УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

СТАКЛОКЕРАМИЧКА ПЛОЧА ЗА ГОТВЕЊЕ

Срдечно Ви благодариме за вашата доверба и купување на нашиот производ.

За полесна употреба на овој производ ви подготвивме детално упатство за употреба. Упатствата ќе ви овозможат да го запознаете што подобро и побрзо овој апарат како и неговата употреба.

Штом апаратот ќе ви биде доставен, веднаш проверете го апаратот да не е оштетен. Ако утврдите оштетување при транспортот, ве молиме контактирајте го продавачот од каде што сте го купиле апаратот, или подрачниот магацин од каде апаратот ви бил доставен. Телефонскиот број ќе го најдете на фактурата или на испратницата.

Упатството за вградување и поврзување се наоѓа во посебен документ

Упатствата за употреба, вградување и поврзување се исто така достапни и на нашата веб страница:

http://www.gorenje.com

Следниве симболи се користат во упатството за употреба и го имаат следново значење:

Информации, совет, помош или препорака

Предупредување за општа опасност

Безбедносни предупредувања

ВАЖНИ МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ - ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГИ УПАТСТВАТА И ЧУВАЈТЕ ГИ ИСТИТЕ ЗА ИДНА УПОТРЕБА

Деца постари од 8 години, како и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности, како и лица без претходно искуство и знаење може да го користат овој апарат само ако се под соодветен надзор или ако се запознаени со упатствата за безбедно користење на апаратот и ако се свесни за опасностите кои може да произлезат од употребата на апаратот. Не дозволувајте им на децата да се играат со апаратот. Исто така деца не смеат да го чистат или да работат на одржувањето на апаратот без соодветен надзор.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Апаратот и неговите пристапни делови стануваат многу жешки за време на употребата. Внимавајте да не ги допрете грејните елементи.

Да се држат децата помали од 8 години настрана, освен доколку не се под постојан надзор.

Не употребувајте средства за чистење со пареа или под висок притисок за чистење на апаратот, зашто тоа може да предизвика струен удар.

Апаратот не е наменет да биде управуван со помош на надворешни програмски тајмери или специјални далечински системи за надзор.

Во електричната инсталација мора да бидат вградени уреди за исклучување, во согласност со правилата за електрични инсталации.

Во случај струјниот кабел да е оштетен, мора да го замени производителот, неговиот агент за сервисирање или слично квалификувано лице, за да се избегнат опасности (се однесува само на апарати со кои доаѓа струен кабел).

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако површината на плочата за готвење е напукната, исклучете го апаратот за да спречите опасност од електричен удар. Исклучете ги сите зони за готвење користејќи ги нивните соодветни контроли и извадете го осигурувачот или главниот електричен осигурувач, така што уредот е целосно изолиран од електричната мрежа.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Готвење со масло или зејтин на плочата за готвење без соодветна контрола може да биде опасно и може да предизвика пожар. Никогаш немој да се обидувате да изгасите пожар со вода, туку исклучете го апаратот а потоа обидете се да го изгасите пламенот со поклопец или огноотпорна крпа.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасност од пожар: На површините за готвење не поставувајте какви било предмети.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Процесот на готвење мора да се одвива под надзор. При краткотрајно готвење потребно е постојана присутност на лице.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Овој апарат е наменет исклучиво за цели на готвење. Не смее да се користи за други цели на пример за загревање на простории.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Користете единствено штитници за грејните плочи кои се произведени од производителот на апаратот за готвење или оние кои се препорачани од производителот на апаратот во упатствата за употреба како соодветни или пак штитници за грејни плочи кои се составен дел од самиот апарат. Употребата на несоодветни штитници може да предизвика несакани последици.

По употреба исклучете го грејниот елемент со контролното копче и не ослонувајте се исклучиво на системот за препознавање на садови.

Апаратот мора да биде поврзан на електричната мрежа при што мора да има и вградено средство за исклучување од електричната мрежа. Приклучокот на електричната мрежа мора да биде во согласност со правилата за вмрежување на електрична мрежа.

Други важни безбедносни предупредувања.

Апаратот е наменет исклучиво за некомерцијални цели. Не користете го апаратот за други цели како загревање на простории, сушење на домашни миленици или други животни, хартија, ткаенини, растенија и слично бидејќи ова може да доведе до повреда или да предизвика пожар.

Апаратот мора да биде поврзан на електричната мрежа при што мора да има и вградено средство за исклучување од електричната мрежа. Приклучокот на електричната мрежа мора да биде во согласност со правилата за вмрежување на електрична мрежа.

Доколку друг апарат е приклучен на штекер за наизменична струја во близина на апаратот, не дозволувајте струјниот кабел да дојде во контакт со вклучена рингла.

Доколку е оштетен струјниот кабел, треба да го замени производителот или овластен сервисен техничар, за да се избегнат опасности.

Користењето на стакло-керамичката плоча како место за чување предмети може да доведе до гребаници или друго оштетување на плочата. Никогаш не затоплувајте храна во алуминиумска фолија или во пластичен сад на плочата за готвење. Таквата фолија или сад може да се истопи, што може да предизвика пожар или оштетување на плочата за готвење.

Не чувајте под апаратот предмети кои се чувствителни на температура, како што се средства за чистење и детергенти, спрејови во конзерви, итн.

Можно е да настанат евентуални несовпаѓања во нијансите на боите помеѓу различните апарати или компоненти кои припаѓаат на истиот дизајн поради различни фактори, како што се различните агли под кои се гледаат апаратите, позадини со различни бои, материјалите и осветлувањето на просторијата.

Пред приклучување на апаратот

Внимателно прочитајте ги упатствата за употреба пред приклучување на апаратот. Поправки или интервенции кои резултираат од неправилно приклучување или користење на апаратот не се покриени од гаранцијата.

Опис на апаратот

Функциите и опремата на апаратот зависат од моделот.

BRT_opis aparata

  1. Зона за готвење назад (лево)

  2. Зона за готвење напред (лево)

  3. Грејна површина за готвење назад десно

  4. Грејна површина за готвење напред лево

  5. Управување со плочата за готвење

Технички податоци

(Во зависност од моделот)

napisna tablica

  1. Сериски број

  2. Шифра

  3. Тип

  4. Трговски знак

  5. Моделна ознака

  6. Технички податоци

  7. Знаци/симболи за сообразност

На долната страна од грејната плоча се наоѓа плочка со спецификации која содржи основни информации за апаратот. Информации за видот и моделот на апаратот можат исто да се најдат во гарантниот лист.

Пред првата употреба

Ако плочата за готвење е со стаклено-керамичка површина, чистете ја со влажна крпа и средство за чистење. Не користете агресивни средства за чистење како абразивни средства за чистење кои може да предизвикаат гребаници, абразивни сунѓери за миење или отстранувачи на флеки.

За време на првите неколку употреби, ќе се испушти карактеристичен „мирис на нов апарат“, кој постепено ќе исчезне.

Стакло-керамичка плоча за готвење

  • Грејната плоча е отпорна на температурни промени.

  • Не користете ја стаклокерамичката плоча доколку е пукната или скршена. Доколку падне остар предмет на плочата, таа може да се скрши. Последиците на таквиот настан може да се веднаш видливи или пак да се забележат по одредено време.

  • Доколку се појави видлива пукнатина на плочата, веднаш исклучете го апаратот од напојување.

  • Погрижете се зоната за готвење и дното на садот да бидат суви и чисти. Ова ќе овозможи подобро спроведување на топлина и ќе спречи оштетување на грејната површина.

  • Не ставајте празни садови на зоната за готвење. Зоната за готвење може да се оштети доколку ставите празен сад врз неа. Пред да го поставите садот врз зоната за готвење, избришете го дното за да се овозможи спроведување топлина.

Совети при употреба на садови за готвење

nasveti pri uporabi posode

  • Користете квалитетни садови со рамно и стабилно дно.

  • Дното на садот и дијаметарот на зоната за готвење треба да бидат еднакви.

  • Садовите од огноотпорно стакло и специјално дно може да се користат на плоча за готвење доколку нивниот дијаметар одговара на дијаметарот на зоната за готвење. Доколку садовите се со поголем дијаметар од зоната за готвење може да испукаат поради термичка тензија.

  • Проверете дали садот за готвење е на средина на грејната површина.

  • Кога готвите во сад под притисок внимавајте на него се додека не се постигне вистинскиот притисок. Најпрвин, подесете ја грејната зона на максимална моќност а потоа следете ги упатствата на производителот на садот под притисок и со користење на соодветен сензор намалете ја моќноста на готвење во вистинското време.

  • Кога готвите во садови под притисок или други садови за готвење погрижете се секогаш да има доволно течност, бидејќи користењето на празен сад на плочата за готвење како резултат на прегревање може да доведе до оштетување на садот и на грејната зона.

  • При употреба на посебни садови за готвење, следете ги упатствата на производителот.

Совети за штедење на енергија

  • Кога купувате садови за готвење, не заборавајте дека дијаметарот наведен на садот обично се однесува на горниот раб или на капакот, кој е вообичаено поголем од дијаметарот на дното на садот.

  • Ако за некое јадење е потребно долго време да се зготви, користете експрес лонец. Не заборавајте дека во експрес лонецот секогаш мора да има доволно течност. Ако на плочата за готвење се стави празен сад, тој може да прегрее, што може да го оштети и садот и површината за готвење.

  • Секогаш кога е возможно, затворете го лонецот или тавата со капак со соодветна големина. Користете садови кои се соодветни на количината на храната што ја готвите. Готвењето во голем делумно полн сад троши многу повеќе енергија.

Управување со плочата за готвење

Контролна табла

(Во зависност од моделот)

BRT_upravljalna enota

A Тастер за вклучување/исклучување (on/off) и заклучување на плочата за готвење

A1 Сигнално светло дека апаратот е во функција

C Stop & Go тастер за пауза на готвење

C1 Stop & Go Сигнално светло за пауза

D Тастер за минутарник/аларм за исклучување на временската функција

E Сигнално светло за дополнителна грејна површина

F Приказ на степенот на моќност/преостаната топлина

G Тастер за зголемување на моќноста (+)

I Тастер за намалување на моќноста (–)

J Тастер за on/off (вклучување/ислучување) на левата дополнителна грејна зона

J1 Тастер за on/off (вклучување/ислучување) на десната дополнителна грејна зона

K Сигнално светло за приказ на временски подесена грејна зона

L Приказ на временската функција

M Тастер за намалување на поставките на временската функција

N Тастер за зголемување на поставките на временската функција

Вклучување на плочата

BRT-vklop kuhališča

Притиснете го копчето за вклучување/ исклучување (А) и држете го притиснато 1 секунда. На сите индикатори за јачина на струјата се појавува"0". Се емитува краток звучен сигнал и се пали сијаличка на индикаторот над копчето „вклучено“ ("on").

Доколку ниту една зона за готвење не се вклучи во рок од 10 секунди, плочата ќе се исклучи.

Вклучување на зоните за готвење

BRT_vklop kuhalnih polj

Откако ќе се вклучи плочата (во наредните 10 секунди), вклучете ја саканата зона за готвење. Со помош на копчињата BRT_GOR_minus и BRT_GOR_plus, изберете го саканото подесување за активираната зона за готвење. Ако најпрво го притиснете копчето BRT_GOR_plus, нивото на јачина на струјата ќе се намести на"9". Ако прво го допрете копчето BRT_GOR_minus, нивото на јачина на струјата се мести на"4".

Промена на поставките за грејна зона
Степенот на моќност може да се промени во кое било време со притискање на релевантниот тастер BRT_GOR_minusили BRT_GOR_plus. За зголемување или намалување на степенот на моќност побрзо, притиснете и задржете го тастерот BRT_GOR_minus или BRT_GOR_minus.

Функција за подгревање/загревање Површината за подгревање/загревање е наменета за зачувување на топлината на храната која е претходно зготвена. За да ја активирате функцијата digit13_pindизберете ги поставките помеѓу 0 и 1.

Автоматско брзо загревање

Сите грејни зони се опремени со посебен механизам кој ја подесува моќноста на готвењето до максимум на почетокот на процесот на готвење без разлика на фактичките поставки за моќност. По некое време, моќноста на грејната зона ќе се префрли на првичниот подесен степен на моќност. (1 до 8).
Функцијата за автоматско загревање е соодветна за јадења кои треба да се загреат најпрво на максимална јачина на струјата, а потоа да се готват подолг временски период.
Функцијата за автоматско брзо загревање не е соодветна за динстање, пржење или готвење на пареа, односно за храна која бара често вртење, залевање со вода, или мешање односно храна која мора да се вари подолго време во сад под притисок.

BRT_avtomatika za hitro segrevanje

Грејната зона треба да биде исклучена ("0"треба да се појави на дисплеј единицата). Притиснете го релевантниот тастер BRT_GOR_plus и задржете го 3 секунди се додека не чуете краток звучен сигнал. "A"и"9"ќе засветат наизменично на дисплејот. Намалете го степенот на моќност до вредноста до која сакате да готвите по автоматското брзо загревање. "A"и избраниот степен на моќност ќе се менуваат наизменично на дисплејот за степен на моќност. Кога ќе истече времето за автоматско брзо загревање, грејната зона автоматски ќе се префрли на избраниот степен кој потоа ќе се прикажува постојано.

Табела за автоматско брзо загревање

Ниво на моќност

1

2

3

4

5

6

7

8

Време на автоматско брзо загревање (мин)

1:00

2:00

4:50

6:30

8:30

2:30

3:30

4:30

Ако степенот на готвење се намали додека е активирана функцијата на автоматско брзо загревање, тогаш автоматското брзо загревање за оваа грејна зона ќе се исклучи.
Функцијата на автоматско брзо загревање може да се деактивира со избирање на релевантната грејна зона и намалување на степенот на моќност до"0". Потоа, подесете нов степен на моќност.

Вид на храна/метод на готвење

Количина

Ниво на моќност

Време на готвење (мин)

Супа/загревање

0,5 - 1 литар

A 7 - 8

4 - 7

Млеко/загревање

0,2 - 0,4 литар

A 1 - 2

4 - 7

Ориз/готвење

125g - 250гр околу 300 - 600мл вода

A 2 - 3

20 - 25

Варени компири/цели, нелупени

750g - 1,5кг

A 5 - 6

25 - 38

Свеж зеленчук, исечкан/готвење

0,5 - 1 кг околу 400 - 600мл вода

A 4 - 5

18 - 25

  • Табелата наведува примери од некои јадења кај кои се препорачува функцијата на автоматско брзо загревање.

  • Прикажаните вредности се приближни и може да зависат од други параметри за готвење (на пример видот и обемот на садовите за готвење, количина на додадена вода, итн.).

  • Помали количини се однесуваат на помали грејни зони, поголеми количини се однесуваат на поголеми грејни зони.

Дополнителна грејна зона

(Во зависност од моделот)

Дополнителниот прстен за грејачот може да се активира за неколку грејни зони (во зависност од моделот).

BRT_dodatno grelno polje

Активирање на дополнителната грејна зона

  • Дополнителниот прстен може да се активира за да се прошири веќе избраната грејна зона за која било подесен степенот на моќност. За да се активира проширувањето на грејната зона, притиснете го тастерот (J/J1). Сигналното светло (E) веднаш до дисплеј единицата ќе се засвети.

  • Степенот на моќност се избира за двата прстена.

  • Ако грејната зона има трет прстен, активирајте го со притискање на тастерот (J/J1) повторно, така што двете сигнални светла (I)ќе светат веднаш до приказот за степенот на моќност.

Деактивирање на дополнителната грејна зона

  • За да го исклучите дополнителниот прстен (или прстени) за загревање притиснете го тастерот (J/J1) веднаш до избраната грејна површина.

Грејна зона со зголемена моќност

(Во зависност од моделот)

Кај некои модели, зголемувањето на моќноста може да се активира на предната лева грејна зона прикажана со"P"или"»". Ова овозможува побрзо загревање на садовите за готвење и на храната.

BRT_powerzone

Активирање на функцијата за зголемена моќност

  • Избирање на предната лева грејна површина.

  • Притиснете го тастерот (Ј) за дополнителен прстен за загревање или за зголемување на моќноста. Буквата"P"ќе се појави на единицата за приказ на моќноста и дополнителната моќност на загревање наскоро ќе се активира на грејната зона која дополнително ќе се зажари.

Деактивирање на функцијата за зголемување на моќноста

Функцијата за зголемување на моќноста може да се деактивира на два начина:

  • Притиснете го тастерот (Ј). Функцијата на зголемување на моќноста ќе се деактивира и моќноста на работа ќе се врати на степен кој е подесен пред да се активира функцијата на зголемување на моќност.

  • Моќноста може да се намали до посакуваното ниво со притискање на тастерот BRT_GOR_minus.

Грејната зона со активирана функција на зголемување на моќноста"P"користи многу од моќноста за загревање. Поради ова, соседната горна (задна) грејна зона не може истовремено да биде подесена на максимална моќност, туку моќноста ќе биде ограничена на 7 за времетраење на активната функција на зголемување на моќноста. Ако функцијата на зголемување на моќноста е активирана за предната лева грејна зона во моментот кога задната грејна зона е подесена на степен на моќност 8 или 9, или кога ќе се активира автоматско брзо загревање, степенот на моќност за задната лева грејна зона автоматски ќе се подеси на 7 или ќе се деактивира функцијата на автоматско брзо загревање.

Секоја грејна зона има вградена заштита од прегрејување. Ако нема садови за готвење на грејната зона или ако преносот на топлина врз храната да не е доволен тогаш загревањето автоматски ќе се деактивира неколку секунди. Ова е особено важно за грејната зона со опција за функција на зголемување на моќноста бидејќи работи со многу поголема моќност и има поголема веројатност од прегрејување.

Блокада за заштита на деца

На плочата може да биде активирана заштитата од деца, за да се спречи лесно и брзо вклучување на апаратот.

BRT_otroška zaščita

Заклучување на контролите на плочата за готвење
Плочата мора да се исклучува. Притиснете го копчето за вклучување/ исклучување и држете го притиснато 3 секунди. Симболот"0"на индикаторот за јачина на струјата на плочата за готвење се менува и се појавува"L". Плочата за готвење сега е заклучена. По неколку секунди, плочата за готвење автоматски се исклучува.

Отклучување на контролите на плочата за готвење
За да ја отклучите плочата за готвење, постапете на истиот начин како и при заклучување на истата. Плочата мора да биде исклучена. Притиснете го копчето за вклучување/ исклучување и држете го притиснато 3 секунди. Симболот"L"на индикаторот за јачина на струјата се менува и се појавува"0". Плочата за готвење сега е отклучена и подготвена за користење.

Ако е активирана функцијата на блокада за заштита на децата во режимот на подесување на корисник (види поглавје „Режим на подесување на корисник“) тогаш плочата автоматски ќе се заклучи секогаш кога ќе биде исклучена.

Функции на тајмер

BRT_časovne funkcije

Времето на готвење може да се подеси од 1 до 99 минута. Оваа функција ви овозможува два режима на работа:

1 Минутарник- аларм
Притиснете го тастерот за временската функција / минутарник (D) за да ја активирате временската функција. "0"ќе се појави на дисплејот за временска функција (L). Притиснете ги тастерите BRT_GOR_plus (N) и BRT_GOR_minus (M) за да го подесите времето во опсег од 1 до 99 минути.

  • Откако ќе истече подесеното време, алармот ќе се активира, сепак, грејната зона нема да се исклучи.

  • Исклучете го алармот со допирање на кое било копче; во спротивно, ќе се исклучи автоматски по одреден временски период.

  • Функцијата на временскиот потсетник ќе остане активна дури и кога плочата е исклучена со копчето (А).

  • За време на последната минута од одбројувањето, ќе се прикаже преостанатото време во секунди.

2 Временско исклучување на избраната грејна зона
Оваа функција ви овозможува подесување на времето за готвење за избраната грејната зона за која веќе претходно е подесен степенот на моќност. Кога ќе истече времето, грејната зона ќе се исклучи автоматски. Притиснете го тастерот за временска функција /потсетник (D) за да го активирате тајмерот. "0"ќе се појави на дисплејот за временска функција (L). Притиснете го сензорот (G) повторно. Точката (K) за релевантната грејна зона ќе започне да свети.

  • Притиснете ги тастерите BRT_GOR_plus и BRT_GOR_minus за да го нагодите времето во опсег од 1 до 99 минути.

  • Кога ќе се подеси посакуваната вредност, ќе започне одбројувањето. Точката (К) која покажува за која грејна зона е подесена временската функција ќе продолжи да свети.

  • Откако ќе истече подесеното време, ќе се активира звучен сигнал и грејната зона ќе се исклучи. "0"ќе засвети на дисплејот од часовникот. Исклучете го алармот со притискање на кој било тастер, или пак самиот ќе се исклучи автоматски по одреден временски период.

Времето на готвење може да се нагоди поединечно за секоја грејна зона. Ако се активирани неколку временски функции, преостанатото време за соодветните грејни зони ќе се менува на дисплејот во временски интервали кои траат неколку секунди. Светлото на индикаторот ќе затрепка и ќе ја означи релевантната грејна зона.

Промена на времето за готвење

  • Преостанатото време за готвење ќе може да се промени во кој било момент од готвењето.

  • Притиснете го тастерот за исклучување на временската функција (D) за да изберете приказ на временската функција за посакуваната грејна површина. Релевантното светло на индикаторот (K) ќе засвети.

  • Притиснете ги тастерот BRT_GOR_plus (N) и тастерот BRT_GOR_minus (M) за да го подесите новото време за готвење.

Приказ на преостанатото време за готвење
Ако се активирани истовремено неколку временски поставки, преостанатото време за готвење може да се прикаже со притискање на тастерот (D).

Ресетирање на временското нагодување

  • Изберете го посакуваниот временски приказ со притискање на тастерот (D) (види дел Промена на подесеното време за готвење). Подесената временска функција ќе се прикаже и светлото на индикаторот за релевантната грејна плоча ќе засвети.

  • Притиснете го тастерот BRT_GOR_minus (I) за да ја подесите вредноста до"0", или притиснете го тастерот BRT_GOR_plus (N) и тастерот BRT_GOR_minus (M) истовремено за веднаш да ја ресетирате вредноста до"0".

Паузирање на процесот за готвење со Stop&Go

Фунцијата Stop&Go ви овозможува да го паузирате (или прекинете) процесот на готвење, и во исто време да ги зачувате сите поставки. За да го паузирате процесот на готвење, притиснете го тастерот Stop&Go (C). Светлото на индикаторот (C1) ќе засвети над тастерот. Поставките на дисплејот ќе засветат. Сите поставки се замрзнати, а грејните зони не се загреани (грејачите се исклучени). Сите тастери освен тастерот on/off и тастерот Stop&Go се неактивни. За да ја деактивирате функцијата Stop&Go, притиснете го тасерот Stop&Go повторно. Светлото на индикаторот (C1) ќе се исклучи. Ако функцијата Stop&Go не се исклучи, целата плоча за готвење автоматски ќе се исклучи по 10 минути.

Функција на меморирање

Функцијата на меморија овозможува ресетирање на последно избраните поставки за 5 секунди по исклучувањето на плочата за готвење. Ова е погодно кога на пример случајно сте притиснале на тастерот on/off и сте ја исклучиле целата плоча или ако плочата за готвење автоматски се исклучила како резултат на истурена течност. По исклучување со помош на тастерот on/off имате 5 секунди да ја вклучите контролната табла и дополнителни 5 секунди за да го притиснете тастерот Stop&Go за да ги ресетирате поставките. За време на овие 5 секунди, светлото на индикаторот над тастерот за ресетирање на поставки ќе засвети. Сите поставки кои биле активни пред да сте ја исклучиле плочата за готвење ќе се ресетираат.

Автоматско исклучување

Ако тастерите се активирани премногу долго за време на готвењето (на пр. како резултат на истурена течност или предмет поставен врз сензорните тастери), сите грејни зони ќе се исклучат по 10 секунди. СимболотDSI_samodejniizklop_ikonaќе засвети на дисплејот.
Предметот треба да се отстрани или доколку има истурена течност таа да се собере од сензорните тастери во рок од 2 минути. Во спротивно,плочата за готвење ќе се исклучи автоматски. Последно користените нагодувања може да се обноват во функцијата на меморија со користење на тастерот Stop&Go.

Исклучување на ринглата

За да ја исклучите грејната зона, користете го релевантниот BRT_GOR_minus тастер за да ја подесите вредноста на "0". За брзо да ја исклучите грејната зона, притиснете ги релевантните тастери BRT_GOR_plus и BRT_GOR_minus истовремено. Ќе чуете краток звучен сигнал, и ќе се појави "0"на дисплејот.
Ако степенот на сите грејни зони е подесен на "0", грејната зона автоматски ќе се исклучи по неколку секунди.

Индикатор на преостаната топлина

Само што ќе се исклучи топлата грејна зона или целата плоча за готвење, следново ќе се појави на дисплејот:

  • "H" грејната зона е топла;

Колку долго ова ќе се прикажува зависи од степенот на моќност и од тоа колку долго е активна една грејна зона. Кога знакот"H"ќе исчезне, грејната зона може се уште да остане топла во некои случаи (прекин на електрична енергија, оставен сад за готвење на грејната површина, и слично). Бидете внимателни бидејќи постои опасност од изгореници! Во случај на прекин на електрична енергија се додека грејните зони се се уште топли, знакот"H"ќе свети на дисплејот. Ова укажува на тоа дека грејната зона може да е или да не е топла во зависност од времетраењето на прекинот на електричната енергија.

Апаратот е тестиран во производството во однос на загревање на грејните зони. Поради ова, знакот"H"може да засвети на дисплејот кратко време при првото вклучување на апаратот во вашиот дом.

Кога ќе се исклучи знакот "H" грејната зона се уште може да е топла. Постои ризик од изгореници!

Максимално време на готвење

Заради безбедност, времето на готвење за секоја грејна зона е ограничено на максимално времетраење. Максималното времетраење на готвење зависи од последно подесениот степен на моќност. Ако степенот на моќност не се промени, грејната зона ќе се исклучи автоматски откако ќе се постигне максималното времетраење на готвењето.

Ниво

digit13_pind

1

2

3

4

5

6

7

8

9

P

Максимално време на работење (часа)

8

8

8

6

6

4

4

2

1,5

1,5

1

Исклучување на целата плоча

Со притискање на on/off тастерот (А) може да ја исклучите целата плоча за готвење. Звукот за плочата за готвење ќе се огласи и сите индикатори ќе се исклучат, освен за индикаторите за грејните зони кои се уште се топли, и за кои индикаторот‘’H’’кој ја покажува преостанатата топлина ќе остане да свети.

Кориснички поставки

Можете да ја прилагодите јачината на звучниот сигнал, времетраењето на звучниот аларм, и нагодувањата за автоматско заклучување. Параметрите во менито за нагодувања може да се активираат во рок од две минути откако апаратот ќе се поврзе со главната електрична мрежа со притискање и задржување на тастерот за пауза (Stop&Go) околу 3 секунди додека да се исклучи апаратот.
Првиот параметар "Uo" ќе се појави на дисплејот за тајмер, кој ја покажува јачината на звукот на звучните сигнали. Притиснете го тастерот за тајмер(M, N) за да го изберете типот на параметар.

BRT_Uo

Uo Звучен сигнал и јачина на аларм (јачина)

BRT_parameter

Моментално подесената вредност ќе се појави на дисплејот за степен на моќност на десната грејна зона. Вредноста може да се прилагоди со притискање на BRT_GOR_plus или BRT_GOR_minus тастери за предната десна грејна зона. Сите параметри може да се потврдат и да се зачуваат со притискање и задржување на тастерот за пауза (Stop&Go) 2 секунди. Потоа, ќе се огласи краток сигнал. Ако не сакате да ги зачувате новите нагодувања на параметрите, затворете го режимот на нагодувања на корисник со притискање на тастерот вклучување/исклучување.

Звучен сигнал и гласност на сигналот „Uo“

Следниве вредности може да се подесат:
00 на дисплеј = (не е релевантно за аларм и звучен сигнал при грешки)
01 на дисплеј = минимална јачина на звук
02 на дисплеј = средна јачина на звук
03 на дисплеј = максимална јачина на звук (фабрички подесено)
Краток звучен сигнал ќе се огласи при секоја промена со ново подесена јачина на звук.

Времетраење на звучниот сигнал „So“

Следниве вредности може да се подесат:
05 на дисплеј = 5 секунда
1.0 на дисплеј = 1 минута
2.0 на дисплеј = 2 минута (фабрички подесено)

Заклучување за деца „Lo“

Ако се активира функцијата на автоматско заклучување во режимот на подесување на корисници, плочата за готвење автоматски ќе се заклучи секој пат кога корисникот ќе ја исклучи.
00 на дисплеј = исклучување (фабрички подесено)
01 на дисплеј = вклучување

Одржување и чистење

По секоја употреба, почекајте стакло-керамичката површина да се олади и исчистите ја, бидејќи во спротивно сите нечистотии ќе изгорат на топлата површина следниот пат кога ќе ја користите плочата.

За редовно одржување на стакло-керамичката плоча, користете производи за специјална нега на плочата кои создаваат заштитен слој на површината за да спречи лепење на нечистотијата.

Пред секоја употреба на стакло-керамичката површина, избришете ја прашината или други нечистотии кои може да ја изгребат површината од грејната плоча и од дното на садот.

Челичната волна, грубите сунѓери за чистење и абразивните прашоци може да ја изгребат површината. Површината може исто така да се оштети од агресивни спрејови за чистење и несоодветни течни средства за чистење.

Обележувањето може постепено да исчезне доколку користите агресивни или абразивни средства за чистење или садови за готвење со груби или оштетени дна.

Користете влажна мека крпа за да ги отстраните ситните нечистотии. Потоа, избришете ја површината со сува крпа.

Отстранете ги дамките од вода со благ раствор од оцет. Сепак, не користете го овој раствор за бришење на рамката (само кај некои модели) бидејќи може да се изгуби сјајот. Не користете агресивни средства за чистење или средства за отстранување на бигор.

Користете специјални средства за чистење на тврдокорни дамки на стакло-керамичката плоча. Следете ги упатствата на производителот. Внимавајте целосно да ги отстраните остатоците од средството за чистење по процесот за чистење бидејќи тоа може да ја оштети стакло-керамичката површина кога грејната зона за готвење ќе се загрее.

Отстранете ги тврдокорните и запечени остатоци со стругало. Внимавајте при ракување со стругалото за да избегнете повреди.

Стругалката не е вклучена во опремата на апаратот.

H-USA_strgalo

Користете стругало само кога нечистотијата не може да се отстрани со влажна крпа или специјални средства за чистење на стакло-керамичката површина.

Држете го стругалото под правилен агол (45° до 60°). Нежно притиснете го стругалото на стаклото и лизгајте го по него за да ја отстраните нечистотијата. Внимавајте пластичната рачка на стругалото (кај некои модели) да не дојде во допир со топла грејна зона.

Не притискајте го стругалото правоаголно во однос на стаклото и не гребете ја површината на плочата со врвот или со остриот раб на стругалото.

Веднаш отстранете шеќер или храна која содржи шеќер од стакло-керамичката плоча со користење на стругало дури и ако плочата е се уште топла бидејќи шеќерот може трајно да ја оштети стакло-керамичката површина.

Табела за отстранување на грешки

За време на гарантниот рок, сите поправки може да ги врши само сервисен центар овластен од производителот.

Пред започнувањето со какви било поправки, апаратот задолжително треба да се исклучи од електричната мрежа и тоа со отстранување на главниот осигурувач или со исклучување на приклучниот кабел од приклучницата.

Било кои неовластени поправки на апаратот може да предизвикаат струен удар и опасност од краток спој; затоа не се обидувајте сами да поправате. Препуштете ја таа работа на стручно лице или сервисер.

Во случај на помали пречки или проблеми со работењето на апаратот, проверете го ова упатство за да видите дали може да го отстраните сами проблемот.

Ако апаратот не работи правилно или не работи воопшто поради несоодветно работење или ракување, сервисирањето нема да биде бесплатно, дури и за време на гарантниот период.

Зачувајте го ова упатство за идна употреба или дадете го на наредните сопственици или корисници на апаратот.

Следат неколку совети за исправување на некои вообичаени проблеми.

Проблем/грешка

Причина

Главниот осигурувач често исклучува.

Повикајте стручно лице.

Постојан звучен сигнал и вклучен екран digit50

Истурена е вода врз површината на сензорот, или предмет е поставен врз сензорите.

Избришете ја површината на сензорите.

F на екранот

Ова означува дека имало грешка за време на работењето.

Ако грешката се уште се појавува и покрај горенаведените совети, повикајте овластен сервисер. Поправки или побарувања за покритие со гаранција кои резултираат од неправилно приклучување или користење на апаратот не се покриени од гаранцијата. Во овој случај, корисникот ќе го покрие трошокот за поправка.

Пред започнувањето со какви било поправки, апаратот задолжително треба да се исклучи од електричната мрежа (со отстранување на главниот осигурувач или со исклучување на приклучниот кабел од приклучницата).

Инсталација на вградена плоча

Постапка на вградување

  • Работната површина мора да биде сосема рамна.

  • Заштитете ги соодветно рабовите на исечениот отвор.

  • Поврзете ја плочата со електрична енергија (видете го упатството за поврзување на плочата со електрична енергија).

  • Вметнете ја плочата во исечениот отвор.

BR_BI_Copreci_mere_napa_DN

  • Вградувањето на апаратот во кујнска работна површина и поврзувањето со електрична енергија може да го прави само квалификуван техничар.

  • Фурнирот или друга завршна обработка на кујнскиот елемент во кој треба да се вгради плочата треба да биде третиран со лепак отпорен на топлина (100°C); во спротивно завршната обработка на работната површина може да избледи или да се деформира.

  • Ставањето аголни лајсни од полно дрво на работните површини зад зоните за готвење е дозволено единствено доколку растојанието помеѓу лајсната и плочата за готвење не е помала од растојанието наведено на шемите за вградување.

  • Плочата е димензионирана да се вгради во работната површина врз кујнски елемент со ширина од 600 mm или повеќе.

  • Висечките кујнски елементи или елементите монтирани на ѕид, треба да се монтираат доволно високо за да не го попречуваат работниот процес.

  • Растојанието помеѓу плочата и аспираторот треба да биде најмалку колку што е наведено во упатството за монтирање на аспираторот. Минималното растојание е 500 mm.

  • Растојанието помеѓу работа на апаратот и непосредниот висок кујнски елемент не треба да биде помалку од 40 mm.

  • Ставањето аголни лајсни од полно дрво на работните површини зад зоните за готвење е дозволено единствено доколку растојанието помеѓу лајсната и плочата за готвење не е помала од растојанието наведено на шемите за вградување.

  • Минималното растојание помеѓу вградната плоча и задниот ѕид е наведено во шемата за вградување.

vgradnja_BR_30
30 цм

vgradnja_BR_60
60 цм

vgradnja_BR_80
80 цм

Прицврстување на штипката за прицврстување

sponka_vgradnja_BR

  • Работната површина мора да е сосема рамна. Заштитете ги отсечените површини.

  • Со помош на доставените шрафови (4х), прикачете ги елементите за прицврстување (4х) во дупките и исечените отвори на предниот и задниот дел од плочата за готвење.

  • Вметнете ја плочата за готвење во исечените отвори и притиснете ја силно кон работната површина одозгора.

  • Не користете шрафови подолги од 6,5 мм за прицврстување на штипката за прицврстување.

Воздушни вентили во долниот кујнски елемент

За нормална работа на електронските компоненти на индукциската плоча, потребна е доволна циркулација на воздухот.

element_vgradnja_BI4T

Долен елемент со фиока

  • Мора да постои отвор со висина не помала од 140мм долж целата широчина на елементот на задната страна од елементот. Освен тоа, мора да има и отвор од најлмалку 6мм на предната страна, долж целата широчина на кујнскиот елемент.

  • Треба да се монтира хоризонтален панел за преградување под плочата долж целата нејзина должина. Треба да има простор од најмалку 10 mm помеѓу долниот дел на апаратот и панелот за преградување. Треба да се овозможи соодветна вентилација од задната страна.

  • Плочата е опремена со вентилатор кој е лоциран на долната страна. Доколку има фиока под кујнскиот ормар, не ставајте во неа мали предмети или хартија затоа што доколку вентилаторот ги вшмука, тие можат да го оштетат вентилаторот и разладниот систем. Исто така, не ставајте во фиоката алуминиумска фолија или запаливи супстанци или течности (како што се спреови). Чувајте ги тие супстанци подалеку од плочата. Опасност од експлозија!

  • Треба да има простор од најмалку 20 mm помеѓу содржината на фиоката и отворите на вентилаторот..

vgradnja pečica

Долен елемент со рерна

  • Вградувањето на рерна под индукциската плоча е возможно за рерни од типот со вентилатор за разладување.

  • Пред да ја вградите рерната, задниот ѕид на кујнскиот ормар треба да се отстрани кај делот на отворот за вградување.

  • Дополнително, треба да има отвор од најмалку 6 mm на предната страна. долж целата должина на ормарот.

  • Доколку други апарати се вградени под индукциската плоча, не сме во состојба да гарантираме дека плочата ќе работи правилно.

Инсталација со вметнување во вдлабнатината во работната површина

Апаратите без брусени рабови или декоративна рамка се соодветни за рамна монтажа.

FM_rob_pult

Инсталирање на апаратот

Апаратот може да се постави на работна површина која е отпорна на температура и на вода, како што е работна површина од (природен) камен (мермер, гранит) или од цврсто дрво (при што рабовите долж вдлабнатината мора да бидат херметички затворени). Кога апаратот се инсталира на работна површина од керамика, дрво или стакло, треба да се користи дрвена рамка. Рамката не доаѓа со апаратот. Апаратот може да се инсталира на работна површина од други материјали единствено по консултација со производителот на работната површина и откако ќе се добие негова изречна согласност. Внатрешните димензии на апаратот треба да бидат во најмала рака еднакви на внатрешната вдлабнатина за апаратот. Со тоа се овозможува едноставно вадење на апаратот од работната површина. Залепете лента за херметичко затворање долж обиколката на дното на стаклената плоча.

trak

Прво, вметнете го кабелот за струја низ засекот. Поставете го апаратот врз центарот на засекот. Поврзете го апаратот со електрична енергија (видете ги упатствата за поврзување на апаратот). Пред да го затворите апаратот, вклучете го пробно. Запечатете го отворот помеѓу апаратот и работната површина со силиконски заптивач. Силиконскиот заптивач кој е се користи за да се запечати апаратот треба да биде отпорен на високи температури (најмалку 160 °C). Израмнете го силиконскиот заптивач со соодветна алатка. Следете ги упатствата за користење на избраниот силиконски заптивач. Не вклучувајте го апаратот додека не се исуши целосно силиконскиот заптивач.

kit_pind

  1. Силиконски заптивач

  2. Лента за заптивање

Обрнете особено внимание на димензиите на вградување кај кујнски елементи со работна површина од (природен) камен. Кога го избирате силиконското средство за херметичко прицврстување, имајте го предвид материјалот од кој е изработена работната површина и консултирајте се со производителот на работната површина. Употребата на несоодветни силиконски средств а може да доведе до обезбојување на одредени делови.

Вадење на вградениот апарат

Исклучете го апаратот од главното напојување, Употребете соодветна алатка за да го отстраните силиконскиот заптивач од периметарот. Отстранете го апаратот со туркање нагоре од долната страна.

Не обидувајте се да го извадите апаратот од горната страна на работната површина.

Службата за сервисирање е одговорна за поправки и сервисирање на плочата. Консултирајте се со специјализираниот продавач на кујнска опрема за повторно вградување на (рамно вградената) плоча за готвење.

Камена работна површина

kamen_BR

  1. Работна површина

  2. Апаратот

  3. Вдлабнатина

Поради маргината (толеранцијата) на грешка во однос на стаклокерамичката плоча на апаратот и на засекот во работната површина, вдлабнатината е прилагодлива (мин. 2мм).

Керамичка, дрвена или стаклена работна површина

steklo_BR

  1. Работна површина

  2. Апаратот

  3. Вдлабнатина

  4. Дрвена рамка, со дебелина од 16 mm.

Поради маргината (толеранцијата) на грешка во однос на стакло-керамичката плоча на апаратот и на вдлабнатиот дел од работната површина, вдлабнатината е прилагодлива (мин. 2мм). Вградете ја дрвената рамка 5,5mm под горниот раб на работната површина (види слика).

Внимавајте на радиусите на стаклените рабови (R10, R2) кога ќе го правите засекот.

СТАКЛО

ЗАСЕК

steklo_izrez_svk_HV_BIEH

vgradnjaFM_BR_30
30 цм

vgradnjaFM_BR_60
60 цм

vgradnjaFM_BR_80
80 цм

Доколку под рамно вградената плоча е монтирана рерна, тогаш дебелината на работната површина треба да биде најмалку 45 мм.

Местење на гумата

Некои апарати доажаат со веќе прицврстена гума!

Пред да го вградите апаратот во кујнски елемент, прицврстете го дихтунгот од пена доставен заедно со апаратот на долната страна од стаклокерамичката плоча. Отстранете ја заштитната лента од дихтунгот. Поставете го дихтунгот на долната страна на стаклото (на растојание од 2-3 mm од работ). Дихтунгот треба да се постави долж целиот раб на стаклото. Дихтунгот не смее да се преклопува кај краевите. Кога го прицврстувате дихтунгот, проверете да не е оштетен или да не допира остри предмети.

tesnilni_trak

Не вградувајте го апаратот без овој дихтунг!

Приклучување на плочата за готвење во штекер

  • Заштитата на електричната инсталација мора да биде во согласност со релевантните прописи.

  • Пред да го приклучите апаратот, проверете дали напонот наведен на плочката со спецификации е во согласност со напонот на вашата електрична мрежа.

  • Во електричната инсталација треба да има прекинувач, кој може да ги исклучи сите полови на апаратот од изворот на струја, со минимум расотојание од 3 мм помеѓу контактите, кога се отворени. Соодветни уреди се осигурувачи, заштитни прекинувачи, итн.

  • Приклучокот треба да биде прилагоден на струјата и осигурувачите.

  • По вградувањето, деловите низ кои минува струја и изолираните делови треба да се заштитат од меѓусебен контакт.

Овој апарат треба да го поврзе само овластено стручно лице. Неправилното приклучување може да оштети делови од апаратот. Во таков случај, немате право на гаранцијата! Исклучете го апаратот од електричната мрежа пред да вршите поправка или одржување..

Шема на поврзување

priključna sponka 60

  • Проверете го напонот. Пред да го приклучите апаратот, проверете дали напонот наведен на плочката со спецификации е во согласност со напонот на вашата електрична мрежа. Напонот на вашата електрична мрежа (220-240 V помеѓу L и N) треба да го провери стручно лице со соодветен мерен инструмент.

  • Отворете го капакот на кутијата со калеми за поврзување.

  • Поврзете ги жиците согласно со вашиот вид на апарат.

  • На блокот со приклучоци се инсталирани преклопници.

Мрежен кабел

(апарат без кабел за струја)

votlica

  • Следното може да се направи при приклучувањето:

  • ПВЦ изолирани приклучни кабли тип жолто -зелен заштитен проводник, или други еквивалентни или повредни односно поквалитетни кабли.

  • Надворешниот дијаметар на кабелот треба да биде најмалку 8,00 mm.

  • Спроведете го кабелот преку спојка (клема) која штити од извлекување

* Приклучните спојки (клеми) не се вклучени

Препорачуваме да користите електрични приклучни спојки (клеми).

shema_1F

Еднофазно поврзување (32 A)

  • Еднофазно поврзување (1 1N, 220–240 V~ /50–60 Hz):

    • Напонот помеѓу фазниот и неутралниот спроводник мора да биде 220-240 V~. Инсталирајте преклопник помеѓу клемите 1 и 2 и помеѓу клемите 4 и 5.

    • Колото треба да биде опремено со осигурувач од најмалку 32 A. Површината на пресекот на струјниот кабел треба да биде најмалку 4 mm².

shema_2F_380

Двофазно поврзување (16A)

  • 2 фази, 1 неутрален спроводник (2 1N, 380-415 V~ /50/60 Hz):

    • Напонот помеѓу фазниот и неутралниот спроводник мора да биде 220-240 V~.; напонот помеѓу фазите мора да биде 380-415 V~. Инсталирајте преклопник помежу клемите 4 и 5. Во колото треба да има најмалку два осигурувачи од најмалку 16 A за секој поединечно. Површината на пресекот на струјниот кабел треба да биде најмалку 1,5 mm².

shema_2F_220

  • 2 фази, 2 неутрални спроводници (2 2N, 220–240 V 2 2N ~ /50–60Hz):

    • Напонот помеѓу фазниот и неутралниот спроводник мора да биде 220-240 V~.

    • Во колото треба да има најмалку два осигурувачи од најмалку 16 A за секој поединечно. Површината на пресекот на струјниот кабел треба да биде најмалку 1,5 mm2.

shema_30_BR

Апаратите со ширина од 30 см (две површини на готвење) дозволуваат монофазно поврзување. Дијаметарот на приклучниот кабел треба да биде минимум 1.5 мм²!

Приклучување на струјниот кабел

(апарат со кабел за струја)

  • Апаратот треба да биде фиксно приклучен директно за електричната мрежа.

  • Направите за исклучување од електричната мрежа треба да се во согласност со релевантните регулативи.

  • Не го продолжувајте струјниот кабел и не го водете прв остри рабови.

  • Доколку апаратот е вграден над рерна, осигурете се струјниот кабел никогаш да не биде во контакт со жешките делови на рерната.

Еднофазно поврзување

Поврзетоего апаратот како што е прикажано во Шемата А. Доколку електричната мрежа на дозволува осигурувач од 32 A, моќноста на апаратот треба да се намали или ограничи соодветно.

Погледнете го поглавјето Кориснички поставки.

kabel_A

L = кафена
N = сина
zemlja = жолто-зелена

Двофазно поврзување

  • Доколку електричната мрежа има 2 фазни спроводници и 1 неутрален спроводник, поврзете го апаратот како што е прикажано во Шемата B.

  • Доколку електричната мрежа има 2 фазни спроводници и 2 неутрални спроводници, поврзете го апаратот како што е прикажано во Шемата C.

kabel BC

L1 = кафена
L2 = црна
N = сина
zemlja = жолто-зелена

L1 = кафена
L2 = црна
N1 = сина
N2 = сива
zemlja = жолто-зелена

само за NL!

Фрлање во отпад

kanta1_FACE_LIFT

Амбалажата е направена од еколошки материјали кои може да се рециклираат, да се одложат или да се уништат без опасност по животната средина. Затоа, амбалажните материјали се и соодветно означени.

Симболот на производот или на амбалажата означува дека производот не смее да биде отстранет од домаќинството како обичен отпад. При одлагање на производот како отпад потребно е да го одвезете отпадот до овластен центар за обработка на отпад од електрични и електронски производи.

Правилното одлагање на производот ќе помогне да се спречат сите негативни влијанија врз животната средина и по здравјето на луѓето, кои може да настанат во случај на неправилно одлагање на производот. За подетални информации за отстранувањето и обработката на производот ве молиме контактирајте ја релевантната општинска институција која е овластена за управување со отпад, служби за одлагање на отпад или продавницата каде сте го купиле производот.

Го задржуваме правото на промени и грешки во упатствата за употреба.

Ваши забелешки

 

782125