SLIKA_VIŠANJE_TEMPЗголемување на температурата

SLIKA_NIŽANJE_TEMPНамалување на температурата

  • Температурата во делот за ладење може да се намести од +1 °C до 9 °C.

  • Со секое притискање на едно од копчињата В1, температурата се зголемува или се намалува за 1 °C. Три секунди по притискање на последното копче, тековната температура автоматски се зачувува како последна зададена температура за делот за ладење.

  • Препорачаната температура е 4 °C.

SLIKA_NASTAVLJANJE_TEMP_ZO_DEL

Дотерајте ја температурата во замрзнувачот со копчињата C1.

SLIKA_VIŠANJE_TEMPЗголемување на температурата

SLIKA_NIŽANJE_TEMPНамалување на температурата

  • Температурата во делот за ладење може да се намести од -16 °C до -24 °C.

  • Со секое притискање на едно од копчињата С1, температурата се зголемува или се намалува за 1 °C. Три секунди по притискање на последното копче, тековната температура автоматски се зачувува како последна зададена температура во делот за замрзнување.

  • Препорачаната температура е -18 °C.

Стенд бај режим на контролниот панел/екранот

30 секунди по притискање на последното копче, контролниот панел/екранот преминува во стенд бај режим. Сите индикатори и прикази на екранот на контролниот панел се исклучуваат. Доколку некоја од дополнителните функции е активирана, индикаторот на таа функција продолжува да свети и кога апаратот е во стенд бај режим.

За да излезете од стенд бај режимот: кратко притиснете го копчето А или Ј или отворете ја вратата од фрижидерот. Доколку е активирана некоја од дополнителните функции, може да го притиснете и копчето за активирање или исклучување на таа дополнителна функција, за да го „разбудите“ апаратот од режимот стенд бај.

Интензивно ладење (фрижидер)

Оваа функција треба да се користи кога апаратот ќе се вклучи првпат, пред чистење или пред да ставите голема количина храна во него.

SLIKA_SUPER_COOL

За да ја активирате: за да ја активирате функцијата интензивно ладење (super cool), притиснете го копчето E. Се јавува краток звук и се пали индикаторот на супер ладење.

Надворешните контури на сегментот В на екранот светнуваат една по друга. Прво се пали само првата контура (види слика погоре), по што другите сегменти се палат во насока на движењето на стрелките на часовникот.

SLIKA_SC_SEGMENTI

При крајот на оваа функција, сите надворешни контури на сегментот В од екранот ќе бидат запалени.

  • Додека е активна функцијата интензивно ладење (супер-ладно), може да се дотера и да се менува температурата во замрзнувачот, како обично.

  • Меѓутоа, за да ја смените температурата во делот за ладење додека е активирана функцијата интензивно ладење (супер-ладно), мора најпрво да се исклучи функцијата интензивно ладење со притискање на копчето Е.

За да ја исклучите: за да ја исклучите функцијата интензивно ладење (супер-ладно), притиснете го копчето Е. Ќе се слушне краток звук, а индикаторот на функцијата super cool престанува да свети. Доколку не се исклучи рачно, функцијата се исклучува автоматски по околу шест часа.

Кога ќе се активира функцијата интензивно ладење (супер-ладно), апаратот работи со полна снага. Во текот на оваа функција, работењето може привремено да биде нешто погласно.

Интензивно замрзнување (замрзнувач)

Оваа функција треба да се користи кога апаратот ќе се вклучи првпат, пред чистење или пред да ставите голема количина храна во него.

SLIKA_SUPER_FREEZE

За да ја активирате: за да ја активирате функцијата интензивно замрзнување (брзо замрзнување), притиснете го копчето Н. Ќе се слушне краток звук и ќе се запали индикаторот на функцијата fast freeze.

Екстремно замрзнување (горна фиока на замрзнувачот): Оваа функција може да се активира само во горната фиока на делот за замрзнување. Се состои од интензивен дотур/проток на студен воздух. Со брзото замрзнување подолго се зачувуваат повеќе витамини, минерали и хранливи состојки во храната.

Надворешните контури на сегментот С на екранот светнуваат една по друга. Прво се пали само првата контура (види слика погоре), по што другите сегменти се палат во насока на движењето на стрелките на часовникот.

SLIKA_FF_SEGMENTI

При крајот на оваа функција, сите надворешни контури на сегментот C од екранот ќе бидат запалени.

  • Додека е активна функцијата интензивно замрзнување (брзо замрзнување), и температурата во делот за ладење може да се дотера и да се менува како обично.

  • Меѓутоа, за да ја смените температурата во делот за замрзнување додека е активирана замрзнување (брзо замрзнување), мора најпрво да се исклучи функцијата интензивно ладење со притискање на копчето H.

За да ја исклучите: за да ја исклучите функцијата интензивно замрзнување (fast freeze), притиснете го копчето H. Ќе се слушне краток звук, а индикаторот на функцијата брзо замрзнување престанува да свети. Доколку не се исклучи рачно, функцијата се исклучува автоматски по околу шест часа.

Кога ќе се активира функцијата интензивно замрзнување (брзо замрзнување), апаратот работи со полна снага. Во текот на оваа функција, работењето може привремено да биде нешто погласно.

Eco функција

SLIKA_ECO

Активирање: за да ја активирате функцијата eco, кратко притиснете го копчето D. Светнува индикаторот на eco mode. Кога е активирана оваа функција, апаратот работи во оптимални услови.

Исклучување: за да ја исклучите функцијата eco, повторно кратко притиснете го копчето D. Температурата ќе се врати на последната зададена вредност.

Функцијата eco се исклучува и кога го користите копчето В1 за да ја смените температурата во фрижидерот или со активирање на некоја друга дополнителна функција.

Функција на претворање во Нулта зона (Convert)

Целиот дел за замрзнување може да се претвори во Нулта зона (ZeroZone). Температурата во овој дел е на или нешто под нулата. Според тоа, не складирајте храна која е чувствителна на ниска температура во овој дел, зашто може да замрзне. Пред да преминете на функцијата Нулта зона, испразнете го замрзнувачот, за да спречите одмрзнување и расипување на замрзнатата храна.

SLIKA_CONVERT

  • Активирање: притиснете го копчето G. Се слуша краток звук и се пали индикаторот за convert 0°C.

  • Кога се активира оваа функција, температурата во замрзнувачот се подесува на 0 °C, а температурата во фрижидерот на 4 °C. Ознаката „0 °C“ на екранот С трепка се додека не се постигне соодветната температура во замрзнувачот. Кога ќе се постигне таа температура, индикаторот „0 °C“ почнува да свети постојано.

  • Дотерување на температурата во делот Нулта зона (ZeroZone): наместете ја температурата помеѓу -2 °C и +3 °C со помош на копчињата С1.

  • Температурите се приближни и зависат од зададените вредности на температурата во делот за ладење, температурата во просторијата, честотата на отворање на вратата, како и од количината храна што е сместена во апаратот. Зголемувањето на температурата во делот ZeroZone ја зголемува и температурата во делот за ладење и обратно. Прилагодете ја температурата на условите во кои работи апаратот.

  • Доколку долниот дел функционира како ZeroZone, температурата во делот за ладење може да се дотера само од +4 °C до +8 °C. Ваквото работење на апаратот се препорачува само кога температурата во просторијата е помеѓу +16 °C и +32 °C. На повисоки температури, не е можно да се гарантираат соодветно ниски температури во апаратот.

  • Кога се активира функцијата на претворање во Convert, се исклучуваат сите други дополнителни функции.

  • Исклучување на функцијата на претворање во Convert: повторно притиснете го копчето G. Се слуша краток звук и се гаси индикаторот convert 0  C.

Функцијата Convert исто така влијае врз температурите во фиоката ZeroZone. Кога оваа функција е активирана, температурата во фиоката нема да биде близу 0 °C. Всушност, фиоката ќе функционира како кутија за овошја и зеленчуци без разлика на поставките или положбата на лизгачкиот потенциометар, што може да доведе до расипување на храната. Затоа, препорачуваме да се премести храната која е осетлива на повисоки температури на посоодветно место.

Режим „на одмор“ (подолго отсуство)

Користете ја оваа функција кога сте отсутни од домот подолг временски период, како, на пример, кога одите на одмор или на подолг службен пат.

SLIKA_HOLIDAY_MODE

Активирање: за да ја активирате оваа функција, притиснете го копчето F. Се слуша краток звук и светнува индикаторот на holiday mode.

  • Кога се активира оваа функција, температурата во делот за ладење се подесува на 15 °C, а температурата во замрзнувачот на -18 °C.

Пред да ја вклучите оваа функција, испразнете го делот за ладење, затоа што сите производи со ограничен рок може да се расипат.

Исклучување: за да ја исклучите функцијата, повторно притиснете на копчето F.

Заштита од деца

SLIKA_OTROŠKA_ZAŠCITA

Вклучување: за да ја активирате заштитата од деца, притиснете ги истовремено копчињата A и D и држете ги притиснати (2 секунди). Се слуша краток звук, а на сегментот В на екранот накратко се појавува ознаката LL.

Со оваа функција се оневозможува работата на сите копчиња, освен на копчињата A, D, I и J.

Исклучување: за да ја исклучите функцијата, повторно притиснете ги истовремено и задржете ги копчињата A и D.

Во случај на дефект или прекин на снабдувањето со струја, функцијата одново се активира.

Аларм за висока температура

SLIKA_ALARM_HI

Доколку температурата во внатрешноста на апаратот е превисока, се активира звучен аларм (испрекинат тон), а ознаката HI ќе почне да трепка на сегментот В или на сегментот С на екранот, во зависност од делот од апаратот во кој температурата е превисока.

  • Секојпат кога го вклучувате апаратот со копчето А, се активира аларм со одложен почеток од 24 часа. Доколку апаратот не постигне доволно ниска температура по тој период, алармот се активира.

Исклучување на алармот:

  • за да потврдите дека сте го слушнале и да го исклучите алармот, притиснете го копчето I. Кога копчето I ќе се притисне првиот пат, алармот се исклучува, а температурата регистрирана во односниот дел од апаратот ќе почне да трепка на сегментот В или на сегментот С на екранот. Кога копчето I ќе се притисне по втор пат, тековно зададената температура трепка на сегментот В или на сегментот С на екранот. Вредноста на температурата продолжува да трепка се додека фактичката температура во апаратот не падне под нивото на кое се активира алармот.

  • Кога апаратот ќе постигне соодветна температура, вредноста на екранот престанува да трепка и продолжува постојано да свети.

  • Доколку не го исклучите звучниот аларм, тој ќе се активира на секој час и ќе трае околу 15 минути.

Аларм за отворена врата

Доколку вратата на фрижидерот или на замрзнувачот е оставена отворена предолго, се активира звучен аларм (повторлив звук). Доколку алармот не се исклучи рачно, ќе се огласува околу 10 минути. Апаратот продолжува да работи исто како вратата да е затворена.

Исклучување на алармот: за да го исклучите алармот, затворете ја вратата на апаратот.

Доколку го исклучите алармот со притискање на копчето I, а вратата и натаму е отворена, тој повторно ќе се активира по 4 минути.

Ако ја оставите вратата отворена подолго од 10 минути, алармот ќе престане да се огласува. Апаратот ќе прејде на безбеден режим на работа, за да обезбеди доволно ладење и да спречи расипување на храната и покрај тоа што вратата е отворена.

Аларм за дефект / прекин на снабдувањето со струја

SLIKA_PF

Доколку температурата во апаратот се зголеми до ниво на кое се вклучува алармот во текот на прекин на струјата (или дефект), алармот за температура ќе се активира кога повторно ќе дојде струја. Се активира звучен аларм, а ознаката PF ќе почне да трепка на сегментот В или на сегментот С на екранот, во зависност од тоа во кој дел од апаратот температурата е превисока.

За да го исклучите алармот, притиснете го копчето I. На еден од сегментите В и С ќе се прикаже највисоката регистрирана температура.

Кога повторно ќе го притиснете копчето I, алармот за прекин (или дефект) на струјата конечно ќе биде исклучен, а зададената температура се прикажува на сегментот В или на сегментот С на екранот.

Доколку во исто време се активира алармот за температура, ќе функционира како што е опишано во поглавјето Аларм за висока температура, откако ќе го исклучите алармот за прекин на струјата.

Опрема за внатрешноста на ладилникот

(*Опремата зависи од моделот)

Полица

SLIKA_IZVLEK_POLICE

Празните полици може да ги поставите по желба на држачите во внатрешноста на ладилникот, без да мора да ги вадите од ладилникот. За да преместите полица или да ја извадите од ладилникот, малку поткренете го задниот дел, повлечете ја кон себе и потоа или преместете ја или извадете ја од апаратот. Храната што бргу се расипува сместете ја на задниот дел од полицата, каде што температурата е најниска.

Жичана полица за шишиња*

NOSILEC_ZA_STEKLENICE

  • Некои модели исто така имаат жичан држач за шишиња. Тој е заштитен од несоодветно извлекување. Тој може да биде извлечен само ако е празен. За да го извлечете подигнете го нежно на задниот дел и повлечете го кон вас. Поставете го држачот за шише така што должината на шишињата да не попречува во соодветното затворање на вратата .

    Држачот е со капацитет на носивост од девет шишиња од 0.75-литриили 13 кг. на тотална тежина – види ознака на десната страна во внатрешноста на апаратот.

  • Може да поставите лименки на полицата за шишиња (хоризонтално или попречно).

Корпа за овошје и зеленчук со контрола за влага (CrispZone)*

  • Корпата на дното на ладилникот е наменета за складирање на овошје и зеленчук. Таа овозможува влажност и спречува сушење на храната.

  • Влажноста во фиоката се регулира автоматски, во зависност од видот и количината на ставената храна.

SLIKA_CRISP_ZONE_FS600-20_AUTO

  • Извлекување на корпата:

    • Извлечете ја корпата до крај. Потоа, подигнете го горниот дел од корпата и излечете ја целосно.

ZeroZone фиока*

(Само кај некои модели)

Фиоката ZeroZone овозможува чување на широк спектар на свежа храна до трипати подолго од споредба со нормален ладилник. Храната останува свежа подолго време задржувајќи го вкусот и хранливите состојки. Температурата во оваа фиока зависи од вредностите на температурата во делот на ладилникот, температурата на средина, честотата на отворање на вратата и количината на храна во ладилникот.

За температура од околу 0 °C во ZeroZone фиоката, ние препорачуваме регулирање на температурата во ладилникот на пониска од 4 °C.Температурата во фиоката ZeroZone може да опадне до 0 °C; поради ова, преместете ја храната која е чувствителна на замрзнување на горните делови од ладилникот.

За оптимална работа, фиоката треба да биде целосно затворена.

  • Кога купувате храна, проверете дали е свежа бидејќи од тоа зависи квалитетот на храната како и трајноста.

  • Храната чувајте ја во затворени садови или соодветна амбалажа за да спречите попримање или ширење на миризби.

  • Приближно 30-60 минути пред употребата извадете ја храната од фиоката за да се развијат мирисот и вкусот на собна температура.

  • Храната која е чувствителна на ниска температура и не е соодветна за чување во ZeroZone фиоката ги вклучува следниве намирници: ананас, авокадо, банани, маслинки, компири, модар патлиџан, краставици, грав, пиперки, дињи, лубеници, тикви,тиквички, итн).

SLIKA_IZVLEK_PREDALA_ESS

  • Да ја отстраните фиоката:

    • Извлечете ја фиоката се додека не осетите притисок- блокада.

    • Подигнете ја на предниот дел и извлечете ја до крај.

Претворање на фиоката “ZeroZone“ во фиока за овошје и зеленчук*

  • Доколку утврдите дека ви е потребен дополнителен простор за овошје и зеленчук, може да ја претворите фиоката „ZeroZone“ во фиока за овошје и зеленчук („CrispZone“).

SLIKA_CONVERT_DRSNIK

  • За да го направите тоа, направете го следното:

    • За да ја користите фиоката како фиока „ZeroZone“: поместете го лизгачот на десно.

    • За да ја користите фиоката како фиока за овошје и зеленчук („CrispZone“): поместете го лизгачот на лево.

Кога ќе се активира функцијата Convert , фиоката ќе функционира како кутија за овошја и зеленчуци без разлика на поставките или положбата на лизгачкиот потенциометар. Дури ако лизгачкиот потенциометар е поставен на положбата ZeroZone, температурата во фиоката нема да биде близу 0 °C, што може да доведе до расипување на храната. Затоа, препорачуваме да се премести храната која е осетлива на повисоки температури на посоодветно место.

Полици на вратата

SLIKA_VRATNE_POSODE

Внатрешната страна од вратата на ладилникот е опремена со полици наменети за чување на сирење, путер, јајца, јогурт и други помали амбалажи, туби, лименки, итн.

Полиците може да ги поставите по желба, така што малку ќе ги поткренете од држачите и ќе ги преместите на саканото место, при што треба добро да се наместат на држачите.

Долната полица служи за чување шишиња.

Максимална носивост на полицата на секоја врата е 5 kg.

Систем за распределба на воздухот (MultiFlow)*

  • Напредниот систем MultiFlow еднакво го распределува воздухот и ја изедначува температурата во фрижидерот. Овој систем исто така овозможува да се стави кој било вид на храна на која било полица во фрижидерот затоа што нема разлика во температурата помеѓу нив.

SLIKA_MULTI-FLOW_BREZ_ION

Систем за распределба на воздухот со јонизатор (MultiFlow/IonAir)*

  • Напредниот вентилациски систем „MultiFlow“ рамномерно го распространува јонизираниот воздух и ја изедначува температурата во целиот ладилник. Воздухот збогатен со дополнителни негативни јони ја имитира природната микроклима, која помага храната подолго да остане свежа. Со овој систем се овозможува и чување секаков вид храна на која и да е полица во ладилникот, затоа што помеѓу нив не постојат температурни разлики.

SLIKA_MULTI-FLOW_Z_ION

AdaptTech

Иновативна технологија со сензор овозможува прилагодување на работата на апаратот во однос на навиките или однесувањето на корисникот на апаратот. Прилагодлив интелигентен систем на дневна и неделна основа следи, анализира и запишува податоци за употребата на апаратот и ја прилагодува работата на апаратот во однос на снимените примероци. Ако апаратот регистриралзголемена фреквенција на отворање на врата, апаратот автоматски ќе ја намали температурата пред тоа време за да спречи зголемување на температурата на храната бидејќи вратата се отвора почесто. Апаратот исто така може да предвиди дополнување на поголеми количини на храна во ладилникот или фрижидерот и согласно тоа да ја прилагоди работата со поинтензивно ладење или замрзнување.

Препорачана распределба на храната во апаратот

Делови во просторот на ладилникот:

  • Горен дел: конзервирана храна, леб, вино, печива, итн.

  • Среден дел: млечни производи, готови оброци, десерти, безалкохолни пијалаци, пиво, готвена храна, итн.

  • FreshZone/ZeroZone корпа: месо, месни производи, деликатеси;

  • Корпа за овошје и зеленчук: свежо овошје, зеленчук, салати, коренест зеленчук, компири, кромид, лук, домати, кисела зелка, репи, итн.

porazdelitev zivil_advance

Предел на вратата од ладилникот:

  • горен/среден предел од вратата: јајца, путер, сирење, итн..

  • долен предел од вратата: пијалаци, конзерви, шишиња

Не чувајте овошје (банани, ананас, папаја, цитрусно овошје) и зеленчук (тиквички, модар патлиџан, краставици, пипер, домати и компири) поради чувствителноста на ниски температури во ладилникот.

Делови од замрзнувачот:

  • замрзнување, чување на замрзната храна (види Поглавје Замрзнување и чување на замрзната храна).

Не чувајте го следново во замрзнувачот: зелена салата, јајца, јаболка, круши, грозје, праски, јогурт, павлака и мајонез.

Чување на храна во ладилникот

Важни предупредувања во однос на чувањето на храната

Правилната употреба на апаратот, соодветното пакување на намирниците, одржувањето на соодветна температура и почитување на основните стандарди за хигиена на храната, имаат одлучувачка улога врз квалитетот на одржувањето на храната.

Придржувајте се до рокот на траење на храната кој е означен на амбалажата на производите.

Храната која ја ставате во ладилникот треба да се чува во затворени садови или во соодветна амбалажа за да се избегне попримање или ширење на мирис и влага.

Во ладилникот не чувајте запаливи, под притисок и експлозивни супстанци.

Шишињата со висока содржина на алкохол мора да бидат цврсто затворени и поставени во исправна положба.

Некои органски раствори, етерични масла во кори на лимони, портокали, киселина во путер, итн. Можеда ги оштетат пластичните површини во случај на подолготраен контакт со што се предизвикува оштетување и предвремено стареење на овие материјали.

Непријатниот мирис предупредува за нечистотија на апаратот или расипана храна (види Чистење и одржување на апаратот).

Ако планирате да не престојувате подолго време дома, извадете ги од ладилникот сите намирници кои може брзо да се расипат.

Одбегнувајте контаминација на храната

За да одбегнете контаминација на храната, Ве молиме следете ги следните упатства:

  • Оставањето на вратата отворена подолги периоди може да ја зголеми температурата во фиоките на апаратот.

  • Редовно чистете ги површините кои може да дојдат во контакт со храната и достапниот одводен систем.

  • Свежото месо и рибите чувајте ги во соодветни садови во фрижидерот, за да не дојдат во контакт со другата храна или да не капат врз неа.

  • Доколку планирате да го оставите фрижидерот празен подолго време, исклучете го, одмрзнете го, исчистете го, исушете го и оставете ја вратата отворена, за да не се создава мувла во апаратот.

Чување на храна

Вид на храна

Оптимална температура на чување (°C)

Оптимално ниво на влажност на чување(%)

Приближно време за чување

Свинско

-1 до 4

95

3 дена

Телешко

0 до 4

95

до 3 недели

Јагнешко

0 до 4

95

14 дена

Пилешко

0 до 4

95

3 дена

Риба

0 до 4

95

3 до 10 дена

Школки

0 до 4

95

2 дена

Говедско

1,5

95

16 недели

Млечнипроизводи (јогурт, павлака, путер, сирење, намаз, итн.)

2 до 4

95

7 до 10 дена

Цвекло

0

95

3 до 5 месеци

Брокули

0

95-100

10 до 14 дена

Зелка, млада

0

98-100

3 до 6 недели

Моркови, зрели

0

98-100

4 до 5 месеци

Марула, зимска

0

95-100

2 до 3 недели

Лук

0

65-70

6 до 7 месеци

Келераба

0

98-100

2 до 3 месеци

Зелка, кинеска

0

95-100

2 до 3 месеци

Зелка, различнитипови

0

98-100

3 до 4 месеци

Моркови

0

95-100

2 недели

Карфиол

0

95-98

2 до 4 недели

Целер, стандарден

0

98-100

2 до 3 месеци

Блитва

0

95-100

10 до 14 дена

Салата-радич

0

95-100

2 до 4 недели

Пченка

0

95-98

5 до 8 дена

Праз

0

95-100

2 до 3 месеци

Печурки

0

95

3 до 4 дена

Магдонос

0

95-100

2 до 3 дена

Пашканат

0

98-100

4 до 6 месеци

Ротквица, зимска

0

95-100

2 до 4 месеци

Рен

0

98-100

од 10 до 12месеци

Карфиол

0 до 2

90-95

2 до 4 недели

Кромид

0 до 2

65-70

6 до 7 месеци

Аспарагус

0 до 2

95-100

2 до 3 недели

Грашок, зелен

0 до 2

95-98

1 до 2 недели

Зеленчук, исечен

0 до 2

90-95

до 5 дена

Кељ

0 до 2

90-95

1 до 2 недели

Огрозд

0 до 2

90-95

3 до 4 недели

Краставици

4 до 10

95

10 до 14 дена

Компири

7 до 10

90-95

до 9 месеци

Авокадо, зелено

7 до 10

85-95

до 6 недели

Пиперки

7 до 10

90-95

2 до 3 недели

Домати

10 до 12

85-90

4 до 7 дена

Грав, свеж

< 15

40-50

6 до 10 месеци

Круши

-3

90-95

2 до 7 месеци

Кајсии

-1

90-95

1 до 3 недели

Јагоди

0

90-95

3 до 7 дена

Малина

0 до 2

90-95

2 до 3 дена

Рибизла

0 до 2

90-95

1 до 4 недели

Боровинки

0 до 2

90-95

14 дена

Цреши

0 до 2

90-95

2 до 3 недели

Грозје

0 до 2

85

2 до 8 недели

Киви, зрели

0 до 2

90-95

1 до 3 месеци

Праски

0 до 2

90-95

2 до 4 недели

Цреши

0 до 2

90-95

2 до 3 недели

Киви, незрели

0 до 2

90-95

2 до 6 месеци

Нектарини

0 до 2

90-95

1 до 3 недели

Портокали

0 до 2

90-95

2 до 4 недели

Јапонскојаболко

0 до 2

90-95

2 до 3 месеци

Сливи

0 до 2

90-95

2 до 5 недели

Овошје, сечено

0 до 2

90-95

до 10 дена

Јаболка

0 до 4

90-95

1 до 12 месеци

Дињи

4

90-95

15 дена

Портокали

4 до 7

90-95

2 до 4 недели

Мандарини

5 до 8

90-95

2 до 4 недели

Манго

10 до 13

85-95

2 до 3 недели

Дињи

10 до 13

85-95

1 до 2 недели

Ананас

10 до 13

85-95

2 до 4 недели

Лимони

11 до 13

90-95

2 до 3 недели

Лубеница

12 до 15

85-95

1 до 3 недели

Банани, зрели

13 до 16

85-95

3 дена

Грејпфрут

13 до 16

90-95

1 до 3 недели

Замрзнување и чување на замрзната храна

Постапка на замрзнување

Максималната количина на свежа храна која може да ја ставите одеднаш е наведена на натписната таблица со основни податоци. Ако количината на храна која треба да се замрзне ја надмине наведената количина, квалитетот на замрзнување ќе биде лош, а ќе се влоши и квалитетот на храна која веќе била замрзната.

  • Доколку сакате да ја искористите целокупната запремнина на замрзнувачот, извадете ги сите фиоки од него.

  • Активирајте ја функцијата за интензивно замрзнување 24 часа пред замрзнување на свежата храна:

    • притисните го тастерот H

За да овозможите храната да замрзне што е можно побрзо, складирајте ги пакувањата како што е опишано подолу:

  • Свежата храна поделете ја на помали пакувања (1кг). Поставете две пакувања по должина на задната, левата и десната страна од горната фиока, едно пакување на средина пред нив (исто така во горната фиока) и едно пакување во средната фиока, наспроти средниот дел од нејзината задна страна.

Свежата храна не смее да биде во контакт со храната која е веќе замрзната.

  • При замрзнување на помали количини на храна (1-2 кг), не е потребно активирање на функцијата за интензивно замрзнување.

Важни предупредувања за постапката за замрзнување

Користете го замрзнувачот за замрзнување на храна соодветна за тоа. Секогаш користете квалитетна и свежа храна.

Изберете го најсоодветното пакување за храната ик ористете го истото, соодветно.

Пакувањето не смее да пропушта воздух и вода што бидовело до сушење на содржината и губење на витамините. .

На пакувањето наведете го видот на храната, количината и датумот на замрзнување.

Важно е храната да сезамрзнува брзо. Поради ова, препорачуваме помали паковања. Храната треба да биде оладена пред замрзнување.

Чување на индустриско замрзната храна

  • При чување и користење на замрзната храна, следете ги упатствата на производителот. Температурата и рокот на траење се означени на амбалажата.

  • Избирајте само храна со неоштетена амбалажа, чувана во замрзнувачи на температури под –18 °C.

  • Не купувајте намирници прекриени со мраз бидејќи тоа е знак дека веќе биле одмрзнувани неколку пати што значи дека се со лош квалитет.

  • Заштитете ја храната од одмрзнување за време на транспорт. Во случај на пораст на температурата, времето на чување ќе биде пократко а квалитетот полош.

Период на чување на замрзната храна

Препорачлив период на чување на храната во замрзнувачот

Вид на храна

Time (Време)

овошје, говедско

од 10 до 12месеци

зеленчук, телешко, пилешко

Од 8 до 10месеци

дивеч

од 6 до 8 месеци

Свинско

од 4 до 6 месеци

Мелено месо

4 месеци

леб, печива, готвени јадења, посна риба

3 месеци

Џигери и слично

2 месеци

Димени колбаси, полномасна риба

1 месец

Одмрзнување замрзната храна

  • Одмрзнувањето е важен чекор во складирањето замрзната храна. Храната мора правилно да се одмрзне.

  • Следните се соодветни методи на одмрзнување:

    • во ладилникот,

    • во студена вода,

    • во микробранова или конвекциска печка со соодветна програма за одмрзнување.

  • Одредени замрзнати производи може да се готват без претходно одмрзнување. Тоа е наведено на пакувањето од страна на производителот.

  • Пакувајте ја храната во мали количини. Со тоа се овозможува храната побргу да се одмрзне.

  • Делумно или целосно одмрзнатата храна искористете ја што е можно побргу. Бактериите во одмрзнатата храна се реактивираат и храната бргу се расипува. Ова особено се однесува на овошје, зеленчук и готови јадења.

  • Не замрзнувајте повторно храна која е делумно или целосно одмрзната.

Одмрзнување на апаратот

Автоматско одмрзнување на ладилникот

Нема потреба да го одмрзнувате ладилникот бидејќи мразот на задната страна од внатрешноста на ладилникот се одмрзнува автоматски. Мразот кој се насобира ќе се растопи во периодот на мирување на компресорот во форма на капки кои протекуваат низ отворот во задниот ѕид на ладилникот и се слеваат во сад над компресорот, од каде испаруваат.

Отворот на задниот дел од внатрешноста на ладилникот никогаш не смее да е блокиран од храна или од некој предмет.

Ако е насобран подебел слој на мраз на задниот ѕид од внатрешноста на ладилникот (3-5мм), исклучете го апаратот и одмрзнете го рачно.

Одмрзнување „NoFrost“ ладилник

  • Ладилникот „NoFrost“ се одмрзнува автоматски. Сите слоеви мраз кои може да се создадат од време на време автоматски исчезнуваат.

Рачно одмрзнување на замрзнувач кој не фаќа мраз (NoFrost)

  • И покрај тоа што се работи за „NoFrost“ апарати, на ѕидовите на апаратот може да се наталожи мраз. Тоа е најчесто резултат на неправилна употреба на апаратот, како што е пречесто отворање на вратата, предолго оставање на вратата отворена, неисправна гума за затворање на вратата, итн.

Во таков случај, ладилникот може да се одмрзне рачно, според следната постапка:

SLIKA_ROCNO_ODTALJEVANJE

  • Активирање: притиснете ги истовремено копчињата G и H. Се слуша краток звук, на сегментот В на екранот се појавува ознаката CL, а на сегментот С на екранот се појавува ознаката dF.

  • Исклучување: Кога ќе заврши процесот на одмрзнување, функцијата автоматски се исклучува. Зададената температура се прикажува на сегментите В и С на екранот.

Чистење на апаратот

Пред чистење, прекинете го доводот на струја во апаратот - исклучете го апаратот (види поглавје Исклучување/Вклучување на апаратот) и извадете го струјниот кабел од штекерот.

  • За чистење на сите површини користете мека крпа. Средствата за чистење кои содржат абразивни средства, киселини или раствори не се соодветни за чистење бидејќи може да ја оштетат површината.

Чистете го надворешниот дел на апаратот со вода или со благ раствор на сапуница.

Алуминиумските и лакираните површини може да се исчистат со млака вода во која може да додадете благо средство за чистење. Дозволено е користење на средства за чистење со ниска содржина на алкохол (на пр. за чистење на стакло). Не користете средства за чистење кои содржат алкохол за чистење на пластични материјали.

Внатрешноста на апаратот може да се чисти со млака вода, во која може да додадете и малку оцет.

  • Не мијте ги деловите од опремата од внатрешноста на апаратот во машина за миење на садови бидејќи може да се оштетат.

SLIKA_CUSCENJE_ODPRTINE

  • Канал и отвор за одлевање на водата од наслагите од мраз кои се одмрзнуваат, се наоѓаат под плочата за ладење која го лади внатрешниот дел на ладилникот. Каналот и отворот не смеат да бидат затнати. Проверувајте ги често и доколку е потребно исчистете ги (на пр. со пластична цевка).

  • Наслагите од мраз или лед, со 3-5 мм дебелина, ја зголемуваат потрошувачката на енергија. Поради ова, тие треба да се отстрануваат редовно (не се однесува на NO FROST замрзнувачите). Не користете остри предмети, раствори или спрејови.

  • Кондензаторот, кој се наоѓа до компресорот во задниот дел на апаратот (само кај некои модели), мора да се одржува во чиста состојба, без прашина или други нечистотии. Чистете го повремено со мека неметална четка или со правосмукалка.

  • По чистењето, повторно вклучете го апаратот и ставете ја храната назад.

Решавање проблеми

Проблем:

Причина и решение:

Апаратот е приклучен во струја но не работи:

  • Проверете дали ѕидниот утикач е под напон и дека апаратот е вклучен.

Системот за ладење подолго време работи непрекинато:

  • Превисока температура на средината.

  • Пречесто или предолго отворање на вратата.

  • Неправилно затворена врата (можни нечистотии помеѓу вратите, обесена врат, оштетен заптивач, итн).

  • Премногу свежа храна ставена наеднаш.

Прекумерно собирање на мраз на задниот дел од ладилникот може да биде резултат на:

  • Пречесто или предолго отворање на вратата.

  • Топла храна е ставена во ладилникот.

  • Храната или садовите се во допир со задниот внатрешен ѕид од ладилникот.

  • Лошо дихтување на вратата.

  • Ако затворачот е нечист или оштетен, исчистете го или заменете го.

Таложење мраз во внатрешноста на замрзнувачот:

  • Вратата се држи отворена предолго или пречесто.

  • Вратата не е правилно затворена.

  • Вратата не се затвора убаво (гумата е валкана, вратата не е правилно израмнета, гумата е оштетена, итн.).

  • Одмрзнете го апаратот рачно.

Кондензирање на полицата над фиоките:

  • Ова е привремена појава која не може целосно да се избегне во периодите на високи температури и влажност на надворешната средина. Појавата сама исчезнува кога ќе се нормализираат температурите и влажноста. Ние препорачуваме чистење на фиоките што почесто и повремено бришење на капките од кондензирањето.

  • Отворете го регулаторот за влажност.

  • Храната ставете ја во ќеси или друга амбалажа која не пропушта воздух.

Тече вода од ладилникот:

  • Запушен отвор за вода или одмрзната вода која капе покрај каналот за вода.

  • Исчистете го запушениот отвор на пример со користење на пластична цевка

  • Ако се насобере дебел слој на мраз, одмрзнете го апаратот рачно (види Одмрзнување на апаратот).

ЛЕД осветлувањето не работи:

REPL_BY_PROF_2

  • Ако ЛЕД осветлувањето не работи, повикајте сервисер.

  • Не обидувајте се самостојно да го поправате ЛЕД осветлувањето бидејќи постои опасност од висок напон!

На екранот се појавува симболот HI:

  • Пречесто или предолго отворање на вратата.

  • Неправилно затворена врата (можни нечистотии помеѓу вратите, обесена врат, оштетен заптивач, итн).

  • Продолжен прекин на електрична енергија.

  • Премногу свежа храна ставена наеднаш.

На екранот се појавува симболот PF:

  • Продолжен прекин на електрична енергија.

На екранот се појавува ознаката E0 или E8:

  • Сензорските копчиња не реагираат. Повикајте сервисен центар.

  • Се додека апаратот не биде поправен од страна на сервисен техничар, ќе работи во безбеден режим. Апаратот автоматски ја запаметува најсоодветната температура за секој дел.

На екранот се појавува ознаката E1 или E2:

  • Грешка или дефект на температурниот сензор. Повикајте сервисен центар да го поправи дефектот. Се додека апаратот не биде поправен од страна на сервисен техничар, ќе работи во безбеден режим. Апаратот автоматски ја запаметува најсоодветната температура за секој дел.

На екранот се појавува симболот E9:

  • Вратата била оставен отворена предолго. Затворете ја.

  • Ако не работи ниту осветлувањето, тогаш има дефект на сензорот на вратата. Повикајте сервисен центар да договорите поправка. Се додека апаратот не биде поправен од страна на сервисен техничар, ќе работи во безбеден режим. Апаратот автоматски ја запаметува најсоодветната температура за секој дел.

На екранот се појавува ознаката E4:

  • Дефект на вентилаторот во ладилникот. Повикајте сервисна служба да ја изврши поправката. Апаратот не може нормално да работи. Префрлете ја храната на ладно место и исклучете го апаратот.

На екранот се појавува ознаката E5:

  • Дефект на вентилаторот на кондензаторот. Повикајте сервисна служба да ја изврши поправката. Апаратот не може нормално да работи. Префрлете ја храната на ладно место и исклучете го апаратот.

Ако ниту еден од горните совети не го реши вашиот проблем, повикајте го овластениот сервисен центар и наведете го типот, моделот, и серискиот број назначен на натписната таблица со основни податоци или ознаката која се наоѓа во внатрешноста на апаратот.

Информации за бучавата на апаратот

Ладењето во разладните апарати е овозможено со помош на систем за ладење кој исто така вклучува компресор ( и вентилатор кај одредени модели), што предизвикува одредена бучава. Степенот на бучава зависи од поставувањето, соодветно користење, и староста на апаратот.

  • По вклучување на апаратот на електричната мрежа, работата на компресорот, односно звукот на течност за ладење за време на работата на компресорот може да се зголеми. Ова не е знак за дефект и нема влијание врз векот на користење на апаратот. По одредено време, звукот на работата на апаратот и бучавата ќе се намалат.

  • Понекогаш, невообичаени или погласни шумови може да се чујат за време на работата на апаратот, и тие најчесто се резултат на несоодветно поставување на апаратот:

    • Апаратот мора да е поставен на рамна подлога и стабилно да стои на тврда подлога.

    • Апаратот не смее да биде во допир со ѕидот или со соседните елементи.

    • Проверете дали внатрешната опрема е поставена односно стои цврсто на свое место и дали бучавата не е предизвикана од ѕвечкање на лименки, шишиња или други садови поставено еден до друг.

  • Поради поголем обем на работа на системот за ладење кога вратата е отворана почесто или подолго време, кога се става поголема количина на свежа храна или се активирани функциите на интензивно ладење или замрзнување, апаратот може привремено да произведува поголема бучава.

Ваши белешки

Го резервираме правото на промени кои не влијаат врз функционалноста на апаратот.

839492