УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

ИНДУКЦИСКА ПЛОЧА

Срдечно Ви благодариме за вашата доверба и купување на нашиот производ.

За полесна употреба на овој производ ви подготвивме детално упатство за употреба. Упатствата ќе ви овозможат да го запознаете што подобро и побрзо овој апарат како и неговата употреба.

Штом апаратот ќе ви биде доставен, веднаш проверете го апаратот да не е оштетен. Ако утврдите оштетување при транспортот, ве молиме контактирајте го продавачот од каде што сте го купиле апаратот, или подрачниот магацин од каде апаратот ви бил доставен. Телефонскиот број ќе го најдете на фактурата или на испратницата.

Информации, совет, помош или препорака

Предупредување за општа опасност

Безбедносни предупредувања

ВАЖНИ МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ - ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГИ УПАТСТВАТА И ЧУВАЈТЕ ГИ ИСТИТЕ ЗА ИДНА УПОТРЕБА

Деца постари од 8 години, како и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности, како и лица без претходно искуство и знаење може да го користат овој апарат само ако се под соодветен надзор или ако се запознаени со упатствата за безбедно користење на апаратот и ако се свесни за опасностите кои може да произлезат од употребата на апаратот. Не дозволувајте им на децата да се играат со апаратот. Исто така деца не смеат да го чистат или да работат на одржувањето на апаратот без соодветен надзор.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Апаратот и неговите пристапни делови стануваат многу жешки за време на употребата. Внимавајте да не ги допрете грејните елементи.

Да се држат децата помали од 8 години настрана, освен доколку не се под постојан надзор.

Не употребувајте средства за чистење со пареа или под висок притисок за чистење на апаратот, зашто тоа може да предизвика струен удар.

Апаратот не е наменет да биде управуван со помош на надворешни програмски тајмери или специјални далечински системи за надзор.

Во електричната инсталација мора да бидат вградени уреди за исклучување, во согласност со правилата за електрични инсталации.

Во случај струјниот кабел да е оштетен, мора да го замени производителот, неговиот агент за сервисирање или слично квалификувано лице, за да се избегнат опасности (се однесува само на апарати со кои доаѓа струен кабел).

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако површината на плочата за готвење е напукната, исклучете го апаратот за да спречите опасност од електричен удар. Исклучете ги сите зони за готвење користејќи ги нивните соодветни контроли и извадете го осигурувачот или главниот електричен осигурувач, така што уредот е целосно изолиран од електричната мрежа.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Готвење со масло или зејтин на плочата за готвење без соодветна контрола може да биде опасно и може да предизвика пожар. Никогаш немој да се обидувате да изгасите пожар со вода, туку исклучете го апаратот а потоа обидете се да го изгасите пламенот со поклопец или огноотпорна крпа.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасност од пожар: На површините за готвење не поставувајте какви било предмети.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Процесот на готвење мора да се одвива под надзор. При краткотрајно готвење потребно е постојана присутност на лице.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Овој апарат е наменет исклучиво за цели на готвење. Не смее да се користи за други цели на пример за загревање на простории.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Користете единствено штитници за грејните плочи кои се произведени од производителот на апаратот за готвење или оние кои се препорачани од производителот на апаратот во упатствата за употреба како соодветни или пак штитници за грејни плочи кои се составен дел од самиот апарат. Употребата на несоодветни штитници може да предизвика несакани последици.

Не поставувајте метални предмети како ножеви, виљушки, лажици и капаци на површината на грејната плоча бидејќи се вжештуваат.

По употреба исклучете го грејниот елемент со контролното копче и не ослонувајте се исклучиво на системот за препознавање на садови.

Апаратот мора да биде поврзан на електричната мрежа при што мора да има и вградено средство за исклучување од електричната мрежа. Приклучокот на електричната мрежа мора да биде во согласност со правилата за вмрежување на електрична мрежа.

Други важни безбедносни предупредувања.

Апаратот е наменет исклучиво за некомерцијални цели. Не користете го апаратот за други цели како загревање на простории, сушење на домашни миленици или други животни, хартија, ткаенини, растенија и слично бидејќи ова може да доведе до повреда или да предизвика пожар.

Апаратот мора да биде поврзан на електричната мрежа при што мора да има и вградено средство за исклучување од електричната мрежа. Приклучокот на електричната мрежа мора да биде во согласност со правилата за вмрежување на електрична мрежа.

Доколку друг апарат е приклучен на штекер за наизменична струја во близина на апаратот, не дозволувајте струјниот кабел да дојде во контакт со вклучена рингла.

Доколку е оштетен струјниот кабел, треба да го замени производителот или овластен сервисен техничар, за да се избегнат опасности.

Користењето на стакло-керамичката плоча како место за чување предмети може да доведе до гребаници или друго оштетување на плочата. Никогаш не затоплувајте храна во алуминиумска фолија или во пластичен сад на плочата за готвење. Таквата фолија или сад може да се истопи, што може да предизвика пожар или оштетување на плочата за готвење.

Не чувајте под апаратот предмети кои се чувствителни на температура, како што се средства за чистење и детергенти, спрејови во конзерви, итн.

Можно е да настанат евентуални несовпаѓања во нијансите на боите помеѓу различните апарати или компоненти кои припаѓаат на истиот дизајн поради различни фактори, како што се различните агли под кои се гледаат апаратите, позадини со различни бои, материјалите и осветлувањето на просторијата.

Пред приклучување на апаратот

Внимателно прочитајте ги упатствата за употреба пред приклучување на апаратот. Поправки или интервенции кои резултираат од неправилно приклучување или користење на апаратот не се покриени од гаранцијата.

Опис на апаратот

Функциите и опремата на апаратот зависат од моделот.

opis_aparata_BI4T_SY

  1. Индукциска зона за готвење назад лево

  2. Индукциска зона за готвење назад десно

  3. Индукциска зона за готвење напред лево

  4. Индукциска зона за готвење напред десно

  5. Контролен модул на грејната плоча

Технички податоци

(Во зависност од моделот)

napisna tablica

  1. Сериски број

  2. Шифра

  3. Тип

  4. Трговски знак

  5. Моделна ознака

  6. Технички податоци

  7. Знаци/симболи за сообразност

На долната страна од грејната плоча се наоѓа плочка со спецификации која содржи основни информации за апаратот. Информации за видот и моделот на апаратот можат исто да се најдат во гарантниот лист.

Пред првата употреба

Ако плочата за готвење е со стаклено-керамичка површина, чистете ја со влажна крпа и средство за чистење. Не користете агресивни средства за чистење како абразивни средства за чистење кои може да предизвикаат гребаници, абразивни сунѓери за миење или отстранувачи на флеки.

За време на првите неколку употреби, ќе се испушти карактеристичен „мирис на нов апарат“, кој постепено ќе исчезне.

Плотна

Стакло-керамичка плоча за готвење

  • Грејната плоча е отпорна на температурни промени.

  • Не користете ја стаклокерамичката плоча доколку е пукната или скршена. Доколку падне остар предмет на плочата, таа може да се скрши. Последиците на таквиот настан може да се веднаш видливи или пак да се забележат по одредено време.

  • Доколку се појави видлива пукнатина на плочата, веднаш исклучете го апаратот од напојување.

  • Погрижете се зоната за готвење и дното на садот да бидат суви и чисти. Ова ќе овозможи подобро спроведување на топлина и ќе спречи оштетување на грејната површина.

  • Не ставајте празни садови на зоната за готвење. Зоната за готвење може да се оштети доколку ставите празен сад врз неа. Пред да го поставите садот врз зоната за готвење, избришете го дното за да се овозможи спроведување топлина.

Нивоа на јачина за готвење

Јачината на греење на зоната за готвење може да се подеси на 10 различни нивоа (зависно од моделот). На табелата се наведени примери за употребата на секое ниво.

Ниво на јачина за готвење

Цел

0

исклучено, се користи преостанатата топлина

1 - 2

за одржување на топлината на храната, бавно готвење на помали количини (најслаба поставка)

3

бавно готвење (последователно готвење по првичната засилена моќност)

4 - 5

бавно готвење (последователно готвење) на големи количини, печење на поголеми парчиња во тава

6

потпржување и заруменување

7 - 8

потпржување

9

готвење големи количини

P

Power Boost поставка за започнување на процесот на готвење; исто така соодветно за многу големи количества храна

Совети за штедење на енергија

  • Кога купувате садови за готвење, не заборавајте дека дијаметарот наведен на садот обично се однесува на горниот раб или на капакот, кој е вообичаено поголем од дијаметарот на дното на садот.

  • Ако за некое јадење е потребно долго време да се зготви, користете експрес лонец. Не заборавајте дека во експрес лонецот секогаш мора да има доволно течност. Ако на плочата за готвење се стави празен сад, тој може да прегрее, што може да го оштети и садот и површината за готвење.

  • Секогаш кога е возможно, затворете го лонецот или тавата со капак со соодветна големина. Користете садови кои се соодветни на количината на храната што ја готвите. Готвењето во голем делумно полн сад троши многу повеќе енергија.

Принцип на работа на индукциските зони за готвење

posoda_1_ei_brez_ure

  • Плочата за готвење е опремена со високоефикасни индукциски грејни зони. Топлината се создава директно на дното на садот, каде што е најмногу потребна. Со тоа се избегнуваат секакви загуби преку стаклокерамичката површина. Потрошувачката на струја е значително пониска отколку кај конвенционалните рингли со грејачи што зрачат топлина.

  • Стаклокерамичката зона за готвење не се загрева директно, туку индиректно, при што садот повратно ја зрачи топлината. Кога зоната за готвење ќе се исклучи, таа преостаната топлина се прикажува како „Н“.

  • Кај индукциските зони за готвење, загревањето го овозможува индукциски калем кој е вграден под стаклокерамичката површина. Калемот индуцира магнетно поле, кое создава вртложни струи на дното на феромагнетната тава, со што таа се загрева.

Доколку на врела стаклокерамичка плоча се истури шеќер или храна со висока содржина на шеќер, веднаш избришете ја плочата или отстранете го шеќерот со стругалка, дури и кога површината за готвење е уште топла. Со тоа се спречува оштетување на стаклокерамичката површина.

Не користете детергенти и други средства за чистење на топла стаклокерамичка плоча, затоа што така може да се оштети површината.

Препознавање садови

posoda_1

  • Дури и да нема сад на зоната за готвење или доколку садот кој се користи има помал дијаметар од оној на зоната за готвење, нема да има загуба на енергија.

  • Доколку садот е многу помал од зоната за готвење, има шанси зоната за готвење да не го препознае. Кога зоната за готвење е вклучена, ќе се појави знакот DSI_ikona8 и избраното ниво на јачина ќе трепка на екранот.

  • Ако поставите помал сад на зоната за готвење и таа го препознае, тогаш плочата ќе користи онолку енергија колку што е потребно според големината на садот.

Индукциски садови за готвење

gor_ind_potmagnet

  • Индукцијата ќе работи правилно доколку користите соодветни садови за готвење.

  • Проверете дали садот за готвење е на средина на грејната површина.

  • Соодветни садови за готвење: садови направени од челик, емајлирани челични тави, или тави од леано железо.

  • Несоодветни садови за готвење: садови од легиран челик со бакарно или алуминиумско дно.

  • Тест со магнет: Употребете мал магнет да проверите дали дното на тавата или лонецот е феромагнетно. Доколку магнетот се залепи на дното на тавата, тогаш е соодветна за индукциската плоча.

  • Кога користите експрес лонец, внимавајте на него додека не се постигне соодветниот притисок. Прво, поставете ја зоната за готвење на максимална моќност; потоа, следејќи ги упатствата на производителот на експресниот лонец, потоа намалете ја соодветно моќноста.

  • Кога готвите во садови под притисок или други садови за готвење погрижете се секогаш да има доволно течност, бидејќи користењето на празен сад на плочата за готвење како резултат на прегревање може да доведе до оштетување на садот и на грејната зона.

  • Некои садови за готвење немаат целосно феромагнетно дно. Во таков случај, само магнетниот дел ќе се загрее, додека остатокот од дното ќе остане ладно.

  • При употреба на посебни садови за готвење, следете ги упатствата на производителот.

  • За најдобри резултати, феромагнетната површина на дното на садот за готвење треба да биде со иста големина како зоната за готвење. Доколку зоната за готвење не ја препознае тавата, обидете се да ја поставите на друга зона со помал дијаметар.

Зона за готвење

Минимален дијаметар на дното на садот

Ø 160 мм

Ø 90 mm

Ø 180 mm

Ø 90 mm

Ø 210 mm

Ø 110 мм

190 x 210 мм

Ø 110 мм

Поврзана зона (окта)

Ø 230 мм

Дното на садот мора да е рамно.

mere

Управување со плочата за готвење

Контролна табла

(Во зависност од моделот)

upravljalna_enota_BI4T_SY

А Копче за вклучување/исклучување на плочата

А1 Сијаличка за вклучено/исклучено/заклучување за деца

B Заклучување/заклучување за деца

C Копче за одмрзнување/подгревање

C1 Сијаличка за одмрзнување

C2 Сијаличка за подгревање

C3 Препознавање на местоположба на садот со автоматско поврзување на зоните за готвење

D Контрола на зоните за готвење

Е Функции на тајмер

F Функција на меморирање/застани/продолжи

F1 Сијаличка за функција на меморирање/застани/продолжи

H Копче за намалување на моќноста

I Копче за зголемување на моќноста

Ј Приказ на степенот на моќност

Ј1 Децимална точка која покажува половина степен на моќност на зоната за готвење

К Вклучување/исклучување на тајмерот

L Копче за подесување на тајмерот (–)

L1 Сијаличка за приказ на активен тајмер на соодветната зона за готвење

M Копче за подесување на тајмерот (+)

N Приказ на времето

Екраните исто така функционираат како копчиња за прилагодување на поставките.

Вклучување на плочата

vklop_kuhališča_BI4T_SY

  • Поставете го садот за готвење на грејната плоча.

  • Допрете го копчето за вклучување/исклучување (А) за да ја вклучите плочата.

  • Ќе се појави „0“ на екраните на сите зони за готвење.

  • Ќе се огласи краток звучен сигнал.

Доколку ниту една зона за готвење не се вклучи во рок од 10 секунди, плочата ќе се исклучи.

Вклучување на зоните за готвење

vklop_kuhalnega_polja_BI4T_SY

Можете да изберете вкупно 9 или 17 различни степени на моќност. Во случај кога има 17 степени на моќност, точката на дисплејот покажува половина чекор на пример (на пр. „8.“ значи 8.5, во зависност од моделот).

  • Допрете го екранот на посакуваната зона за готвење. Ќе светне избраниот екран.

  • Користете ги копчињата (H) и (I) за да ја поставите моќноста на избраната зона за готвење.

  • Зоната за готвење ќе остане активна.

  • Доколку плочата не го препознае садот на избраната зона за готвење, ќе се појави симболот dig_mali_u. Доколку не поставите сад на избраната зона за готвење во рок од 2 минути, зоната за готвење ќе се исклучи автоматски.

Екраните исто така функционираат како копчиња за прилагодување на поставките.

Менување на поставките на зоната за готвење

Нивото на моќност на избраната зона за готвење може да се прилагоди со копчињата (H) и (I).

За да ја намалите или зголемите моќноста побрзо, допрете и држете ги копчињата (H) и (I).

Автоматско брзо загревање

Сите зони за готвење се опремени со специјален механизам кој ја поставува моќноста на максимум на почетокот на процесот на готвење, без разлика на фактичката поставка на моќноста. По одредено време, зоната за готвење ќе се врати на првично поставениот степен.. Автоматското брзо загревање може да се активира на секоја зона за готвење за која било моќност освен за „9“ и „Р“.

Функцијата за автоматско брзо загревање е погодна за јадења кои треба да се загреат и да се готват подолго време без потреба од постојан надзор.

Функцијата за автоматско брзо загревање е погодна за јадења кои треба да се загреат и да се готват подолго време без потреба од постојан надзор.

avtomatika_BI4T_SY

  • Вклучете ја плочата и ставете соодветен сад на една од зоните за готвење.

  • Изберете ја посакуваната зона која треба да биде исклучена (на екранот се прикажува „0“).

  • Притиснете го копчето (H) или (I) и држете го приближно 3 секунди додека не слушнете краток звучен сигнал. dig_A и на екранот ќе трепка dig_9.

  • Намалете ја моќноста до степен до кој сакате да готвите по автоматското брзо загревање.

  • dig_A и избраното ниво на моќност ќе трепка на екранот за ниво на моќност. Кога ќе измине времето на автоматското брзо загревање, зоната за готвење автоматски се префрла на избраниот степен кој потоа ќе се прикажува непрекинато.

Табела за автоматско брзо загревање

Ниво на моќност

1

1.

2

2.

3

3.

4

4.

5

5.

6

6.

7

7.

8

8.

Време на автоматско брзо загревање (секунди)

40

60

70

100

120

150

180

220

260

300

430

400

120

150

195

200

Исклучување на автоматското брзо загревање

Доколку моќноста се намали додека автоматското брзо загревање е активно, тогаш автоматското брзо загревање ќе се исклучи за оваа зона за готвење.

Автоматската функција може да се деактивира со избирање на релевантната зона за готвење и намалување на моќноста на „0“. Потоа, поставете нов степен на моќност.

Поврзана зона за готвење

(Во зависност од моделот)

  • Некои модели овозможуваат да се комбинираат две зони за готвење на левата страна во една голема поврзана зона за готвење. Така, може да се постави голем овален сад или грил тава врз комбинираното поле за готвење. Тавата треба да биде доволно голема за да ги покрива централните точки на горната и долната зона за готвење.

  • Максимална големина на садот: 40 х 25 cm. За еднаква распределба на топлината, препорачување сад за печење со дебело дно. За време на готвењето, садот ќе се загрее. Внимавајте да не се изгорите.

  • Кога ќе го поставувате садот на плочата, внимавајте истиот да не го покрие контролниот модул.

Садот треба секогаш да го покрива центарот на зоната за готвење!

Активирање на поврзаната зона за готвење

povezljivo_polje_BI4T

  • Вклучете ја плочата со притискање на сензорот за вклучување/исклучување (А).

  • Допрете ги двата сензори истовремено и допрете ги 3 секунди (Н). На екранот ќе се појави знакот digit7_pind за задното поле со што означува дека двете зони за готвење се поврзани.

  • Поставете ја посакуваната моќност за поврзаната зона за готвење.

  • За да ја промените моќноста на поврзаната зона за готвење подоцна, користете ги копчињата (H) или (I) за долната зона за готвење.

Поврзаната зона за готвење не дозволува да работи со зголемување на моќноста; дозволени се степени на моќност до 9.

Деактивирање на поврзаната зона за готвење

  • Намалете ја струјата на поврзаната зона на 0. Симболот digit7_pind за поврзана зона исчезнува и се исклучува греењето.

  • Двете зони за готвење ќе функционираат независно.

Препознавање на местоположба на садот со автоматско поврзување на зоните за готвење

(само кај некои модели)

Препознавањето на местоположбата на садот се активира автоматски 10 секунди откако ќе се вклучи апаратот. Доколку има сад на плочата, функцијата за препознавање на садови ќе ја препознае положбата и автоматски ќе ги поврзе зоните за готвење зависно од големината на садот. Двете поврзани зони за готвење се спојуваат во една голема зона за готвење.

samodejno_zaznavanje_posode_BI4T_SY

На екранот ќе се појави знакот digit7_pind за задното поле со што означува дека двете зони за готвење се поврзани.

  • Поставете ја посакуваната моќност за поврзаната зона за готвење.

  • За да ја промените моќноста на поврзаната зона за готвење подоцна, користете ги копчињата (H) или (I) за долната зона за готвење.

Поврзаната зона не дозволува зголемување на моќноста P. Максималниот степен на моќност е 9.

Автоматското препознавање на местоположбата на садот може да се активира во кое било време за период од 10 секунди со притискање на копчето за препознавање на садот (С3). Автоматското препознавање на садот и автоматското поврзување на зоната за готвење функционираат само на зоните за готвење кои не се активирани. Поврзувањето на зоните за готвење може да се деактивира со поставување на моќноста на „0“.

Доколку нема садови на зоната за готвење:

  • Вклучете ја плочата. Сите зони за готвење се поставени на „0“.

  • Ставете го садот на која било зона за готвење. Ќе започне да трепка „0“ на зоната за готвење на која се наоѓа садот. Моќноста на зоната за готвење може да се прилагоди со притискање на копчињата (H) или (I) на соодветната зона за готвење. Функцијата автоматски ги поврзува зоните за готвење на левата страна на плочата, зависно од големината на садот.

  • Можете да продолжите со следниот сад, следејќи ја истата процедура.

Доколку садот за готвење е веќе на плочата:

  • Вклучете ја плочата.

  • На екранот ќе почне да трепка „0“ на зоната на која се наоѓа садот. Моќноста на зоната за готвење може да се прилагоди со притискање на копчињата (H) или (I) на соодветната зона за готвење.

  • Доколку име неколку садови на зоната за готвење, плочата автоматски ќе ги препознае сите садови и ќе започне да трепка „0“ на сите зони на кои се поставени садови.

Моќноста на зоната за готвење може да се прилагоди со притискање на копчињата (H) или (I) на соодветната зона за готвење; потоа продолжете со следната зона за готвење.

За време на првите 10 секунди, автоматското препознавање садови може да се деактивира во корисничките поставки со параметарот "Au". Погледнете го поглавјето Кориснички поставки.

Функцијата може да се користи доколку садот е веќе на плочата или доколку плочата е празна.

Зголемување на моќноста

(Во зависност од моделот)

За брзо готвење, може да се активира зголемување на моќноста на зоните за готвење. Ова ќе ви овозможи брзо да загреете големи количини храна со голема моќност. Зголемувањето на моќноста е активно до 5 минути; потоа, степенот на моќност автоматски се намалува на 9. Доколку плочата не е прежешка, зголемувањето на моќноста може повторно да се активира за уште 5 минути откако ќе се исклучи. За да не дојде до прегревање, системот на електронски контроли може автоматски да го исклучи Power Boost пред време и да го намали степенот на моќност на 9.

Активирање на Power Boost

power_boost_BI4T_SY

Вклучете ја плочата и ставете соодветен сад на една од зоните за готвење.

  • Изберете ја зоната за готвење.

  • Поставете го степенот на моќност на 9, потоа притиснете го копчето (I).

  • Ќе се појави симболот „Р“ на екранот. Функцијата е сега активна.

Деактивирање на Power Boost

  • Притиснете го копчето (H). Зголемувањето на моќноста ќе се деактивира и моќноста ќе се врати на 9.

  • Моќноста може да се намали на посекуваниот степен со притискање на копчето (Н).

Заштита од прегревање

  • Плочата е опремена со вентилатор за ладење, кој ги лади електронските компоненти во текот на готвењето. Вентилаторот може да продолжи да работи одредено време и по крајот на готвењето.

  • Индукциската плоча е исто така опремена со заштита од прегревање која ги штити електричните компоненти од оштетување. Заштитата работи на неколку нивоа. Кога температурата на зоната за готвење ќе стане превисока, моќноста автоматски се намалува. Доколку тоа не е доволно, ќе продолжи да се намалува моќноста на зоната за готвење, или безбедносниот механизам ќе ја исклучи целосно зоната за готвење. Во таков случај на екранот ќе се појави „F2“. Кога плочата ќе се излади, целосната моќност ќе биде повторно на располагање.

Заклучување за деца / заклучување

Плочата може да се заклучи за да спречи несакано вклучување.

Плочата треба да биде исклучена или во режим на готовност.

otroška_zaščita_BI4T_SY

Контроли за заклучување на плочата

Притиснете го копчето за вклучување/исклучување (on/off) и држете го притиснато 3 секунди. Ќе се појави „L“ на екраните на сите зони за готвење. Плочата е сега заклучена. По 5 секунди, плочата автоматски ќе се исклучи на режим на готовност.

Контроли за отклучување на плочата

За да ја отклучите плочата, постапете исто како за заклучувањето. Плочата мора да е исклучена. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување (on/off) и држете го притиснато 3 секунди. Ознаката „L“ на екраните ќе се префрли на „0“. Плочата е сега отклучена и е спремна за користење.

Ако е вклучена функцијата на безбедносна блокада на деца во начинот на дотерувања на поставки на корисникот (Види поглавје Подесувања од страна на корисникот) плочата за готвење автоматски ќе се заклучува секогаш која ќе ја исклучите.

Заклучувајте ја плочата пред да ја чистите за да спречите несакано вклучување на плочата.

Одмрзнување/подгревање

Притиснете го копчето (С) за да ја активирате функцијата за одмрзнување/подгревање. Во случај на одмрзнување, ќе се одржува температурата на храната на околу 42 °C; во случај подгревање, истата се одржува на околу 70 °C. Фактичката температура може да зависи од видот на садот за готвење и на количината на храна.

odtajanje_hrane_BI4T_SY

Активирање на функцијата за одмрзнување

Притиснете го копчето (А) за да ја вклучите плочата.. Ставете го соодветниот сад на која било зона за готвење. Допрете го копчето (С) еднаш; ќе се вклучи сијаличката (С1). Допрете го копчето (H) или (I) на избраната зона за готвење. Ќе се појави симболот „u“ на екранот.

pogrevanje_hrane_BI4T_SY

Активирање на функцијата за подгревање

Притиснете го копчето (А) за да ја вклучите плочата.. Ставете го соодветниот сад на која било зона за готвење. Допрете го копчето (С) еднаш; ќе се вклучи сијаличката (С2). Допрете го копчето (H) или (I) на избраната зона за готвење. Ќе се појави симболот „U“ на екранот.

Деактивирање на функцијата за одмрзнување/подгревање

  • Допрете го копчето (H) или (I) на избраната зона за готвење.

  • Зоната за готвење ќе се исклучи и ќе се прикаже „0“ на екранот.

Функции на тајмер

časovne_funkcije_BI4T_SY

Оваа функција овозможува два режима на работа:

  1. Поставувањето на временскиот потсетник (тајмер за одбројување) важи за целата плоча. Со оваа функција, плочата испушта звучен сигнал само кога поставеното време ќе истече.

  2. Поставувањето на програмски тајмер важи за избраната зона за готвење. За секоја зона може да се постави засебен тајмер. Кога поставеното време ќе истече, зоната за готвење автоматски ќе се исклучи.

1 Тајмер за одбројување

Временскиот потсетник функционира независно и не е поврзан со работењето на која било зона за готвење. Кога ќе се постави тајмерот за одбројување, ќе продолжи да го одбројува времето дури и ако ја исклучите плочата. Временскиот потсетник може да се исклучи само кога плочата е вклучена.

  • Допрете го копчето (К) за да го активирате тајмерот. На екранот за тајмерот (О) ќе се појави „00“. Допрете ги копчињата (L) и (М) за да го поставите времето во опсег од 1 до 99 минути.

  • Откако ќе истече поставеното време, ќе се огласи алармот; меѓутоа, зоната за готвење нема да се исклучи.

  • Исклучете го алармот со допирање на кое било копче; во спротивно, ќе се исклучи автоматски по одреден временски период.

  • Функцијата на временскиот потсетник ќе остане активна дури и кога плочата е исклучена со копчето (А).

  • За време на последната минута од одбројувањето, ќе се прикаже преостанатото време во секунди.

2 Програмски тајмер

Програмскиот тајмер го олеснува процесот на готвење со тоа што ви овозможува да го гледате и да го поставите времето на готвење на избраната зона за готвење. Кога поставеното време на тајмерот ќе истече, зоната за готвење автоматски ќе се исклучи и ќе испушти звучен сигнал. Исклучете го звучниот сигнал со допирање на кое било копче; во спротивно, ќе се исклучи автоматски по одреден временски период. Програмскиот тајмер за исклучување може да се постави независно за сите зони за готвење. Програмскиот тајмер може да се постави само за активна зона за готвење.

  • Допрете го копчето (К) за да го активирате тајмерот. На екранот за тајмерот (О) ќе се појави „00“. Допрете го копчето (К) повторно. Ќе започне да свети точката (L1) на релевантната зона за готвење..

  • Допрете ги копчињата (L) и (М) за да го поставите времето во опсег од 1 до 99 минути.

  • Кога ќе ја поставите посакуваната вредност, ќе започне одбројувањето. Точката (L1) која покажува за која зона за готвење е поставен тајмерот ќе продолжи да свети.

  • Откако ќе истече поставеното време, ќе се огласи алармот и зоната за готвење ќе се исклучи. На екранот за часовникот ќе се појави „00“.

  • Исклучете го алармот со допирање на кое било копче; во спротивно, ќе се исклучи автоматски по одреден временски период.

Менување на поставеното време на готвење
Преостанатото време на готвење може да се промени во кое било време за време на готвењето. Допрете го копчето за исклучување на тајмерот (К) за да го изберете екранот на тајмерот за посакуваната зона за готвење. Ќе светне соодветната сијаличка (L1). Допрете го копчето (L) или (М) за да поставите ново време на готвење.

Прикажување на времето на готвење
Доколку се активни повеќе тајмери, преостанатото време на готвење може да се прикаже со допирање на копчето (К).

Ресетирање на тајмерот
Изберете го посакуваниот екран на тајмерот со допирање на копчето (К) (види Менување на поставеното време на готвење). Поставениот тајмер ќе се прикаже и сијаличката за релевантната зона за готвење ќе светне. Допрете го копчето (М) за да ја поставите вредноста на „00“, или притиснете ги копчињата (L) и (М) истовремено за веднаш да ја ресетирате вредноста на „00“.

Паузирање на процесот на готвење – Stop&Go (пауза)

Функцијата Stop&Go може да се користи за да се паузира работењето на целата плоча за до 10 минути. Сите зони за готвење ќе се исклучат автоматски. Ова е корисно кога, на пример, содржината на еден од садовите преврила и сакате да ја исчистите плочата.

Активирање на функцијата Stop&Go
Барем една зона за готвење мора да е активна. Допрете го копчето за Stop&Go (F). Ќе се огласи краток звучен сигнал. Ќе започнат да трепкаат сите поставки на екраните; копчето за пауза ќе се осветли и исто така ќе трепка. Сите програмски тајмери и временски потсетници ќе се паузираат. Сите копчиња се исклучени, освен копчето за пауза (stop/go) и за вклучување/исклучување (on/off). Доколку не притиснете некое копче во рок од 10 минути, сите активни зони за готвење ќе се исклучат автоматски.

Деактивирање на функцијата Stop&Go
Притиснете го копчето за пауза во рок од 10 минути. Плочата продолжува да работи со истите поставки како и пред паузата.

Функција на меморирање

Оваа функција ви овозможува да ги вратите сите поставки на зоните за готвење доколку плочата била случајно исклучена. Меѓутоа, ова може да се стори во рок оф пет секунди откако ќе се исклучи плочата.

Користете го копчето on/off за да ја вклучите повторно плочата во рок од 5 секунди откако се исклучила. Ќе светне копчето (F) на екранот 5 секунди. Во таа временска рамка, допрете го ова копче и сите поставки кои биле активни претходно пред плочата да се исклучи ќе се вратат.

Автоматско исклучување

Ако тастерите се активирани премногу долго за време на готвењето (на пр. како резултат на истурена течност или предмет поставен врз сензорните тастери), сите грејни зони ќе се исклучат по 10 секунди. СимболотDSI_samodejniizklop_ikonaќе засвети на дисплејот.
Предметот треба да се отстрани или доколку има истурена течност таа да се собере од сензорните тастери во рок од 2 минути. Во спротивно,плочата за готвење ќе се исклучи автоматски. Последно користените нагодувања може да се обноват во функцијата на меморија со користење на тастерот Stop&Go.

Исклучување на ринглата

За да исклучите зона за готвење, користете го релевантното копче (H) за да се постави вредноста на „0“. За веднаш да ја исклучите зоната за готвење, допрете ги релевантните копчиња (H) и (I) истовремено. Ќе слушнете краток звучен сигнал и на екранот ќе се прикаже „0“.

Доколку моќноста на сите зони за готвење е поставена на „0“, зоната за готвење ќе се исклучи автоматски по 10 секунди.

Индикатор на преостаната топлина

Стаклокерамичката плоча е исто така опремена со екран за преостаната топлина, „Н“. Стаклокерамичката зона за готвење не се загрева директно, туку индиректно, при што садот повратно ја зрачи топлината. Сè додека симболот „Н“ свети откако плочата ќе се исклучи, има повратна топлина на зоната за готвење, која може да се користи за одржување на топлината на храната или за одмрзнување. Кога знакот „Н“ ќе исчезне, зоната за готвење може да е уште жешка. Внимавајте да не се изгорите!

Максимално време на готвење

Од безбедносни причини, времето на готвење на секоја зона за готвење е ограничено на максимално времетраење.

Максималното време на готвење зависи од последно искористениот степен на моќност. Доколку степенот на моќност не е променет, зоната за готвење ќе се исклучи автоматски откако ќе се постигне максималното времетраење на готвење.

Ниво на јачина за готвење

U

u

1

2

3

4

5

6

7

8

9

P*

Максимално време на работење (часа)

2

8

8

8

6

6

4

4

2

1,5

1,5

1,5

*По 5 минути, нивото на моќност автоматски се намалува до 9; по 1,5 часа, зоната за готвење е исклучена

Исклучување на целата плоча

Плочата може да се исклучи во кое било време со допирање на копчето за вклучување/исклучување on/off.

Кориснички поставки

Поставување на звучен сигнал, автоматски функции, и параметри за заклучување

Можете да ја прилагодите гласноста на звучниот сигнал, времетраењето на звучниот сигнал, вкупната максимална моќност на апаратот, како и поставките за автоматско заклучување. За да го активирате менито за поставки, притиснете го копчето за пауза (F) кога апаратот е исклучен и држете го 3 секунди.

Прво параметарот „Uo“ ќе се појави на екранот на тајмерот, што ја прикажува гласноста на звучните сигнали. Користете го копчето за тајмерот (К) за да го изберете видот на параметарот. Притиснете ги копчињата за поставување на тајмерот (L) и (М) за да ја прилагодите поставката.

Uo_BI4T_SY

Uo: Звучен сигнал и гласност на сигналот
So: Времетраење на звучниот сигнал
Lo: Автоматско заклучување
Au: Автоматско препознавање на садот
Po: Вкупна максимална моќност

parameter_BI4T_SY

Вредноста на моментално поставениот параметар ќе се прикаже на екраните за моќност на зоните за готвење на десната страна. Вредноста може да се прилагоди со притискање на копчињата (H) или (I) на соодветната зона за готвење. Сите параметри може да се потврдат и да се зачуваат со притискање и држење 2 секунди на копчето за пауза (F). Потоа, ќе се огласи краток звучен сигнал. Доколку не сакате да ги зачувате новите поставки, исклучете го режимот на поставки со притискање на копчето за вклучување/исклучување.

Звучен сигнал и гласност на сигналот „Uo“

Може да се постават следниве вредности:
00 на екранот = исклучено (не се важи за звучните сигнали за аларм и за грешка)
01 на екранот = минимална гласност
02 на екранот = средна гласност
03 на екранот = максимална гласност (стандардно)
Ќе се огласи краток звучен сигнал со секоја промена, со новоизбраната гласност.

Времетраење на звучниот сигнал „So“

Може да се постават следниве вредности:
05 на екранот = 5 секунди
1.0 на екранот = 1 минута
2.0 на екранот = 2 минути (стандардно

Заклучување за деца „Lo“

Доколку функцијата за автоматско заклучување активирана во режимот на кориснички поставки тогаш плочата автоматски ќе се заклучува секој пат кога ќе се исклучи.
00 на екранот = исклучено (стандардно)
01 на екранот = вклучено

Препознавање на местоположбата на садот со автоматско поврзување на зоните за готвење „Au“

Доколку функцијата на препознавање на местоположбата на садот со автоматско поврзување на зоните за готвење е деактивирана во режимот на кориснички поставки, тогаш апаратот секогаш ќе се ракува рачно (нема да има автоматско препознавање од 10 секунди секој пат кога ќе се вклучи апаратот).
0 на екранот = исклучено
1 на екранот = вклучено (стандардно)

Вкупна максимална моќност „Po“

Ако електричната инсталација во вашиот дом има различни ограничувања на електричната енергија, максималната потрошувачка на моќноста на плочата за готвење може да намали:

2.3 на екранот = 2.3 kW = 10 A
2.8 на екранот = 2.8 kW = 12 A
3.0 на екранот = 3.0 kW = 13 A
3.7 на екранот = 3.7 kW = 16 A
7.4 на екранот = 7.4 kW = 2 x 16 A (фабричка поставка)

Доколку степенот на моќност е ограничен, тогаш исто така можат да се ограничат поставките и моќноста на готвењето. Апаратот е опремен со систем за управување со енергијата, со што се осигурува дека влијанието на ограничувањето на моќноста е минимално.

Одржување и чистење

По секоја употреба, почекајте стакло-керамичката површина да се олади и исчистите ја, бидејќи во спротивно сите нечистотии ќе изгорат на топлата површина следниот пат кога ќе ја користите плочата.

За редовно одржување на стакло-керамичката плоча, користете производи за специјална нега на плочата кои создаваат заштитен слој на површината за да спречи лепење на нечистотијата.

Пред секоја употреба на стакло-керамичката површина, избришете ја прашината или други нечистотии кои може да ја изгребат површината од грејната плоча и од дното на садот.

Челичната волна, грубите сунѓери за чистење и абразивните прашоци може да ја изгребат површината. Површината може исто така да се оштети од агресивни спрејови за чистење и несоодветни течни средства за чистење.

Обележувањето може постепено да исчезне доколку користите агресивни или абразивни средства за чистење или садови за готвење со груби или оштетени дна.

Користете влажна мека крпа за да ги отстраните ситните нечистотии. Потоа, избришете ја површината со сува крпа.

Отстранете ги дамките од вода со благ раствор од оцет. Сепак, не користете го овој раствор за бришење на рамката (само кај некои модели) бидејќи може да се изгуби сјајот. Не користете агресивни средства за чистење или средства за отстранување на бигор.

Користете специјални средства за чистење на тврдокорни дамки на стакло-керамичката плоча. Следете ги упатствата на производителот. Внимавајте целосно да ги отстраните остатоците од средството за чистење по процесот за чистење бидејќи тоа може да ја оштети стакло-керамичката површина кога грејната зона за готвење ќе се загрее.

Отстранете ги тврдокорните и запечени остатоци со стругало. Внимавајте при ракување со стругалото за да избегнете повреди.

Стругалката не е вклучена во опремата на апаратот.

H-USA_strgalo

Користете стругало само кога нечистотијата не може да се отстрани со влажна крпа или специјални средства за чистење на стакло-керамичката површина.

Држете го стругалото под правилен агол (45° до 60°). Нежно притиснете го стругалото на стаклото и лизгајте го по него за да ја отстраните нечистотијата. Внимавајте пластичната рачка на стругалото (кај некои модели) да не дојде во допир со топла грејна зона.

Не притискајте го стругалото правоаголно во однос на стаклото и не гребете ја површината на плочата со врвот или со остриот раб на стругалото.

Веднаш отстранете шеќер или храна која содржи шеќер од стакло-керамичката плоча со користење на стругало дури и ако плочата е се уште топла бидејќи шеќерот може трајно да ја оштети стакло-керамичката површина.

Табела за отстранување на грешки

За време на гарантниот рок, сите поправки може да ги врши само сервисен центар овластен од производителот.

Пред започнувањето со какви било поправки, апаратот задолжително треба да се исклучи од електричната мрежа и тоа со отстранување на главниот осигурувач или со исклучување на приклучниот кабел од приклучницата.

Било кои неовластени поправки на апаратот може да предизвикаат струен удар и опасност од краток спој; затоа не се обидувајте сами да поправате. Препуштете ја таа работа на стручно лице или сервисер.

Во случај на помали пречки или проблеми со работењето на апаратот, проверете го ова упатство за да видите дали може да го отстраните сами проблемот.

Ако апаратот не работи правилно или не работи воопшто поради несоодветно работење или ракување, сервисирањето нема да биде бесплатно, дури и за време на гарантниот период.

Зачувајте го ова упатство за идна употреба или дадете го на наредните сопственици или корисници на апаратот.

Следат неколку совети за исправување на некои вообичаени проблеми.

Проблем/грешка

Причина

Главниот осигурувач често исклучува.

Повикајте стручно лице.

Постојан звучен сигнал и вклучен екран digit50

Истурена е вода врз површината на сензорот, или предмет е поставен врз сензорите.

Избришете ја површината на сензорите.

F2 на екранот

Зоната за готвење прегреала. Почекајте зоната за готвење да се излади.

F на екранот

Ова означува дека имало грешка за време на работењето.

Ако грешката се уште се појавува и покрај горенаведените совети, повикајте овластен сервисер. Поправки или побарувања за покритие со гаранција кои резултираат од неправилно приклучување или користење на апаратот не се покриени од гаранцијата. Во овој случај, корисникот ќе го покрие трошокот за поправка.

Пред започнувањето со какви било поправки, апаратот задолжително треба да се исклучи од електричната мрежа (со отстранување на главниот осигурувач или со исклучување на приклучниот кабел од приклучницата).

Шумови за време на готвењето со индукција

Бучава и звуци

Причина

Решение

Бучави создадени од работењето на индукцијата

Индукциската технологија се заснова на својствата на некои метали под електромагнетно влијание. Тоа создава таканаречени вртложни струи кои ги принудуваат молекулите да осцилираат. Овие осцилации (вибрации) се претвораат во топлина. Зависно од видот на металот, ова може да создаде тивка бучава.

Ова е вообичаено и не е знак за неправилно работење.

Зуење како од трансформатор

Настанува кога се готви со висока моќност. Причината за ова е количината на енергија која се пренесува од плочата на лонецот или тавата.

Овој вид бучава ќе исчезне или ќе се намали кога ќе го намалите степенот на моќност.

Вибрации и звуци на потпукнување на садовите за готвење

Оваа бучава настанува кај садови за готвење (лонци или тави) кои се направени од различни материјали.

Овој вид бучава настанува од вибрации по должина на споените површина на слоевите од различни материјали. Оваа бучава зависи од садовите за готвење. Може да варира во зависност од количината и видот на храна која ја готвите.

Бучава од вентилатор

Правилната работа на индукциските електрични компоненти бара контролирање на температурата. Затоа, плочата е опремена со вентилатор кој ја разладува електрониката во зависност од работната температура.

Вентилаторот може да работи дури и по исклучувањето на плочата, доколку температурата е превисока.

Инсталација на вградена плоча

Постапка на вградување

  • Работната површина мора да биде сосема рамна.

  • Заштитете ги соодветно рабовите на исечениот отвор.

  • Поврзете ја плочата со електрична енергија (видете го упатството за поврзување на плочата со електрична енергија).

  • Вметнете ја плочата во исечениот отвор.

BR_BI_Copreci_mere_napa_DN

  • Вградувањето на апаратот во кујнска работна површина и поврзувањето со електрична енергија може да го прави само квалификуван техничар.

  • Фурнирот или друга завршна обработка на кујнскиот елемент во кој треба да се вгради плочата треба да биде третиран со лепак отпорен на топлина (100°C); во спротивно завршната обработка на работната површина може да избледи или да се деформира.

  • Ставањето аголни лајсни од полно дрво на работните површини зад зоните за готвење е дозволено единствено доколку растојанието помеѓу лајсната и плочата за готвење не е помала од растојанието наведено на шемите за вградување.

  • Плочата е димензионирана да се вгради во работната површина врз кујнски елемент со ширина од 600 mm или повеќе.

  • Висечките кујнски елементи или елементите монтирани на ѕид, треба да се монтираат доволно високо за да не го попречуваат работниот процес.

  • Растојанието помеѓу плочата и аспираторот треба да биде најмалку колку што е наведено во упатството за монтирање на аспираторот. Минималното растојание е 500 mm.

  • Растојанието помеѓу работа на апаратот и непосредниот висок кујнски елемент не треба да биде помалку од 40 mm.

  • Ставањето аголни лајсни од полно дрво на работните површини зад зоните за готвење е дозволено единствено доколку растојанието помеѓу лајсната и плочата за готвење не е помала од растојанието наведено на шемите за вградување.

  • Минималното растојание помеѓу вградната плоча и задниот ѕид е наведено во шемата за вградување.

vgradnja_30_BI4T
30 цм

vgradnja_60_BI4T
60 цм

vgradnja_80_BI4T
80 цм

vgradnja_90_BI4T
90 cм

Воздушни вентили во долниот кујнски елемент

За нормална работа на електронските компоненти на индукциската плоча, потребна е доволна циркулација на воздухот.

element_vgradnja_BI4T

Долен елемент со фиока

  • Мора да постои отвор со висина не помала од 140мм долж целата широчина на елементот на задната страна од елементот. Освен тоа, мора да има и отвор од најлмалку 6мм на предната страна, долж целата широчина на кујнскиот елемент.

  • Хоризонтален преграден панел треба да се инсталира под плочата за готвење по целата должина. Треба да има најмалку 10 мм простор помеѓу долниот дел од апаратот и преградната плоча.

    Треба да се овозможи соодветна вентилација од задната страна.

  • Плочата е опремена со вентилатор кој е лоциран на долната страна. Доколку има фиока под кујнскиот ормар, не ставајте во неа мали предмети или хартија затоа што доколку вентилаторот ги вшмука, тие можат да го оштетат вентилаторот и разладниот систем. Исто така, не ставајте во фиоката алуминиумска фолија или запаливи супстанци или течности (како што се спреови). Чувајте ги тие супстанци подалеку од плочата. Опасност од експлозија!

  • Треба да има простор од најмалку 20 mm помеѓу содржината на фиоката и отворите на вентилаторот..

vgradnja pečica

Долен елемент со рерна

  • Вградување рерна под индукциска вградна плоча за готвење е можно за изведби кај типови на рерни како со вентилатор за ладење.

  • Пред да ја вградите рерната, задниот ѕид на кујнскиот ормар треба да се отстрани кај делот на отворот за вградување.

  • Дополнително, треба да има отвор од најмалку 6 mm на предната страна. долж целата должина на ормарот.

  • Доколку други апарати се вградени под индукциската плоча, не сме во состојба да гарантираме дека плочата ќе работи правилно.

Инсталација со вметнување во вдлабнатината во работната површина

Апаратите без брусени рабови или декоративна рамка се соодветни за рамна монтажа.

FM_rob_pult

Инсталирање на апаратот

Апаратот може да се постави на работна површина која е отпорна на температура и на вода, како што е работна површина од (природен) камен (мермер, гранит) или од цврсто дрво (при што рабовите долж вдлабнатината мора да бидат херметички затворени). Кога апаратот се инсталира на работна површина од керамика, дрво или стакло, треба да се користи дрвена рамка. Рамката не доаѓа со апаратот. Апаратот може да се инсталира на работна површина од други материјали единствено по консултација со производителот на работната површина и откако ќе се добие негова изречна согласност. Внатрешните димензии на апаратот треба да бидат во најмала рака еднакви на внатрешната вдлабнатина за апаратот. Со тоа се овозможува едноставно вадење на апаратот од работната површина. Залепете лента за херметичко затворање долж обиколката на дното на стаклената плоча.

trak

Прво, вметнете го кабелот за струја низ засекот. Поставете го апаратот врз центарот на засекот. Поврзете го апаратот со електрична енергија (видете ги упатствата за поврзување на апаратот). Пред да го затворите апаратот, вклучете го пробно. Запечатете го отворот помеѓу апаратот и работната површина со силиконски заптивач. Силиконскиот заптивач кој е се користи за да се запечати апаратот треба да биде отпорен на високи температури (најмалку 160 °C). Израмнете го силиконскиот заптивач со соодветна алатка. Следете ги упатствата за користење на избраниот силиконски заптивач. Не вклучувајте го апаратот додека не се исуши целосно силиконскиот заптивач.

kit_pind

  1. Силиконски заптивач

  2. Лента за заптивање

Обрнете особено внимание на димензиите на вградување кај кујнски елементи со работна површина од (природен) камен. Кога го избирате силиконското средство за херметичко прицврстување, имајте го предвид материјалот од кој е изработена работната површина и консултирајте се со производителот на работната површина. Употребата на несоодветни силиконски средств а може да доведе до обезбојување на одредени делови.

Вадење на вградениот апарат

Исклучете го апаратот од главното напојување, Употребете соодветна алатка за да го отстраните силиконскиот заптивач од периметарот. Отстранете го апаратот со туркање нагоре од долната страна.

Не обидувајте се да го извадите апаратот од горната страна на работната површина.

Службата за сервисирање е одговорна за поправки и сервисирање на плочата. Консултирајте се со специјализираниот продавач на кујнска опрема за повторно вградување на (рамно вградената) плоча за готвење.

Камена работна површина

pult kamen Copreci

FM_kamen_BI4T

  1. Работна површина

  2. Апаратот

  3. Вдлабнатина

Поради маргината (толеранцијата) на грешка во однос на стаклокерамичката плоча на апаратот и на засекот во работната површина, вдлабнатината е прилагодлива (мин. 2мм).

Керамичка, дрвена или стаклена работна површина

FM_les_BI4T

  1. Работна површина

  2. Апаратот

  3. Вдлабнатина

  4. Дрвена рамка, со дебелина од 16 mm.

Поради маргината (толеранцијата) на грешка во однос на стакло-керамичката плоча на апаратот и на вдлабнатиот дел од работната површина, вдлабнатината е прилагодлива (мин. 2мм). Вградете ја дрвената рамка 5,5mm под горниот раб на работната површина (види слика).

Внимавајте на радиусите на стаклените рабови (R10, R2) кога ќе го правите засекот.

СТАКЛО

ЗАСЕК

steklo_izrez_svk_HV_BIEH

vgradnjaFM_30_BI4T
30 цм

vgradnjaFM_60_BI4T
60 цм

vgradnjaFM_80_BI4T
80 цм

vgradnjaFM_90_BI4T
90 cм

Доколку под рамно вградената плоча е монтирана рерна, тогаш дебелината на работната површина треба да биде најмалку 45 мм.

Местење на гумата

Некои апарати доажаат со веќе прицврстена гума!

Пред да го вградите апаратот во кујнски елемент, прицврстете го дихтунгот од пена доставен заедно со апаратот на долната страна од стаклокерамичката плоча. Отстранете ја заштитната лента од дихтунгот. Поставете го дихтунгот на долната страна на стаклото (на растојание од 2-3 mm од работ). Дихтунгот треба да се постави долж целиот раб на стаклото. Дихтунгот не смее да се преклопува кај краевите. Кога го прицврстувате дихтунгот, проверете да не е оштетен или да не допира остри предмети.

tesnilni_trak

Не вградувајте го апаратот без овој дихтунг!

Приклучување на плочата за готвење во штекер

  • Заштитата на електричната инсталација мора да биде во согласност со релевантните прописи.

  • Пред да го приклучите апаратот, проверете дали напонот наведен на плочката со спецификации е во согласност со напонот на вашата електрична мрежа.

  • Во електричната инсталација треба да има прекинувач, кој може да ги исклучи сите полови на апаратот од изворот на струја, со минимум расотојание од 3 мм помеѓу контактите, кога се отворени. Соодветни уреди се осигурувачи, заштитни прекинувачи, итн.

  • Приклучокот треба да биде прилагоден на струјата и осигурувачите.

  • По вградувањето, деловите низ кои минува струја и изолираните делови треба да се заштитат од меѓусебен контакт.

Овој апарат треба да го поврзе само овластено стручно лице. Неправилното приклучување може да оштети делови од апаратот. Во таков случај, немате право на гаранцијата! Исклучете го апаратот од електричната мрежа пред да вршите поправка или одржување..

Шема на поврзување

sponka

Премостувачите се поставени на посебно место наменето за тоа на спојката.

Следното може да се направи при приклучувањето:

  • ПВЦ изолирани кабли за поврзување од типот H05 VV-F или H05V2V2-F со жолто-зелен заштитен спроводник, или други еквивалентни или подобри кабли.

  • Надворешниот дијаметар на кабелот треба да биде најмалку 8,00 mm.

Стандарден приклучок:

BI4_DSI_install_shema1

2 фази, 1 неутрален проводник (21N, 380-415V~/ 50/60 Hz):

  • Напонот помеѓу фазниот и неутралниот спроводник мора да биде 220-240 V~.

  • Напонот помеѓу двете фази е 380-415 V~. Вградете премостувач помеѓу терминалите 4–5. Групата (инсталацијата) треба да вклучува најмалку два осигурувачи од 16 ампери. Дијаметарот на приклучниот кабел треба да биде најмалку 2.5 мм².

BI4_DSI_install_shema2

2 фази, 2 неутрални проводници (22N, 220-240V~/ 50/60 Hz):

  • Напонот помеѓу фазните и неутралните проводници е 220-240V~.

  • Групата (инсталацијата) треба да вклучува најмалку два осигурувачи од 16 ампери. Дијаметарот на приклучниот кабел треба да биде најмалку 2.5 мм².

Посебен приклучок:

BI4_DSI_install_shema3

BI4_DSI_install_shema5

Монофазен приклучок (11N, 220-240V~/ 50/60 Hz):

Напонот помеѓу фазниот и неутралниот проводник е 220-240V~. Вградете премостувачи помеѓу терминалите 1–2 и 4–5. Групата (инсталацијата) мора да биде опремена со осигурувач од најмалку 32A. Дијаметарот на приклучниот кабел треба да биде најмалку 4 мм².

Спроведете го кабелот преку спојка (клема) која штити од извлекување

Погрешното поврзување може да предизвика оштетување на деловите од апаратот. Во ваков случај, гаранцијата не важи!

Пред да го поврзете апаратот, проверете го наведениот напон на натписната таблица кој треба да е усогласен со напонот на главното електрично напојување. Стручно лице треба да го провери фактичкиот напон при електрично приклучување во вашиот дом (220-240V во сооднос со N), со користење на соодветен мерен уред!

Апаратите со ширина од 30 сантиметри (две зони за готвење) дозволуваат само еднофазно поврзување. Површината на пресекот на струјниот кабел треба да биде најмалку 1,5 mm²!

Мрежен кабел

(апарат без кабел за струја)

votlica

  • Следното може да се направи при приклучувањето:

  • ПВЦ изолирани кабли за поврзување од типот H05 VV-F или H05V2V2-F со жолто-зелен заштитен спроводник, или други еквивалентни или подобри кабли.

  • Надворешниот дијаметар на кабелот треба да биде најмалку 8,00 mm.

  • Спроведете го кабелот преку спојка (клема) која штити од извлекување

* Приклучните спојки (клеми) не се вклучени

Препорачуваме да користите електрични приклучни спојки (клеми).

Фрлање во отпад

kanta1_FACE_LIFT

Амбалажата е направена од еколошки материјали кои може да се рециклираат, да се одложат или да се уништат без опасност по животната средина. Затоа, амбалажните материјали се и соодветно означени.

Симболот на производот или на амбалажата означува дека производот не смее да биде отстранет од домаќинството како обичен отпад. При одлагање на производот како отпад потребно е да го одвезете отпадот до овластен центар за обработка на отпад од електрични и електронски производи.

Правилното одлагање на производот ќе помогне да се спречат сите негативни влијанија врз животната средина и по здравјето на луѓето, кои може да настанат во случај на неправилно одлагање на производот. За подетални информации за отстранувањето и обработката на производот ве молиме контактирајте ја релевантната општинска институција која е овластена за управување со отпад, служби за одлагање на отпад или продавницата каде сте го купиле производот.

Го задржуваме правото на промени и грешки во упатствата за употреба.

Ваши забелешки

 

783044